Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Додипломски студии

Услови и критериуми за запишување

Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование или образование адекватно на тоа и кои ја имаат положено државната матура.

Доколку во првиот уписен рок не се пополни бројот на студенти предвиден со овој Конкурс, тогаш право за запишување во вториот уписен рок ( освен оние што ја положиле државната матура) имаат и кандидатите од гимназиите кои ја положиле училишната матура и кандидатите од средните професионални училишта кои го положиле завршниот испит.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватното на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватно на тоа надвор од Република Македонија имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште. Ho, тие се обврзани во текот на првата академска да ја нострифицираат дипломата во Министерството за образование и наука на РМ.

Вреднувањето на успехот од средно образование, државната матура и од училишната матура за учениците од општите гимназии, или завршниот испит за тие што имаат завршено средно професионално училиште (за кандидатите во вториот уписен рок), се изразува во поени. Врз основа на поени ќе се изврши редоследот на примени кандидати.

Кандидатите се запишуваат како редовни или како вонредни студенти со финансирање на студиите.

Предност при запишувањето на вонредни студии ќе имаат кандидатите кои се во работен однос и кои имаат подобар успех од средното образование. Вработените треба да го документираат својот статус.

Познавање на јазиците

Кандидатите ќе бидат тестирани за нивните знаења за степенот на познавање на англискиот јазик. Ова тестирање нема елиминаторен карактер, но е потребено само за одредување на степенот на познавање на англискиот јазик.

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: TOEFL ITPмин. 460  (писмена верзија која се нуди на УЈИЕ) /TOEFL IBTмин.57 ( компјутерска верзија) / IELTS мин.5 или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик од Јазичниот центар, УЈИЕ.

Режим на студии

Режимот на студии кој кандидатот го избира во фазата на пријавување останува до завршувањето на студиите без можност за промена.

Вреднување на успехот

Вреднувањето на успехот од средно образование и од државната матура се изразува во поени. Вреднувањето на успехот ќе се изврши според два критериуми:

  • успехот од средното училиште ( гимназија или стручно средно образование) и 
  • успехот од државната матура.

Документи за пријавување и за упис

Кандидатите кои аплицираат во академската 2015/2016 година е потребно да ја достават следнава документација:

1.      Пополнета Online апликација преку официјалната веб -страница на Универзитетот- www.seeu.edu.mk

2.      Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

Детали за уплатата во денари:

  Примач: УЈИЕ
  Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА
  Број на сметка: 200-0008775390-10

Детали за уплатата во евра:

  Примач: УЈИЕ
  Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА
  Адреса на банка: Бул. М.Титобб, Тетово 1200, Македонија
  Број на сметка: 0009009090
  IBAN: MK07200000900909026
  SWIFT: STOBMK2X

3.      Лична биографија/ пропратно писмо кое би содржело најмалку 500 зборови.  Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.

4.      Свидетелства од сите години (или копии заверени на нотар).

5.      Диплома за завршено средно образование (оригинал или заверена копија на нотар).

6.       Уверение од резултатите од државната матура, односно од училишна матура или од завршниот испит.

7.      Извод од матична книга на родени.

8.      Фотокопија од лична карта или од пасош.

Забелешка:

Трансфер студентите освен горенаведените документи треба да достават и транскрипт на оценки од претходната високообразовна институција. 

Google+