-
[MFE05] Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[MFE09] Пазар на трудот
Целта на предметот „Пазар на трудот„ е студентите од вториот циклус да стекнат основни и продлабочени знаења за теоријата на пазарот на трудот и за механизмите за функционирање на пазарната економија. Студентите ќе ги совладаат категориите, законите и основните принципи преку кои функционира пазарот на трудот. Се прави детална анализа на моделот на однесување и на улогата која ја имаат клучните чинители на пазарот на трудот: индивидуите, компаниите и владата. Анализата се базира на две основни категории на пазарот – побарувачката и понудата – кои се применуваат речиси на сите теми кои се обработуваат за овој предмет. Знаењето кое ќе го добијат студентите со овој предмет претставува теоретска основа потребна за разбирање и на различните теории и политики кои се применуваат на пазарот на трудот. Преку предметот студентите ќе разберат како пазарите на трудот ефикасно го распределуваат и го користат реткиот фактор на производството - трудот. Предавањата вклучуваат знаење за: концептите на побарувачката и понудата и нивната практична примена; однесувањето на индивидуите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира профитот; улогата на владата на пазарот на трудот, различни структури на пазарите на трудот: пазарот на трудот во целосна конкуренција, монополот на пазарот на трудот, улогата на синдикатите на пазарот на трудот, билатерланиот монопол на пазарот на трудот. Предавањата и дискусиите во текот на предавањата се однесуваат и на материјалот кој не е содржан во книгата и на некои аспекти од материјалот кој се содржи во основната литература нема да се дискутира на час туку студентите преку активно учење сами ќе го совладаат. Поради тоа, со цел студентите да постигнат успех во учењето содржините од предметот ќе бидат обработувани преку предавања и работилници со активно учество во дискусиите на различни теми кои се однесуваат на пазарот на трудот.
-
[MFE10] Филозофија на општествените науки
Овој модул опфаќа информации кои ќе им овозможaт на студентите да стекнат знаења, вештини и способности, односно да бидат стручни и компетенти во општествените науки, вклучувајќи ја и општата методологија (објаснување, теоретизирање, тестирање), примена на филозофијата (особено индивидуализмот наспроти холизмот), природата на рационалноста и историјата на теории и концепти. Овој модул нуди напредно истражување на актуелните дебати за онтологијата, методологија и за целите на општествените науки. Предметот ќе се фокусира на централните прашања на општествените науки: етнометодологија; еволуција; феноменологија; рационалност; релативизам; научни методи; текстуални толкувања.
Резултати од учењето:
По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат способни:
• Да ги разберат целта на општествените науки и разликата меѓу објаснувањето и разбирањето на човековото однесување.
• Да го објаснат различниот пристап во општествените науки, да ги споредат природните науки, особеностите за луѓето и општествените феномени.
• Да ги разберат општествените структури, практики, норми, институции итн., како и односот меѓу поединците и поголемите општествени структури.
• Да се потпираат не само на факти за поединците и за нивната ментална состојба, туку и на случаите во кои општествените феномени не можат да се објаснат што се однесува до индивидуалното однесување.
• Да разберат и да прифаќаат одреден збир на вредности на еден поинаков начин од природните науки, да добијат можност за објективност во општествените науки.
-
[EM569] Менаџмент на проекти
По успешното завршување на наставата, студентите треба да бидат способни:
- Да ги планираат активностите неопходни за реализација на проектот, да ја идентификуваат нивната меѓузависност во поглед на времетраењето и трошоците.
- Да ги подготвуваат потребните извештаи и да ја реализираат целокупната потребна комуникација меѓу проектот и клиентот, како и меѓу членовите на тимот и другите стејкхолдери.
- Да го структурираат проектот со своите составни активности.
- Да изработат гантограм и мрежен дијаграм на проектот и да го утврдат најкраткото време за реализација на проектот.
- Да користат софтвер МС Проект како алатка во процесот на планирање, иимплементација и при надзор врз проектот.
- Да го дефинираат проектот, да ги идентификуваат неговиот обем и неговите цели, како и да развијат проектна спецификација.
-
[MFE14] Заштита на човековите права
Целта на овој предмет е: да ги запознае студентите со концептот на меѓународното право за правата на човекот, спроведување на тие права во праксата, нивното влијание во креирањето на националните политики; да ги поттикне студентите да размислуваат критички на односот меѓу меѓународното право и националното право; да ги направи свесни за сегашните меѓународни настани, како тие влијаат врз секојдневниот живот на луѓето во светот; да ги поттикне студентите да го дадат својот придонес во областа на изготвување на законите за заштита на човековите права, со надеж дека донесувачите на одлуки ќе ги земаат во предвид во процесот на создавање и спроведувањена државните политики.
-
[MFE01] Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
[EMPA-01] Управување со невладиниот сектор
Во рамките на овој предмет се истражуваат теоријата и практиката на управувањето, инволвирајќи ги стратегиското мислење и стратегиското планирање како рамка. Се однесува на важни прашања од менаџментот, вклучувајќи: контекст на градење стратегии, лидерство, структура на организацијата и дизајн, како и изведба. Во предметот се вклучени и се користат студии на случај од менаџерските практики во јавниот и во граѓанскиот сектор. Дел од овој предмет е управувањето со промени, како неодминлив дел од раководењето и справувањето со динамиката на промените во окружувањето, посебно од аспект на политичкиот, општествениот, културниот, економскиот и на технолошкиот развој во Македонија и во регионот на ЈИЕ.
-
[EMPA-03] Проектен менаџмент и евалуација на програми во јавниот сектор
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со техниките за анализа на ефективноста на организациите во јавниот сектор. Студентите ќе се здобијат со вештини во формулирање на евалуционите прашања, селектирање на примерок, планирање и собирање на податоци, анализа на резултатите на евалуација, дизајнирање на буџет за евалвација, известување и комуницирање на резултатите на евалуацијата до разните засегнати страни, развој на компетенции за етичките и политичките прашања поврзани со евалуацијата.
-
[EMPA-04] Правна регулатива на јавната администрација
Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за правната рамка и релациите меѓу правната рамка и управниот процес, со компетенции на разграничување и дизајнирање на современите механизми за подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната администрација. Ќе стекнат знаења за своите права и обврски како вработени во јавниот сектор.
-
[EMPA-05] Менаџирање со знаење во јавниот сектор
Знаењето и информациите не се статични, туку се движат низ организациите на различни начини.
Еден од начините за да се направи разлика меѓу „управувањето со знаење“ и „управувањето со информации“ е да се идентификуваат процесите и чекорите вклучени во двете полиња. Предметот се фокусира на планови и активности кои треба да се извршат за да се контролираат записите, односно информациите на организацијата. Тие активности се состојат од стратегии и практики за идентификување, креирање, претставување, дистрибуирање и усвојување на согледувањата и искуствата. Согледувањата и искуствата содржат знаење, а се наоѓаат во поединци или се вградени во организациските процеси и во практиката.
-
[EMPA-06] Управување и оптимизација на јавните ресурси
На крајот на семестарот студентите треба:
• Да ги применуваат теоретските перспективи на практични проблеми во областа на УЧР.
• Да ја разбираат улогата на УЧР во развојот на организацијата.
• Да ја објаснат улогата на УЧР во однос на наблудување на развојот и во однос на влијанието при остварување на целите на организацијата.
• Да ги анализираат и да и дефинираат работните места за поефикасно функионирање на организацијата.
• Да го дефинираат окружувањето како збир на институции, сили и фактори.
• Да ги идентификуваат недостатоците во човечките ресурси.