Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Насока: Компјутерски науки (2023/2024)
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: CS-120
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по компјутерски науки - Насока: Компјутерски науки
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Промените во областа на компјутерските науки и нивната примена се многу динамични. Оттука главен предизвик за истражувањата и студиите во оваа област е развојот на нови напредни системи и технологии кои ќе обезбедат решенија во областите на информациските и комуникациските технологии. Информациските и комуникациските технологии станаа најголемите и најпознатите сектори кои брзо се прошируваат и се најразвиeни сектори во Европската унија и во светската економија. Покрај тоа, појавата на нови пазари за софтверот и во телекомуникацискиот сектор во Југоисточна Европа доведе до зголемена побарувачка за висококвалификувани и специјализирани професионалци во оваа област. Дипломираните студенти можат да работат како професионален софтверски инженер или како софтверски архитект во развој на софтверски компании или во ИТ-одделот на претпријатијата. Високото ниво на професионални вештини ќе им овозможи на дипломираните студенти брзо да станат успешни лидери во софтверската индустрија.

Преку програмата студентите ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за да придонесат во сите аспекти на процесот на развој на софтвер, вклучувајќи и планирање, соработка, спецификација, дизајн, кодирање, испорака и одржување на софтверски производи. Студентите ќе стекнат и општи вештини за аналитичко и критичко размислување, за тимска работа и работа во мултикултурни средини, планирање и организирање итн. По завршувањето на оваа програма, дипломираните студенти ќе имаат можности за кариера во различни индустрии, главно исполнувајќи ги потребите за дизајн на компјутерски системи, како развивач на софтвер, развивач на мобилен и веб-софтвер, инженер на бази на податоци, менаџер на софтверски проекти и процеси или дизајнирање на информациски системи, а во зависност од насоката што ќе ја одберат во оваа студиска програма. Последниот семестар на студии вклучува пишување на магистерскиот труд, овозможувајќи им на дипломираните студенти да ги продолжат своите студии на докторски студии по компјутерски науки.

Знаење и разбирање
  • Има способност за развој и за примена на оригинални и креативни ИТ- идеи со цел обезбедување квалитет и креирање и водење апликации поврзани со телекомуникациските области како апликации, сигурност и обезбедување квалитет.
  • Има способност за примена на ИТ-вештини и знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање и поврзување на телекомуникациските процеси како структура која се менаџира и се следи како од аспект на проток на податоци така и од аспект на креирање интерфејси за корисниците.
  • Стекнува знаење и разбирање од областите на компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб-технологии, дата-бази, мрежи, компјутерски и информациски системи и мултимедиуми.
  • Стекнува знаење од една или од повеќе области од телекомуникациската индустрија со кои може да се оквалификува студентот како професионалец за применување знаења во дадената област.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми во нови средини или средини за кои нема претходно искуство во телекомуникациите.
  • Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на телекомуникациите, но и креирање и имплементација на соодветни алатки за тестирање, симулација и за имплементација.
  • Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите на индустриското производство во телекомуникациската област.
Способност за проценка
  • Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во телекомуникациската област, како и администрирање на процесите и на системите со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика.
  • Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
  • Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични процесите кои произлегуваат во реално време во телекомуникацискиот простор.
  • Способност за идентификација на соодветни специјализирани инстанци и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
  • Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
  • Може да ги идентификува персоналните потреби и насоки за индивидуално и автономно учење и да реализира и сам да стекнува знаења од областите на бизнисот и економијата како и во полето на информатиката,  да научи нови технологии и да ги имплементира.
  • Може да преземе одговорност за индивидуално или групно учење во специјализирани области од бизнис и економија, вклучувајќи дефинирање цели на учење за средни и подолги периоди.

Семестар 1

  • [CM201] [6 ЕКТС] Дистрибуирани системи
    Дистрибуираните системи станаа неизбежни и имаат огромно влијание врз различни области на човековата активност. Тие се движат од ад-хок мрежи составени од мали сензорски уреди, до масивни веб-фарми на моќни сервери. Затоа, овој предмет ќе опфати актуелни теми во современите дистрибуирани системи како што се моделите клиент-сервер, интер-процесна комуникација и мрежни протоколи за комуникација, среден софтвер, услуги, време и синхронизација, дистрибуирани трансакции, безбедност и “Cloud computing”. Ќе се спроведат студии на случај за реални дистрибуирани системи и ќе се прегледа неодамнешната истражувачка литература во предметната област.
  • [CM202] [6 ЕКТС] Логично и функционално програмирање
    Оваа предметна програма има за цел да ги воведе студентите низ основите на парадигмите на логично и функционално програмирање. Во делот на логично програмирање, студентите ќе научат за концептите на логиката на предикати и декларативното програмирање низ програмскиот јазик Пролог. Во делот на функционално програмирање, студентите ќе се запознаат со концептите на ламбда-калкулус, апстрактни типови на податоци, индукција и рекурзија и специфични структури на податоци како листи и бесконечни стебла. Во предметот исто така ќе биде вклучен и преглед на употребата на стилот на функционално програмирање во модерните императивни програмски јазици.
  • [CM203] [6 ЕКТС] Компјутерска графика
    Главна цел на овој прдмет е да им претстави на студентите со основите на компјутерска графика. Предметот почнува со основи концепти на интерактивна графика, дво димензионални системи и мапирање и продолжува со алгоритми на компјутерска графика, трансформации anti- aliasing, текстури, и линеарна алгебра.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [EM575] Програмирање во Java
    • [EM576] Програмирање во .NET
    • [EM577] Криптографија
    • [EM578] Programming in Python
    • [EM579] Развој на мобилни апликации
    • [EM580] Програмирање игри
    • [EM581] Паралелно процесирање
    • [EM582] Е-трговија
    • [EM583] Управување со компјутерска мрежа
    • [EM574] NoSQL бази на податоци
    • [EM584] Мобилни и безжични мрежи
    • [EM585] Професионална ИТ-етика
    • [EM586] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [EM587] Нумерички методи
    • [EM588] Интернет на нештата
    • [EM572] Вовед во вештачка интелигенција
    • [EM589] Cyber безбедност
    • [EM573] Вовед во информациски системи
    • [E2802] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EM590] Компајлери
    • [EM591] Теорија на информации
    • [EM592] Интеракција човек - компјутер
    • [EM593] Пресметување со високи перформанси
    • [EM594] Неврални мрежи и длабоко учење
    • [EM595] Обработка на природен јазик
    • [EM596] Софтвер дефинирани мрежи
    • [EM597] Веб сервиси и апликации

Семестар 2

  • [CM194] [6 ЕКТС] Практикум
    По успешното завршување на предметот, студентите ќе бидат во можност да го поврзат академското знаење со реалните услови за предавање на работното место; да се здобијат со искуство за различни аспекти на предавање на ИКТ како што се планирање, организирање, избор на наставни материјали и предавање на лекциите, како и да се адаптираат на организациската култура во институцијата во која ќе работат; да развијат соодветни работни навики и професионален став преку опсервирање на искусни предавачи; ефективно да комуницираат во различни форми со студентите, родителите и колегите и да работат како дел од тим.
  • [CM205] [6 ЕКТС] Инфраструктура и технологии на облак
    Овој предмет ги запознава студентите со основните знаења потребни за разбирање на cloud computing од различни перспективи, како технолошки така и деловни аспекти. Студентите ќе научат за различните модели на облак услуги (IaaS, PaaS, SaaS), моделите за распоредување (јавни, приватни, хибридни) и клучните компоненти на облак инфраструктура (VMs, вмрежување, складирање - датотека, блок, објект, CDN). Предметот, исто така, ги опфаќа новите трендови и практики на облак, вклучувајќи - хибриден мултиоблак, микроуслуги, Serverless концептот, DevOps, Cloud Native и така натаму. На крај се објаснети некои други важни теми како што се безбедноста на облакот, следењето и различните работни улоги во индустријата за облак.
  • [CM204] [6 ЕКТС] Компјутерска безбедност
    Овој предмет изучува за принципите на компјутерска безбедност од применета гледна точка и обезбедува handson искуство со безбедносни закани и контрамерки. Предметот дополнително ги опфаќа принципите и вештините кои се корисни за донесување одлуки на безбедноста и за разбирање на безбедноста во интеракција со светот околу неа. Применети теми вклучуваат криптографија, овластување за контрола, оперативни системи за безбедност, веб и мрежна безбедност. Други теми ги вклучуваат општите принципи за безбедност, човечки фактори како доверба и социјален инженеринг, безбедноста на комплексни системи, и на економијата на безбедност. Предметот има за цел да ја балансира теоријата и праксата.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [EM575] Програмирање во Java
    • [EM576] Програмирање во .NET
    • [EM577] Криптографија
    • [EM578] Programming in Python
    • [EM579] Развој на мобилни апликации
    • [EM580] Програмирање игри
    • [EM581] Паралелно процесирање
    • [EM582] Е-трговија
    • [EM583] Управување со компјутерска мрежа
    • [EM574] NoSQL бази на податоци
    • [EM584] Мобилни и безжични мрежи
    • [EM585] Професионална ИТ-етика
    • [EM586] Дигитално логично дизајнирање и симулација
    • [EM587] Нумерички методи
    • [EM588] Интернет на нештата
    • [EM572] Вовед во вештачка интелигенција
    • [EM589] Cyber безбедност
    • [EM573] Вовед во информациски системи
    • [E2802] Бизнис-аналитика
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EM590] Компајлери
    • [EM591] Теорија на информации
    • [EM592] Интеракција човек - компјутер
    • [EM593] Пресметување со високи перформанси
    • [EM594] Неврални мрежи и длабоко учење
    • [EM595] Обработка на природен јазик
    • [EM596] Софтвер дефинирани мрежи
    • [EM597] Веб сервиси и апликации

Семестар 3

  • [MCS-303] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. На почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [CM191] [6 ЕКТС] Напредни алгоритми и структури на податоци
    Овој предмет се базира на претходни знаења од областа на алгоритми и структури на податоци. Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со напредни ефикасни алгоритми и соодветни структури на податоци кои се користат за организација, барање и оптимизација на податоци. Истотака се разгледува и теоретска ефикасност на алгоритми и нејзино практично утврдување со цел да може да се споредат различни алгоритми. Во текот на курсот, студентите ќе се запознаат со неколку познати алгоритми, особено за барање и оптимизација во комплексни нелинеарни структури, како на пр. стебла и графови.
  • [CM192] [6 ЕКТС] Формални методи во компјутерските науки
    Овој предмет им дава на студентите сеопфатен вовед во формалните методи и нивната примена во спецификацијата и верификацијата на софтверот. Опфаќа некои основи во формалните методи, вклучувајќи теорија на множества, функции, машини за конечни состојби, логика на изрази, временска логика, како и проверка на модели. Предметот ќе им даде на студентите примери за примена на овие формални техники во реалниот свет.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EM590] Компајлери
    • [EM591] Теорија на информации
    • [EM592] Интеракција човек - компјутер
    • [EM593] Пресметување со високи перформанси
    • [EM594] Неврални мрежи и длабоко учење
    • [EM595] Обработка на природен јазик
    • [EM596] Софтвер дефинирани мрежи
    • [EM597] Веб сервиси и апликации
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EM590] Компајлери
    • [EM591] Теорија на информации
    • [EM592] Интеракција човек - компјутер
    • [EM593] Пресметување со високи перформанси
    • [EM594] Неврални мрежи и длабоко учење
    • [EM595] Обработка на природен јазик
    • [EM596] Софтвер дефинирани мрежи
    • [EM597] Веб сервиси и апликации

Семестар 4

  • [CST-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+