Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Јавна администрација

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јавна администрација и политички науки
Код на програмата: N-MPAPAS120C
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Магистер по јавна администрација
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Студиската програма Јавна администрација е дизајнирана така што студентите се здобиваат со менаџерски, советодавни, политички, аналитички, правни знаења, вештини и компетенции, а кои би биле применливи во владини и во невладини организации.

Студиите по јавна администрација овозможуваат исполнување на образовните потреби за поддршка на студентите да ја започнат својата професионална кариера во: државните и локалните владини агенции, општините, јавните институции, училишните администрации, непрофитабилни организации, универзитети и претпријатија.  

Знаење и разбирање

- Има напредни знаења за теориите во јавната администрација, истражувањето и практиката.
- Има познавање и разбирање на компаративната јавна администрација на западните земји.
- Има длабоки разбирања за организацијата и функционирањето на јавната администрација во земјите членки на ЕУ.

Примена на знаењето и разбирањето

- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти, и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.

Способност за проценка

- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти, и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.

Комуникациски вештини

- Учествува во јавни дебати и медиуми, користејќи речник соодветен на професионално ниво.
- Пишува, предлага и раководи со истражувачки проекти во областа на јавната администрација.
- Ги користи модерните алатки за комуникација и нови теџнологии кога се работи со различни институции.  

Вештини на учење

- Е способен да ги идентификува личните потреби за автономна студија и истата да ја реализира на втономен наќин во област ана компаративната јавна админитрација.
- Да помогне во обука и развој на поединци за политички и административни позиции во јавниот сектор.
- Дакажува способност да ги разгледа моделите и класифицирање на информациите, концептите и теориите во јавната политика и администрацијата.
- Може да диајнира нов начин на работа во македонската јавна администрација користејќи ги компаративните предности.
- Има способност за планирање и организирање на функционирањето на јавна администрација и институциите во согласност со современите демократски системи.

Семестар 1

  • [EMPS1030] [6 ЕКТС] Анализа на јавни политики
    Предметот има за цел да им овозможи на студентите да ја дефинира и илустрира анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање на проблеми кои извлекува знаења од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
  • [MCPA01] [6 ЕКТС] Економија на јавен сектор
    Економијата во целина влијае врз тоа колку ефикасно се грижиме за нашата планета, врз иднината која што сакаме да бидеме дел од неа, врз ресурсите кои што ги имаме на располагање, врз тоа до кој степен се грижиме за сиромашните и за богатите. Но треба исклучиво да се потенцира дека економските принципи и концепции без разлика на нивото на развиеноста на економијата не се менуваат. Економија на јавниот сектор има за цел да ја дефинира економијата и улогата на државата во економијата, улогата на јавните институции во економијата. Има за цел да ја дефинира агрегатната понуда и агрегатната побарувачка, влијанието на фискалната и монетарната политика врз пазарите.
  • [MCPA02] [6 ЕКТС] Теоретската основа на јавната администрација
    Целтa на овој предмет е студентите да добијат јасна претстава за концептите релевантни за менаџирање на јавните институции како и за практиките на јавната администрација. Посебен осврт ќе биде ставен на природата и обемот на јавната администрација и на апликација на техниките на менаџементот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPA-01] Управување со невладиниот сектор
    • [EMPA-02] Креирање на политики во ЕУ
    • [EMPA-03] Проектен менаџмент и евалуација на програми во јавниот сектор
    • [EMPA-04] Правна регулатива на јавната администрација
    • [EMPA-05] Менаџирање со знаење во јавниот сектор
    • [EMPA-06] Управување и оптимизација на јавните ресурси
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCPA03] [6 ЕКТС] Регионална политика и структурните фондови на ЕУ
    Цели на предметот: - Разбирање на правилата и основата за регионална политика на ЕУ. - Стекнување знаење на инструментите на регионалната политика. - Способност да се укаже на факторите за регионален развој. - Способност да се споредат вредностите на регионалната политика и нејзините ефекти (во одредени земји). - Способност за анализа на односот на националната регионална политика за структурните и регионалните фондови на ЕУ. - Способност за идентификување на регионалните проблеми во ЕУ и во Македонија. - Разбирање на улогата на регионалната политика на ЕУ.
  • [CMPA03] [6 ЕКТС] Компаративнa јавнa aдминистрација
    Предметот е структуиран така што птретставува вовед во компаративната јавна администрација. Има за цел студентот да се воведе во структурата, однесувањето и процесите на јавната администрација во компаративна перспектива. Посебно внимание и акцент на истражувањето на улогата на административните системи во рамките на пошироките политички и демократски рамки во кои тие се воспоставени и функционираат. Вниманието ќе биде концентрирано и на изучување и истражување на поединечни управни и политички системи, со фокус на системот на либералните демократии.
  • [MCPA1041] [6 ЕКТС] Квалитативна и квантитативна анализа
    Целта на предметот е да се фокусира на два општи приоди кон анализа на податоците имено, квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа во однос на квалитативна анализа во која што се дефинира како оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи-или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Истотака овј предмет ќе ги анализира и преку студии на сучај ќе презентира методите на истражување, деловите на општественото научно истажување, приодите за истражувачки дизајн, спроведување на емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPA-01] Управување со невладиниот сектор
    • [EMPA-02] Креирање на политики во ЕУ
    • [EMPA-03] Проектен менаџмент и евалуација на програми во јавниот сектор
    • [EMPA-04] Правна регулатива на јавната администрација
    • [EMPA-05] Менаџирање со знаење во јавниот сектор
    • [EMPA-06] Управување и оптимизација на јавните ресурси
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и кавалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники,како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата.
  • [MCPA3010] [6 ЕКТС] Контрола на администрацијата
    Основна цел на предметната програма на Контрола на администрацијата, ќе биде студентите да се здобијат со информации за контролата и надзорот, субјектите на надзорот, видовите на надзор, постапката за вршење на надзор, внатрешната и надворешната контрола над органите на државната администрација, политичката контрола со сите правни инструменти за нејзино реализирање ( пратенички прашање, итерпелација, доверба на влада, анкетни комисии, уцојување на буџетот како значаен инструмент на политичката и правната контрола, контрола од страна на Јавниот Обвинител, Омбудсманот, општествената контрола, судката контрола преку постапките пред Административните судови. Сите овие институции ќе се проучуваат компаративно.
  • [MCPA2020] [6 ЕКТС] Јавен финансиски менаџмент
    Овој предмет има за цел да им ги претстави на студентите стандардите и практиките во финансиското работење на ГОи, методи на користење на фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на ГОи и опфаќа преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување на рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност помеѓу теоријата и практиките, прелгед на различни студии на случај и дизајниран е така да го побуди интересот на студентите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPA-01] Управување со невладиниот сектор
    • [EMPA-02] Креирање на политики во ЕУ
    • [EMPA-03] Проектен менаџмент и евалуација на програми во јавниот сектор
    • [EMPA-04] Правна регулатива на јавната администрација
    • [EMPA-05] Менаџирање со знаење во јавниот сектор
    • [EMPA-06] Управување и оптимизација на јавните ресурси
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPA-01] Управување со невладиниот сектор
    • [EMPA-02] Креирање на политики во ЕУ
    • [EMPA-03] Проектен менаџмент и евалуација на програми во јавниот сектор
    • [EMPA-04] Правна регулатива на јавната администрација
    • [EMPA-05] Менаџирање со знаење во јавниот сектор
    • [EMPA-06] Управување и оптимизација на јавните ресурси

Семестар 4

  • [PAPS-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана.
Google+