Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Насока: Компјутерски науки (2023/2024)
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: CS-180
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран инженер по компјутерски науки / Насокa: Компјутерски науки
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Факултетот по Современи науки и технологии при УЈИЕ - Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерство и бизнис-информатиката.

План-програмата за компјутерски науки е дизајнирана за да ги исполни барањата на локалниот пазар, но истовремено и да овозможи модерна иглобална перспектива.

Наставни цели на програмата:

  • Да им овозможи на студентите да се стекнат со пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
  • Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења по компјутерски науки, и истите да ги применува во реалниот живот.
  • Да  ги  оспособи  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  во имплементација  на различни софтверски решенија.
  • Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: научно-истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • Да им овозможи добра основа за понатамошно адаптирање на новите технолошки/пазарни промени како и нивна примена.
  • Да овозможува вештини за поддршка при организирање.

По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да се вработат во различни области во индустријата, и тоа: ИКТ ориентирани компании, бизнис сектор, јавна администрација и слично.

Со стекнатата диплома овие студенти ќе можат:

  • Да ги користат компјутерскиот систем и информатичката технологија во секојдневието и пошироко.
  • Ефективно да ги применуваат изучуваните методи и алгоритми.
  • Да програмираат решенија за разни проблеми.
  • Да организираат бази на податоци, да ги  проектираат да ги имплементираат и  понатаму да ги  одржуваат  и  да ги регулираат  перформансите.
  • Да ги проектираат  и да ги имплементираат компјутерските мрежи.
  • Ефикасно да ја користат интернет-технологијата.
Знаење и разбирање
  • Стекнување на знаења и разбирање во теоретските и практичните аспекти во областа на Компјутерски Науки.
  • Знаењето ги вклучува главните области како што се математиката за компјутерски науки, алгоритми, информатичките технологии, мрежи, програмерски парадигми и нивната примена, бази на податоци, како и различни специјализирани предмети во избраните области од компјутерските науки.
  • Знаење и разбирање на различни програмерски методологии во сценарија на практично решавање на проблемите  (објектно-ориентирано, функционално,процедурално програмирање итн.)
  • Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од полето на компјутерските науки
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи и информационите системи во вообичаено работните задачи на напредно ниво.
  • Способност да се применуваат во самостоен и креативен начин стандардните методи и алгоритми во ефективно решавање на проблеми, развој на апликации (десктоп, интернет или мобилен) со користење на стандардни и напредни компјутерски алатки и средини.
  • Способност да се развијат и одржуваат софтвери, со користење на различни развиени методологии, средини и практики.
  • Способноста да се развијат, организираат и одржуваат  релациони бази на податоци.
  • Способноста  за дизајн и имплементација на компјутерски мрежи почнувајќи од мали и средни размери на локални мрежи.
  • Способност да се организираат информациските системи на начин за да се решаваат различни социјални, економски и / или технолошки задачи.
  • Да се предложат решенија за информациските системи на почетно и средно ниво, вклучувајќи анализа, развој на дизајн и репортирање.
Способност за проценка
  • Способност да се соберат и да се анализираат податоци за предлагање софтверски решенија.
  • Способност да се оценуваат платформи и развиени средини.
  • Способност да се оценуваат различни информациски и софтверски решенија, како и да се развиваат други софтверски решенија.
Комуникациски вештини
  • Способност за користење на софтверски решенија и за поддршка на другите во областа на информациски системи со апропријација на нивото според публиката.
  • Способност да се спроведуваат ефикасни проекти по информациски системи и способност да се презентираат со почитување на професионалните стандарди.
  • Придонесување во организирањето на е-општеството преку учество на состаноци и одлучни тела на различни нивоа.
  • Напредни вештини и искуство во групно работење.
  • Способноста за писмено и за усно комуницирање во сите фази на креации во компјутерските науки  и предлози како што се: технички документации,  спецификации на условите, набавките,  на англиски јазик и уште најмалку на еден локален јазик на напредно ниво.
Вештини на учење
  • Способност да ги следат напредоците во полето на компјутерската наука, способност  брзо да се научат новите технологии, програмските јазици, алатките и рамките.
  • Способноста да ги применуваат вештините за учење во наставата и обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
  • Способноста да ги применуваат вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.

Семестар 1

  • [ACS-102] [6 ЕКТС] Структурално програмирање
    Во рамките на овој предмет се презентираат основните концепти на програмирање кои понатаму служат како вовед во структурното програмирање. Целта е студентите да се оспособат да напишат јасни и ефикасни програми, применувајќи широк спектар на техники за програмирање.
  • [CCS-101] [6 ЕКТС] Вовед во компјутерски науки
    Овој предмет презентира широк, интегриран вовед во фундаменталните концепти на компјутерски науки. Се обработуваат следниве теми: историја на пресметувањето; дигитална логика и дигитални системи; вовед во компјутерска архитектура, основни алгоритми, решавање проблеми и структури на податоци; вовед во програмски јазици, оперативни системи, системи на база на податоци, мрежи, веб и софтвер инженерство; апликации, вклучувајќи опис на функционалноста на соодветниот софтвер (ворд-процесори, база на податоци, прелистувачи и слично); обработка не само на традиционални податоци туку и на мултимедијални податоци.
  • [ACS-103] [6 ЕКТС] Линеарна алгебра
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број примени на математиката во „реалниот“ свет доаѓаат во израз земајќи го само нивниот линеарен дел. Станува збор за многу значаен материјал што секогаш ќе биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во состојба да ги користат и да ги применат: линеарните еднаквости и нивното решавање; алгебрата на матриците; линеарните трансформации и како тие се користат за апликација; векторските простори; сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица; детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со другите области со или без користење на математиката.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [CCS-102] [6 ЕКТС] Интернет технологии
    Главна цел на предметот е студентите да стекнат практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да владеат со XHTML, CSS и JavaScript. Да ја владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб-страница. Студентите ќе стекнат солидни технички знаења околу XML, XHTML, CSS и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови и дизајн на страници во CSS како и употреба на варијабли, услови и функции во JavaScript.
  • [CCS-303] [6 ЕКТС] Објектно - ориентирано програмирање
    Цели на предметот: Овој предмет е наменет за студенти кои имаат предзнаења за структурно програмирање и треба да стекнат знаење и вештини од областа на објектно-оринетирано програмирање. Цел на предметот е студентите да се здобијат со знаења и разбирање од областа на објектно-ориентираното програмирање (апстрактни типови на податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се научат да пишуваат јасна и ефикасна програма користејќи ги објектно-ориентираните принципи на програмирање за креирање на ефикасни апликации, да имаат способност да направат евалуација на одредено објектно-ориентирано решение и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови на податоци во решавање на проблемите базирајќи се на принципите на објектно-
  • [ACS-204] [6 ЕКТС] Калкулус
    Преку овој предмет студентите се запознаваат и целосно ги совладуваат поимите: за функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, непрекинатоста на основните функции. Исто така, тие се оспособуваат за изнаоѓање на гранична вредност на функција (лимес), изводи, решавање на проблеми поврзани со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, се со цел на крај да бидат оспособени да нацртаат графикон на една функција од којашто може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Исто така, има за цел студентите да се запознаат со поимот интеграл и истиот да го применат во различни практични проблеми.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 3

  • [CCS-202] [6 ЕКТС] Компјутерска архитектура
    Компјутерска архитектура се однесува на структурата и функцијата на компјутерите. Целта на предметот Компјутерска архитектура е што е можно појасно и целосно да се прикажат природата и карактеристиките на современите компјутерски системи. Се нуди темелна дискусија за основите на компјутерската организација и архитектура и се поврзуваат овие прашања со современиот дизајн.
  • [CCS-301] [6 ЕКТС] Алгоритми и структури на податоци
    Цели на предметот: Разбирање на основните структури на податоци и алгоритми и компромисите помеѓу различните имплементации на овие апстракции и нивна теоретска анализа, имплементација и примена на структури на податоци како низи, листи, стекови, редици, купишта(heaps), речници (dictionaries), хеш-табели, дрвја и избалансирани дрвја, множества и графови и алгоритми за пребарување и сортирање. Главните цели што студентите ќе ги постигнат на крајот од предметот се: 1. Да може асимптотички да анализира алгоритми и структури на податоци. 2. Подобрување на вештините за објектно-ориентираното програмирање. 3. Подобрување и разбирање на рекурзивните решенија. 4. Разберање на употребата на линеарни и нелинеарни структури на податоци и практикување на програмски вештини од повисоко ниво. 5. Пишување на објектно ориентирани решенија кои вклучуваат структури на податоци. 6. Разбирање на компромисите помеѓу различните апстракции на податоци и користење на соодветното решение за даден проблем. 7. Разбирање и користење на најефикасната структура на податоци за складирање и управување со податоците.
  • [CBI-203] [6 ЕКТС] Дискретни структури
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните математички знаења кои имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Дел од концептите предвидени во овој предмет веќе се познати за студентите, но тука целта е да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ќе им овозможи да го збогатат својот дијапазон на идеи и да ги применат решавајќи различни практични проблеми.
  • [EACS-05] [6 ЕКТС] Формални јазици и автомати
    Целта на овој предмет е да се даде вовед во теоретските основи на компјутерските науки од перспектива на теоријата на формални јазици и конечни автомати како машини за препознавање јазици на соодветно ниво. Преку предметот се дава вовед во теоријата на одлучливост (decidability), тезата на Чрч - Тјуринг како и комплексноста на пресметките P, NP и NP-комплетност.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2

Семестар 4

  • [CCS-402] [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните знаења од предметот веројатност и статистика што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се совлада како се прави обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното претставување, законитостите на донесување на соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и др. Исто така, целта е да се научат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на компјутерските науки.
  • [CCS-403] [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Во овој предмет е опфатено воведување на дизајнирање и користење на бази на податоци, со краток вовед во внатрешноста на системите за управување со релациони бази на податоци. Во рамките на предмет е вклучено и опширна покриеност на релациони модели, релациона алгебра и SQL. Овој предмет, исто така, опфаќа и краток вовед во дизајнирањето на релациони бази на податоци базирани на концептуален дизајн и функционални зависности и нормални форми. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет ќе биде во можност да ги користи моделите и концептите на дизајнирање на бази на податоци. Студентот ќе биде во можност да користи бази на податоци, да дизајнира едноставни и одредени бази на податоци базирани на релациони модел на бази на податоци, да користи MS SQL Server системот за управување со база на податоци (DBMS), SQL јазикот и да имплементира пребарувања.
  • [CCS-401] [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Целта на овој предмет да се воведат основните концепти во оперативните системи (ОС). Како средно ниво помеѓу хардверот и нивото на апликацијата, оперативните системи треба да ги контролираат и споделуваат компјутерските ресурси. Овој предмет започнува со краток вовед во „главните концепти на оперативни системи“ и продолжува со евалуација на овие концепти и детална анализа. Дискусијата ќе ги покрие процесите и темите, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, системи на датотека и безбедноста. Во следниот дел на предметот има презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедиски и смарт картичка оперативни системи. Во вториот дел ќе се покријат концептите на мобилни оперативни системи. Сево ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [C2307] [6 ЕКТС] Корисничко програмирање
    Овој предмет нуди вовед во различни јазици и алатки кои се користат во програмирањето од страна на клиентот. Студентите ќе ги научат техниките потребни за креирање интерактивни и богати веб апликации. Фокусот ќе биде на јазиците, алатките и библиотеките од страна на клиентот што ги користат професионалците за да ги развиваат веб-страниците. По завршувањето на предметот, студентите ќе можат да развиваат робусни веб-апликации и ќе имаат основа за самостојно учење на нови вештини во светот на веб-развојот кој се менува секој ден. Поради особено динамичната природа на интернет-технологиите, содржината на предметот може да се менува доколку е соодветно.
  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2

Семестар 5

  • [CCS-503] [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Во рамките на предметот ќе се опфатат основите на модерните мрежни технологии и протоколи до преглед на облакот (cloud) и центрите за податоци. Предметот ги опфаќа клучните мрежни „слоеви“ и како тие функционираат заедно за да обезбедат услуги, со акцент на: апликации, транспорт, мрежи и врски. Понатаму, во фокусот на предметот е тоа како овие слоеви се манифестираат на Интернет и како дизајнот на Интернет го олеснил неговиот огромен раст. Проектите во предметот ќе бидат избрани од широк опсег на теми поврзани со вмрежување и може да вклучуваат анализа, мерење, симулација или имплементација. Од нив ќе се очекува да решат проблем со мрежно поврзување и да ја формираат основата за можна конференција/работилница или поднесување постер (изборно).
  • [CCS-501] [6 ЕКТС] Веб програмирање
    Цели на предметот: • Да се научат концептите за клиент/сервер програмирање; • Да се научат основите на веб-развојот и програмирањето на клиентската страна користејќи HTML5, CSS и JavaScript; • Основно управување и програмирање со веб сервери; • Програмирање на страната на серверот; • Управување со структури на податоци во веб; • Креирање на релациона база на податоци за веб; • Интегрирање на податоци во веб-страници; • Пишување ефикасен код за веб; • Креирање скалабилни веб апликации.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика

Семестар 6

  • [ECS-604] [6 ЕКТС] Податочно рударство
    Цели на предметот се студентите да стекнат основни вештини од анализа на податоци, нормализација, дескриптивна статистика, креирање складишта на податоци, класификација, предвидување, групирање и презентација на резултати. Дополнително студентите ќе научат како да градат модели и истите да ги евалуираат и како да ги претстават нивните резултати. Во делот на пракса се планира имплементација на алгоритми и модели во пајтон.
  • [CCS-502] [6 ЕКТС] Софтверско инженерство
    Цели на предметот: Овој предмет ги опфаќа методите, вредностите, ставовите и техниките во развојот на софтверските системи. Обезбедува разбирање за потребата од строгост и им овозможува на студентите да изберат и применат релевантен методолошки пристап за развој на добро дизајнирани и документирани системи. Главните цели на овој предмет се: да ги запознае студентите со сеопфатните грижи за практиката на софтверското инженерство; да обезбеди разбирање за различните процеси кои софтверските инженери можат да ги користат при развивањето софтвер; разбирање за алатките и техниките кои се користат во современото софтверско инженерство; да им се обезбеди на студентите искуство за начинот на кој техниките се применуваат во пракса; развивање на капацитетот за идентификување на релевантни пристапи кон софтверското инженерство.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [E2722] Програмирање во .NET
    • [E2723] Криптографија
    • [C2306] Програмирање во Python
    • [E2724] Развој на мобилни апликации
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [E2725] Паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [E2732] Управување со компјутерска мрежа
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [E2730] Нумерички методи
    • [CCE-802] Интернет на нештата
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [E2726] Компјутерска безбедност
    • [E2727] Cyber безбедност
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
Google+