Програма: |
Водство и управување во образованието (2022/2023) |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Јазици, култури и комуникација |
| Код на програмата: | N-MLCCML120C |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Магистер по водство и управување во образованието |
| ЕКТС: | 120
(2 години)
Aкредитација
|
| Решение: |
Решение за почеток со работа
|
Целта на студиската програма по водство и управување во образованието е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на сознанијата, посебни и систематски знаења, за академското ниво на процесот на трансформација на образованието во опкружувањето и пошироко во регионов.
Кадар со нови знаења во образованието.
Способност да истражува во областа на образованието.
Да креира политики во образованието и во училиштата.
Способност за продуктивано менаџирање со образовните организации.
Знаење и разбирање
- Разбирање на локалните, регионалните и на глобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во РС Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.
Примена на знаењето и разбирањето
- Студентите ќе бидат во можност да ги советуваат владините и невладините политичари во однос на образованието како и да ги планираат локалните потреби и потреби на кадарот преку нивно адаптирање со економските ресурси на земјата, истовремено нагласувајќи ги вештините за стратешко управување и водство.
- Студентите ќе можат да ги преземат водечките улоги во образовните институции (јавни и приватни) во Република Северна Македонија и пошироко.
Способност за проценка
- Студентите ќе се соочат со ризикот и со предизвиците кои ги носи промената на традиционалното со модерното во образовниот систем.
- Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и на образовната политика.
Комуникациски вештини
- Ќе поседуваат одлични комуникациски вештини.
- Ќе поседуваат способност за користење на технологијата во училниците и во администрацијата за нивно успешно функционирање во општествата и институциите базирани на знаење.
Вештини на учење
- Ќе стекнат вештини за обезбедување водство во училиштата низ Република Северна Македонија и за имплементитрање на истражувањата во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и со технолошките ресурси.
- Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можат ефикасно да дејствуваат во мултикултурната и во мултијазичната средина.
Семестар 1
-
[MCLM1030]
[6 ЕКТС]
Вовед во водството во образованието
Предметот има богата содржина која се однесува на стиловите, квалитетот и на управувањето со училиштата. Главните теми се: - Стилови на учење; - Квалитет во училиштата; - Тимови и тимска работа; - Управување со промените во училиштата; - Теорија на организација; - Клима и култура; - Водство; - Дефинирање на средбите во училиштата.
-
[EMLM2010]
[6 ЕКТС]
Психологија на образованието
Предметот, карактеристиките и задачите на педагошката психологија: - историски развој и создавање на дисциплината; - предметот на дисциплината; - карактеристики и задачи на дисциплината; - методите на педагошката психологија; - видови и теории на учењето; - трансфер на учењето и способност за учење; - мотивација и вреднување на учењето;
-
[MCML1040]
[6 ЕКТС]
Стратегиско планирање
- Изработка на стратешки план за развој на училиштето; - Мисија на училиштето; - Визија за училиштето; - Подрачја на промени и приоритети; - Цели на училиштето; - Задачи и активности; - План за евалуација;
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
- [ECLM1011] Истражување во училиште
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [EM609] Професионална комуникација
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
- [EM546] Комуникација и образование
- [EM547] Водство во образование
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
- [ECLM1011] Истражување во училиште
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [EM609] Професионална комуникација
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
- [EM546] Комуникација и образование
- [EM547] Водство во образование
Семестар 2
-
[MCLM1020]
[6 ЕКТС]
Евалуација на образовните организации
Преку овој предмет ќе се воведат теоретска и практична евалуација на организациите низ процес на рецензија на извештаи за организационата и курикуларната поставеност на образовните институции. Темите се однесуваат на сите аспекти на дизајнирање и имплементација на евалуацијата во образованието, оценките на евалуацијата, иструментите и пристапите.
-
[MCLM3030]
[6 ЕКТС]
Менаџирање со на човечки ресурси
Предметот претставува вовед во елаборацијата на менаџирање со човечките ресурси и опфаќа повеќе аспекти: значење, важност на човечките ресурси; поим и концепт на ЧР; планирање на човечкиот потенцијал; регрутирање; темелни претпоставки на квалитетна професионална селекција; обуката како процес; следење на работната успешност; мотивација за работа; образување и развој во современите претпријатија; развиток и управување со кариера, со посебен осврт на специфичните теми на менаџментот на човечките ресурси; стресот и управувањето со стресот, мобинг, флуктуација и апсентизам.
-
[MCLM2030]
[6 ЕКТС]
Мултикултурно образование
Целта на предметот е на студентите да им се овозможи стекнување систематски знаења од областа на мултикултурното образование, дисциплина што се занимава со проучување на однесувањето на личностите во работните организации: организирање на ниво на индивидуа, на ниво на група, како и на ниво на организацијата во целина од аспект на мултикултурното образование.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
- [ECLM1011] Истражување во училиште
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [EM609] Професионална комуникација
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
- [EM546] Комуникација и образование
- [EM547] Водство во образование
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
- [ECLM1011] Истражување во училиште
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [EM609] Професионална комуникација
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
- [EM546] Комуникација и образование
- [EM547] Водство во образование
Семестар 3
-
[EMLM3020]
[6 ЕКТС]
Социологија на образованието
Целта на предметот е истражувањето и елаборацијата на општествените услови во кои функционираат образовните институции и во кои се образуваат новите генерации. Темите кои ќе бидат обработени се: научната литература и образованието, општеството и образованието, образованието и надминувањето на традиционалните бариери, образованието во дигиталните општества, идната работа, новите професии и училишта, искуството и улогата на училиштата како општествени институции, веројатноста за успех на младите генерации, идеолошката улога на образованието, актуелните училишта и нивната општествена улога во ЕУ и во САД.
-
[MCLM2010]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци, за проучување и истражување во општетсвените науки. Селекцијата на прибраниот фактографски материјал, неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента на испитувањето на причинско-последичните односи. Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните и квалитативните методи и техники на истражување.
-
[MCLM3010]
[6 ЕКТС]
Учење и осознавање во образованието
Преку овој предмет се обработуваат клучните концепти кои се вклучени во донесувањето одлуки за обликот на наставната програма, за теориите на наставната програма и за практичните аспекти на планирање, имплементација, евалуација и на истражување. Покрај тоа, ќе се истражуваат стилови на учење и повеќекратни интелигенции и ќе се размислува за тоа како овие идеи можат да влијаат врз пристапот на предавањата на науката во образованието.
-
[MCLM3020]
[6 ЕКТС]
Квалитет во наставата
Содржината на овој предмет е фокусирана во оспособување на студентите да ги водат училиштата, при создавање работна клима во училница за рационално, квалитетно и за прагматично образование. Впрочем, актуелното традиционално образование да преминува од учење за диплома во учење за знаење, вештини и компетенции за материјално производство.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
- [ECLM1011] Истражување во училиште
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [EM609] Професионална комуникација
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
- [EM546] Комуникација и образование
- [EM547] Водство во образование
Семестар 4
-
[MCLM4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
