Цели на студиската програма се:
- усвојување на знаења за социјалната работа со поединци, семејствата, групите и локалните заедници кои се наоѓаат во социјален ризик или се соочуваат со социјалени проблеми;
- усвојување на знаења за надминување на социјалните нееднаквости и придонес за социјалните и ранливите групи;
- усвојување на вештини за давање на услуги без дискриминација по основ на раса, пол, етничка припадност, верска припадност, економски статус, возраст и друго;
- усвојување на знаења за креирање на социјални политики во домените на социјална заштита, социјално осигурување, вработување, образование, домување и др.
Студиската програма ќе има значаен придонес за оспособување на студентите во развивање на иновативни знаења, способности, вештини и компетенции од областа на социјалната работа и социјалната политика. Како таква ќе има значаен придонес за оспособување на студентите за градење професионална кариера преку стекнување високообразовни квалификации согласно со потребите на пазарот на трудот. Во таа насока, оваа програма креира кадри кои ќе управуваат со социјалните служби, со неопходни вештини за испорака на услуги прилагодени да одговараат на современите социјални проблеми на индивидуите и заедницата. Согласно стратегиите и програмите на централно и локално ниво, во насока на зајакнување на улогата центрите за социјална, ЕЛС и де-институционализација, дипломираните во оваа програма ќе одговараат на потребите за човечки капацитети во овие структури и системи.
Знаење и разбирање
Покажува знаење и разбирање на научното поле на студирање, кое се надградува врз предходното образование, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални компаративни и критички перспективи во научното поле социјална работа и социјална политика и според соодветна методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење во социјалната сфера. Покажува знаење и разбирање на разни теории, методологии во социјаната работа и социјалната политка.
Примена на знаењето и разбирањето
Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата. Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми со кои се соочуваат поединци, семејства, групи, локалните заедници и други појави во социјаната област. Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на полето на студирање.
Способност за проценка
Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци од надлежност на системот на социјална заштита. Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти кои треба да ги поседува социјалниот работник. Сподобност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините и да избере соодветно решение.
Комуникациски вештини
Способеност да комуницира и дискутира со стручната и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија. Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.
Семестар 1
-
[CM139]
[6 ЕКТС]
Етиката на социјалната работа
Целта на предметот е студентот да:
- има знаења и ги разбира семантиката и концептите на етиката, стандардите на однесување, моралното расудување и моралната филозофија.
- развива став за позицијата на моралот во професионалниот живот.
- формира јасни ставови за правата и одговорностите на вработениот во јавната-државната администрација. - е способен е да се соочи со етички проблематични ситуации.
- има чувство за карактерот кој се бара во професијата на администраторот.
- е запознаен е со литературата за етиката во сферата на јавната администрација.
- е подготвен е да употребува комуникативни алатки и да ги почитува етичките стандарди во работата со државните институции и јавните актери.
-
[CM140]
[6 ЕКТС]
Социјална работа во невладини организации
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за поважните пристапи кон проблемите на младите во општеството и да се проучат начините на кои различни групи млади учествуваат во општествениот живот, градејќи посебни поткултури и животни стилови. Студентите се запознаваат и со младинската политика што ја води државата.
-
[CM141]
[6 ЕКТС]
Трудово право и работни односи
Tрудовото право е посебна и самостојна правна дисциплина во правниот систем. Негов основен предмет на проучување и уредување претставуваат работните односи per se. Предметната програма се состои од два дела: Прв дел - Општи и основни прашања на трудовото право и Втор дел - работни односи. Првиот дел опфаќа општо-теориски прашања како што се: предмет, дефиниција, значења, место во правниот систем, карактеристики, однос на трудовото право со други правни дисциплини, развој, домашни и меѓународни извори. Покрај воведните напомени, во рамките на овој дел, значително внимание се посветува на колективните договори и на Меѓународната организација на трудот (МОТ).
-
[6 ЕКТС]
Oпшт изборен предмет
-
[EM495] Социјална работа и здравствена заштита
Да се добијат продлабочени сознанија за теоретските и практични искуства за спроведување на социјалната заштита. Студентите треба да се оспособат да анализираат и да дискутираат за современите пристапи во заштита на корисниците и да се оспособат да ја спроведуваат.
-
[EM496] Социјална работа во образование
Да се стекнат унапредени и специфични сознанија за општествените услови во кои се разививаат образовните институции. Да го пренесат своето разбирање за овие услови и општествени промени од образовните истражувања усно и во писмена форма;
Да изведуваат мали студии преку:
1.Изготвување соодветни истражувачки прашања;
2.Изработување студии;
3.Собирање и анализирање на податоците во образовни и општествени средини;
4.Презентирање на резултатите во кратки извештаи од истражувањата.
-
[EM498] Превентива и социјален труд
Да се добијат продлабочени сознанија за превенцијата како основен и најдобар начин на заштита од ментални нарушувања, нарушувањата на поведението и други видови психосоцијални проблеми, методите и принципите на примарната, секундарната и терцијарната превенција. Да стекнат знаења за улогата на социјалните служби во подготовката и спроведувањето на превентивните програми, креирање превентивни програми, вклучување непрофесионалци во превентивните активности.
-
[EM499] Заштита на децата
Да се добијат продлабочени сознанија за правните аспекти на детската заштита (социјално-политичкиот и нормативно- институционалниот аспект), со фокус на основните права на децата утврдени во меѓународната и домашната легислатива, како и механизмите за нивна заштита.
-
[EM500] Решавање конфликти
Напредни знаења за научен пристап кон мирното решавање конфликти по пат на современи методи.
Да се запознае со алатките и активностите во врска со превентива на конфликтите, при што ќе биде во можност навремено да ги открие можните извори.
Стекнување соодветни знаења за активно учество во мировни процеси, како и подготовка на стратегија и тактика за успешни преговарачки вештини при процесот на преговори.
Примена на посебна методологија на стратегија и тактика на процесот на преговарање.
-
[EM501] Економија на социјална политика
Претставување на основните економски категории кои се важни за разбирање на економските и социјалните процеси. Да се стекнат сознанија и искуства во поврзувањето на економијата и социјалниот систем и влијанието врз општествените односи и политики.
-
[EM502] Основи на кризни интервенции во социјалната работа
Да стекнат продлабочени сознанија за базичните принцип и за методите на клиничката социјална работа, како и основните психосоцијални проблеми со кои се соочуваат пациентите за кои е неопходна хоспитализација и потребите на нивните семејства.
Да се добијат сознанија за социјалните фактори кои влијаат врз здравјето, пристапите и врз методите на социјалната работа со лица со различни здравствени проблеми во институционалната и вонинституционалната здравствена заштита, како и стекнување знаења за здравствените проблеми кои се последица од стрес.
-
[6 ЕКТС]
Изборен стручен предмет
-
[EM503] Социјална работа во организирање на заедницата
Студентите да стекнат научни и продлабочени сознанија за придонесот на социјална работа во планирање, организирање, развој и во зајакнување на локалната заедница.
-
[EM504] Социјална работа со лица со посебни потреби
Студентите да добијат продлабочени сознанија за теоретските и практични искуства за спроведување социјална заштита. Студентите треба да се оспособат да анализираат и да дискутираат за современите пристапи во заштита на корисниците и да се оспособат да ја спроведуваат.
-
[EM505] Сиромаштија и социјална работа
Да добијат научни и продлабочени сознанија за феномените на сиромаштија и социјална исклученост и да се стекнат сознанија за анализирање на проблемите и мерките кои се преземаат за нивно сузбивање.
-
[EM506] Анализа и дизајн на прашалници
Целта на предметот е да се фокусира на два општи приода кон анализа на податоците, имено квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативната анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа. Во однос на квалитативната анализа се дефинираат оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Во рамките на овој предмет ќе се анализираат и преку студии на случај ќе презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведувањето емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
-
[EFIN0104] Јавни финансии
Студентите да стекнат знаење за јавните финансии, како едно од главните средства на макроекономските политики и како еден од фундаменталните инструменти за функционирањето на една национална економија како целина и како потсистем на еден економски систем на земјата. Студентите да стекнат знаење за јавните добра и расходите екстерналиите, распределбата на општествените приходи, алокација и реалокација на приходите, споредбените аспекти на јавните финансии во развиените земји и оние во транзиција, спецификите на фискалните системи на Македонија, трендовите и предизвиците на истите, фискалната децентрализација итн. Студентите да стекнат знаење за буџетот и вонбуџетските фондови како главни инструменти на фискалната политика, процедурите околу подготовка, изработка, составување, одобрување, спроведување и контрола на буџетот, како и техниките на буџетот како на локално, така и на централно ниво.
-
[EM507] Стратегии на пребарување на работа
Предметот е креиран да ве поттикне кон процесот за рано планирање и развој на кариерата. Процесот вклучува длабоко самоанализирање, истражување за кариера, планирање и следење на прелиминарни стратегии за вработување итн. Филозофијата на предметот е дека овој процес е тековен, систематски и цели кон живот исполнет со работа што е дел од целосниот план за личен развој.
-
[EM508] Лидерство и учење
Овој предмет е дизајниран да им обезбеди на студентите основни знаења за раководењето на една организација/институција како една појава; и неговото влијание врз организациските и индивидуалните однесување. Овој предмет ќе ги анализира клучните теории на раководењето и ќе ги анализира внатрешните и надворешните фактори кои влијаат на овој процес. Студентите критички ќе го анализираат феноменот на лидерството, и ограничувачкиот пристап на теориите врз овој феномен. Предметот ќе вклучува теми како што се: лидерство, предизвици на лидерството, влијанието на лидерството и влијанието во создавање на лидери во организациите / заедниците; и извештаи за организацијата / заедницата. Посебно внимание ќе биде посветено на знаењето, пристапот и примената на лидерството.
Семестар 2
-
[CM142]
[6 ЕКТС]
Основи на советувалиште
Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите теоретски и практични искуства за спроведувањето супервизија и евалуација во социјалната работа. Студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за современите пристапи во супервизијата и евалуацијата во социјалната работа и нивната апликација во остварување на социјалната работа.
-
[CM143]
[6 ЕКТС]
Младинска работа во заедницата
Преку овој предмет се нуди една современа социополитичка перспектива на политиката и младите како најсуштествена општествена групација. Денешната младина, освен што е предмет на многу научни анализа, во суштина се наоѓа пред големи локални и глобални предизвици за својата кариера и егзистенција. Младите се составен дел на една групација во која се родени и живеат. Но, во исто време, ние сме составен дел на една сложена структура на организација која има свои проблеми особено со политичките институции. Во рамките на предметот ќе се сублимираат сите теоретски и практични дилеми во сферата на релациите на младата генерација со политичкиот живот и институции на демократското општество. Процесот на социјализација на младата генерација, учеството во јавниот и политичкиот живот. Фројд тоа го вика супер его, а Херберт Мид комуникација со средината. Ќе бидат опфатени следниве теми: процесот на младите и либерализмот, јавното здравство и патолошките појави како што се: алкохолизмот, престапништвото, дрогата, проституцијата, вагабундизмот и др. Дали ние со оглед на фактот дека младата генерација е иднината на општеството, имаме соодветна политичка партиципација? Темите кои ќе бидат обработувани се во тесна врска со проблемите на тинејџерството, соработката со заедницата, активизмот, политичкиот живот на младите, младинските групи-банди, младинските движења, општествените промени во училиштето, соседството и сл.
-
[CM144]
[6 ЕКТС]
Планирање на социјалниот развој
Студентите да стекнат знаења за научните достигнувања во областа на социјалниот развој, значењето и потребата за динамизирање на социјалниот развој, неговите форми, методи и области на изразување, споредување, планирање и надлежности.
-
[6 ЕКТС]
Oпшт изборен предмет
-
[EM495] Социјална работа и здравствена заштита
Да се добијат продлабочени сознанија за теоретските и практични искуства за спроведување на социјалната заштита. Студентите треба да се оспособат да анализираат и да дискутираат за современите пристапи во заштита на корисниците и да се оспособат да ја спроведуваат.
-
[EM496] Социјална работа во образование
Да се стекнат унапредени и специфични сознанија за општествените услови во кои се разививаат образовните институции. Да го пренесат своето разбирање за овие услови и општествени промени од образовните истражувања усно и во писмена форма;
Да изведуваат мали студии преку:
1.Изготвување соодветни истражувачки прашања;
2.Изработување студии;
3.Собирање и анализирање на податоците во образовни и општествени средини;
4.Презентирање на резултатите во кратки извештаи од истражувањата.
-
[EM498] Превентива и социјален труд
Да се добијат продлабочени сознанија за превенцијата како основен и најдобар начин на заштита од ментални нарушувања, нарушувањата на поведението и други видови психосоцијални проблеми, методите и принципите на примарната, секундарната и терцијарната превенција. Да стекнат знаења за улогата на социјалните служби во подготовката и спроведувањето на превентивните програми, креирање превентивни програми, вклучување непрофесионалци во превентивните активности.
-
[EM499] Заштита на децата
Да се добијат продлабочени сознанија за правните аспекти на детската заштита (социјално-политичкиот и нормативно- институционалниот аспект), со фокус на основните права на децата утврдени во меѓународната и домашната легислатива, како и механизмите за нивна заштита.
-
[EM500] Решавање конфликти
Напредни знаења за научен пристап кон мирното решавање конфликти по пат на современи методи.
Да се запознае со алатките и активностите во врска со превентива на конфликтите, при што ќе биде во можност навремено да ги открие можните извори.
Стекнување соодветни знаења за активно учество во мировни процеси, како и подготовка на стратегија и тактика за успешни преговарачки вештини при процесот на преговори.
Примена на посебна методологија на стратегија и тактика на процесот на преговарање.
-
[EM501] Економија на социјална политика
Претставување на основните економски категории кои се важни за разбирање на економските и социјалните процеси. Да се стекнат сознанија и искуства во поврзувањето на економијата и социјалниот систем и влијанието врз општествените односи и политики.
-
[EM502] Основи на кризни интервенции во социјалната работа
Да стекнат продлабочени сознанија за базичните принцип и за методите на клиничката социјална работа, како и основните психосоцијални проблеми со кои се соочуваат пациентите за кои е неопходна хоспитализација и потребите на нивните семејства.
Да се добијат сознанија за социјалните фактори кои влијаат врз здравјето, пристапите и врз методите на социјалната работа со лица со различни здравствени проблеми во институционалната и вонинституционалната здравствена заштита, како и стекнување знаења за здравствените проблеми кои се последица од стрес.
-
[6 ЕКТС]
Изборен стручен предмет
-
[EM503] Социјална работа во организирање на заедницата
Студентите да стекнат научни и продлабочени сознанија за придонесот на социјална работа во планирање, организирање, развој и во зајакнување на локалната заедница.
-
[EM504] Социјална работа со лица со посебни потреби
Студентите да добијат продлабочени сознанија за теоретските и практични искуства за спроведување социјална заштита. Студентите треба да се оспособат да анализираат и да дискутираат за современите пристапи во заштита на корисниците и да се оспособат да ја спроведуваат.
-
[EM505] Сиромаштија и социјална работа
Да добијат научни и продлабочени сознанија за феномените на сиромаштија и социјална исклученост и да се стекнат сознанија за анализирање на проблемите и мерките кои се преземаат за нивно сузбивање.
-
[EM506] Анализа и дизајн на прашалници
Целта на предметот е да се фокусира на два општи приода кон анализа на податоците, имено квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативната анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа. Во однос на квалитативната анализа се дефинираат оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Во рамките на овој предмет ќе се анализираат и преку студии на случај ќе презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведувањето емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
-
[EFIN0104] Јавни финансии
Студентите да стекнат знаење за јавните финансии, како едно од главните средства на макроекономските политики и како еден од фундаменталните инструменти за функционирањето на една национална економија како целина и како потсистем на еден економски систем на земјата. Студентите да стекнат знаење за јавните добра и расходите екстерналиите, распределбата на општествените приходи, алокација и реалокација на приходите, споредбените аспекти на јавните финансии во развиените земји и оние во транзиција, спецификите на фискалните системи на Македонија, трендовите и предизвиците на истите, фискалната децентрализација итн. Студентите да стекнат знаење за буџетот и вонбуџетските фондови како главни инструменти на фискалната политика, процедурите околу подготовка, изработка, составување, одобрување, спроведување и контрола на буџетот, како и техниките на буџетот како на локално, така и на централно ниво.
-
[EM507] Стратегии на пребарување на работа
Предметот е креиран да ве поттикне кон процесот за рано планирање и развој на кариерата. Процесот вклучува длабоко самоанализирање, истражување за кариера, планирање и следење на прелиминарни стратегии за вработување итн. Филозофијата на предметот е дека овој процес е тековен, систематски и цели кон живот исполнет со работа што е дел од целосниот план за личен развој.
-
[EM508] Лидерство и учење
Овој предмет е дизајниран да им обезбеди на студентите основни знаења за раководењето на една организација/институција како една појава; и неговото влијание врз организациските и индивидуалните однесување. Овој предмет ќе ги анализира клучните теории на раководењето и ќе ги анализира внатрешните и надворешните фактори кои влијаат на овој процес. Студентите критички ќе го анализираат феноменот на лидерството, и ограничувачкиот пристап на теориите врз овој феномен. Предметот ќе вклучува теми како што се: лидерство, предизвици на лидерството, влијанието на лидерството и влијанието во создавање на лидери во организациите / заедниците; и извештаи за организацијата / заедницата. Посебно внимание ќе биде посветено на знаењето, пристапот и примената на лидерството.
Семестар 3
-
[MCDP1010]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
-
[CM145]
[6 ЕКТС]
Социјален менаџмент
Предметот ќе се осврне на концептите и алатките кои се однесуваат на управувањето со општествените организации, како и на концептот на колективно влијание. Студентите ќе се запознаат со перспективата на управување која претставува алтернатива на традиционалните пристапи за управување со општествени организации - пристап за социјално управување кој се заснова на единствен концепт на професионалната улога.
-
[CM146]
[6 ЕКТС]
Организирање управи и социјални служби
Студентите на треба да совладуваат основни знаења во врска со ефикасното организирање и функционирање на канцелариското работење во државните органи, локалните органи и разни институции и претпријатија. Цел на изучување на овој предмет е студентите бидат подготвени на потребно ниво за да можат да ги завршат обврските целосно на ефикасен и одговорен начин.
-
[CM147]
[6 ЕКТС]
Социјална политика на Европската унија
Да се добијат продлабочени сознанија за наднационалната социјална политика која ја практикува Европската унија (ЕУ) и да се стекнат вештини за применување на специфичните социјални програми на ЕУ во национален контекст.
-
[6 ЕКТС]
Oпшт изборен предмет
-
[EM495] Социјална работа и здравствена заштита
Да се добијат продлабочени сознанија за теоретските и практични искуства за спроведување на социјалната заштита. Студентите треба да се оспособат да анализираат и да дискутираат за современите пристапи во заштита на корисниците и да се оспособат да ја спроведуваат.
-
[EM496] Социјална работа во образование
Да се стекнат унапредени и специфични сознанија за општествените услови во кои се разививаат образовните институции. Да го пренесат своето разбирање за овие услови и општествени промени од образовните истражувања усно и во писмена форма;
Да изведуваат мали студии преку:
1.Изготвување соодветни истражувачки прашања;
2.Изработување студии;
3.Собирање и анализирање на податоците во образовни и општествени средини;
4.Презентирање на резултатите во кратки извештаи од истражувањата.
-
[EM498] Превентива и социјален труд
Да се добијат продлабочени сознанија за превенцијата како основен и најдобар начин на заштита од ментални нарушувања, нарушувањата на поведението и други видови психосоцијални проблеми, методите и принципите на примарната, секундарната и терцијарната превенција. Да стекнат знаења за улогата на социјалните служби во подготовката и спроведувањето на превентивните програми, креирање превентивни програми, вклучување непрофесионалци во превентивните активности.
-
[EM499] Заштита на децата
Да се добијат продлабочени сознанија за правните аспекти на детската заштита (социјално-политичкиот и нормативно- институционалниот аспект), со фокус на основните права на децата утврдени во меѓународната и домашната легислатива, како и механизмите за нивна заштита.
-
[EM500] Решавање конфликти
Напредни знаења за научен пристап кон мирното решавање конфликти по пат на современи методи.
Да се запознае со алатките и активностите во врска со превентива на конфликтите, при што ќе биде во можност навремено да ги открие можните извори.
Стекнување соодветни знаења за активно учество во мировни процеси, како и подготовка на стратегија и тактика за успешни преговарачки вештини при процесот на преговори.
Примена на посебна методологија на стратегија и тактика на процесот на преговарање.
-
[EM501] Економија на социјална политика
Претставување на основните економски категории кои се важни за разбирање на економските и социјалните процеси. Да се стекнат сознанија и искуства во поврзувањето на економијата и социјалниот систем и влијанието врз општествените односи и политики.
-
[EM502] Основи на кризни интервенции во социјалната работа
Да стекнат продлабочени сознанија за базичните принцип и за методите на клиничката социјална работа, како и основните психосоцијални проблеми со кои се соочуваат пациентите за кои е неопходна хоспитализација и потребите на нивните семејства.
Да се добијат сознанија за социјалните фактори кои влијаат врз здравјето, пристапите и врз методите на социјалната работа со лица со различни здравствени проблеми во институционалната и вонинституционалната здравствена заштита, како и стекнување знаења за здравствените проблеми кои се последица од стрес.
Семестар 4
-
[MCPA4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.