Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Здраствена нега во заедницата од областа на неврогериатрија и палијативна нега (2025/2026)

Стручни специјалистички студии од втор циклус
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Факултет за здравствени науки
Код на програмата: NPS-60
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Специјалист стручен за здраствена нега во заедницата од областа на неврогериатрија и палијативна нега
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Оправданоста за организирање на специјалистички стручни студии за медицинска сестра од втор циклус, специјалист по Здравствена нега во заедницата од областа на неврогериатрија и палијативна нега на Факултетот за здравствени науки е заснована од потребата за:

- оспособување стручни кадри од областа на здравството стекнување со тесно специјална едукација во дадена здравствена област;
- усогласување со стандардите на Европската унија кои се однесуваат на регулираните професии од доменот на здравствените науки;
- овозможување на кадрите да ги усовршат своите знаења и вештини во одредени области;

Основна цел на оваа студиска програма е оспособување на студентите за низа генерички вештини и клинички компетенции, примена на научни и стручни достигнувања во клиничката пракса, вклучувајќи понатамошен професионален развој, во  согласност  со принципите на добра научна и клиничка пракса.
Преку студиската програма медицинска сестра, специјалист по Здравствена нега во заедницата од областа на неврогериатрија и палијативна нега, целта  е да се одговори на потребите на здравствениот систем за едукација на медицинските сестри  за пружање на здравствени услуги од наведената потесна област, во согласност со потребите на светско ниво.

Патологиите со кои се соочуваат постарите луѓе се многу разновидни и тие исто така страдаат од нив со различен интензитет. Што се однесува до невролошките промени, тоа се болести кои влијаат на аспекти како што се моторните вештини или правилниот тек на умот, па затоа се особено сурови. Палијативната нега, од друга страна, ги ублажува страдањата во неповратните случаи.
Поради оваа причина, овие две области се многу важни, бидејќи се однесуваат на две многу чувствителни прашања кои можат да го влошат квалитетот на животот на постарите лица. Од таму  потребни се специфични знаења и вештини  за чие ажурурање и утврдување е  планирана оваа стручна програма за специјалистички стручни студии за медицинска сестра, специјалист по Здравствена нега во заедницата од областа на неврогериатрија и палијативна нега, на Факултетот за здравствени науки.
За потребата, атрактивноста, современоста на оваа студиска програма, потврда наоѓаме и  во современите услови на живеење, напредокот на науката, но и во искуството на Европските држави и државите ширум светот во организација на студии со иста или слична поставеност и фокусираност на компетенциите на студентите.
Наставниот план на студиската програма е конципиран во склад со сите потреби на медицинската струка и наука, со цел формирање стручни кадри кои покрај своето теоретско знаење за неврогеријатријата и палијативната нега, ќе располагаат со широка палета на усвоени практични вештини, применливи во процесот на општите и специјалните принципи за неврогеријатрија и палијативна нега.
Светската популација старее и во тој контекст се повеќе  расте побарувачката за медицински кадар едуциран  да пружи квалитетна  здравствена нега на оваа вулнерабилна група од популацијата во светот и кај нас.
Идните  медицински сестри/техничари - Специјалисти  за неврогеријатрија и палијативна нега ќе бидат квалификувани за работа во: геријатриски и геронтолошки центри, клиники за неврорехабилитација, мемо- клиники  за пациенти со деменција, патронажни служби за домашна посета на стари лица итн.

Знаење и разбирање

- Покажува широки знаења за науките на кои се темели неврогеријатрската и палијативната здравствена нега, односно покажува продлабочени знаења од областа на: неврологија, психијатрија, геријатрија, палијативна медицина,  значајни за медицинската едукација во сестринската професија; 
- Покажува широки познавања на:  етиопатогенезата, симптоматологијата, дијагностиката, третманот и превенцијата на неврогеријатрсиките заболувања и заболувањата  кај кои е потребна палијативна нега.
- Покажува знаења за истражувачките методи кои се користат во базичните и апликативни истражувања во сите аспекти на неврогеријатријата и палијативната медицина.
- Покажува познавања на принципите на  превенција на неврогеријатрсиките болести и болестите кај кои е потребна палијативна нега.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност да спроведува специфична процена и сестринска дијагноза со цел поквалитетна неврогеријатриска и палијативна здравствена нега .
- Со своите комуникациски вештини да помага во развивање на позитивни односи со пациентот и неговото семејство со цел да се изгради мотивација која е неопходна во тераписка и рехабилитациска постапка.
- Своите знаења да ги примени во образованието на студентите од додипломската студиска година и други стручњаци во здравствените и други установи.

Способност за проценка

- Покажува способност за правилно толкување на разни клинички ситуации, вклучително и дијагностичките параметри и користи клиничко расудување за да направи селекција меѓу можните;
- Има способност да ја потврди ефикасноста на индивидуализираната здравствена нега кај неврогеријатрски болен и болен во терминален стадиум на болеста,  со документирање на професионалните активности, да се однесува критички кон својата работа, да анализира и решава проблеми со употреба на соодветни национални и интернационални препораки и докази;
- Способност да ги искористи своите знаења да ги мотивира пациентите за прифаќање на препорачната терапија и ефикасно спроведување на истата.

Комуникациски вештини

- Демонстрира способност да ги слуша, информира и комуницира со пациентите и нивните семејства на ефикасен и разбирлив начин со почитување на културните разлики, етничките и човечки вредности.
- Покажува способност за изготвување стручен извештај и документација за секој пациент, и способност да ја чува евиденцијата за пациентите на адекватен и утврден со закон начин. 
- Покажува способност да делегира задолженија на вработените и работи во тим, да ја прилагодува комуникацијата соодветно на ситуацијата, да ја разбира и почитува улогата на другите здравствени професионалци и да соработува со нив.
- Покажува свесност за персоналните ограничувања и поседува знаења за кога и од кого да побара професионален совет, помош и поддршка.
- Покажува способност да  се справи со нејаснотии и да се адаптира на промени.
- Има способност ефикасно да ја користи и применува информатичката технологија, да собира и анализира информации.

Вештини на учење

- Покажува вештини за самостојност во решавање на проблемите, покажува разбирање за потребата од професионален развој преку континуирана медицинска едукација и обука.
- Покажува способност за само-оценување на нивото на сопствена едукација со цел да го одржи знаењето на највисоко ниво потребно за професионална пракса, како и да ги интерпретира и примени научните сознанија во здравствената нега кај болните со неврогеријатриски заболувања и во терминален стадиум на болеста.  
- Посетува професионални собири.

Семестар 1

  • [CM273] [6 ЕКТС] Здраво стареење и патолошко стареење
    По завршување на оваа наставна програма студентите ќе научат: - Да разликуваат здраво од патолошко стареење; - За физиолошките промени на човековото тело со стареењето; - За патофизиолошките промени на органските системи кои се во основа на болестите кај старите лица ; - Ќе научат како да се превенираат заболувањата кај старите лица.
  • [CM274] [6 ЕКТС] Палијативна нега во третото животно доба
    По завршувањето на предметот, студентот треба да: - Има познавања за холистички интегративните терапии во палијативната нега; - Има познавање на правните и етичките аспекти при пружањето на палијативната терапија и при згрижувањето на пациентите на крајот од животот; - Да го разбира значењето на мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на овие пациенти; - Да ги познава најчестите медицински состојби кај кои е потребна палијативна терапија кај старите лица и ги опишат различните симптоми кои се вообичаени кај пациент во терминален стадиум на дадена болест; - Знаат да ја менаџираат палиjaтивната нега кај старите лица.
  • [CM275] [6 ЕКТС] Нега на стари лица со хронични заболувања
    По завршувањето на предметот, студентите ќе: - Бидат запознаени со најчестите хронични болести кај старите лица; - Ги познаваат компонентите на системот за здравствена заштита релевантни за постарите лица и ќе имаат сознанија за специфичностите на фармакотерапијата кај старите лица; - Стекнат специфични знаења и вештини релевантни за работа со геријатриските пациенти; - Ја почитуваат мултидисциплинарната и интердисциплинарната природа на стареењето и ќе ги разбираат поврзаните етички прашања.
  • [CM276] [6 ЕКТС] Практична настава во хоспис
    По завршувањето на предметот, студентот треба да: - Има познавања за холистички интегративните терапии во палијативната нега; - Има познавање на правните и етичките аспекти при пружањето на палијативната терапија и при згрижувањето на пациентите на крајот од животот; - Го разбира значењето на мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на овие пациенти; - Ги познава најчестите медицински состојби кај кои е потребна палијативна терапија кај старите лица и да ги опише различните симптоми кои се вообичаени кај пациент во терминален стадиум на дадена болест; - Има познавања за холистички интегративните терапии во палијативната нега; - Има познавање на правните и етичките аспекти при пружањето на палијативната терапија и при згрижувањето на пациентите на крајот од животот; - Го разбира значењето на мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на овие пациенти.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM681] Нутриција и диететика кај старите лица
    • [EM681] Етички норми и пристап во здравствената нега на старите лица и тешко болните
    • [EM683] Kомуникациски стратегии и вештини во палијативна нега
    • [EM684] Психологија на стареењето

Семестар 2

  • [CM277] [6 ЕКТС] Специфичности на неврогеријатриска нега
    Цели на оваа наставна програма се студентот да се запознае со најчестите неврогеријатрски болести. По завршување на предметот студентот ќе има познавање да разработи план за нега на старите лица со невролошки заболувања. Дополнително ќе има познавање за менаџирање на ургентните невролошки состојби кај старите лица и за менаџирање на палијативната нега кај стари лица во терминален стадиум на невролошка болест. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат подготвени да обезбедат квалитетна и сеопфатна нега на старите лицата со невролошки заболувања почитувајќи ги нивните индивидуални потреби и права.
  • [CM278] [6 ЕКТС] Неврогеријатриска нега во домашни услови
    Целите на предметот се студентите: Да научат да ги препознаваат најчестите неврогеријатриски состојби. Да се запознаат со основни и напредни техники за грижа за стари лица со невролошки состојби во домашни услови и да се обучат да направат план за да обезбедуваат квалитетна и безбедна нега во домот (вклучувајќи: управување со лекови, превенција на падови и употреба на помагала, поддршка на исхрана, поддршка за одржување на хигиена). Да се обучат да комуницираат ефективно со пациентите, нивните семејства и други здравствени професионалци и да организираат и координираат нега која вклучува мултидисциплинарен тим. Да се запознаат со етичките дилеми и правните аспекти на грижата за стари лица со невролошки заболувања вклучувајќи доверливост, информирана согласност и почитување на правата на пациентите. Со завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат подготвени да обезбедуваат квалитетна и сеопфатна нега на старите лицата со невролошки заболувања во домашни услови почитувајќи ги нивните индивидуални потреби и права.
  • [CM279] [6 ЕКТС] Практична настава во геријатриска установа (неврогеријатриско одделение)
    Медицинските сестри кои ќе ја завршат оваа стручна наставна програма не само што ќе постигнат асимилација на концептите и ќе се збогатат со теоретски знаења, туку се очекува и да го развијат нивниот ментален капацитет преку вежби за евалуација на реални ситуации и примена на стекнатото знаење во секојдневната пракса. Учењето има форма на практични вештини кои им овозможуваат на медицинските сестри подобро да го интегрираат знаењето во болницата или примарната здравствена заштита, околу грижата со геријатриските пациенти со невролошки заболувања . Чувството на ефикасност на вложениот труд станува многу важен стимул за студентите, што се преведува во поголем интерес за учење и зголемување на времето поминато на работа на универзитетската програма.
  • [CM289] [6 ЕКТС] Специјалистички труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на специјалистичкиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за специјалистичкиот труд. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подготвување на конечната верзија на специјалистичкиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива специјалистичкиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM681] Нутриција и диететика кај старите лица
    • [EM681] Етички норми и пристап во здравствената нега на старите лица и тешко болните
    • [EM683] Kомуникациски стратегии и вештини во палијативна нега
    • [EM684] Психологија на стареењето
Google+