Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Стипендии од бизнис заедницата

Цел на програмата

УЈИЕ во соработка со бизнис-заедницата, преку програмата на УЈИЕ „Инвестирај во својата иднина" ќе додели околу 17 стипендии за академската 2013/14 година.

Оваа програма е посветена за талентираните студентите кои сакаат да ги стекнат и  да ги развијат своите професионални вештини преку следење на студиските програми во Универзитетот на Југоисточна Европа. Освен финансиската поддршка за студентите, како доказ за општествена одговорност на бизнис-заедницата, оваа програма служи истовремено и како програма за вработување на студентите. 

Услови за распределба

При распределба на стипендиите од бизнис-заедницата, освен условитре на компанијата, ќе се земаат предвид:

  • социјалната и економската состојба на студентот
  • успехот на кандидатот од средното училиште и
  • резултатот од тестирањето за стипендијата

За да се квалификува во оваа програма, слично на програмата на стипендии базирани врз заслуга, кандидатот мора да освои најмалку 65 од вкупно 100 можни бодови од успехот од средното образование, додека при рангирање ќе се земат предвид и социјалната и економската состојба на кандидатот.

Начин и рок за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • пополнета апликација за стипендија по заслуга
  • копии од свидетелствата за завршена прва, втора и трета година.

Ако на тестот за стипендија, кој ќе се одржи на 27.04.2013, кандидатот освои потребен број бодови кои се потребни за квалификација (65 бодови), кандидатот ќе треба да достави дополнителни документи со кои ќе се докаже неговата социјална и економска состојба до 13.09.2013 год.

Компании донатори за програмата „Инвестирај во својата иднина“

  • ALMA-M
  • ONE
  • UNIQA
  • King ICT
  • RENOVA
  • Golec Trans
  • Les Komerc
  • ZIP Travel
  • Хаусмајстор домување
  • Zgjimi Kompani
Google+