Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Архитектура и дизајн (2024/2025)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Технички Науки
Код на програмата: AD-180
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран инжeнер - Архитект
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Со воведувањето на додипломски студии по Архитектура и дизајн, како издвоен прв циклус, со нагласена стручна насоченост, се профилираат редица на соработнички кадри кои се потребни во развојот на стопанството, од градежништвото како примарен фокус, до помалите креативни индустрии базирани на индустрискиот и графичкиот дизајн.
Со додипломските студии по Aрхитектура и дизајн, студентите се стекнуваат со:
- познавања на различните аспекти на процесот на проектирање, планирање и градење, и нивна примена во разработка на различни проектни документации, што им овозможува да бидат солидни техничари како соработнички кадар во архитектонските и урбанистички бироа;  
- графички компетенции, односно совладување на аналогни и дигитални алатки за претставување на простор и ликовно изразување, мануелни и машински занатски вештини како изработка на различни типови на модели, што им овозможува низа на можности во креативната индустрија и во, и вон рамките на полето на студирање;
- комуникациски вештини, одговорност, прецизност и тимска работа, кои се основите на воспитувањето да се биде архитект, а кои се пожелни во секој работен амбиент;
Архитектурата е регулирана професија согласно Директивата на Европскиот парламент и совет за заедничко признавање на дипломи, сертификати и друга евиденција за формални квалификации во архитектурата (2005/36/ЕС), член 46 од Директивата и Директивата на европската асоцијација за архитектонско образование (EAAE) од 2001 година. Во Република Северна Македонија, архитектурата како професијата е дефинирана со Законот за градење каде е регулиран пристапот до професијата низ процесот на издавање на овластувања од страна на Комората на овластени архитекти и други овластени инженери на РСМ и според Законот за високо образование (82/18 во член 147 (12), задолжителен услов за архитектот да добие пристап до сите овластувања од областа на архитектурата и урбанизмот е да има архитектонско образование на универзитетско ниво со петгодишни студии - 300 ЕКТС кредити.
Со завршување на првиот циклус – додипломски студии по Архитектура и дизајн со 180 ЕКТС, студентот добива пристап до oвластување Б за инженер на изведба, според Законот за градење, односно можност да раководи со изградба на градби од втора (Б) категорија. 
Покрај збогатувањето на стопанството во делот на стручна насоченост на соработничкиот кадар, со многу можности за вработување уште по завршување на првиот циклус на студии - додипломски студии по Архитектура и дизајн, тој претставува и пристапен степен на потребно образование (180 ЕКТС) за упис во вториот циклус на студии - дипломски студии по архитектура (120 ЕКТС), со кој се пристапува кон полните права на архитектурата како регулирана професија.
Се очекува дека воведувањето на издвоен прв циклус на студии - додипломски студии по архитектура, ќе направи значителна селекција и ќе го зголеми квалитетот на кадрите кои ќе се одлучат на понатамошна универзитетска надградба, и следствено и на идните магистри инженери архитекти кои ќе го обликуваат нашиот животен простор.

Со завршување на првиот циклус на додипломски студии по Архитектура  и дизајн се обезбедува поквалитетен пристап кон професијата во согласност со националната рамка на професионални квалификации:


А. Стекнување со звање дипломиран инженер архитект и можност за вработување по првиот циклус и тоа како:


3. Инженер за изведба, според Законот за градење, односно раководење со изградба на градби од втора (Б) категорија;
4. Архитектонски техничар, надзорен техничар, технички соработник во архитектонски, урбанистички и планерски бироа, стручен соработник за уметност и култура, графички и мултимедијален дизајнер, според Националната класификација на занимања.


Б. Можност за продолжување на едукацијата во вториот циклус на дипломски студии по архитектура и стекнување со звање магистер инженер архитект, со што се овозможува целосен пристап до архитектонската професијата на различни нивоа и во различни области што нуди сеопфатен одговор на потребите на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.

Знаење и разбирање

Покажува знаења и разбирање во полето на студирање кое се надоградува врз општото средно образование и квалификациите за влез во повисоко образование.
Покажува знаење и разбирање потребно за анализирање на архитектонските и урбанистичките проблеми и за синтетизирање во проектантски и планерски решенија за различни степени на комплексност, размер и тип на објекти и простори.
Покажува знаење и разбирање за функционалните, психолошките и сетилните односи што постојат меѓу луѓето и внатрешниот простор и улогата на формата, бојата, материјалите и новите технологии во обликувањето на ентериерот.
Покажува знаење и разбирање на принципи кои се однесуваат на материјалите, конструкциите, инсталациските системи и енергетските биланси и на нивна соодветна примена во проектирањето и изградбата на објектите.
Покажува знаење и разбирање потребно за воспоставување соодветен однос кон градителското наследство во неговата заштита и ревитализација.

Примена на знаењето и разбирањето

Стекнатите знаења и разбирањето на стручните проблеми може да ги примени во подготвување основни или други видови детални проекти или документација, од сите домени на архитектонско или урбанистичко планирање.
Применува знаења и разбирање кои се темелат на познавањата на различните концепти од теоријата и историјата на архитектурата и градот и на современата теорија и практика во процесот на обликување на објектите, градовите и околината, имајќи ги предвид естетските барања, општествените потреби, како и барањата поврзани со животната средина.

Способност за проценка

Покажува способност за прибирање, анализирање, оцена и презентирање информации, идеи и концепти од целосни, некомплетни или ограничени релевантни податоци, за клучните подрачја во процесот на планирање, проектирање и реализација на објектите и просторот.
Покажува способност за избор на соодветни методи, алатки и вештини соодветни на конкретните услови и на различните степени на комплексност, размер и тип на објекти и простори.

Комуникациски вештини

Покажува способност за комуникација и умеење да се употребат графичките, напишаните и усната комуникација во служба на пренесување на сопствените идеи и потребите на корисникот во процесот на создавање и реализацијата на проекти во областите на архитектурата и урбанизмот, како и во подрачјето на заштита и ревитализација на градителското наследство.
Покажува способност за учество во стручни дискусии, користи консултации за специфични проблеми од комплементарни подрачја и умее да преземе професионална одговорност во тимот.

Вештини на учење

Покажува способност за самостојно идентификување на своите потреби за континуирана едукација и професионален развој, се вклучува во современите форми на учење и запознавање со технолошките иновации и може критички да ја оцени соодветноста на методите за учење, нивното влијание врз знаењето, вештините, компетентноста и врз практиката релевантни за неговиот професионален развој.

Семестар 1

  • [C2529] [6 ЕКТС] Основи на проектирање
    Запознавање со основните поими на архитектонската форма и простор, како и со принципите на создавање од елементарни кон сложени просторни системи. Студентот развива способност да ги препознае елементите и да ги воочи нивните меѓусебни односи, оспособувајќи се да создаде концепт на архитектонски објект. Преку анализирање на содржината и контекстот студентот стекнува способност за разбирање и за вреднување на основните начела на организација и обликување на просторот.
  • [C2527] [6 ЕКТС] Основи на дизајн-студио
    Поставување на дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целосен, интегрален архитектонски проект, развивање чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.
  • [C2532] [3 ЕКТС] Компјутерски апликации
    Преку овој предмет студентите ќе ги совладаат основните концепти и поими за информациската и комуникациската технологија, ќе ја изучат најновата верзија на оперативниот систем Windows 10, како и работата со апликации и датотеки на компјутерите кои го користат. Ќе научат да го користат најпопуларниот уредувач на текст – апликацијата Microsoft Office Word 2020. Во последниот дел од предметот студентите ќе имаат можност да осознаат како професионално да го користат Интернет-прегледувачот Internet Explorer 11 и апликацијата за примање и испраќање електронски пораки – Microsoft Office Outlook 2020.
  • [C2530] [3 ЕКТС] Нацртна геометрија
    Како базична дисциплина нацртната геометрија има основна цел да ја развие способноста на студентите за согледување на тродимензионалните просторни форми и нивните меѓусебни односи како и нивното претставување на дводимензионален цртеж, согласно со меѓународните стандарди на универзалниот јазик на техничкиот цртеж. Од друга страна, оваа дисциплина овозможува јасна презентација на сопствените идеи за организација на просторните форми преку создавање сопствен технички цртеж, како основна претпоставка за постоењето и егзистирањето на која и да било инженерска дисциплина.
  • [C2531] [3 ЕКТС] Математика
    - Запознавање на студентите со основните сметања. - Презентирање на основните функции и математички методи во разрешувањето разни математички проблеми. - Запознавање на студентите со тригонометриската и векторската математика. - Поттикнување на студентите да стекнат солидни познавања од областа на математиката преку презентирање теоретски и практични аспекти на предметната материја.
  • [3 ЕКТС] Албански/македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Albanian Language for Beginners 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2948] Визуелно изразување I

Семестар 2

  • [C2538] [2 ЕКТС] Практична настава 1
  • [C2537] [3 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност I
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со основните теориски поставки, како и со развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот од нивните почетоци, па сè до појавата на Ренесансата на културната и уметничката сцена во Европа. Во програмата се застапени сите позначајни историски и стилски периоди, единичните стилови како продукти на степенот на развој на технологијата, науката и културата како особено значајни за развојот на севкупната архитектура и уметност.
  • [C2536] [3 ЕКТС] Статика во архитектура
    Запознавање со основните поими на принципите на статиката како алатка за разбирање на најелементарните конструктивни системи, како и основно аналитичко и практично запознавање со начелата и физичките концепти на статиката.
  • [C2533] [6 ЕКТС] Принципи на дизајн-студио
    Поставување дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целосен, интегрален архитектонски проект, развивање чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.
  • [C2534] [6 ЕКТС] Принципи на проектирање
    Целта на предметот се студентите да се запознаат со основната методологија на проектирање преку изучување на процесот на проектирање со помош на методите на анализа, синтеза, верификација и имплементација, а во согласност со проектантските принципи и стандарди. Се изучува и функционалната организација на просторот во зависност од неговата намена и содржина. Се проучуваат и влијанијата на надворешните фактори, основната законската регулатива, понатаму вертикалните комуникации како посебно значаен дел во архитектонското проектирање. При работењето на графичките вежби студентите ќе се оспособуваат за совладување на аналитичкиот дел од проектантскиот процес.
  • [C2535] [3 ЕКТС] Перспектива
    Целта на предметот е студентите да се запознааат со основните принципи на централното проектирање преку програма која опфаќа методи и постапки на цртање перспективни слики, како и да се оспособат за изработка на перспективни слики, како и за изработка на перспектива, анимација и визуелизација на елементите од архитектурата.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2
  • [3 ЕКТС] Албански/македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Albanian Language for Beginners 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2949] Визуелно изразување II

Семестар 3

  • [C2543] [4 ЕКТС] Компјутерски помогнато проектирање
    Цел на предметот е да создаде основа за користење на компјутерите во секојдневната работа на студентите. Целта е студентите да стекнат елементарни знаења за процесот на програмирање во програмските јазици кои наоѓаат примена при изготвување пакети за компјутерско графичко комуницирање. Со изучувањето и со примената на најновите верзии на CAD програмските пакети (AutoCAD и ArchiCAD), студентот ќе изготви целосен дводимензионален приказ на зададен архитектонски објект.
  • [C2539] [6 ЕКТС] Дизајн-студио I
    Дизајн-студио I се впишува во континуитетот на предметите Основи на дизајн-студио и Принципи на дизајн студио од прва година и претставува една етапа на подготовка за подоцнежните тематски циклуси на учењето на архитектурата. Домените на учењето на просторот се идентични со оние од првата година: постапка на забележување, разбирање и анализа на архитектонскиот простор, постапка на замислување, знаења за составните елементи и за контекстот на архитектонскиот проект, елементи од теорија и доктрини на архитектонскиот проект, историја и архитектонска култура, познавање и вежбање на средствата на претставување на архитектонскиот простор.
  • [C2540] [6 ЕКТС] Проектирање објекти за едносемејно домување
    Целта на предметот е студентите да стекнат основно разбирање на принципите и методологијата на архитектонското планирање, програмирање и проектирање на објекти од едносемејно домување.Исто така, цели на предметот се студентите: - Да развијат утилитарен , естетски и структурален поглед на просторот. - Да ги совладаат основни концепти на едносемејното домување и нивниот сооднос со современиот контекст. - Да ги разберат основните детерминанти на проектниот процес на станбената архитектура, просторните, социјалните, културните, економските аспекти. - Да ги знаат станбените модели поврзани со современата глобална практика.
  • [C2541] [6 ЕКТС] Конструктивен дизајн во архитектура I
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со елементите на конструкции, материјалите од кои се изведуваат конструкциите, како и конструктивно решавање едноставни архитектонски основи, пресеци, изгледи и др., со предностите и недостатоците на бетонските конструкции, различните видови малтери, дрвените меѓукатни конструкции и решетки.
  • [C2542] [4 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност II
    Оспособување на студентите за: - активно знаење, аналитичен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитектонското, урбанистичкото) и уметничкото наследство; - постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења на архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока; - прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2950] Материјали, методи и производи

Семестар 4

  • [C2545] [6 ЕКТС] Проектирање објекти за повеќесемејно домување
    Целта на предметот е студентите да стекнат продлабочено познавање и применување на принципите на архитектонско планирање, програмирање и проектирање во комплексни програмски, просторни, социјални ситуации на примерот на објектите за повеќесемејно домување.Исто така, цели на предметот се студентите: - Да развијат утилитарен, естетски и структурален поглед на просторот кај објектите за повеќесемејно домување. - Да ги совладаат основните концепти на повеќесемејно домување и нивниот сооднос со современиот контекст. - Да ги разберат основните детерминанти на проектниот процес на станбената архитектура, просторните, социјалните, културните, економските аспекти, поврзани со современата практика.
  • [C2546] [6 ЕКТС] Конструктивен дизајн во архитектура II
    Запознавање на студентите со принципите и методите за анализа на одредени архитектонски проблеми посочени во тематските подрачја на предметот низ проектиран архитектонски детаљ, со посебен акцент на неговото значење низ процесот на проектирање и развивање архитектонски проекти (ниво на графичка презентација во основен архитектонски проект и проект за изведба).
  • [C2547] [4 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност III
    The aim of the course is to introduce students to the theory and development of architecture, art and design of the industrial era, the twentieth century and and new trends in the twenty- first century. The program envisages the study of this period by getting acquainted with the work of the great schools, masters and works. The works of world- renowned contemporary architects, designers and artists will individually be presented throughout the program.
  • [C2548] [4 ЕКТС] Компјутерско 3D моделирање и виртуелна реалност
    Целта на предметот е откако студентите ќе стекнат знаења од предметот „Компјутерски помогнато проектирање“ и друго графичко компјутерско комуницирање, да можат да пристапат кон тридимензионално моделирање-визуализирање со проектирање. За да може секој студент самостојно и креативно да ги користи сметачите во проектирање на објектите, потребно е претходно целосно да се запознае со компјутерската поддршка ориентирана кон графичко и проектно изразување. Со изучувањето и со примената на програмските пакети CAAD (3DStudio и Artlantis), студентот треба да изготви целосна визуализација и тродимензионален приказ на моделираниот архитектонски објект и да ги совлада методите на неговото влијание при архитектонското проектирање.
  • [C2549] [2 ЕКТС] Практична настава 2
  • [C2544] [6 ЕКТС] Дизајн-студио II
    Основна цел на предметот е да се оспособат студентите по архитектура да ги анализираат и дијаграмски да ги претстават забележливите карактеристики на одредено место – предмет на истражувачкиот интерес. Исто така, цели на предметот се студентите: - Да ги разберат и да научат да ги применуваат различните етапи на креативниот процес на мислење на еден архитектонски проект. - Да ги оспособи студентите да анализираат дадена програма, од која подоцна треба да развијат јасен архитектонски концепт (хипотеза). - Да покажат разбирање за тоа како проектирањето на архитектонската форма и простор директно се поврзани со психолошките, физиолошките, социолошките и со културните потреби на луѓето. - Да научат повеќе различни техники на истражување на сопствените проектни стратегии (преку скицирање, дијаграмирање и изработка на аналогни и дигитални студиски модели (2D и 3D). - Да научат да подготват различни форми на презентациски цртежи и модели преку кои ќе го претстават завршниот проект.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2951] Графички дизајн

Семестар 5

  • [C2550] [6 ЕКТС] Дизајн-студио III
    Целта на предметот е да овозможи на студентите продлабочено изучување и применување на принципите на архитектонско планирање, програмирање и проектирање во комплексни програмски, просторни, социјални ситуации на примерот на објектите за колективно домување: домување во трето животно доба, домување и образование, архитектура и околина за деца. Да ги научи основните типови на колективно домување, нивните историски и современи контексти.
  • [C2551] [6 ЕКТС] Проектирање објекти од колективно домување
    Целта на предметот е да им овозможи на студентите основно познавање и применување на принципите на архитектонско планирање, програмирање и проектирање во комплексни програмски, просторни, социјални ситуации на примерот на објекти за колективно домување - хотели. Да ги развие основните принципи на архитектонско проектирање објекти за колективно домување, развој на вештината на архитектонско проектирање комплексни програмски и контекстуални ситуации, кај објектите за колективно домување - хотели.  
  • [C2552] [6 ЕКТС] Детаљ во архитектурата
    Целта на овој предмет е совладување на фазите на проектирање и начинот на изведба на сите градежно-занаетчиски работи кои следуваат по завршувањето на конструкцијата на објектите, сè до комплетирањето на објектот во единствена функционално естетска целина.
  • [C2553] [4 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност IV
    Оспособување на студентите за: - активно знаење, аналитичен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитектонско, урбанистичко и уметничкото) наследство; - постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења на архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока; -прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.
  • [C2554] [4 ЕКТС] Основни принципи на внатрешно уредување
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со внатрешната организација на просторот и просторно функционалните и визуелно-естетските барања, факторот човек (антропометрија) и динамиката на неговите активности како четврта димензија од просторот. Предметната програма опфаќа изучување на организацијата на станбените простори преку креирање решенија со разни техники на презентација.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2952] Урбанистичко планирање I

Семестар 6

  • [C2560] [2 ЕКТС] Практична настава 3
  • [C2555] [6 ЕКТС] Дизајн-студио IV
    Студентите се обучуваат за практична примена на знаењата од архитектонско проектирање на специфичните објекти од областите на административните (канцелариски) згради и зградите за образование.
  • [C2556] [6 ЕКТС] Проектирање јавни згради
    Студентите стекнуваат продлабочени професионални и академски сознанија за јавните згради, новите параметри и методи на проектирање преку кои се совладуваат или генерираат новите типови јавни објекти како комплексни проектантски задачи.
  • [C2557] [6 ЕКТС] Композиција за архитектура и дизајн
    Предметот има за цел студентите да се запознаат со тројната природа на архитектонскиот простор, појмовна и симболичка и основните принципи на негово обликување - компонирање, кои произлегуваат од неа. Нивна конкретна апликација како онтолошки апроксимации, културолошки обрасци, композиција како методологија.
  • [C2558] [4 ЕКТС] Внатрешна архитектура
    Целта на овој предмет е да се воведат студентите во внатрешната организација на нестанбените простории, како логичен след во методологијата на проектирање ентериери. Во рамките на овој предмет е предвидено изучување принципи, стандарди и нормативи за проектирање и уредување работни простории.
  • [C2559] [4 ЕКТС] Управување со трошоците - Архитекти како претприемачи
    1. Воведување на студентите во сегментот на стандардите и методите за организирање на процесите со управување на инвестициски проекти, законитостите, проблемите и процедурите кои се во непосредна врска со финансирањето и економијата во градењето како значаен пазарен фактор на управување и реализација на проекти. 2. Економско-финансиски аспекти и нивно менаџирање.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2953] Урбанистичко планирање II
Google+