Програма: |
Компјутерски науки |
Насока: Софтверско инженерство (2023/2024) |
|
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Современи науки и технологии |
| Код на програмата: | SE-60 |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Магистер по компјутерски науки / Насока: Софтверско инженерство |
| ЕКТС: | 60
(1 годинa)
Aкредитација
|
| Решение: |
Решение за почеток со работа
|
Промените во областа на компјутерските науки и нивната примена многу се динамични. Оттука главен предизвик за истражувањата и студиите во оваа област е развојот на нови напредни системи и технологии кои ќе обезбедат решенија во областите на информациските и комуникациските технологии. Информациските и комуникациската технологија станаа најголемите и најпознатите сектори кои брзо се прошируваат и се најразвивани сектори во Европската Унија и во светската економија. Покрај тоа, појавата на нови пазари за софтверот и во телекомуникацискиот сектор во Југоисточна Европа доведе до зголемена побарувачка за висококвалификувани и специјализирани професионалци во оваа област. Дипломираните студенти можат да работат како професионален софтверски инженер или како софтверски архитект во развој на софтверски компании или во ИТ-одделот на претпријатијата. Високото ниво на професионални вештини ќе им овозможи на дипломираните студенти брзо да станат успешни лидери во софтверската индустрија.
Преку програмата студентите ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за да придонесат во сите аспекти на процесот на развој на софтвер, вклучувајќи и планирање, соработка, спецификација, дизајн, кодирање, испорака и одржување на софтверски производи. Студентите ќе стекнат и општи вештини за аналитичко и критичко размислување, за тимска работа и работа во мултикултурни средини, планирање и организирање итн. По завршувањето на оваа програма, дипломираните студенти ќе имаат можности за кариера во различни индустрии, главно исполнувајќи ги потребите за дизајн на компјутерски системи, како развивач на софтвер, развивач на мобилен и веб-софтвер, инженер на бази на податоци, менаџер на софтверски проекти и процеси или дизајнирање на информациони системи, а во зависност од насоката што ќе ја одберат во оваа студиска програма. Последниот семестар на студии вклучува пишување на магистерскиот труд, овозможувајќи им на дипломираните студенти да ги продолжат своите студии на докторски студии по компјутерски науки.
Знаење и разбирање
Има способност за развој и за примена на оригинални и креативни ИТ-идеи со цел обезбедување: квалитет и креирање и водење апликации поврзани со телекомуникациските области како апликации, сигурност и обезбедување квалитет.
Има способност за примена на ИT-вештини и знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање и поврзување на телекомуникациските процеси како структура која се менаџира и се следи како од аспект на проток на податоци така и од аспект на креирање интерфејси за корисниците.
Стекнува знаење и разбирање од областите на компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб-технологии, дата-бази, мрежи, компјутерски и информациони системи и мултимедиjа).
Стекнува знаење од една или од повеќe области од телекомуникациската индустрија сo кои може да се оквалификува студентот како професионалец за применување знаења во дадената област.
Примена на знаењето и разбирањето
Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми во нови, дотогаш несретнати средини или средини за кои нема претходно искуство во телекомуникациите.
Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на телекомуникациите, но и креирање и имплементација на соодветни алатки за тестирање, симулација и за имплементација.
Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите на индустриското производство во телекомуникациската област.
Способност за проценка
Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во телекомуникациската област, како и администрирање на процесите и на системите со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика.
Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични процесите кои произлегуваат во реално време во телекомуникацискот простор.
Способност за идентификација на соодвети специјализирани инстанци и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комлетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование во вообичаените информатички области;
Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија;
Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Семестар 1
-
[MCS-303]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. На почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
-
[CM191]
[6 ЕКТС]
Напредни алгоритми и структури на податоци
Овој предмет се базира на претходни знаења од областа на алгоритми и структури на податоци. Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со напредни ефикасни алгоритми и соодветни структури на податоци кои се користат за организација, барање и оптимизација на податоци. Истотака се разгледува и теоретска ефикасност на алгоритми и нејзино практично утврдување со цел да може да се споредат различни алгоритми. Во текот на курсот, студентите ќе се запознаат со неколку познати алгоритми, особено за барање и оптимизација во комплексни нелинеарни структури, како на пр. стебла и графови.
-
[CM192]
[6 ЕКТС]
Формални методи во компјутерските науки
Овој предмет им дава на студентите сеопфатен вовед во формалните методи и нивната примена во спецификацијата и верификацијата на софтверот. Опфаќа некои основи во формалните методи, вклучувајќи теорија на множества, функции, машини за конечни состојби, логика на изрази, временска логика, како и проверка на модели. Предметот ќе им даде на студентите примери за примена на овие формални техники во реалниот свет.
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
Семестар 2
-
[CST-THESIS-120]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
