COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународно право (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-LAWIL120C
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по правни науки / Насока: Меѓународно право
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Меѓународно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на меѓународно-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на меѓународното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на меѓународното право како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на дипломатијата, дипломатското и конзуларното право, меѓународните организации и правата на човекот, институтите на меѓународното приватно право како и за работа во целата дипломатска и конзуларна служба на државата и во меѓународните трибунали и арбитражи.

Знаење и разбирање
  • Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното-приватно право, меѓународното-кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
  • Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното-јавно право, меѓународното-приватно право, меѓународното-кривично право, меѓународното-економско право и меѓународните односи.
  • Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на меѓународно-правните науки.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење

Семестар 1

  • [MCIL1012] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Предметот опфаќа работа на случаи од областа на меѓународното право, а во еден дел вклучува и практична работа (intership) во релевантни институции, што, пак, може да опфати и научно-истражувачка работа на студентите по групи.
  • [MCIL1011] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Предметот се однесува на анализа на поведението и односите на државите и на другите субјекти во меѓународната политика. Структуриран е на начин преку кој се дава приказ на еволуцијата на мислата за меѓународната политика преку историска ретроспектива на основниот однос помеѓу државите - војната и мирот, понатаму преку авторски трудови се претставуваат двете главни мисловни струи во меѓународните односи во светот денес. Исто така, во рамките на овој предмет, се изучува и односот помеѓу правото и политиката во меѓународното општество.
  • [EMIPL0020] [6 ЕКТС] Меѓународни арбитражи
    Во фокусот на овој предмет е систематското обработување на поимите и институтите поврзани со овој алтернативен начин на решавање на споровите, и тоа: арбитражна спогодба, видови арбитражи, арбитри и конституирање арбитража, постапка пред арбитража, арбитражна одлука, правни лекови во арбитражната постапка и признавање и извршување странски арбитражни одлуки. Во услови кога решавањето на споровите од граѓанско-правните односи од судовите како државни органи сè повеќе трпи критики поради својата бавност, неефикасност и несигурност, арбитражното судење, кое им обезбедува на странките прифатлив амбиент на расправањето, едноставност на процесните форми, брзина и економичност, сè повеќе се промовира како негова алтернатива, признаена од правните поредоци на сите современи држави и афирмирана во светски рамки.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIPL0050] Меѓународни организации
    • [MCSS1070] Транснационален криминал и меѓународен тероризам
    • [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
    • [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
    • [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
    • [EM536] Меѓународно договорно право
    • [EM537] Меѓународно право на животна средина
    • [MFE01] Реторика
    • [EM538] Меѓународно економско право
    • [EM539] Историја на меѓународно право
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIPL0050] Меѓународни организации
    • [MCSS1070] Транснационален криминал и меѓународен тероризам
    • [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
    • [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
    • [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
    • [EM536] Меѓународно договорно право
    • [EM537] Меѓународно право на животна средина
    • [MFE01] Реторика
    • [EM538] Меѓународно економско право
    • [EM539] Историја на меѓународно право
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCCL2011] [6 ЕКТС] Меѓународно приватно право
    Преку овој модул, студентите ќе стекнат нaпредни сознанија за изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско – правните односи со странски елемент (национални и меѓународни ) и за начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за овој модул) како и за општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегнува примената на обично меродавно право во МПП.
  • [MCIL1013] [6 ЕКТС] Меѓународно хуманитарно право
    Во рамките на овој предмет се изучуваат основните институти на меѓународното право во воените судири, а опфатени се и внатрешните воени судири и таканаречените граѓански војни. Акцентот е ставен на изворите на ова право во т.н. Женевски конвенции на меѓународното хуманитарно право и дополнителните протоколи, но и сите други институти на военото право, како и начините за окончување на судирите. Во услови на исклучително брзо развивање на оваа дисциплина во насока на опфаќање на бројните внатрешни судири и нивното правно регулирање од хуманитарен аспект, посебен акцент ќе биде ставен и на внатрешните вооружени судири.
  • [MCIL1014] [6 ЕКТС] Дипломатско и конзуларно право
    Преку овој предмет се овозможува продлабочено изучување на меѓународно-правната рамка на процесот на воспоставување, функционирање и окончување на дипломатските и на конзуларните односи; на правилата на правото на РСМ што се однесуваат и на дипломатско-конзуларните прашања како и на клучните елементи на дипломатскиот протокол и дипломатската практика на Република Северна Македонија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIPL0050] Меѓународни организации
    • [MCSS1070] Транснационален криминал и меѓународен тероризам
    • [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
    • [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
    • [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
    • [EM536] Меѓународно договорно право
    • [EM537] Меѓународно право на животна средина
    • [MFE01] Реторика
    • [EM538] Меѓународно економско право
    • [EM539] Историја на меѓународно право
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIPL0050] Меѓународни организации
    • [MCSS1070] Транснационален криминал и меѓународен тероризам
    • [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
    • [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
    • [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
    • [EM536] Меѓународно договорно право
    • [EM537] Меѓународно право на животна средина
    • [MFE01] Реторика
    • [EM538] Меѓународно економско право
    • [EM539] Историја на меѓународно право
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [MCIL1015] [6 ЕКТС] Решавање на меѓународни спорови
    Предметот опфаќа продлабочено изучување на техниките и постапките на мирно решавање на меѓународните спорови, како дипломатските така и судските спорови и спорови од квази-судски карактер. Посебно се изучуваат справувањето (менаџирањето) со конфликтите, како крајно изострена форма на спор и, особено, третирањето на споровите со културен идентитет.
  • [MCCR2030] [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни сознанија во однос на: поимите и предметот на оваа дисциплина, нормите во МКП, репресивната власт и јурисдикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јурисдикцијата на меѓународните казнени инстанци.
  • [CM171] [6 ЕКТС] Право на ЕУ (применета програма)
    Целта на предметот е запознавање на студентите со acqui communautaire, од една страна, како и процедуралниот дел при креирањето, носењето и спроведувањето на истото право, од друга страна. Поконкретно, студентите ќе имаат можност да се запознаат со правниот систем на Европската унија како и со правото кое тој систем го генерира во однос на самата унија, државите членки и нивните граѓани. Воедно, студентите ќе се запознаат со изворите на ова специфично право, неговите видови, како и со работата на институциите на Унијата. Особено внимание ќе се посвети на процедуралниот дел при носењето на ново законодавство како и работата на Европскиот суд на правдата како судски но и орган кој и самиот индиректно креирал право преку своите пресуди.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIPL0050] Меѓународни организации
    • [MCSS1070] Транснационален криминал и меѓународен тероризам
    • [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
    • [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
    • [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
    • [EM536] Меѓународно договорно право
    • [EM537] Меѓународно право на животна средина
    • [MFE01] Реторика
    • [EM538] Меѓународно економско право
    • [EM539] Историја на меѓународно право
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 4

  • [MCCR4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+