Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политички науки (2025/2026)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-MPAPS60C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по политички науки
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Преку студиската програмата студентите ќе стекнат знаење за менаџмент, консалтинг, политички знаења, аналитички знаења, правни знаења, вештини и компетенции, кои ќе се применуваат во владините и во невладините организации.

Студентите ќе научат како сè покомплексниот свет, каде што се среќаваат глобалното и локалното, ни претставува нови предизвици и можности. Програмата  обезбедува солидна практична основа во врска со концептите како правда, мир, безбедност, моќ, култура и демократија. Студентите ќе научат како да ги анализираат конфликтите, меѓународните односи и тврдењата и прекршувањата на човековите права.

Покрај основните предмети и предметите за квантитативни и квалитативни методи, студентите избираат опции од широк спектар на предмети поврзани со различни аспекти на глобалната политика. Тие завршуваат и дисертација на одобрена тема, под надзор на ментор/член на Факултетот за современи општествени науки.

Магистерската програма по политички науки ги подготвува дипломираните студенти со напредни вештини за политичка анализа, овозможувајќи им кариери во истражување на политики, владеење и стратешко одлучување. Со експертиза во анализирање на политички системи, јавни политики, меѓународни односи и решавање конфликти, дипломираните можат да работат како политички аналитичари, советници за политики, истражувачки консултанти или владини стратези.  Со нивната способност да ги проценуваат политичките трендови, да ја анализираат ефективноста на политиките и да даваат препораки засновани на податоци тие се важни за тинк-тенкови, владини агенции, меѓународни организации и медиуми. Дополнително, нивната силна основа во квалитативни и квантитативни истражувачки методи им овозможува да придонесат во академските истражувања, изборната анализа и геополитичките прогнози. Без разлика дали учествуваат во обликување на јавни политики, советуваат политички лидери или истражуваат глобални политички динамики, дипломираните студенти играат клучна улога во разбирањето и решавањето на сложените политички предизвици во меѓусебно поврзан свет.

Знаење и разбирање

Има напредни знаења за теоретските прашања кои се однесуваат на политичкиот живот.
Има длабоко разбирање за значајните принципи и политичките процеси.
Има одлично познавање во политичките науки, преку развој и примена на оригинални идеи од истражувачки контекст.

Примена на знаењето и разбирањето

Може да асистира во решавање на проблемите од политичка природа преку институционален план.
Во состојба е да го анализира, да го оценува и да го толкува постојниот политички систем на Северна Македонија и да изнаоѓа решение за проблемите кои се однесуваат не меѓуетничките односи.
Може активно да учествува  во сите нивоа во институциите на политичкиот систем и да применува напредни знаења за политички прашања.
Може да ги анализира главните аргументи во политички контекст и да ги применува научните политичките наоди во нови ситуации.
Може да протолкува одредени податоци и истовремено да дискутира за нивната важност во политичкиот живот.

Способност за проценка

Има способност да:

Ги критикува актуелните политички прашања и да даде алтернативни решенија за нивно подобрување.
Избере тема и да ја развие за одредена цел и за одреден аудиториум со цел почитување на различните политички перспективи.
Ги оценува предностите и слабостите на политички процеси во РС Македонија.
Аргументира и одбрани политички појави и да биде способен нив да ги оцени преку емпириски и теоретски методи.
Ја процени појавата на политичките институции, нивната работа, комуницирањето со нивната надворешна средина и влијанието на индивидуалното и колективното однесување.
Направи процена помеѓу анализата и мислата и да пресудува за политички феномени.

Комуникациски вештини

Може да подготви политички говор и да употребува соодветна политичка терминологија.
Може да ги истакне заклучоците на своите научни истражувања и знаењата пред поголем аудиториум надвор од традиционалната академска фела.
Може да артикулира информации и идеи на политичките партии и на граѓаните. 

Вештини на учење

Може да го продолжи своето индивидуално учење, да се самообразува и да се унапредува во рамките на процесот на доживотно учење, грижејќи се за достапните ресурси во рамките на политичкиот систем.
Може да презема иницијатива за идентификување на потребите за учење на групите и институциите за комплексни специфични политички прашања.
Во состојба е да ги обучи граѓаните за политичките права во согласност со македонскиот правен поредок.
Демонстрира напредно познавање на приодите кон проучување на политичките науки, нормативни наспроти емпириски теоретски пристап, квалитативни спроти квантитативни стратегии на истражување и на класични и современи политички теории.

Семестар 1

  • [MCDP1020] [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Во рамките на предметот ќе се покријат различните теми како важни теориски студии на меѓународните институции, нивниот историски развој и нивните улоги, функции и овластувања. Во рамките на овој предмет ќе се проучува улогата на институциите како збир на колективното делување за решавање на проблемите во глобалната политика. Фокусот е на влијанието на меѓународните институции во светот, кои се движат од мир и безбедност, економски развој, човекови права и заштита на животната средина итн. Тука го анализиравме воспоставувањето на меѓународните организации, нивните предизвици, но исто така и нивните тековни успеси и неуспеси. Посебно внимание ќе се посвети на Обединетите нации и поврзаните тела, регионални организации (на пример, Европската унија, Организацијата на американските држави, Африканската унија, НАТО, ОБСЕ), меѓународни невладини организации и мултинационални корпорации.
  • [MCPS1015] [6 ЕКТС] Компаративни политики
    Компаративна политика е предмет преку кој студентите ќе стекнат продлабочено знаење за политичките системи и режими од компаративна перспектива. Во рамките на предметот се анализира контекстот на политичката култура, државата и бирократијата, фокусирајќи се на демократскиот развој и неговите влијанија врз различни нации. Студентите ќе развијат аналитички вештини и критичко размислување за да ги оценат сличностите и разликите меѓу политичките системи и да ги толкуваат клучните теоретски пристапи. Преку методи засновани на докази и етичка анализа, тие ќе ги подобрат своите вештини за пишување и истражување во областа на компаративната политика.
  • [EMPS1030] [6 ЕКТС] Анализа на јавни политики
    Предметот има за цел да им овозможи на студентите да ги дефинираат и да ги илустрираат анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со ова поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавната политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање на проблеми преку кои се извлекуваат знаења од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
  • [MCPS3310] [6 ЕКТС] Лидерство и организациски развој
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите да научат како лидерите и раководителите ги развиваат и ги спроведуваат мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; да развијат вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и да ги применат преку соодветни активности и навики бидејќи лидерите и раководителите лично се вклучени во осигурувањето системите за управување со организацијата да се развиваат и де се спроведуваат. Исто така, ќе се разработува и начинот како организацијата ги спроведува својата мисија и визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MCPS1014] Разрешување на конфликти

Семестар 2

  • [CM300] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерската теза. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде одобрено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавната одбрана.
  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Mетодологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за концептуализирање на нивната теза во однос на изнаоѓање на истражувачко прашање и креирање методи за прибирање на податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Во фокусот на предметот се проблемите на квантитативните методи и техники, како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Целта е анализирање на квалитативни податоци, финализирање на теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
Google+