COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Упрaвување и менаџмент во јавниот сектор (2021/2022)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: GMPS60
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер по упрaвување и менаџмент во јавниот сектор
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Студиската програма Упрaвување и менаџмент во јавниот сектор има мултидисциплинарен пристап кон главните елементи на студирање во областа на управувањето и јавниот менаџмент, менаџирањето, правото и во областа на социоекономските науки. Во рамките на програмата се опишуваат и се идентификуваат основните концепти, начелата, на управувањето, административните и законските процеси, теориите во јавната администрација, како што се оние поврзани со човечкото и институционалното однесување, процесот на јавните политики, економијата во јавниот сектор и менаџирањето во јавниот сектор.

Преку студиската перограма студентите се подготвуваат за:

  • Управување и менаџирање во организационите системи во јавниот  сектор;
  • Примена на професионални знаења во исполнувањето за менаџирање со процеси, човечки ресурси, буџети во институциите во јавниот сектор, невладиниот сектор и во приватните организации;
  • Да развијат критичко мислење за бирократскиот модел и да поттикнат и да изградат капацитети за апликација на принципите на новиот јавен менаџмент во институциите во јавниот сектор;
  • Да развијат компетенции за менаџирање на проектниот циклус, со посебен осврт на  менаџирање засновано врз резултати и аплицирање на принципите на добро управување;
  • Да бидат оспособени аналитички да ја развијат улогата на државата и јавната администрација во последниве децении во Република Северна Македонија и во државите во регионов;
  • Да ги распознаваат современите трендови и дејствувања во државата во јавните институции и јавното менаџирање во земјите во развој и во развиените земји.
  • Да можат да преземаат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација;
  • Компетенции вештини за стратешко планирање, акциони планови, пишување на апликации за предлог проекти, евалуација на проектите;
  • Компетенции и вештини за  стратешко планирање во јавниот сектор;
Знаење и разбирање

Има мултидисиплинарни знаења и разбирање наглавните елементи на студирање во областа на јавната администрација и менаџирањето, правото, социоекономските науки;

Ги опишува и ги идентификува основните концепти, начелата, административните и законските процеси, теориите во jавната aдминистрација,како што се оние поврзани со човечкото и институционалн ооднесување, процесот на јавнитеполитики, економијата во јавниот сектор и менаџирањето на јавните и невладините рганизации;

Ги разбира различните системи на јавната администрација - државната администрација, јавното менаџирање и интеракцијата на политичките институции и процеси, владините и административни политики;

Има знаења за процесите на интеграција во Европската унија од jавната и државната администрација и за институционалните аспeкти.

Примена на знаењето и разбирањето

Да ги применува сознанијата кои се однесуваат на комплексната работа на државата и jавната aдминистрација и да применува соодветни правила и процедури;

Да работи како државен службеник и амдинистративен службеник во нормативно и админстративни работи

Да менаџира институции од Јавен и невладин сектор;

Може да демонстрира способност да подготвува административни документи, да помага во планирањето и координацијата на меѓуинституционалната работа, архивирањето, регистрацијата на управни предмети преку  употреба на информацискиот систем;  

Апликиција на финансискиот јавен менаџмент;

Пишување на проекти и еваулација на проекти во јавен сектор и невладин сектор;

Да применува професионални знаења во исполнувањето на работните задачиво институциите на државата и на jавната администрација, во приватните организации и граѓанскиот сектор.

Способност за проценка

Има способност да размислува критички и активно да се вклучува во тековните политичките прашањана на централно и на локално ниво;

Квалитативна анализа на процесот на јавни проекти;

Оценување на влијането на проектите врз заедницата;

Проценка проекти во невладиниот сектор;

Ги разликува различните феномени поврзани со политичката култура на одредена заедница;

Критички споредува политичките тенденции во општествово и државава и го цени нивното;

Bлијаниеврзевроинтеграцискитепроцеси во земјава.

Комуникациски вештини

Во состојба е да учествува дебата, посредување и преговори, обезбедувајќи аргументирана анализа за политичкиот дискурс;

Поседува кохерентна способност за пишување на административни акти, предлог проекти, анализи, концепт папер;

Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен пристап.

Вештини на учење

Може да дефинира и да ja утврди улогата на политиката за општество базирано на знаења;

Може да преземе иницијатива за идентификувањe нa интересите на групи и држaвни институции во рамките на процесот на јавни политики;

Има вештини да спроведе доживотно учење и самоедукација во областа на политички науки;

Способен е да ги обучува граѓаните за институциите во јавниот сектор  и за демократското општество како и за невладиниот сектор.

Семестар 1

  • [MCDP1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и кавалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники,како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата.
  • [CM138] [6 ЕКТС] Современи проблеми во јавните политики
    Целта на предметот е да се објаснуваат теориите на менаџирањето на јавниот сектор со фокус на класичните теории на бирократија па се до современите теории во контекст на јавната администрација. Посебно внимание ќе се посвети на организацијата, хиерархијата, авторитетот, координацијата, централизацијата и децентрализацијата, делегирањето и надзорот. Студентите ќе можат да ги препознаваат фундаменталните аспекти на јавниот менаџмент како научна област и како професија со што ќе бидат во состојба да направат анализа на активностите на владата од правна, менаџерска и политичка перспектива.
  • [MCPA2020] [6 ЕКТС] Јавен финансиски менаџмент
    Овој предмет има за цел да им ги претстави на студентите стандардите и практиките во финансиското работење на ГО, методи на користење на фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на ГО и опфаќа преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување на рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност помеѓу теоријата и практиките, прелгед на различни студии на случај и дизајниран е така да го побуди интересот на студентите.
  • [CM137] [6 ЕКТС] Напредено стратешко планирање
    Овој предмет го анализира ефективниот начин и современите модели на планирање во јавната администрација. Фокусот на овој предмет е на стратешките управувања во јавниот сектор, каде што ќе го анализираме процесот на стратешко планирање, дефинирање на мисијата на организацијата, проценка на внатрешното и надворешното опкружување на организацијата. Идентификуваме стратешки прашања и стратегии во организацијата, како и учиме како да ги имплементираме и процениме овие планови и стратегии.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен
    • [EM483] Евалуација на јавни политики: теории, модели и процеси
    • [EM484] Етика во јавната администрација
    • [MDP-04] Глобализација
    • [EM485] Циклус на менаџирање на проекти: напреден предмет
    • [MCPS1020] Социјална психологија
    • [EM486] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EM487] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EM494] Политика на Европа и Европска унија
    • [EM488] Уставно право-напреден предмет
    • [EM489] Менаџмент на социјален сектор
    • [MDCS1020] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EM490] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [EM491] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EM492] Социјална и трудова економија
    • [EM493] Политички проблеми на ЕУ-интеграции

Семестар 2

  • [MCPA4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+