Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Насока: Образование (2023-2024)
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: EDU-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран инженер по компјутерски науки / Насокa: Образование
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Факултетот по Современи науки и технологии при УЈИЕ - Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерство и бизнис-информатиката.
План-програмата за компјутерски науки е дизајнирана за да ги исполни барањата на локалниот пазар, но истовремено и да овозможи модерна и глобална перспектива.
Наставни цели на програмата:
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења по компјутерски науки  и истите да ги применат  во реалниот живот.
- Да  ги  оспособи  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  во имплементација  на различни софтверски решенија.
- Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуално или во група, кои по природа можат да бидат: научно-истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
- Да им овозможи добра основа за понатамошно приспособување на новите технолошки/пазарни промени како и нивна примена.
- Да  им овозможи да стекнат вештини за поддршка  при  организирање, реализирање и имплементирање методи и процедури во нивните области.  

По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да се вработат во различни области во индустријата и тоа: ИКТ ориентирани компании, бизнис-сектор, јавна администрација и слично.
Со стекнатата диплома овие студенти ќе можат:
- Да ги користат компјутерскиот систем и информатичката технологија во секојдневието и пошироко;
- Ефективно да ги применуваат изучуваните методи и алгоритми;
- Да програмираат решенија за разни проблеми;
- Да организираат бази на податоци, да ги  проектираат да ги имплементираат и  понатаму да ги  одржуваат  и  да ги регулираат  перформансите;
- Да ги проектираат  и да ги имплементираат компјутерските мрежи;
- Ефикасно да ја користат интернет-технологијата;
- Да организираат и да помагаат за технички решенија  и за одговарање различни општествени, економски, научно-технички барања.

Знаење и разбирање

- Разбирање на локалните, регионалните и на глобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во РС Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.
- Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од полето на образовните науки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи во вообичаено работните задачи во образовниот процес.
- Студентите ќе бидат во можност да ги советуваат владините и невладините политичари во однос на образованието како и да ги планираат локалните потреби и потреби на кадарот преку нивно адаптирање со економските ресурси на земјата, истовремено нагласувајќи ги вештините за стратешко управување и водство.
- Студентите ќе можат да ги преземат водечките улоги во образовните институции (јавни и приватни) во Република Северна Македонија и пошироко.

Способност за проценка

- Студентите ќе се соочат со ризикот и со предизвиците кои ги носи промената на традиционалното со модерното во образовниот систем.
- Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и на образовната политика.

Комуникациски вештини

- Способност да се следат напредоците во полето на образовните и компјутерските науки науки.
- Способноста да се применува вештините за учење во наставата и обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
- Способноста да се применува вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.
- Ќе поседуваат способност за користење на  технологијата во училниците и во администрацијата за нивно успешно функционирање во општествата и институциите базирани на знаење.

Вештини на учење

- Ќе стекнат вештини за обезбедување водство во училиштата низ Република Северна Македонија и за имплементиrање на истражувањата во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и со технолошките ресурси.
- Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можат ефикасно да дејствуваат во мултикултурната и во мултијазичната средина.

Семестар 1

  • [ACS-102] [6 ЕКТС] Структурално програмирање
    Во рамките на овој предмет се презентираат основните концепти на програмирање кои понатаму служат како вовед во структурното програмирање. Целта е студентите да се оспособат да напишат јасни и ефикасни програми, применувајќи широк спектар на техники за програмирање.
  • [ACS-103] [6 ЕКТС] Линеарна алгебра
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број примени на математиката во „реалниот“ свет доаѓаат во израз земајќи го само нивниот линеарен дел. Станува збор за многу значаен материјал што секогаш ќе биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во состојба да ги користат и да ги применат: линеарните еднаквости и нивното решавање; алгебрата на матриците; линеарните трансформации и како тие се користат за апликација; векторските простори; сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица; детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со другите области со или без користење на математиката.
  • [CCS-101] [6 ЕКТС] Вовед во компјутерски науки
    Вовед во интелектуалните претпријатија од компјутерските науки и уметноста на програмирање. Преку овој предмет студентите ќе научат да размислуваат алгоритамски и да ги решаваат проблемите ефикасно. Проблемски множества инспирирани од уметностите, хуманистичките науки, општествените науки и науките. Дизајниран за концентратори и неконцентратори подеднакво, со или без претходно искуство во програмирање. Меѓу главните цели на овој предмет се да се инспирираат студентите да истражуваат непознати теми, без страв од неуспех, да создадат интензивно, споделено искуство, достапно за сите студенти и да воспостават заедница меѓу студентите.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [CCS-102] [6 ЕКТС] Интернет технологии
    Главна цел на предметот е студентите да стекнат практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да владеат со XHTML, CSS и JavaScript. Да ја владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб-страница. Студентите ќе стекнат солидни технички знаења околу XML, XHTML, CSS и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови и дизајн на страници во CSS како и употреба на варијабли, услови и функции во JavaScript.
  • [CCS-303] [6 ЕКТС] Објектно - ориентирано програмирање
    Овој предмет е наменет за студенти кои имаат предзнаења за структурно програмирање и треба да стекнат знаење и вештини од областа на објектно-оринетирано програмирање. Цел на предметот е студентите да се здобијат со знаења и разбирање од областа на објектно-ориентираното програмирање (апстрактни типови на податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се научат да пишуваат јасна и ефикасна програма користејќи ги објектно-ориентираните принципи на програмирање за креирање на ефикасни апликации, да имаат способност да направат евалуација на одредено објектно-ориентирано решение и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови на податоци во решавање на проблемите базирајќи се на принципите на објектно-ориентирано програмирање.
  • [ACS-204] [6 ЕКТС] Калкулус
    Преку овој предмет студентите се запознаваат и целосно ги совладуваат поимите: за функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, непрекинатоста на основните функции. Исто така, тие се оспособуваат за изнаоѓање на гранична вредност на функција (лимес), изводи, решавање на проблеми поврзани со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, се со цел на крај да бидат оспособени да нацртаат графикон на една функција од којашто може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Исто така, има за цел студентите да се запознаат со поимот интеграл и истиот да го применат во различни практични проблеми.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CCS-202] [6 ЕКТС] Компјутерска архитектура
    Компјутерска архитектура се однесува на структурата и функцијата на компјутерите. Целта на предметот Компјутерска архитектура е што е можно појасно и целосно да се прикажат природата и карактеристиките на современите компјутерски системи. Се нуди темелна дискусија за основите на компјутерската организација и архитектура и се поврзуваат овие прашања со современиот дизајн.
  • [CCS-301] [6 ЕКТС] Алгоритми и структури на податоци
    Цели на предметот: Разбирање на основните структури на податоци и алгоритми и компромисите помеѓу различните имплементации на овие апстракции и нивна теоретска анализа, имплементација и примена на структури на податоци како низи, листи, стекови, редици, купишта(heaps), речници (dictionaries), хеш-табели, дрвја и избалансирани дрвја, множества и графови и алгоритми за пребарување и сортирање. Главните цели што студентите ќе ги постигнат на крајот од предметот се: 1. Да може асимптотички да анализира алгоритми и структури на податоци. 2. Подобрување на вештините за објектно-ориентираното програмирање. 3. Подобрување и разбирање на рекурзивните решенија. 4. Разбирање на употребата на линеарни и нелинеарни структури на податоци и практикување на програмски вештини од повисоко ниво. 5. Пишување на објектно ориентирани решенија кои вклучуваат структури на податоци. 6. Разбирање на компромисите помеѓу различните апстракции на податоци и користење на соодветното решение за даден проблем. 7. Разбирање и користење на најефикасната структура на податоци за складирање и управување со податоците.
  • [CBI-203] [6 ЕКТС] Дискретни структури
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните математички знаења кои имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Дел од концептите предвидени во овој предмет веќе се познати за студентите, но тука целта е да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ќе им овозможи да го збогатат својот дијапазон на идеи и да ги применат решавајќи различни практични проблеми.
  • [EACS-05] [6 ЕКТС] Формални јазици и автомати
    Целта на овој предмет е да се даде вовед во теоретските основи на компјутерските науки од перспектива на теоријата на формални јазици и конечни автомати како машини за препознавање јазици на соодветно ниво. Преку предметот се дава вовед во теоријата на одлучливост (decidability), тезата на Чрч - Тјуринг како и комплексноста на пресметките P, NP и NP-комплетност.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, на македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се мотивираат за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [C2307] [6 ЕКТС] Корисничко програмирање
    Овој предмет нуди вовед во различни јазици и алатки кои се користат во програмирањето од страна на клиентот. Студентите ќе ги научат техниките потребни за креирање интерактивни и богати веб апликации. Фокусот ќе биде на јазиците, алатките и библиотеките од страна на клиентот што ги користат професионалците за да ги развиваат веб-страниците. По завршувањето на предметот, студентите ќе можат да развиваат робусни веб-апликации и ќе имаат основа за самостојно учење на нови вештини во светот на веб-развојот кој се менува секој ден. Поради особено динамичната природа на интернет-технологиите, содржината на предметот може да се менува доколку е соодветно.
  • [CCS-403] [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Во овој предмет е опфатено воведување на дизајнирање и користење на бази на податоци, со краток вовед во внатрешноста на системите за управување со релациони бази на податоци. Во рамките на предмет е вклучено и опширна покриеност на релациони модели, релациона алгебра и SQL. Овој предмет, исто така, опфаќа и краток вовед во дизајнирањето на релациони бази на податоци базирани на концептуален дизајн и функционални зависности и нормални форми. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет ќе биде во можност да ги користи моделите и концептите на дизајнирање на бази на податоци. Студентот ќе биде во можност да користи бази на податоци, да дизајнира едноставни и одредени бази на податоци базирани на релациони модел на бази на податоци, да користи MS SQL Server системот за управување со база на податоци (DBMS), SQL јазикот и да имплементира пребарувања.
  • [CCS-402] [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат разбирање на основните концепти за веројатност, условна веројатност и независни настани. Исто така, фокусот ќе биде и на случајната променлива, математичкото очекување и различните видови распределби, теоријата на примерок и теоријата на оценување. Друга цел на предметот е студентите да дизајнираат статистичка хипотеза за проблемот во реалниот свет и да спроведат соодветни тестови за носење на валидни заклучоци за карактеристиките на популацијата. Неизбежно е да се има знаење за тестирање на хипотези за која било истражувачка работа. Предметот ќе обезбеди можност да се научи програмата Ексел и Мега Стат во значителна мера за да можат конкретно да ги применат теоретските знаења.  
  • [CCS-401] [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Целта на овој предмет да се воведат основните концепти во оперативните системи (ОС). Како средно ниво помеѓу хардверот и нивото на апликацијата, оперативните системи треба да ги контролираат и споделуваат компјутерските ресурси. Овој предмет започнува со краток вовед во „главните концепти на оперативни системи“ и продолжува со евалуација на овие концепти и детална анализа. Дискусијата ќе ги покрие процесите и темите, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, системи на датотека и безбедноста. Во следниот дел на предметот има презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедиски и смарт картичка оперативни системи. Во вториот дел ќе се покријат концептите на мобилни оперативни системи. Сево ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2

Семестар 5

  • [CCS-503] [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Во рамките на предметот ќе се опфатат основите на модерните мрежни технологии и протоколи до преглед на облакот (cloud) и центрите за податоци. Предметот ги опфаќа клучните мрежни „слоеви“ и како тие функционираат заедно за да обезбедат услуги, со акцент на: апликации, транспорт, мрежи и врски. Понатаму, во фокусот на предметот е тоа како овие слоеви се манифестираат на Интернет и како дизајнот на Интернет го олеснил неговиот огромен раст. Проектите во предметот ќе бидат избрани од широк опсег на теми поврзани со вмрежување и може да вклучуваат анализа, мерење, симулација или имплементација. Од нив ќе се очекува да решат проблем со мрежно поврзување и да ја формираат основата за можна конференција/работилница или поднесување постер (изборно).
  • [CCS-501] [6 ЕКТС] Веб програмирање
    Во овој предмет се покриваат дизајн и развој на веб апликации, кои опфаќаат програмирање од страна на серверот и клиентот. Во рамките на предметот исто така се обработуваат дизајн на бази на податоци за веб, веб програмски јазици и интеграција на податоци во веб апликации.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика

Семестар 6

  • [ECS-604] [6 ЕКТС] Податочно рударство
    Цели на предметот се студентите да стекнат основни вештини од анализа на податоци, нормализација, дескриптивна статистика, креирање складишта на податоци, класификација, предвидување, групирање и презентација на резултати. Дополнително студентите ќе научат како да градат модели и истите да ги евалуираат и како да ги претстават нивните резултати. Во делот на пракса се планира имплементација на алгоритми и модели во пајтон.
  • [CCS-502] [6 ЕКТС] Софтверско инженерство
    Овој предмет ги опфаќа методите, вредностите, ставовите и техниките во развојот на софтверските системи. Обезбедува разбирање за потребата од строгост и им овозможува на студентите да изберат и применат релевантен методолошки пристап за развој на добро дизајнирани и документирани системи. Главните цели на овој предмет се: студентите да се запознаат со практиката на софтверското инженерство; да стекнат разбирање за различните процеси кои софтверските инженери можат да ги користат при развивањето софтвер; да ги разберат алатките и техниките кои се користат во современото софтверско инженерство; и студентите да стекнат искуство за начинот на кој техниките се применуваат во практика; да рaзвијат капацитет за идентификување на релевантни пристапи кон софтверското инженерство.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции

Семестар 7

  • [C2330] [6 ЕКТС] Психологија
    Целта на овој предмет е да се понуди развој, учење и настава, како концепти и основни практики што им овозможуваат на наставниците да предаваат за развој на размислувањето. Со овој студентите ќе стекнат една теоретска основа и целина на стратегии што го развиваат мислењето и нивните способности да се рефлектираат врз мислењето, еден процес кој често се нарекува метакогниција. Во рамките на предметот студентите ќе ги научат разните стратегии кои ја поттикнуваат наставата за и околу мислењето, исто така, тие ќе имаат задача да ги дизајнираат и да ги вреднуваат своите стратегии. За да се поттикне рефлективното мислење и метакогнитивното знаење кај студентите, учесниците ќе имаат прилика да се информираат за развојот, учењето, наставата, навиките, критичкото мислење и процесот на решавање на проблеми.
  • [C2331] [6 ЕКТС] Педагогија
    Цели на предметот: - Промените што се случуваат во индивидуата со учењето во афективното поле, влијаат на промените на вреднувањето и „погледот на свет“. - Поконкретно за нашата проблематика важно е да видиме како учењето влијае на педагошката улога во училиштата. Значи се разгледуваат когнитивните и афективните промени во процесот на учење. - Факторите од кои зависи квалитетот на учењето се: препознавање на сопствените потреби, искуствата што ги има индивидуата со учењето, познавање на процесот на учење, стиловите на учење, мотивираноста, вештините за учење, организирање и менаџирање на учењето, клима за учење и методите на учење.
  • [C2332] [6 ЕКТС] Дизајн на е-учење: Инструкции за учење и оценување
    Цели на предметот: Во рамките на предметот се опфаќа методологијата, вештините и техниките неопходни за развивање на ефективни решенија за е-учење. Овој предмет обезбедува основа за развој на наставата во онлајн околина. Главните цели се: - Изјаснување на тековните теории, принципи, методологии и техники на онлајн учење; - Интерактивни решенија за е-учење кои ги задоволуваат потребите на учениците; - Изградба на силни знаења и вештини за дизајнирање на интеракции во склоп на е-учење, кои ја зголемуваат ефективноста на учењето.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [E2760] Системи за менаџирање на учењето
    • [E2761] Креирање на дигитална содржина
    • [E2762] Социјални медиуми во образованието
    • [E2763] Гејмификација на учењето

Семестар 8

  • [C2333] [6 ЕКТС] Методика
    Од студентите се очекува да се запознаат со некои нови методи на предавање, развиени врз основа на импликациите за настава на главните теории за учење од областа на образовната психологија. На овој начин, тие подобро ќе го разберат наставниот процес и ќе ги организираат своите предавања. По завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат во можност да аплицираат некои од принципите на бихевиоризам, когнитивизам, конструктивизам и други теории на учење како и да ги организираат своите предавања на компјутерски науки преку дефинирање на фазите и презентирање на теоретското и практичното знаење на добро организиран начин, следејќи разбирливи стапки при креирањето на лекциите. Ова е со цел да се овозможат максимални резултати од учењето.
  • [C2334] [6 ЕКТС] Наставен практикум
    По успешно завршување на предметот, студентите ќе бидат во можност да го поврзат академското знаење со реалните услови за предавање на работното место; да се здобијат со искуство за различни аспекти на предавање на ИКТ како што се планирање, организирање, избор на наставни материјали и предавање на лекциите, како и да се адаптираат на организациската култура во институцијата во која ќе работат; да развијат соодветни работни навики и професионален став преку опсервирање искусни предавачи; ефективно да комуницираат во различни форми со ученици, родители и колеги и да работат како дел од тим.
  • [C2335] [6 ЕКТС] Етика и употреба на ИТ во образованието
    Овој предмет обезбедува сеопфатен преглед на тековните етички прашања со кои се соочуваме при користењето на информациската технологија (ИТ) во образованието. Се испитуваат низа долгогодишни и нови прашања со кои се соочуваат ИТ корисниците, почнувајќи од слободата на говорот, приватноста, интелектуалната сопственост, хакирањето и дигиталниот јаз, до етиката во социјалните мрежи и онлајн заедниците. Во рамките на предметотќе се дискутираат етичките дилеми и одговорности на ИТ корисниците и се промовира критичкото испитување и одговорното користење на ИТ.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [E2760] Системи за менаџирање на учењето
    • [E2761] Креирање на дигитална содржина
    • [E2762] Социјални медиуми во образованието
    • [E2763] Гејмификација на учењето
Google+