Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Професионален менаџмент со логистика и синџир на набавка

Специјалистички стручни студии
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-SPEC-PLSCHM
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Специјалист по професионален менаџмент со логистика и синџир на набавка
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Ова програма претставува стручна студиска програма за логистика и менаџмент на синџир на снабдување, изрази што подразбираат интеграција на клучните бизнис-процеси од крајниот корисник преку добавувачите заради додавање вредност на фирмата, нејзините клучни членови на логистиката и синџирот на снабдување, за вклучање клиенти и други заинтересирани страни.

Оваа професионална студиска програма претставува рамка за логистика и менаџмент на  синџир на снабдување што бара кросфункционална интеграција на клучните бизнис процеси во рамките на фирмата и на целата мрежа на фирми. Професионалната студиска програмата се базира и врз практични студии на случаи и врз практиката во компаниите од полето на логистиката  и менаџментот на синџир на снабдување, од менаџерската перспектива и воведува концепти во формат корисен за донесување одлуки.

Основните поими, концепти и принципи се испитувани во однос на тоа како тие меѓусебно се поврзуваат и се склопуваат во рамките на фирмата и во логистиката и менаџментот на синџир на снабдување. Практиката и студиите на случај се земени од компаниите и од нивните корпоративни апликации на овие концепти за да се покаже како може да се имплементираат во логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување.

Успешната логистика и менаџментот на синџир на снабдување бараат кросфункционална интеграција на клучните бизнис-процеси во рамките на фирмата и во целата мрежа на фирми кои ги сочинуваат логистиката и синџирот на снабдување. Предизвикот е во тоа што преку студии на случај и преку практиката во компаниите ќе се утврдува како успешно да се постигне оваа интеграција. Се идентификува разликата меѓу логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување и се претставува рамка за логистика и менаџмент на синџир на снабдување. Наставната сесија ќе биде посветена на секој од процесите на логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување, како и на темите како што се: управувачки компоненти на логистиката; менаџмент на синџир на снабдување; електронско поврзување; интегрирање на стратегијата на логистиката и синџирот на снабдување во корпоративната стратегија; мапирање на логистиката и синџирот на снабдување; магацинско и дистрибуциско планирање; развој и имплементирање партнерства во локална и меѓународна логистика и во процеси на синџири на снабдување и имплементирање на логистиката и менаџмент на синџир на снабдување.
Оваа студиска програма им овозможува на студентите да стекнат теоретско и практично знаење за успешно справување со ситуации поврзани со логистиката и синџирот на снабдување. Оваа програма вклучува стекнување вештини од реалниот свет применливи во тековните и идните улоги. Дипломата по логистика и менаџирање со синџирот на снабдување нуди можност за вертикален пораст. Студентите стекнуваат професионална компетентност во оваа област што води кон подобрување на нивните работни вештини. По дипломирањето, студентите ќе бидат во можност да се вработат во различни бизнис-организации кои дејствуваат во овие областе, како што се трговија, транспорт, шпедиција и слично.

Оваа студиска програма им овозможува на студентите да стекнат теоретско и практично знаење за успешно справување со ситуации поврзани со логистиката и синџирот на снабдување. Оваа програма вклучува стекнување вештини од реалниот свет применливи во тековните и идните улоги. Дипломата по логистика и менаџирање со синџирот на снабдување нуди можност за вертикален пораст. Студентите стекнуваат професионална компетентност во оваа област што води кон подобрување на нивните работни вештини. По дипломирањето, студентите ќе бидат во можност да се вработат во различни бизнис-организации кои дејствуваат во овие областе, како што се трговија, транспорт, шпедиција и слично.

Знаење и разбирање

Студентите ќе демонстрираат темелно разбирање на структурата и внатрешниот промет на логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување на бизниси и претпријатија кои се движат со големина од мали до мултинационални. Тие ќе бидат во можност да го разберат и односот меѓу организацијата и економската средина и надворешниот пазар. Притоа, студентите ќе сфатат како менаџeрските одлуките имаат ефект врз  релевантните заинтересираните страни (stakeholders)  во и надвор од фирмата.

Примена на знаењето и разбирањето

Студентите ќе бидат во можност да интегрираат и да применат алатките и техниките на бизнис-логистиката и синџирот на снабдување, базирајќи се на широко познавање на главните функции на бизнисот (управување со стратегија, сметководство, пресметка, финансии, маркетинг, операционен менаџмент, информативни системи) за анализа и за решавање сложени деловни проблеми на логистиката и синџирот на снабдување и да се донесат одлуки со позитивен ефект врз фирмата.

Способност за проценка

Студентите ќе бидат во можност да направат процена врз основа на нивното темелно познавање на современите бизнис-аналитички алатки и критичко размислување за проблемите во логистиката и синџирот на снабдување од различни точки на гледање.

Комуникациски вештини

Студентите ќе бидат во можност да демонстрираат микросоцијални, лидерски и презентациски вештини за потребите за доживотен успех во кариерата. Изразуваат ефикасно самооценување, комуникација, презентација, како и соработка во рамките на организацијата.

Вештини на учење

Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки.
Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и  усовршување.

Семестар 1

  • [SPSM-0101] [6 ЕКТС] Организациски развој и раст
    Цели на предметната програма: Студентите да стекнат знаења за основните теории на раст и развој како и за начинот на справување со нив заради поефективна примена во системот. Акцентот ќе биде ставен и врз организирањето и функционирањето на институциите на економскиот систем кои се надлежни за раст и развојни политики. Опфатен е и начинот на ефикасно и ефективно делување на овие институции како при дизајнирање на политиките на раст и развој така и при нивната примена и мониторирање на нивните ефекти заради постојано подобрување на системот.
  • [SPSM-0102] [6 ЕКТС] Менаџмент на логистика
    Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат: - Да ги разберат појмовната определеност, значењето и содржината на логистиката и управувањето со синџирот на снабдување. - Да ги применуваат стекнатите знаења. - Да ги идентификуваат главните елементи на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност; да ги искористат потенцијалите на информациските системи за поддршка на управувањето на синџирот на снабдување и синџирот на создавање додадена вредност во производството. - Да ги разбираат методите на предвидување и да ги применат при предвидување на побарувачката. - Да ги познаваат и да ги применат методите на управување со резервите и набавките.
  • [SPSM-0103] [6 ЕКТС] Маркетинг - Mенаџмент
    Целта на предметот е да се подготват студентите да ги употребуваат и да ги применуваат 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг-елементи итн., производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Како значајно маркетинг-решение вклучува внимателната анализа на ситуацијата, интелигентна употреба на истражувањето, како и на принципите на маркетингот. Целта на предметот е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџментот, како и рамките за анализа на пазари, клиенти, конкуренти, како и интегрирањето на концепти со оригиналниот маркетинг-план.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPL-01] Меѓународна трговија
    • [ESPL-02] Купување и менаџмент на инвентар
    • [ESPL-03] Планирање и менаџмент на складови и дистрибутивни центри
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPL-01] Меѓународна трговија
    • [ESPL-02] Купување и менаџмент на инвентар
    • [ESPL-03] Планирање и менаџмент на складови и дистрибутивни центри
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPL-01] Меѓународна трговија
    • [ESPL-02] Купување и менаџмент на инвентар
    • [ESPL-03] Планирање и менаџмент на складови и дистрибутивни центри
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси

Семестар 2

  • [SPSM-0201] [6 ЕКТС] Сметководство на финансии
    Целта на предметот е развивање посебни вештини за соодветна примена на теоретските знаења на финансиско сметководство преку апликативен сметководствен софтвер усогласен со Законот за сметководство и со сметководствените стандардни кои се во сила во легислативата на Македонија. Обучување на студентите за една нагласена примена на компјутеризиран сметководствен софтвер како помагало за водење финансиска сметководствена евиденција кај микро, мали и средни деловни субјекти во Р. Македонија. Предвидено е: подготвување на сите финансиски и материјални документи потребни во секојдневната деловна активност на субјектите и брза реализација на финансиски извештаи како и финализирање на годишна пресметка на ТД за внатрешните потреби и потребите на клиентите, Централниот регистар и за УЈП на РМ. Студентите преку овој предмет стекнуваат нова можност, еден чекор до самовработување во своја идна сметководствена канцеларија или, пак, водење финансиско сметководство на нивните семејни бизниси. Остварувањето на овие цели ги зголемуваат атрибутите на студентите и ги прават поконкурентни на пазарот на трудот.
  • [SPSM-0202] [6 ЕКТС] Управување со синџирот на набавки
    Цели на предметната програма: Студентите стекнуваат знаења за целиот процес на менаџментот на синџирот на снабдување, од суровини до готов производ; анализа на конкретни логистички ситуации, дијагностицирање проблеми во синџирот на снабдување и предлагање aлтернативни решенија за решавање на овие проблеми; примена на SCOR-моделот; идентификување на главните елементи на менаџментот на синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност; примена на информациски технологии за интегрирање и управување со логистиката; интеракцијата меѓу Интернетот и менаџментот на синџирот на снабдување.
  • [SPSM-0204] [6 ЕКТС] Менаџмент на квалитет и перформанса
    Цели на предметната програма: - Да се совладаат основите на менаџирање квалитет. - Утврдување на статистичките методи на менаџирaње квалитет. - Да се биде во можност да се користат методите за менаџирaње со квалитетот; како и анализирање и решавање на проблемите во организацијата. - Идентификување на техниките на менаџирaње со квалитетот. - Методи на мерење на перформансите. - Награди за подобри перформанси.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPL-01] Меѓународна трговија
    • [ESPL-02] Купување и менаџмент на инвентар
    • [ESPL-03] Планирање и менаџмент на складови и дистрибутивни центри
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPL-01] Меѓународна трговија
    • [ESPL-02] Купување и менаџмент на инвентар
    • [ESPL-03] Планирање и менаџмент на складови и дистрибутивни центри
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPL-01] Меѓународна трговија
    • [ESPL-02] Купување и менаџмент на инвентар
    • [ESPL-03] Планирање и менаџмент на складови и дистрибутивни центри
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
Google+