COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни односи и дипломатија (2021/2022)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: IRD120
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер по меѓународни односи и дипломатија
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение:

Преку студиската програма Меѓународни односи и дипломатија студентите стекнуваат компетенции и знаења во областа на меѓународните односи, дипломатијата и политичките науки. Студентите се здобиваат со менаџерски, советодавни, политички, аналитички, правни знаења, вештини и компетенции, кои би биле применливи за работа во институции и организации во областа на меѓународните односи, дипломатски претставништва, како и за работа на мултинационалните компании и организации. Студиската програма Меѓународни односи и дипломатија ќе има значаен придонес  за интернационализација на високото образование на РСМ, унапредувањето на меѓународната соработка и развивањето на иновативни знаења, способности, вештини и компетенции кај студентите од оваа област. Истовремено, студиската програма соодветствува со потребите на пазарот на трудот.  Како таква има значаен придонес за оспособување на студентите за градење професионална кариера преку стекнување високообразовни квалификации согласно со потребите на пазарот на трудот.

Студиите по Меѓународни односи и дипломатија овозможуваат исполнување на образовните потреби за поддршка на студентите да ја започнат својата професионална кариера во: државните, дипломатските институции, јавните институции, непрофитабилни организации, меѓународни владини и невладини институции и организации, како и академски институции.

Знаење и разбирање

Има длабоки знаења и компетентно разбирање на теориите во областа на дипломатија.
Има специфични знаења за преговорите, медијацијата и за другите начини за решавање конфликти.
Има одредени знаења за улогата на меѓународните организации во дипломатијата.
Има јасни знаења и разбирања за надворешната политика и за главните актери (државни и недржавни) кои ја сочинуваат динамичната мрежа на министерството за надворешни работи.

Примена на знаењето и разбирањето

Може да се вклучува успешно во мали дипломатски задачи, да работи во дипломатски претставништва или во сектори за надворешни работи во рамките на различни министерства и да биде член на меѓународни трговски организации и на други институции.
Може да работи како член на тимот за развој на преговарачките позиции за меѓународни правни прашања.
Може да ја толкува теоретската перспектива во меѓународните односи во одредени случаи.
Ја опишува улогата на дипломатијата во светската политика.

Способност за проценка

Расудува за тековната дипломатија и за процесите на меѓународно ниво.
Оценува статии со различна комплексност за меѓународни теми.
Има способност да интерпретира релевантни податоци за расудување кои се одраз на релевантни дипломатски прашања.
Може да направи критично размислување и да дава критички ставови за работата на дипломатските организации како што е министерството за надворешни работи и за работат на дипломатските мисии.

Комуникациски вештини

Може да пишува писма во рамките на соодветно дипломатско комуницирање.
Може да пишува и да презентира научни трудови и да подготви истражувачки проекти од областа на дипломатијата.
Може да презентира на аудиториум форми на решавање специфични проблеми во меѓународните односи и дипломатијата.
Може да развие соодветна дипломатска комуникација и да користи соодветна терминологија со претставници на дипломатските мисии во РСМ.  

Вештини на учење

Ги зголемува професионалните знаења работејќи во дипломатските претставништва.
Е во состојба да ги идентификува личните потреби за натамошни знаења и да продолжи со индивидуално учење за глобалните прашања.
Е во можност да преземе и да примени нов транспарентен начин во македонската дипломатија со цел да се реализира евроатлантската перспектива на земјава.

Семестар 1

  • [MDP-01] [6 ЕКТС] Политичка анализа
    Целта на предметот е: -Познавање на аналитички и методолошки пристапи во политичка анализи; -Способност критички да оценува и да примени теории и методи во политиката; -Познавање на аналитички дебати во политиката; -Способност да се анализираат аспекти во политиката од различни перспективи; -Способноста да се применуваат теории на студии на случај.
  • [MCDP1020] [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Преку овој предмет се опфаќаат теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на нивната улога во решавање на колективните прашања и на проблемите во глобалната политика. Фокусот е поставен на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е врз главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [MDP-02] [6 ЕКТС] Јавна дипломатија
    Целта на предметот е да се претстават разликата меѓу традиционалната дипломатија и јавната дипломатија и важноста на јавната дипломатија во меѓународните односи, понатаму да се утврдат начинот на влијание на јавната дипломатија и разликите според развојните процеси во државите.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EM509] Меѓународна политичка економија
    • [EM510] Преговори и разрешување на конфликти
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [EMDP-01] Меѓународен бизнис
    • [EMDP-02] Современи политички системи
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол

Семестар 2

  • [DP0102] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото меѓународно јавно право кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за меѓународната заедница.
  • [MDP-03] [6 ЕКТС] Консуларно и дипломатско право
    Во рамките на овој предмет се дава преглед на дипломатското право и конзуларното право, нивниот историски развиток, случаите од практиката во врска со примената на тие правила, опсегот на дипломатските и конзуларните агенти кои ја практикуваат дипломатијата, проблемите поврзани со имплементација на дипломатското и конзуларното право во националните системи. Исто така, во рамките на предметот се анализираат и се изучуваат принципите на ова мегународно право, нивната примена и не примена и неговото влијание на меѓудржавните политички односи, како и искористувањето на дипломатските односи во мегународните конфликти. Предметот ќе се концентрира и на формалните услови за функционирање на овие две професии (дипломат и конзул) базирана на дипломатското и конзуларно право.
  • [CM148] [6 ЕКТС] Теории на меѓународни односи
    Преку предметот студентите треба да се поттикнат да размислуваат за тоа што се случува во светот, да ги совладаат теориите и случувањата кои се однесуваат на меѓународните односи, да се запознаат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата ќе бидат фокусирани и на: меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблем во меѓународниот систем, вклучувајќи ги вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EM509] Меѓународна политичка економија
    • [EM510] Преговори и разрешување на конфликти
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен predmet
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [EMDP-01] Меѓународен бизнис
    • [EMDP-02] Современи политички системи
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол

Семестар 3

  • [MCDP1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и кавалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники,како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата.
  • [CM149] [6 ЕКТС] Глобализација и управување
    Цели на програмата: Да развие кај студентотот аналитичка рамка и историски контекст за разбирање на глобализацијата и управувањето, нивните основни концепти, главните политички институции и политичка динамика. Да му овозможи да дебатира за глобалните политики. Да развие кај студентот способности за рабирање на контроверзните политички избори во врска со глобализацијата. Да разбере како глобализацијата и глобалната финансиска криза влијаат на конкурентноста на позициите на нашата земја и нееднаквостите во вашето општество. Да генерира кај студентот истражувачки вештини за новите социјални феномени на векот и за разгледување на креативни начини за справување со нив. Да генерира сенс за истражување, да се здобие со писмена и усна комуникациска вештина во врска со глобализацијата и управувањето.
  • [MCPA3040] [6 ЕКТС] Политички менаџмент
    Основни цели на предметот: - Да стекнат основни знаења за поимите политика и менаџмент. - Да се запознаат со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различни критериуми. - Да стекнат адекватни знаења за подготовка на анкета и теренско работење. - Да ги применат стекнатите знаења од другите предмети и да ја надградат посебната методологија за изработка на есеи и семинарска работа. - Да ги анализираат изборните процеси и начинот на изведување. - Да се оспособат да подготват политички говор и да се симулира појава на политички настан. - Да се способност за активна учество во дебата организирани од студентската унија. - Да подготват и да учествуваат во истражувачки проекти и да презентираат резултати на научноистражувачката дејност. - Да детерминираат различни начини и да употребуваат научните извори, да читаат селективно и компаративно и да ги анализираат политичките процеси.
  • [MCDP1030] [6 ЕКТС] Историја на дипломатијата
    Преку предметот ќе се обезбедат теоретски и методолошки способности за разбирање на дипломатијата и на дипломатските односи од историски аспект и на современ план. Студентите ќе бидат квалификувани за независна и продлабочена научна и истражувачка работа во најширока смисла на дипломатијата, што ќе им овозможи трансмисија на теоретските, научните и на истражувачките сознанија во општествената практика.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EM509] Меѓународна политичка економија
    • [EM510] Преговори и разрешување на конфликти

Семестар 4

  • [MCPA4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+