-
[CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
Јавната администрација претставува поле од посебен научен интерес. Во предметот Вовед во јавна администрација студентите ќе се здобијат со знаења за основните концепти на јавната администрација. Посебен акцент ќе биде ставен врз еволуцијата на јавната администрација, како и реформите во оваа област во нашава земја. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со ова поле и критички да ги анализираат развојот и појавите на јавната администрација. Бидејќи оваа област е предмет на постојани промени, посебен осврт ќе се посвети на новите теории, како и класичните теории на јавната администрација. Предметот на истражување се состои во: поими и основни знаења за принципите и институциите на јавната администрација; улогата и значењето на јавната администрација во организираното општество; генезата и историскиот развиток на јавната администрација; Организационата структура на јавната администрација; функционирањето на институциите на јавната администрација; Државните службеници; контрола и одговорност на ЈА, комуникации во ЈА, јавната администрација како служба за одбрана и реализација на човековите права итн.
-
[CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
Целта на предметот е да им се овозможи на студентите како лидери и раководители да го развиваат и да го спроведуваат постигнувањето на мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; да ги развиваат вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и за нивна примена преку соодветни активности и навики; како лидерите и раководителите лично да се вклучени во обезбедувањето сигурност дека системите за управување со организацијата ќе се развиваат и ќе се спроведуваат. Исто така, преку предметот се опфаќа и начинот како организацијата ги спроведува својата мисија и својата визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
-
[CPA-302] Вовед во јавни политики
Целта на предметот е студентите полесно да ги разберат и да ги совладаат јавната политика, нејзините принципи за создавање, водење конкретна политика, како и анализа, имплементација, евалуација и развој. Менаџментот на јавни политики е дисциплина за решавање проблеми која ги користи сознанијата од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
-
[CLE-101] Вовед во право
Цели на предметната програма се студентите:
-
[ELE-708] Вовед во криминалистика
Преку овој предмет студентите стекнуваат знаења и ги продлабочуваат знаењата од криминалистиката. Оваа дисциплина во поширока смисла на зборот придонесува за борбата против криминалитетот преку откривање и превенција. Предметната програма по криминалистика ќе се разработува од теоретски и од практичен аспект (преку консултации, препорака на литература, дебати и дискусии со студенти). Целта на овој предмет е да се подготват и да се оспособат студентите за употреба и примена на современите криминалистички средства и методи кои се применуваат за откривање и објаснување на кривичните дела и за превенција на криминалитетот.
-
[E2843] Трудово и право на социјално осигурување
Цели на предметот:
• Студентите да стекнат релевантни знаења за трудовото право и социјалното осигурување како позитивна гранка на правото и како наука;
• Студентите да стекнат солидни теоретски и практични знаења од областа на работните односи и други права кои произлегуваат од работниот однос и тоа права од социјално осигурување (пензиско-инвалидско, здравствено, осигурување во случај на невработеност и сл.). Студентите исто така ќе добијат подетален преглед на правата, обврските и одговорностите од работниот однос и правата од социјално осигурување.
• Студентите да стекнат теоретски знаења за главните поими и институти за трудово право и социјално осигурување;
• Студентите да се запознаат со прашања и проблеми што се проучуваат и уредуваат во трудовото право и социјалното осигурување, со историскиот развој на трудовото право и институциите за социјално осигурување;
• Да се поттикне аналитичко и критичко размислување кај студентите во однос на проблемите со кои се соочува денес трудовото право и социјалното осигурување во РСМ.
• Да им овозможи на студентите да направат соодветни теоретски и практични дистинкции на поимите и појавите со работен карактер во правниот систем на РСМ, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики, како и да ја забележат нивната важност и делување во практиката;
За да бидат дел од современите случувања во областа на трудовото право, студентите ќе се информираат за развојот, улогата и значењето на Меѓународната организација на трудот (МОТ) како креатор и релевантен контролор во имплементацијата на меѓународните стандарди на трудот.
Заштитата на правата од работен однос се реализира не само на национално, туку и на меѓународно ниво, затоа една од целите на овој предмет е студентите да стекнат знаење во овој предмет преку консултација и анализа на случаите од практиката на судовите во земјава, но и предметите од Европскиот суд за човекови права.
-
[E2842] Меѓународно право за правата на човекот
Борбата за човекови права започнува со историските напори за да се запознаат со истите. Со текот на времето, корпусот на слободите и правата на човекот и граѓанинот што се инкриминирани со закони или меѓународните договори се шири, но тоа сигурно тоа не е показател дека тие се почитуваат и имплементираат во практиката. Првично се сметало дека човековите права претставуваат или се дел од внатрешните работи на државите (според принципот на апсолутниот суверенитет), а само во поново време се стекнаа со насловот на jus cogens норми. Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со развитокот на доктрината за човековите права, видовите и категориите на човековите права и ќе ги проучуваат соодветните документи кои ги уредуваат тие права. Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со концептот на меѓународното право за човекови права, спроведување на истите, влијанието во креирањето на националните политики што ќе ги поттикне да размислуваат критички на односот меѓу меѓународното право и националното право и да бидат свесни за сегашните меѓународни настани и нивното влијание врз секојдневниот живот на луѓето во светот. Воедно студентите ќе се поттикнат да придонесат во областа на изготвување на законите за заштита на човековите права.
-
[ELE-607] Право на интелектуална сопственост
Во рамките на предметот Право на интелектуална сопственост студентите ќе се стекнат со продлабочени знаења од областа на интелектуалната сопственост. Со изучување на предметот студентите ќе се стекнат со знаења за авторското право и сродните права и правата на индустриска сопственост. Предметот опфаќа содржини кои се однесуваат на поимот, настанувањето и развојот на правото на интелектуална сопственост, како и различните видови домашни и меѓународни извори на ова право. Најголемо внимание ќе се посвети на изучување на различните видови права на интелектуална сопственост, нивната прометливост и начин на заштита. Студентите ќе се стекнат со знаења за основите на правото на интелектуална сопственост, видовите права и носителите на правата. Истовремено ќе се обучат да ги препознаат и разликуваат правата на интелектуална сопственост во предметите што секојдневно ги опкружуваат. Кај правата што подлежат на регистрација, студентите ќе се обучат како да пополнат пријава за патент, трговска марка, индустриски дизајн итн. Студентите ќе се оспособат да ги разликуваат творците (автори, пронаоѓачи, креатори) од носителите на правата, физички и правни лица, но и да осознаат кои права им припаѓаат (морални, материјални и други права). Стекнувајќи се со знаења за правата кои им припаѓаат на носителите, студентите ќе се стекнат со практични знаења како се врши прометот на правата од интелектуална сопственост, при тоа ќе сфата колкаво е значењето но и економската вредност на овие право во светот и кај нас. Посебно ќе се стекнат со вештини за преговарање и изработка на договорите за пренесување на правата од интелектуална сопственост, како што се: договорот за лиценца, цесија, франшизинг, трансфер на технологии, договор за издаваштво, договор за филмско дело, договор за јавно прикажување, договор за авторско дело од работен однос и сл. Како резултат на добиените знаења студентите ќе се оспособат да ги препознаваат секојдневните повреди на правата од интелектуална сопственост (фалсификување и пиратерија) но ќе ги изучат и причините за овие појави, како и други видови дејствија на нелојална конкуренција. Како логична завршница на овој курс студентите ќе се стекнат со знаења за заштитата на овие права.
Целта на предметот Право на интелектуална сопственост е студентите да бидат во можност да:
- го разберат комплексниот систем на правото на интелектуална сопственост, како и неговото правно уредување;
- ги разберат различните видови права на интелектуална сопственост и начинот на нивно настанување, остварување и заштита;
- можат на соодветен начин да ги стават во промет правата на интелектуална сопственост;
- се подготват за полагање на стручни испити за застапници во областа;
-стекнат способност за ефикасна примена на регулативата од оваа област, како нови и перспективно правно подрачје.
-
[EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
Целта на овој предмет е да се истакне фактот дека во современото општество не постои универзален, општоприфатен модел на семејството и на родителството. Преку изучување на предметот „Потпомогната репродуктивна технологија и право“, студентите ќе стекнат знаењата за новите вештачки репродуктивни технологии кои се дел на современата натална политика. Подетално студентите ќе се запознаат за сите вештачки репродуктивни технологии, како што се: вештачка инсеминација, ин витро фертилизација, сурогат-мајчинството, раѓањето на деца од сама жена со донација на сперма, постхумната репродукција, кородителство, зачнување дете од тројца родители, криопрезервација на гаметите или ембрионите. Студентите ќе имаат можност да се информираат дека постојат и многу други можности кои ги нуди науката, но се забранети, на пример клонирање, бирање на полот, подобрување на физичките, интелектуалните или другите капацитети (евгеника) на идното дете итн. Преку изучување на овој предмет се очекува од студентите да го развијат своето критичко мислење дебатирајќи за комплексниот збир морални, етички и правни дилеми поврзани со овие нови репродуктивни технологии.
-
[ELE-408] Семејно насилство
Семејното насилство е општествен феномен широко распространет во современото општество. Тоа е присутно во сите држави и општества, без оглед на нивниот развој и еманципација. Имуна на овој феномен не е ниту нашава земја, ниту регионов во кој живееме. Затоа, студентите по право преку овој предмет се стекнуваат со знаење за тоа што е семејно насилство, облиците во кои се манифестира, законските прописи предвидени во нашава земја, во регионов и во меѓународните прописи како и за начините за превенција. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во можност да го идентификуваат семејното насилство, да ги идентификуваат кривичните дела инкриминирани во Кривичниот законик од оваа сфера како и да развиваат критичко размислување за оваа проблематика. Овој предмет му овозможува на идниот правник за време на вршење на идната професија како судија, обвинител или адвокат да се справи на најсоодветен начин со овие случаи кои имаат голема чувствителност како и да обезбедат соодветна помош и заштита на жртвите на овие кривични дела.
-
[CCS-101] Вовед во компјутерски науки
Вовед во интелектуалните претпријатија од компјутерските науки и уметноста на програмирање. Преку овој предмет студентите ќе научат како да размислуваат алгоритамски и да ги решаваат проблемите ефикасно. Проблемски множества инспирирани од уметностите, хуманистичките науки, општествените науки и науките. Дизајниран за концентратори и неконцентратори подеднакво, со или без претходно искуство во програмирање. Меѓу главните цели на овој предмет се да ги инспирира студентите да истражуваат непознати области, без страв од неуспех, да создадат интензивно, споделено искуство, достапно за сите студенти и да изградат заедница меѓу студентите.
-
[CCS-102] Интернет технологии
Главна цел на предметот е студентите да добијат практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да владее со XHTML, CSS и JavaScript. Да ја владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб-страница. Студентите ќе стекнат солидни технички знаења околу XML, XHTML, CSS и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови и лајаути во CSS како и употреба на варијабли, услови, циклуси и функции во JavaScript.
-
[CCS-402] Применета веројатност и статистика
Овој предмет има за цел студентите да ги разберат основните концепти за веројатност, условна веројатност и независни настани. Исто така, во фокусот на предметот се случајната променлива, математичкото очекување и различните видови распределби, теоријата на примерок и теоријата на оценување. Друга цел на предметот е да дизајнира статистичка хипотеза за проблемот во реалниот свет и да спроведе соодветни тестови за носење на валидни заклучоци за карактеристиките на популацијата. Неизбежно е студентите да стекнат знаење за тестирање на хипотези за која било истражувачка работа. Во рамките на предметот студентите ќе имаат можност да ја научат програмата Ексл и Мега Стат во значителна мера за конкретно да ги применат теоретските знаења.
-
[ECS-500] Е-трговија
Цели на предметот се студентите:
- Да ги разберат и аплицираат концептите од електронска трговија, електронски бизнис.
- Да ги препознаат бизнис потребите за адаптација на константните и непрекинатите промени во средината, и препознавање на важноста за инкорпорација на информационата технологија во најважните бизнис процеси, подобрување на нивната сегашна операциона ефикасност за да се трансформира во конкурентна предност.
- Да развијат стратешко, административно, и опеционално планирање за новите бизниси, или да се подобри постоечкиот со нивите технологии.
- Да развијат знаење за основите на Е-Трговија кои се овозможувани од новите Информациони технологии
- Да ја препознаат потребата на организацијата да континуирано да адаптираат на промените кои се случуваат во актуелната атмосфера на бизнисот.
- Да откријат можности во средината за да може да ги аплицирате во иновациите и бизнисот.
- Да анализираат бизнис за да ги препознаат внатрешните и надворешните фактори кои можат да се модифицираат за да може да преминат на електронски бизнис модел.
- Да развијат стратешко, административно и операционално планирање за нов, или веќе постоечки бизнис со воспоставување на стратегии кои употребуваат информациона технологија во најважните процеси на бизнисот, со цел да се подобри нивното сегашно оперирање и да се сврти тоа во конкурентна предност.
- Да развијат аналитичка и техничка основа за да го разберат непредвидениот свет на е-трговија, со тоа што ќе се дели три домени:
o Економикс: бизнис план, електронска банка и пари, маркетинг и реклами, менаџмент на врските со корисниците
o Социологија: тајност, заштита на интелектуална сопственост, правни и регулаторни иницијативи
o Технологија: Интернет-инфраструктура, безбедност на мрежата, web услуги, мобилна трговија network security, services, mobile commerce
-
[CISM2021] Вовед во информациски системи
Цели на предметот:
Да ги научат основните концепти и терминологијата на информациските системи:
• Основни информациски системи и концепти: Хардвер, софтвер, мрежи;
• Е-World: е-бизнис и е-трговија;
• Развојни процеси;
Да научат повеќе за информациски системи и технологии кои ги подобруваат бизнис вредностите и разните бизнис процеси во организациите;
Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука;
Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациски системи;
Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки;
Да ја испитаат безбедноста на информациите, како и етичките и социјалните прашања;
Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и е-бизнисот;
Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можат да бидат: студии на случај, научно – истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа;
-
[ECS3060] Професионална ИТ-етика
Во рамките на овој предмет се дава сеопфатен преглед на моменталните етички прашања при користењето информциони технологии (ИТ). Се оценуваат низа долгогодишни и нови прашања со кои се соочуваат корисниците на ИТ, почнувајќи од слободата на говорот, приватноста, интелектуалната сопственост, хакирањето и дигиталната ера, на етиката во социјално вмрежување и онлајн-заедници. Преку предметот се разгледуваат етички дилеми и етички одговорности на ИТ-професионалци и се промовира критичко размислување и одговорно користење на ИТ.
-
[EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
Предметот Албански јазик со култура на пишување е синтеза на правила и упатства кои се предвидени да ги подобрат вештините на писменото и усното изразување на албански јазик. Подобрувањето на овие вештини, пред сè е предвидено да се постигне преку запознавање со правописните правила, некои морфолошки норми и норми на синтаксата на албанскиот јазик, кои се потребни за да се постигне правилната употреба на јазикот. Потоа, посебен акцент се става врз мотивирањето на студентите за течен говор, подигање на свеста за употреба на албанскиот чист стандарден јазик. Посебно внимание ќе се посвети и на поттикнување на студентите да го унапредат процесот на пишување и зголемување на нивното разбирање за разликите помеѓу одредени жанрови. Ќе се разгледа и прашањето на академскиот интегритет (плагијат), како и специфичната терминологија на различни области на специјализација. Сите овие теми ќе бидат понудени како посебни лекции, односно како правила, упатства и вежби, кои се надополнуваат.
-
[EFE-105] Германски јазик 1-4
По завршување на предметот од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења според Европската јазична рамка кои се посебно и конкретно одредени според нивото. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметите по германски јазик, студентите ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и писмено и усно да ги изразуваат своите мислења и ставови.
-
[EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
Цели на предметот:
Комуникациски вештини:
Студентите се очекува да ги претстават своите ставови поврзани со културата, глобализацијата и како сето тоа се одразува во процесот на едукација. Се очекува да се дискутираат теми поврзани со толеранцијата и разбирањето на другиот или другата култура. Исто така, ќе се работи и на подготвување есеи во кои се третираат прашањата на културниот релативизам, стереотипите и предрасудите, како и развивањето на концептите на интеркултурна соработка и мултикултурно образование.
Примена на знаењето и разбирањето:
Креирање на образовни модели за мултикултурна соработка и нивна апликација во процесот на предавање англиски како странски јазик. Развивање на воспитна стратегија која би била ефикасна во ситуации кога недостигот на толеранција предизвикува тензија меѓу студентите.
Способност за процена:
Разработка на индивидуално портфолио основано на принципите на мултикултурно образование, и идентификација на случаи на нетолеранција со цел развивање интеркултурна соработка.
Знаење и разбирање:
Запознавање со основните принципи на културата, културниот релативизам, интеркултурно и мултикултурно образование и адресирање на овие прашања во контекстот на предавање англиски како странски јазик.
Вештини за учење:
Распознавање со ефикасни модели за промоција на мултикултурализмот во процесот на едукација, каде англискиот јазик би имал клучна улога, како предмет кој е неутрален за сите студенти без разлика на нивната етничка припадност.
-
[EFE-108 ] Меѓукултурни студии
По завршувањето на овој предмет студентите ќе можат да ги идентификуваат: глобалните прашања и проблеми од перспектива на различни култури, комуникациската динамика во другите култури, сличностите и разликите меѓу своите вредности и оние на другите култури, како и сличностите и разликите меѓу нивните комуникациски практики и оние од другите култури. Освен тоа, од студентите се очекува да станат посвесни за стереотипите кои ги има во општеството за различните култури и ќе почнат подобро да го разбираат своето место во глобалната заедница. Студентите критички ќе се вклучат во размислувања за својата етничка припадност, полот и родовиот идентитет, класата, верата, националното потекло, возраста и за другите демографски карактеристики како и за нивното влијание врз комуникациските процеси. По завршувањето на предметот Меѓукултурни студии, студентите ќе стекнат и комуникациски вештини за работа во групи преку учество во истражувачки проекти и вештини за презентација на своите истражувачки проекти.
-
[E2539] Критичко резонирање и размислување
По успешното завршување на предметот, студентите ќе имаат способност да го подобрат нивниот начин на размислување преку осознавање на внатрешните структури на процесот на мислење и преку нивно разгледување во рамките на сопствените индивидуални и академски стандарди. Тие ќе развијат стратегии за донесување одлуки, засновани на рефлектирање, причина и логика. Преку овој предмет, студентите ќе научат врз основа на кои тенденции, сличности и претпоставки се базираат нивните рефлексии, како и кои услови и последици произлегуваат од нивниот начин на размислување. Оваа рефлектирачка мисла претставува активно, внимателно и постојано преиспитување на сите индивидуални верувања во смисла на фундаментите кои ги поддржуваат истите, заедно со заклучоците кои произлегуваат од нив. Студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини за донесување на разумни одлуки потребни во секојдневното опкружување, а поврзани со нивните идни професии.
-
[E2841] Медиумска и информациска писменост
-
[EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
Во фокусот на предметот е развојот на комуникациски вештини и техники кои се суштествени за ефикасно функционирање во ерата на глобализацијата. Студентите ќе го разработуваат процесот на глобализацијата, општествените, политичките, економските и културните аспекти на современиот феномен, последиците и влијанијата во комуникациската сфера означена како ера на постмодернизмот, особено влијанијата врз новите социјални медиуми, нивната структура, повеќчејазични функции на социјалните мрежи, ефектите и последиците во современата светска комуникациска реалност.
-
[ECM-602] Медиуми и општество
Медиуми и општество претставува вовед на студентите во дисциплина која ги изучува комплексните односи меѓу медиумите и општеството, улогата на масовните медиуми како посредувачка технологија при масовното и глобалното комуницирање. Главна цел на предметот се политичките, економските, социјалните и културните импликации на медиумите врз општеството.
-
[CBE-101] Вовед во економија и бизнис
Примарната цел на овој предмет е студентите да развијат основно разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. По завршување со предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти“. Во рамките на овој предмет се истражуваат принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобална средина.
По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат: да го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; да го дефинираат БДП и да ги калкулираат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; да ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаат со последиците и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
-
[CBE-103] Принципи на менаџмент
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Целта на овој предмет е и студентите да стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата.
Совладувањето на предметот на студентите ќе им овозможи:
- Да ги научат основите на менаџментот и да се оспособат за нив да даваат конкретни примери.
- Да се оспособат да гледаат на совладувањето на овој предмет како на потреба и стекнувањето знаења да бидат во контекст на практичната примена на наученото.
- Да размислуваат на ефикасен начин кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
-
[EBEM-503] Деловно комуницирање
Целта на овој предмет претставува запознавање на студентите со концептот на деловното комуницирање. Содржина на предметната програма: Во последниве години сѐ повеќе компании ги применуваат техниките на деловно комуницирање и како главна алатка за одговор на сѐ позаострената конкуренција на глобалниот пазар. Овој предмет претставува обид за подобрување на комуникациските способности на студентите со теоретско, а пред сѐ, и со практично укажување на правилниот начин на комуницирање во организациска средина со вработените и со менаџерите како и при одржување состаноци, интервјуирање, преговарање како и при мотивирање на сите околу нив.
-
[EBE-408] Менаџмент на проект
Целта на предметот е воведување на студентите во светот на современите проекти и нивно соочување со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање на соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
-
[EBE-403] Бизнис-план
Целта на наставата по предметот е да им се помогне на студентите во разбирањето на однесувањето на претпријатието во современи услови на стопанисување.
-
[EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
Целта на предметот е да се развие општо теоретското знаење за корпоративната општествена одговорност во современите економии и да се анализира одразот на корпоративната општествена одговорност врз целокупното работење на претпријатието.
-
[EF999] Француски јазик 1-2-3
Целта на овој предмет е студентите да ги зајакнат јазичните основи на познавање на јазикот и да ги развијат четирите компетенции на комуницирање, особено во следните домени:
• да знаат да искажат мислење,
• да знаат да искажат чувства,
• да знаат да препознаат идеја,
• да знаат да даваат и презентираат јасни идеи,
• да знаат да аргументираат и да го бранат своето мислење,
• да се снаоѓаат во различни ситуации,
• да одржат прост и кохерентен говор,
• да раскажат еден настан,
• да раскажат сон или пак искуство,
• да претстават причини за еден проект или идеја,
• да комуницираат спонтано.
-
[BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
Целта на предметот е студентите да се запознаат со италијанската култура, италијанската цивилизација и италијанскиот јазик. Идејата е студентите да спознаат една малку поинаква реалност, којашто можеби ќе им помогне во осознавање на самите себе, како и во креирањето на една подобра слика за себе и за иднината. Соодветно на нивото (од А1 до Б2), коешто студентите ќе го изберат, или нивоата што ќе ги проследат во семестрите кои ги имаат на располагање за слободен изборен предмет, материјата прогресивно се продлабочува. Во првиот степен се поаѓа од базични поставки, како: правопис, изговор, вокабулар за управување со едноставни, секојдневни јазични ситуации (лично претставување, претставување на други, ориентирање во просторот и во времето, комуникациски изрази во бар, во ресторан, во супермаркет, на пазар), а се стигнува до посложени изразни конструкции во продолжителните степени, кои се однесуваат на искажување став, желба, потреба, раскажување минати настани, зборување за идни дејства итн. Граматиката се воведува индуктивно (преку осознавање од ситуации (аудио снимки, видеа, филмови, текстови) и донесување заклучоци), при што клучната улога ја имаат самите студенти, со нивното активно учество во предавањата.
-
[EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
Целта на овој предмет е студентите да ги развијат академските вештини за пишување на различни начини. На студентите ќе им се овозможи да ги изложуваат своите идеи на јасен, течен и на ефективен начин за да создадат еден напишан текст. Студентските академски вештини ќе се развијат постепено преку вежбите што помагаат во пишувањето, како: пишување различни видови параграфи и есеи. Исто така, студентите ќе се запознаат со правилата за цитирање и парафразирање и ќе разберат што значи плагијат. Повратната информација на едно напишано дело ќе содржи поправање на грешките од самите студенти, поправање на грешките меѓу самите студенти и поправање на грешките од предавачот во однос на содржината, организацијата и на јазичните грешки.
-
[EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
Дигитална и онлајн писменост е едно-семестрален предмет со 3 часа неделно, кој се нуди на додипломски студии. Предметот е направен според потребите на студентите и вклучува бројни вештини на 21. век кои се поврзани со соодветна и ефективна употреба на технологијата. Предметот ќе ги опфати трите категории на вештини на 21. век. По завршување на предметот студентите ќе можат успешно да бараат и пристапуваат до онлајн информации преку користење на различни дигитални алатки, критички да ја оценуваат веродостојноста на онлајн материјалите и да разликуваат помеѓу веродостојни и недоверливи извори, да покажат разбирање на етичките прашања во академски контекст, да разберат како соодветно се користат цитати и референци за да се избегнат плагијати, да научат како ефикасно се комуницира на професионален начин, да ги разберат основите на интернет безбедноста како и позитивните и негативните аспекти на создавањето онлајн идентитет, да го испитуваат сајбер-малтретирањето и да ги идентификуваат можните решенија за намалување на онлајн вознемирувањето.
-
[ECE-02] Разговорен англиски јазик
Разговорен англиски јазик е семестрален предмет дизајниран за средно и повисоко ниво на англиски јазик, и ќе биде достапен за студентите во сите семестри. Англискиот е меѓународен јазик кој ја олеснува комуникацијата во различни контексти низ целиот свет, почнувајќи од деловни состаноци и трансакции до обични разговори меѓу пријателите и интеракции за време на патувањето. Разговорен англиски јазик ќе ги гради способностите за слушање и зборување на студентите, обезбедувајќи граматика, вокабулар, изговор и практика на течно зборување, потребни за заеднички видови на интеракции во разговорен англиски јазик. Преку овој предмет ќе се покријат теми поврзани со професионален разговор, секојдневен разговор и секојдневни интеракции, обезбедувајќи им на студентите разговорна доверба во различни контексти. Професионалниот разговор ќе вклучува формални и љубезни видови на говор кои се користат во контексти како што се работни средби или дискусии со колегите. Обичниот разговор ќе вклучува практика со јазик што се користи додека се дружи со пријателите или семејството и другите неформални ситуации и ќе вклучува жаргон и неформален говор. Секојдневните интеракции ќе вклучуваат разговори во продавниците, за време на патувањето, или барање и нудење помош. Методите на учење ќе се фокусираат на практиката и ќе вклучуваат активности за слушање, дијалози, играње улоги и симулации, дебати и дискусии.
-
[E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
Целта на предметот е да се развијат комуникациските вештини кои се од суштинско значење за ефективно функционирање во професионалниот свет на англиски јазик. Целите на предметот се фокусираат на широк спектар на професионални поставки и прашања. Студентите ќе го проучат процесот за анализа на различни ситуации во комуникацијата и соодветно ќе ги разберат и ќе ги применат.
-
[E2530] Белетристика и забава
Преку овој предмет студентите ќе истражуваат низа привлечни и популарни литературни текстови (романи, извадоци, читатели и раскази) за да ги разберат и да уживаат во карактеристиките на различни и популарни жанрови, вклучувајќи научна фантастика, литература за млади возрасни и фантазија. Меѓу целите на предметот, може да се вклучи следново: да се развие самодовербата, флуентноста и интересот на студентите за читање на англиски јазик, да се читаат различни видови романи, да се одговори смислено и критички, вербално и писмено, со извлекување врски помеѓу личното искуство, општо знаење и / или други извори (предавања, читања, филмови) и доделениот текст. Покрај тоа, целите се и: пренесување напредни вештини за читање во учењето на втор јазик и развивање на овие вештини, правејќи ги студентите подобри читатели на двата јазика. Вештините за читање вклучуваат и предвидување, погодување зборови од контекст и читање за детално разбирање.
-
[E2531] Англиска литература и филм
Целите на предметот се:
- Да им помогне на студентите да ги развијат своите критички вештини преку анализа на филм.
- Да дискутираат, евалуаираат и пишуваат критика.
- Да дадат критичка анализа на литературни и информативни текстови
- Да дискутираат и анализираат пишани текстови, како и пиар-евалуација на работата на студентите во групата
- Да презентираат различни видувања, да ги поддржат своите тврдења, користат сетилен јазик.
-
[E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
Целта на предметот е да се оспособат студентите за јазична компетенциja и јазична перформанса во професионалната област (односно во областа на правото и ЕУ).
Станува збор за концепт насочен кон студентот (learner-centered approach) кој е фокусиран на развој на комуникациските способности во специфични области, односно на продлабочување и на зајакнување на вештините за напредно писмено и усно изразување на стандарден македонски јазик. Предвидениот материјал опфаќа содржини поврзани со професионалните дисциплини, како и автентични документи и материјали. Особено внимание се посветува на совладување на професионалната терминологија и нејзината примена во соодветен јазичен контекст и на развојот на дигиталните вештини. Од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да бидат во можност да размислуваат критички на различни теми, како и да стекнат способност за напредна комуникација и на македонски јазик во една мултијазична и мултикултурна средина.
-
[E2739] Етика во јавни институции
Цели на предметot (компетенции) се студентите:
- Да стекнат знаења и да ги разберат семантиката и концептите на етиката, стандардите на однесување, моралното расудување и моралната филозофија.
- Да развијат став за позицијата на моралот во професионалниот живот.
- Да формираат јасни ставови за правата и одговорностите на вработените во јавната-државната администрација.
- Да имаат способност да се соочат со етички проблематичните ситуации.
- Да имаат чувство за карактерот кој се бара во професијата на администраторот.
- Да се запознаат со литературата за етиката во сферата на јавните институции.
- Да бидат подготвени да употребуваат комуникативни алатки и да ги почитуваат етичките стандарди во работата со државните институции и јавните актери.