Програма: |
Уставно право (2026/2027) |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Правен |
| Код на програмата: | CAL60 |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Магистер по правни науки - Насока: Уставно право |
| ЕКТС: | 60 (1 годинa) |
| Решение: |
Студиската програма е усогласена со современите светски и европски трендови и е споредлива со сличните програми на странските високообразовни институции, особено во рамките на европскиот образовен простор. Целта на програмата е да се подготват квалификувани правници преку современи студии и научни истражувања кои придонесуваат за обликувањето на правните политики и функционирањето на правниот систем во Република Северна Македонија и пошироко. Преку студиската програма студентите ќе се запознаат со најновите случувања во уставната и управната правна област. На студентите им се дава можност да ги покажат своите компетенции, знаења и вештини за истражување преку семинари, истражувачки проекти и практична работа, како и со изготвување на нивните магистерски трудови. Целта на програмата е студентите да се подготват конструктивно да придонесуваат за правни прашања во остварувањето на нивните професионални активности во општеството. Студиската програма поттикнува иновации во нејзините рамки и поддржува научно истражување, со цел да им овозможи на студентите да ги развијат и унапредат знаењата, вештините и способностите потребни за да станат специјализирани правници во областа. Студиската програма, исто така, има за цел да им овозможи на студентите правилно да го толкуваат Уставот и другите правни акти и да ги применуваат уставните одредби, законите и другите општи акти во текот на вршење на јавни функции, административна дејност или раководство со институциите и другите јавни органи во административното поле. Целта на оваа студиска програма е студентите да стекнат знаења и вештини во уставно-управната област како и дополнително да ги зајакне практичните вештини за толкување на уставот и уставната заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот во домашен, во европски и во меѓународен контекст. Посебно внимание се посветува на практичните вештини во административната правда, која е многу сложена, но важна димензија за заштита на правата на поединците и владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок.
Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).
Знаење и разбирање
- Покажува знаење и разбирање за уставното право и управното право, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени уставни и управни проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на самостојни идеи во контекст на уставното и административното истражување;
- Способност за употреба на проширено и продлабочено уставно-управно знаење;
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во уставно-управното право;
- Поседува знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во уставно-управната област.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со современите трендови на уставното и управното право.
Способност за проценка
- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатите знаења од уставното и управното право;
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Aftësi për njohjen e nevojës personale për dijet e mëtejshme dhe aftësi për veprimin e pavarur dhe të mëvetësishëm gjatë fitimit të dijeve dhe shkathtësive të reja në kontekst nacional, rajonal dhe evropian si dhe në kontekst botëror;
- Aftësi për marrjen e përgjegjësisë për zhvillimin dhe perfeksionimin e mëtejshëm profesional.
Семестар 1
-
[MCAL-0101]
[6 ЕКТС]
Применето уставно право
Стекнувањето сознанија за поимите, појавите и институтите на уставното право како и за државните институции во РСМ, вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. Стекнувањето конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ја тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. Преку овој модул студентите ќе стекнат основни теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Во рамките на предметот ќе се поттикне критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. Во план-програмата се третира уставната материја од споредбен и од национален аспект, од причина што во услови на глобализацијата, уставното право не може да се разбере, ако се разгледува исклучиво во национални рамки. План-програмата ги опфаќа: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони што уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. Покрај оваа нормативна компонента, во план-програмата ќе биде обработена и Практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога врз уставното право како наука. Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РСМ. На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност: да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање; да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и институтите на уставното право; да ги објаснат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РСМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граѓанинот, државата и на етничките заедници.
-
[MCAL-0102]
[6 ЕКТС]
Применето управно право
Целта на студиската програма е студентите: - Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција; - Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ; - Да ги согледаат основните дејности на административната функција; - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти; - Да ги изучат видовите административен надзор; - Да ги осознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги; - За идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно правна природа.
-
[CM165]
[6 ЕКТС]
Управен спор и управно судство
Предметот има за цел студентите по право да стекнат теоретски и практични правни знаења во врска со: - Правилна употреба (читање и толкување) на законските норми со кои е уредено водењето (започнување, тек и завршување) на управно-судската постапка пред Управниот и пред Врховниот суд (за сите профили на правници); - Подготовка на тужби за поведување управно-судска постапка (за адвокати и за судии на Управен суд); - Преземање процесни дејствија во текот на управно-судската постапка (за адвокати државни службеници кои решаваат управни предмети, правници вработени во регулаторни тела и во самостојни државни органи, судии на Управен суд, како и за стручните служби во Управниот суд); - Пишување одлуки (решенија и пресуди) донесени во првостепена и во второстепена управна постапка (за судии во Управен суд); - Пишување жалби и тужби за обнова на судска постапка (за адвокати, државни службеници кои решаваат управни предмети).
-
[MCAL-0201]
[6 ЕКТС]
Управно процесно право
Цели на предметот: Административното процесно право вклучува две посебни области (делови): управната постапка и управниот спор, што го претставуваат основниот предмет на проучување на формалниот (процедуралниот) дел на управното право. Разработката на предметот им овозможува на студентите стекнување знаења преку кои полесно се разбираат, се објаснуваат и се анализираат прашањата поврзани со поимите и институтите на административното процесно право. Во првиот дел се објаснува процедурата (дејствувањето) на органите на јавната и на државната администрација во применувањето на материјалните правни норми, кога при директна примена на правните одредби во конкретни случаи одлучуваат за правата, обврските или правните интереси на поединци, правни лица или од другите странки. Во вториот дел се објаснува судската контрола на законитоста на конечните административни акти - контролата на вршењето на административната активност и јавните услуги.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 2
-
[MCCR1120]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори; - Да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат; - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика; - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези; - Да научат како да го избегнат плагијаризмот; - Да имаат напредни знаења за истражувачките методи во правните науки како и стандардите на цитирање.
-
[CM256]
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.