COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Криминалистика и безбедност (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: CS120
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по криминалистика и безбедност
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма нуди модули кои ќе ја опфаќаат основата на областа на овие студии со цел професионално оспособување за базичните професии кои се поврзани со областа преку обезбедување цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на криминалистика и безбедност, како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).  Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на националната и меѓународната безбедност, со посебен акцент на професиите во органите на безбедносниот систем во земјава.

Знаење и разбирање
  • Има напредни теоретски знаења и практично разбирање на националниот систем за безбедност и репродуцира знаење за цели и стандарди за безбедност;
  • Има познавање и увид на конкретни мерки и превентивни и репресивни акции на безбедност во контекст на управувањето со кризни ситуации и приоритети во областа на безбедноста;
  • Поседува детални податоци за разбирање и прифаќање на основните принципи на професионалната етика во областа на безбедноста;
  • Има специфично значење на технологии и методологии на истражување во областа на безбедноста;
Примена на знаењето и разбирањето
  • Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
  • Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
  • Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
  • Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
  • Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.
Способност за проценка
  • Донесува одлуки за решавање на најсложените случаи, преку истражување на креирањето практични политики, процедури и одлуки во областа на безбедноста.
  • Оценува и разликува стандарди за безбедност на организациите и институциите во областа на безбедноста.
  • Поседува напредно критичко размислување, со примена на методот на анализа и споредба;
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [CM157] [6 ЕКТС] Кривично право (применета програма)
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со казнените институции и норми, со принципите врз кои се темели казненото право. Предметот кривично право, како гранка на позитивното право, претставува систем од норми со кои определени човекови поведенија се прогласуваат за казнени дела, за тие дела се пропишуват казни и други присилни санкции од страна на државата и се утврдуваат условите и начините за нивна примена.
  • [MCCR1040] [6 ЕКТС] Криминологија
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаењa за предметот преку проучување на криминологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
  • [MCSS1011] [6 ЕКТС] Општа криминалистика
    Преку овој предмет студентите ќе добијат општи знаења за науката на криминалистиката. Оваа наука, придонесува во битката против криминалот преку откривање и спречување на истиот. Овој предмет ќе се обработи на теоретски и практичен начин (преку активни предавања, консултации, дадената литература, дискусиите со студентите итн.). Целта на овој предмет е подготовка и обука на студентите за употреба на криминалистичките алатки и методи што се користат за откривање и разјаснување на кривичните дела и спречување на криминалот.
  • [EM513] [6 ЕКТС] Економски криминалитет
    Целта на овој предмет е препознавање и анализа на криминалните појави со економски карактер, карактеристиките што го карактеризираат мултидимензионалното негативно влијание, начините на откривање и докажување, најистакнатите форми , како и институциите кои на директен и индиректен начин се борат против овој вид криминалитет.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM159] Малолетничка деликвенција
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [MCSS2031] Криминалистички техники и тактики
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [EM515] Еколошки криминалитет
    • [EM156] Сообраќајна криминалистика
    • [MCCR3040] Споредно кривично право
    • [MCCR2030] Меѓународно кривично право
    • [MCSS3040] Етика во криминалистика

Семестар 2

  • [CM158] [6 ЕКТС] Кривично процесно право (применета програма)
    Кривично процесно право е научна дисциплина која ги проучува правните норми со кои се уредува положбата и овластувањата на процесните странки и другите субјекти кои учествуваат во кривичната постапка, видот, формата и условите за преземање на процесните дејствија. Предмет на изучување на оваа научна дисциплина е и системот на правните лекови – редовни и вонредни, како и посебните постапки.
  • [MCCR2010] [6 ЕКТС] Пенологија
    Целта на овој предмет е да се проучи начинот на кој се извршува кривичното право, односно начинот на кој се извршуваат кривичните санкции. Преку предметот се изучува постапката за спроведување на казната затвор, како и извршувањето на другите не-затворски санкции преку проучување на Законот за извршување на санкциите и Законот за пробација.
  • [MCCR3020] [6 ЕКТС] Организиран криминал
    Целта на овој предмет е студентите да го збогатат своето знаење за организираниот криминал како поим и феномен пријатен во различни општествени сфери. Во тој контекст ќе се анализираат елементите што ја сочинуваат криминалната ситуација од организиран карактер, корупцијата како клучен фактор што влијае на овој вид криминал, специјални истражни и други мерки кои влијаат на откривање, документирање и спречување на организиран криминал како и улогата на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал.
  • [EM511] [6 ЕКТС] Криминална политика
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со сите превентивни мерки на криминалитет, предвидени во системот на кривично право во земјава и пошироко.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM159] Малолетничка деликвенција
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [MCSS2031] Криминалистички техники и тактики
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [EM515] Еколошки криминалитет
    • [EM156] Сообраќајна криминалистика
    • [MCCR3040] Споредно кривично право
    • [MCCR2030] Меѓународно кривично право
    • [MCSS3040] Етика во криминалистика

Семестар 3

  • [EMSS3030] [6 ЕКТС] Компјутерски криминалитет
    Студентите ќе стекнат напредни сознанија за најновите облици на кривичните дела кои се вршат преку компјутерот и преку интернет-мрежите како и за современите начини на спречување на ваквиот криминалитет кој се развива сѐ повеќе во денешните дигитални општества. Ќе се проучуваат кривичните дела од типот на компјутерска измама, фалсификување компјутерски софтвер и други облици на злоупотреба на Интернетот за криминални цели. Ќе се анализира домашното неодамна реформирано законодавство, а ќе се добиваат сознанија и за светските стандарди и текови во оваа област.
  • [MCCR3010] [6 ЕКТС] Виктимологија
    Целта на овој предмет е да ја анализира положбата на жртвата на кривичното дело од разни аспекти. Ќе се проучува виктимолошката феноменологија и етиологија, формата, обемот, структурата и динамиката на виктимизацијата, како и разните фактори кои влијаат на неа.
  • [EMSS2030] [6 ЕКТС] Полициско право
    Целите на предметот се студентите: - Да стекнат основни познавања за полициското право, изворите на полициското право, правната рамка, надлежностите на полицијата и внатрешната организација на полицијата во РСМ. - Да стекнат подетални знаења за полициското право во РСМ како и компаративни сознанија за полициското право во други држави. Да имаат свое критичко мислење. - Да бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за одделни концепти и настани релевантни за полициското право. - Да имаат способност за презентирање резултати од истражување, за работа во тим и за дебата. - Да бидат во состојба теоријата да ја применат врз практични случаи во реалниот живот.
  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија за истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM159] Малолетничка деликвенција
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [MCSS2031] Криминалистички техники и тактики
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [EM515] Еколошки криминалитет
    • [EM156] Сообраќајна криминалистика
    • [MCCR3040] Споредно кривично право
    • [MCCR2030] Меѓународно кривично право
    • [MCSS3040] Етика во криминалистика

Семестар 4

  • [MCCR4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+