Програма: |
Психологија (2026/2027) |
| Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
| Факултет: | Современи Општествени Науки |
| Код на програмата: | PSYCH-240-EN |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Psikolog i Diplomuar |
| ЕКТС: | 240 (4 години) |
| Решение: |
Целта на додипломската студиска програма по Психологија е да им обезбеди на студентите сеопфатно разбирање на човековото однесување, когнитивните процеси и емоциите, засновано на научни принципи. Програмата има за цел да развие аналитичко размислување, истражувачки вештини и практични компетенции, подготвувајќи ги студентите да ги разберат и да се справат со менталните процеси во области како што се здравството, образованието, организациите и социјалните услуги. Програмата одговара на зголемената потреба од квалификувани психолошки кадри на пазарот на трудот, подготвувајќи дипломирани студенти кои придонесуваат за унапредување на менталното здравје и развојот на општеството. Таа е усогласена со меѓународните стандарди и Европската област на високо образование, овозможувајќи академска мобилност и продолжување на студиите на повисоки циклуси. Дополнително, програмата става акцент на професионалната етика, критичкото размислување и научното истражување, како и на доживотното учење и личниот развој.
Знаењето што студентите ќе го стекнат во оваа програма и практичното искуство што ќе го стекнат со посета на различни институции, ќе можат да ги користат во својот професионален живот на многу начини. Дипломираните студенти ќе можат да бидат професионални психолози во многу институции каде што професијата психолог е многу неопходна како што се: училиштa, здравствени установи, разни агенции и исто така ќе можат да бидат дел од приватни институции за работа со луѓе за професионална ориентација во развојот на кариерата, професионална ориенатција во многу сфери од животот, развој на менталното здравје, советување и психотерапија.
Знаење и разбирање
Има мултидисиплинарни знаења и разбирања на главните елементи на студирање во областа на психологијата.
Ги опишува и ги идентификува основните концепти, теориите во психологијата, како што се оние поврзани со човечкото и институционално однесување итн.
Ги препознава и ги вреднува важните избори направени од поединци, заедници, држави и нации кои влијаеле на нашите животи и иднина;
Истражува примери за причините и последиците од одредени избори и ги поврзува тие избори со современи прашања; го користи неговото/нејзиното разбирање за изборите и последиците за да изгради процес на одлучување и за да ја оправда одлуката;
Ги препознава и цени правата и одговорностите на луѓето кои живеат во општеството;
Го анализира контекстот во кој се дефинираат и покажуваат важните права и одговорности, нивните различни толкувања и донесува заклучоци за овие толкувања;
Ја објаснува важноста на духовната благосостојба и грижата што треба да се посвети на неа;
Ги разликува денешните перспективи на психолозите за значењето на однесувањето и менталните процеси;
Ја покажува особеноста на психологијата во проучувањето на однесувањето и менталните процеси;
Ги опишува главните теории за мотивацијата;
Ја аргументира потребата од подобрување на менталното функционирање;
Дизајнира планови за справување со личен стрес;
Ги објаснува физиолошките и психолошките реакции на стресните фактори.
Ја објаснува перцепцијата и интеракцијата на личноста со околината;
Ја оценува важноста на грижата за менталното функционирање;
Ја оценува важноста на психолошкото функционирање во животот;
Ги истражува конкретните права и одговорности на поединци и ги поврзува овие права и одговорности со современи прашања.
Примена на знаењето и разбирањето
Ги применува сознанијата кои се однесуваат на комплексната на работа на психолог;
Презема иницијатива во различни активности од интерес за околината каде што живее, како и одговорност во извршувањето на задачите и исполнувањето на обврските;
Ги аргументира со конкретни примери врските помеѓу работата, професијата и кариерата, го презентира личното одлучување.
Има расположливи можности за понатамошно образование/обука, лични и финансиски можности, како и аргументирани решенија за реализација на личниот кариерен план;
Ги презентира потребните компетенции за справување со различни животни ситуации или за кариерен развој на некоја област;
Покажува самодоверба и лични и интерперсонални вештини во секојдневниот живот, разликувајќи ги позитивните аспекти за себе;
Презема конкретни активности за постигнување лични целни резултати;
Покажува вештини во организирање игри со други, спортски натпревари или културни активности и успешно управува со своите емоции во различни ситуации во текот на активностите и во секојдневниот живот;
Ги решава меѓучовечките конфликти конструктивно, разгледувајќи алтернативи, донесувајќи одлуки и објаснувајќи ги направените избори;
Покажува во различни форми, свесност за управување со емоции, стрес и конфликти во ситуации од секојдневниот живот или импровизирани ситуации со различни историски, актуелни, социјални карактери и сл.
Способност за проценка
Ги објаснува напредокот на решавање на проблем во училницата или надвор од неа, докажувајќи го решението на проблемот преку методот на анализа и го презентира пред учениците или другите;
Ги идентификува изворите на потребните информации и ги користи на вистински начин за решавање на проблем на даденото ниво на тежина, давајќи конкретни примери;
Го оценува квалитетот на информациите во писмениот материјал за одредена тема (на пр. За глобалното затоплување, за културната и за етничката разновидност итн.), ги идентификува главните елементи, ги дискутира со врсниците, давајќи конкретни предлози за употреба;
Го изразува личниот став на позитивни примери во локален или глобален контекст;
Критички ги обработува информациите собрани од различни извори за која било чувствителна тема во општеството;
Изнесува критички став во текот на дебата за иницираното прашање, „за“ или „против“ (бракови меѓу припадници од ист пол, смртна казна и сл.);
Има способност да размислува критички и активно да се вклучува во тековните општествени прашања;
Го оценува влијанието на проектите врз заедницата;
Ги разликува различните феномени поврзани со политичката култура на одредена заедница;
Критички ги споредува политичките тенденции во општествово и државава и го вреднува нивното влијание врз евро-интеграциските процеси во земјава.
Комуникациски вештини
Има способности да учествува на дебата, при посредување и преговори;
Ги искажува пред одредена публика суштинските прашања покренати во говор или во толкување на одредена тема од различни полиња, преку барем една форма на комуникација (јазик, симболи, знаци, шифри, уметничка изведба итн.);
Дискутира во група, конструктивно дава информации, аргументи и поставува прашања во дијалог од неколку луѓе на одредена тема на мајчин јазик или на странски јазик;
Ги изразува своите слободни размислувања, мислења и ставови за одредена тема од животот, од науката, од професијата и од општеството користејќи различни форми на комуникација (усна или писмена);
Се ангажира и придонесува во дискусија со други на дадена тема, на пример медиумско образование и презентирање;
Аргументира засновано на факти за улогата и влијанието на телевизијата, радиото, печатот и другите средства за информирање во општеството, во процесот на подготовка на младите за самостоен живот и кариерна ориентација;
Ефикасно да ги користат програмите за ИКТ во текот на процесот на учење (вклучувајќи и учење на далечина) како и при извршување на задачи во одредена област;
Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен пристап.
Вештини на учење
Може да преземе иницијатива за идентификувањe нa интересите на групи и држaвни институции во процесот на јавни политики;
Покажува вештини за користење на ИКТ во секојдневни ситуации и за исполнување на различни барања во текот на учењето;
Дискутира во група за начините на соработка со други за решавање на нова ситуација за учење (или проблем од секојдневен животот за да управува со конфликти со врсниците), покажува како да ги искористи претходните искуства за да развива нови знаења и вештини за решавање на вакви ситуации и проблеми;
Ги користи, на соодветен начин, советите и информациите добиени за поддршка при решавање на задача или проблем;
Ги утврдува, а потоа ги презентира резултатите на другите;
Пишува пропратно писмо во кое ја оправдува својата заложба за учество на конкурс, нагласувајќи ги личните вештини и квалитети;
Продуктивно управува со расположливите ресурси (време, луѓе, работни алатки и сл.) Додека врши конкретна активност или задача во област за учење или во секојдневните животни ситуации.
Семестар 1
-
[C2428]
[6 ЕКТС]
Биолошка психoлогија
Целта на предметот е студентите да се запознаат со мозочните механизми кои се во основата на менталните процеси и интелигентното однесување. Во темите ќе бидат вклучени својствата на мозочните клетки, анатомијата на мозокот и механизмите на нервните кола кои се во основата на сетилната перцепција, моторната контрола, меморијата и размислувањето.
-
[C2371]
[6 ЕКТС]
Вовед во психологија
Студентите да се запознаат со основните поими, приоди и теми во научната психологија како подготовка за следење на модулите кои нудат продлабочени знаења во теоретските и во применетите психолошки дисциплини.
-
[C2677]
[6 ЕКТС]
Учење и меморија
Разбирање на основните теории за емоции и мотивација. Истражување на биолошките, когнитивните и социјалните механизми зад емоционалните процеси. Разбирање на мотивациските системи и нивната улога во однесувањето. Примена на концептите за емоција и мотивација во реални психолошки, едукативни и клинички контексти.
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
-
[6 ЕКТС]
Изборен/Дигитални компетенции
- [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [E2694] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [EWC-01] Креирање веб-страници
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [E2609] Гугл апликации за едукација
- [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
- [E2742] Вовед во сајбер безбедност
Семестар 2
-
[C2374]
[6 ЕКТС]
Емоции и мотивација
Цели на предметот: Да се добијат научни и продлабочени сознанија за емотивно-мотивациските процеси, за факторите што го условуваат нивното јавување и менување.
-
[C2379]
[6 ЕКТС]
Педагошка психологија
Цели на предметот: Совладување на поимите и терминологијата од главните области од педагошката психологија. Усвојување на теоретските токувања на процесот на учење и поучување и нивно организирање оспособување на практична примена на стекнатите знаења.
-
[C2678]
[6 ЕКТС]
Внимание и перцепции
Цели на предметот: - Да се запознаат студентите со основните процеси на внимание и перцепција и нивното место во когнитивната психологија. -Да се разберат основните механизми на сетилната обработка, перцептивната организација и селективното внимание. -Да се анализираат когнитивните и невралните основи на визуелната, аудитивната и мултисензорната перцепција. -Да се применат теоретски модели во анализа на перцептивни феномени и нарушувања. -Да се развијат вештини за критичко проценување на експериментални истражувања во областите на внимание и перцепција.
-
[6 ЕКТС]
Изборен/Дигитални компетенции
- [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [E2694] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [EWC-01] Креирање веб-страници
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [E2609] Гугл апликации за едукација
- [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
- [E2742] Вовед во сајбер безбедност
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
Семестар 3
-
[C2373]
[6 ЕКТС]
Психологија на детството
Цели на предметот: Студентите да стекнат знаења за научните достигања од областа на психологијата на развитокот во детството и младоста и да развијат способности за нивна практична примена преку програми за стимулирање на развојот.
-
[C2390]
[6 ЕКТС]
Психологија на личноста
Цели на предметната програма: -Разбирање на теории за личноста и нивната примена. -Анализа на индивидуални разлики во однесувањето и карактерот. -Применување на психолошки методи за проценка на личноста. -Развивање критичко размислување за модели и истражувања. -Подобрување на практични вештини за работа со личности.
-
[C2463]
[6 ЕКТС]
Основи на статистика
Главна цел на овој предмет е да се овозможи студентите да стекнат основни знаења за основните статистички методи и за нивна примена со цел следење на професионалната литература, за да можат концизно да ги изнесат резултатите и заклучоците од извршените истражувања. Главни аспекти на изучувањето на овој предмет се: одредување на дисциплините, поврзување на податоците, статистичка анализа, статистичка примена на методи на полето на хуманитарните науки, демонстрирање на статистичките податоци и претставување на односот меѓу статистиката и другите науки.
-
[C2679]
[6 ЕКТС]
Психологија на организацијата и трудот
Предметот има за цел да ги развие знаењата и вештините за разбирање на човечкото однесување во работната средина, да овозможи примена на психологиски принципи во организациски контекст и да ги оспособи студентите за анализа на мотивацијата, продуктивноста, лидерството и организациската култура. Резултатите од учењето вклучуваат: стекнување теоретско и практично знаење за организациска психологија, способност за проценка на работната средина, примена на методи за подобрување на ефикасноста, разбирање на факторите што влијаат врз задоволството од работата и развој на професионални комуникациски и аналитички вештини.
-
[C2069]
[3 ЕКТС]
Усна комуникација
Цели на предметот се студентите: - Да развијат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 4
-
[C2680]
[3 ЕКТС]
Академско пишување во психологија
Цели на предметната програма: -Развивање на академски вештини за пишување и презентирање на психолошки истражувања. -Усвојување на критичко мислење и способност за анализа на научни текстови. -Усовршување на правилна употреба на референци и цитирање според академски стандарди. -Поттикнување на самостојно истражување и структурирано изразување на идеи.
-
[C2394]
[6 ЕКТС]
Психолошко тестирање
Целта на предметот е студентите да се запознаат со природата, предностите и ограничувањата на психолошкото тестирање и психометријата, како и со основните видови тестови и нивните метрички карактеристики, вклучувајќи начини за утврдување на тие карактеристики. Предметот ги опфаќа темите: основни претпоставки на психометријата, тестови и тестирање, типови тестови и нивни психометриски својства, стандардизирани тестови, доверливост и генерализација, валидност и стандардизација, анализа на прашања (item analysis), методи и тестови за проценка на личноста, тестирање и оценување во образованието, во клинички контекст, невопсихолошко тестирање, тестирање на интелигенција и тестирање на лица со попречености.
-
[C2377]
[6 ЕКТС]
Здраствена психологија
Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на основите на здравствената психологија и нејзината улога во промоцијата и одржувањето на здравјето. -Анализа на психолошки фактори како стрес, стратегии за справување, мотивација и здравствени навики. -Применување на психолошки теории и модели во здравствени контексти. -Развивање на истражувачки вештини и користење на статистички методи. - Етичка и професионална работа во здравствената психологија
-
[C2382]
[6 ЕКТС]
Психологија на адолесценти и ворзасни
Цели на предметната програма (компетенции): -Стекнување знаења за развојот и психологијата на адолесцентите и возрасните. - Разбирање на влијанието на социјалната и животната средина врз личноста. - Применување на психолошките теории во практични ситуации. - Развивање аналитички и критички вештини за проучување на човечкото однесување. - Подобрување на способноста за интерпретација на психолошки податоци. Резултати од учењето: -Разбирање на основните теории за развој и личност. -Способност за примена на методи на психолошко истражување. -Анализа и интерпретација на психолошки феномени кај адолесцентите и возрасните.
-
[C2372]
[6 ЕКТС]
Инференцијална статистика
Предметот има за цел да ги опреми студентите со алатки за напредна статистичка анализа за наука за податоци и примена во различни домени каде што се вклучени големи количини на податоци. Алатките и техниките вклучуваат статистичка анализа на земени податоци, различни типови на тестирање на хипотези, корелација и регресија.
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 5
-
[C2385]
[6 ЕКТС]
Клиничка психологија
Предметот има за цел да им обезбеди на студентите основни знаења и вештини за разбирање, проценка и третман на психолошките нарушувања, развивајќи дијагностички способности и анализа на случаи, како и примена на етички и на докази засновани клинички практики. По завршување на предметот, студентите ќе бидат способни да: • Препознаваат и опишуваат главни психолошки нарушувања. • Анализираат симптоми и формулираат основни клинички случаи. • Користат алатки за клиничка проценка и техники на интервјуирање. • Применуваат пристапи засновани на докази при планирање на третман. • Демонстрираат етичко и професионално однесување во клиничка средина.
-
[C2681]
[6 ЕКТС]
Социјална психологија
Цели на предметната програма: -Да ги овладее студентот основните концепти, теории и емпириски модели кои ја објаснуваат меѓусебната интеракција меѓу поединецот и социјалната средина. -Да развие способност за критичка анализа и применета процена на социјалните феномени како што се ставови, социјално влијание, групни процеси и меѓугрупни релации. -Да стекне практични компетенции за примена на социјално-психолошки принципи во реални ситуации (образование, организација, заедница, меѓучовечки односи). -Да развие истражувачки вештини, особено во дизајнирање, спроведување и интерпретација на експериментални студии во областа на социјалната психологија.
-
[C2433]
[6 ЕКТС]
Вовед во психолошки истражувања
Разбирање на истражувачки дизајни и методологии. Развивање вештини за критичка евалуација. Совладување техники за истражувачко известување.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [CPA-302] Вовед во јавни политики
- [CLE-101] Вовед во право
- [ELE-708] Вовед во криминалистика
- [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
- [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
- [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
- [E2996] Новите репродуктивни технологии и правото
- [ELE-408] Семејно насилство
- [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
- [CCS-102] Интернет технологии
- [CCS-402] Применета веројатност и статистика
- [ECS-500] Е-трговија
- [CISM2021] Вовед во информациски системи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-105] Германски јазик 1-4
- [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [E2539] Критичко резонирање и размислување
- [E2841] Медиумска и информациска писменост
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [ECM-602] Медиуми и општество
- [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
- [CBE-103] Принципи на менаџмент
- [EBE-408] Менаџмент на проекти
- [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBE-403] Бизнис-план
- [EF999] Француски јазик 1-2-3
- [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ECE-02] Разговорен англиски јазик
- [E2530] Белетристика и забава
- [E2531] Англиска литература и филм
- [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
- [E2739] Етика во јавни институции
- [E2997] Економија на здравиот разум
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [E2787] Социјална хармонија и решавање конфликти
- [C2387] Психологија на партнерски односи
- [C2375] Психологија на мирот
- [C2384] Психологија на религија
- [C2386] Родова психологија
- [C2685] Невропсихологија
- [E3014] Психолингвистика
- [E3015] Хумана и вештачка интелегенција
- [E3016] Истражувачки алатки во психологија
Семестар 6
-
[C2392]
[6 ЕКТС]
Квантитативни методи на истражување
Цели и компетенции: • Да се стекнат фундаментални и напредни знаења од областа на квантитативните истражувачки методи во психологијата. • Да се развијат способности за планирање, дизајнирање и спроведување на квантитативни истражувања. • Да се оспособат студентите за примена на статистички техники и користење на софтвери за анализа (SPSS, Excel). • Да се развијат аналитички, критички и интерпретативни вештини при обработка и толкување на податоци. • Да се зајакнат академските компетенции за пишување истражувачки трудови според научни стандарди (APA).
-
[C2432]
[6 ЕКТС]
Психопатологија
Предметот има за цел да ги развие компетенциите на студентите за разбирање, идентификување и анализа на психолошките нарушувања во рамки на научна и на докази заснована рамка. Тој ги оспособува студентите да ја интерпретираат психопатологијата користејќи дијагностички системи, да препознаваат обрасци на симптоми, да ги оценуваат етиолошките фактори и да применуваат критичко размислување при разгледување на абнормалното однесување. Студентите исто така стекнуваат професионални компетенции во етичката свесност и во примената на знаењата од психопатологијата во реални случаи.
-
[C2682]
[6 ЕКТС]
Психодијагностика
Компетенции на предметот: -Да се разберат основите на психолошкото мерење и тестирање. -Да се развијат вештини за администрирање, оценување и интерпретација на тестови. -Да се усвојат етичките принципи на психолошка процена. -Студентите да се оспособат за изработка на професионални дијагностички извештаи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [CPA-302] Вовед во јавни политики
- [CLE-101] Вовед во право
- [ELE-708] Вовед во криминалистика
- [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
- [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
- [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
- [E2996] Новите репродуктивни технологии и правото
- [ELE-408] Семејно насилство
- [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
- [CCS-102] Интернет технологии
- [CCS-402] Применета веројатност и статистика
- [ECS-500] Е-трговија
- [CISM2021] Вовед во информациски системи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-105] Германски јазик 1-4
- [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [E2539] Критичко резонирање и размислување
- [E2841] Медиумска и информациска писменост
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [ECM-602] Медиуми и општество
- [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
- [CBE-103] Принципи на менаџмент
- [EBE-408] Менаџмент на проекти
- [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBE-403] Бизнис-план
- [EF999] Француски јазик 1-2-3
- [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ECE-02] Разговорен англиски јазик
- [E2530] Белетристика и забава
- [E2531] Англиска литература и филм
- [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
- [E2739] Етика во јавни институции
- [E2997] Економија на здравиот разум
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [E2787] Социјална хармонија и решавање конфликти
- [C2387] Психологија на партнерски односи
- [C2375] Психологија на мирот
- [C2384] Психологија на религија
- [C2386] Родова психологија
- [C2685] Невропсихологија
- [E3014] Психолингвистика
- [E3015] Хумана и вештачка интелегенција
- [E3016] Истражувачки алатки во психологија
Семестар 7
-
[E2788]
[6 ЕКТС]
Психологија на лица со посебни потреби
Предметот има за цел да ги развие компетенциите на студентите во разбирањето на психолошките карактеристики, развојните потреби и моделите на однесување кај лицата со посебни потреби. Тој им обезбедува на студентите знаења потребни за анализа на когнитивното, емоционалното, социјалното и адаптивното функционирање кај различни групи на попреченост, како и ги оспособува со професионални вештини за поддршка на инклузивното образование, раната интервенција и практиките засновани на докази. Студентите исто така стекнуваат компетенции за етичка свесност, чувствителност кон различностите и примена на психолошките принципи во реални образовни и клинички средини.
-
[C2683]
[6 ЕКТС]
Психологија на критичко и креативно размислување
Цели: Студентот ќе ги разбира основните принципи на психологиското советување и ќе развие практични вештини за работа со клиенти. Резултати од учењето: Студентот ќе може да примени етички и професионални стандарди во практиката.
-
[C2684]
[6 ЕКТС]
Психологија на кариерно насочување
По завршување на предметот, студентот треба да: -Го разбираат основните теории за развој на кариерата и моделите за професионално водење. -Бидат способни да анализираат влијанието на личниот развој, карактерните особини и интересите врз изборот на кариера. -Развијат основни вештини за советување и поддршка на индивидуи во процесот на донесување професионални одлуки. -Користат психолошки инструменти и тестови за евалуација на способности, интереси и личност. -Интегрираат теоретски и практични знаења при работа со индивидуи или групи во областа на кариерата.
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [E2787] Социјална хармонија и решавање конфликти
- [C2387] Психологија на партнерски односи
- [C2375] Психологија на мирот
- [C2384] Психологија на религија
- [C2386] Родова психологија
- [C2685] Невропсихологија
- [E3014] Психолингвистика
- [E3015] Хумана и вештачка интелегенција
- [E3016] Истражувачки алатки во психологија
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
Семестар 8
-
[C2391]
[6 ЕКТС]
Психолошко советување и психотерапија
Цели: Студентот ќе ги разбира основните принципи на психологиското советување и ќе развие практични вештини за работа со клиенти. Резултати од учењето: Студентот ќе може да примени етички и професионални стандарди во практиката.
-
[C2434]
[12 ЕКТС]
Истражувачки дипломски труд
Ова e активност на дипломската работа и проектот на професионалното позиционирање во областа на психологијата. Од студентите се бара да завршат еден проект поврзан со нивната дипломска работа, да ја структурираат истата, да истражуваат и да ја развиваат методологијата за проектот на дипломската работа. Студентите да се оспособат за: следење на истражувачките сознанија од областа на психологијата, да заземаат критички став кон наодите од туѓите истражувања, а спроведување сопствени емпириски истражувања базирани на квантитативните и квалитативните методи и да подготвуваат извештаи од спроведените истражувања. Студентите да го сфатат значењето на научниот метод за психологијата и да се стекнат со знаења и вештини за: планирање на емпириско истражување во психологијата, откривање и поставување истражувачки проблеми од областа на психологијата, почитување етичките принципи на истражувањата во психологијата и сродните науки, почитување на правилата за пишување извештај од спроведено емпириско истражување.
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [E2787] Социјална хармонија и решавање конфликти
- [C2387] Психологија на партнерски односи
- [C2375] Психологија на мирот
- [C2384] Психологија на религија
- [C2386] Родова психологија
- [C2685] Невропсихологија
- [E3014] Психолингвистика
- [E3015] Хумана и вештачка интелегенција
- [E3016] Истражувачки алатки во психологија
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)