Програма: |
Внатрешен дизајн (2023/2024) |
| Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
| Факултет: | Современи науки и технологии |
| Код на програмата: | ID-180 |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Дипломиран по внатрешен дизајн |
| ЕКТС: | 180
(3 години)
Aкредитација
|
| Решение: |
Решение за почеток со работа
|
Факултетот за современи науки и технологии при УЈИЕ – Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерство, бизнис-информатиката, податочните науки, софтверското инженерство, архитектонските науки и политехничките науки. Оправданоста за воведување на новата студиска програма произлегува од следењето на препораките на Болоњската декларација и на процесите за имплементација на досегашните акредитирани програми. Имајќи ја предвид потребата за овозможување поширок избор на компатибилни студиски програми, истовремено оправдувајќи го концептот на мобилност на насоките и студентите, со оваа програма се овозможува селекција и избор на насока според афинитетите и способностите на секој поединечен студент.
Насоката е предвидено да одговори на барањето за поголема компатибилност со европските и со другите светски центри и универзитети на кои се изучува оваа студиска програма, истовремено усогласувајќи ја на конкретните пазарни услови. Посебно, што структурата на предложената студиска програма води од заеднички, кон посебни, концентрирани предмети кои ја дефинираат насоката врз основа на осознаени практики и знаења, а не врз основа на произволен избор. Постепеното совладување на материјалот континуирано го разделува вниманието од архитектонско-инженерскиот кон ликовно-визуелниот и историско-филозофскиот домен во образованието, како втор фактор на избор.
Студентите кои успешно ќе ја завршат програмата ќе можат да обезбедат искусни услуги за планирање кои вклучуваат: анализа на дизајнот, планирање на просторот и естетика, специјализирани знаења за внатрешна конструкција, градежни кодови, опрема, материјали и опремување.
Знаење и разбирање
- Покажува знаења и разбирање во полето на студирање коисе надоградуваатврз општото средно образование и квалификациите за влез во повисоко образование.
- Покажува знаење и разбирање потребно да се анализираат архитектонските и урбанистичките проблеми и да се синтетизираат во проектантски и планерски решенија за различни степени на комплексност, размер и тип на објекти и простори.
- Покажува знаење и разбирање за функционалните, психолошките и сетилните односи што постојат меѓу луѓето и внатрешниот простор и улогата на формата, бојата, материјалите и новите технологии во обликувањето на ентериерот.
- Покажува знаење и разбирање на принципитекои се однесуваат на материјалите, конструкциите, инсталациските системи и енергетските биланси и на нивна соодветна примена во проектирањето и изградбата на објектите.
- Покажува знаење и разбирање потребно за воспоставување соодветен однос кон градежнотонаследство во неговата заштита и ревитализација.
Примена на знаењето и разбирањето
- Стекнатите знаења и разбирањето на стручните проблеми може да ги примени во подготвување основни или други видови детални проекти или документација, од сите домени на архитектонскотоили урбанистичкотопланирање.
- Применува знаења и разбирањекои се темелат на познавањата на различните концепти од теоријата и историјата на архитектурата и градот и на современата теорија и практика во процесот на обликување на објектите, градовите и околината, имајќи ги предвид естетските барања, општествените потреби, како и барањата поврзани со животната средина.
Способност за проценка
- Покажува способност за прибирање, анализирање, оценувањеи презентирање информации, идеи и концепти од целосни, некомплетни или ограничени релевантни податоци, за клучните подрачја во процесот на планирање, проектирање и реализација на објектите и просторот.
- Покажува способност за избор на соодветни методи, алатки и вештини соодветни на конкретните услови и на различните степени на комплексност, размер и тип на објекти и простори.
Комуникациски вештини
- Покажува способност за комуникација и умешностда гиупотребуваграфичката, писменатаи усната комуникација во служба на пренесување на сопствените идеи и потребите на корисникот во процесот на создавање и реализацијата на проекти во областите на архитектурата и урбанизмот, како и во подрачјето на заштита и ревитализација на градежнотонаследство.
- Покажува способност за учество во стручни дискусии, користи консултации за специфични проблеми од комплементарните.
Вештини на учење
- Покажува способност за самостојно идентификување на своите потреби за континуирана едукација и професионален развој, се вклучува во современите форми на учење и запознавање со технолошките иновации и може критички да ја оцени соодветноста на методите за учење, нивното влијание врз знаењето, вештините, компетентноста и врз практиката релевантни за неговиот професионален развој
Семестар 1
-
[C2023]
[6 ЕКТС]
Основи на проектирање
Целта на предметот е студентите да се запознаат со процесот на архитектонското проектирање и анализа. Студентите ќе се запознаат со основните поими на архитектонска форма и простор, начинот на графичко претставување и нормативите на димензионирање на основните елементи на проектирање.
-
[C2352]
[6 ЕКТС]
Визуелно изразување I
Целта на предметот е продлабочено и унапредено запознавање студентите со методологиите и принципите на визуелното изразување во функција на потполна визуелна презентација на проектни задачи, идеи и концепти.
-
[C2353]
[6 ЕКТС]
Основи на дизајн студио
Цели на предметот: Поставување дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целовит, интегрален архитектонски проект, развивање чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
-
[6 ЕКТС]
Изборен/Дигитални компетенции
- [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [E2694] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [EWC-01] Креирање веб-страници
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [E2609] Гугл апликации за едукација
- [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
- [E2742] Вовед во сајбер безбедност
Семестар 2
-
[C2354]
[6 ЕКТС]
Визуелно изразување II
Цели на предметот: Во рамките на предметот визуелно изразување II студентите откако ќе се стекнат со знаења за методологиите и принципите на визуелното изразување I ќе започнат да ја ставаат во функција фантазијата и креативноста, ќе почнат да размислуваат и да создаваат независни имагинативни креативни композиции. Ќе се проучуваат специфичните можности за изразување со употреба на техники и материјали различни од традиционалните графички техники и ќе се употребуваат нови современи материјали и медиуми, со цел да се препознае индивидуалноста и независноста во чинот на изразување и креативноста.
-
[C2355]
[6 ЕКТС]
Нацртна геометрија и перспектива
Целта на предметот е студентот да се запознае со начинот на графичко претставување на геометриските облици и тела, нивната геометриска анализа, нивните трансформации и ротации низ технички цртежи.
-
[C2028]
[6 ЕКТС]
Принципи на проектирање
Целта на предметот е студентите да се запознаaт со основната методологија на архитектонското проектирање и анализа преку изучување на системите на архитектонскиот објект/простор: просторно-функционален, конструктивен, циркулационен и обвивен систем. Студентите се запознаваат со основните принципи на композиција на архитектонскиот простор како: оска, симетрија, хиерархија, датум, ритам, трансформација.
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
-
[6 ЕКТС]
Изборен/Дигитални компетенции
- [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [E2694] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [EWC-01] Креирање веб-страници
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [E2609] Гугл апликации за едукација
- [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
- [E2742] Вовед во сајбер безбедност
Семестар 3
-
[C2356]
[6 ЕКТС]
Историја на цивилизацијата
Цели на предметот: Предметот е преглед на главните цивилизации во светот од првите развиени општества во Месопотамија и Египет (3500 п.н.е.) преку Европските цивилизации од средниот век, Европската ренесанса, се до современите цивилизации. Во рамките на предметот ќе се анализираат социјалните, политичките, економските и технолошките настани кои ги обликувале светските општества. Студентите, исто така, ќе се запознаат и со основните теоретски рамки, како и со развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот од нивните почетоци до современиот век. Во рамките на предметот се претставени најважните историски и стилски периоди, уникатни стилови како производи од нивото на развој на технологијата, науката и културата, особено важни за развојот на архитектурата и општата уметност.
-
[C2526]
[6 ЕКТС]
Компјутерски помогнато проектирање
Главната цел на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на компјутерски потпомогнат дизајн (Computer aided design - CAD). Преку програмски пакети на CAD студентите ќе се подготват за целосна тридимензионална архитектура на приказ. Компјутерски потпомогнатиот дизајн (CAD) овозможува на системите повеќе можни решенија, оценувајќи ги и по потреба коригирајќи го дизајнот. Елементи на 2D и 3D графика, елементи на тридимензионални слоеви на компјутерска слика, основни графички елементи на проекции, погледи, пресеци, трансформации, ротација и перспектива ќе бидат дел од овој предмет, но и користењето алатки за цртање на структурни елементи.
-
[C2034]
[6 ЕКТС]
Проектирање на објекти за едносемејно домување
Целите на овој предмет се да се научи начинот на проектирање на индивидуални семејни куќи. Од условите на локацијата се практикуваат видовите и методите на пристап до локација, урбанистичко-планските услови и законската регулатива, ограничувања на големината и висината на објектот. Од дефинирањето на условите за урбанистичко планирање, се започнува со проектантските архитектонски услови и предиспозиции – формирање и дизајнирање на индивидуална куќа, во согласност со условите за едно семејство. Функцијата е најважниот дел при проектирање на еден објект; објектот мора да ги исполнува елементарните услови за дефинирање на внатрешните простори и најдобриот начин за нивно поврзување. По завршувањето на овој предмет се очекува студентот да добие основни знаења за проектирање на индивидуални куќи.
-
[C2035]
[6 ЕКТС]
Конструктивен дизајн во архитектура I
Целта на предметот е студентите да се запознаат со елементите на конструкции, материјалите од кои се изведуваат конструкциите, како и конструктивно решавање на едноставни архитектонски основи, пресеци, изгледи и др., со предностите и недостатоците на бетонските конструкции, различните видови малтери, дрвените меѓукатни конструкции и решетки.
-
[C2069]
[3 ЕКТС]
Усна комуникација
Цели на предметот се студентите: - Да развијат вештини за вербална комуникација; - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема; - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација; - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми; - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 4
-
[C2357]
[6 ЕКТС]
Историја на дизајнот
Цели на предметот: Во овој предмет се следи еволуцијата на дизајнот на ентериер од антиката до раниот модерен век. Во оваа тема, внатрешните простори се истражуваат во однос на нивните социјални, политички, културни и архитектонски контексти. Во фокусот на овој предмет се светската култура и преносот на идеи помеѓу континентите и културите кои го обликуваа размислувањето за внатрешниот простор. Студентите ќе можат да истражат како поимите за раса, пол и идентитет се развиле како одговор на овој културен контакт и со нагласување на домашните и светските простори. Целта на овој предмет е да се прошири традиционалниот акцент на пирамидите, катедралите и храмовите со цел студентите да стекнат поцелосно чувство за генеалогијата на современиот архитектонски внатрешен простор.
-
[C2358]
[6 ЕКТС]
Основни принципи на внатрешно уредување
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со теоријата и современите тенденции на областа на внатрешниот дизајн на архитектонскиот простор - внатрешното уредување. Со предметната програма се предвидува анализа и дизајнирање на внатрешен простор за домување, со посебен акцент на функционалните и естетските барања како и човечкиот фактор - антропометријата како клучен фактор при уредување на внатрешниот простор за домување.
-
[C2597]
[6 ЕКТС]
Компјутерски 3D моделирање и виртуелна реалност
Целта на овој предмет е студентите да стекнат темелна применета основа во практиката на 3D моделирање и неговата употреба во виртуелната реалност (ВР). Студентите ќе научат како да дизајнираат и генерираат 3D содржина за виртуелна реалност користејќи најсовремени алатки и техники. Студентите ќе научат да спроведуваат практики на работа во 3Д моделирање и да управуваат со процесот на рендерирање. Ќе се изучуваат различни техники на моделирање од рачно рендерирање, 3D скулптура до автоматско прикажување на објекти од мали и големи размери. Студентите ќе научат како да развиваат ВР средини, да генерираат напредни сцени и да ги распоредат овие ВР средини.
-
[C2039]
[6 ЕКТС]
Проектирање на објекти за повеќесемејно домување
Целта на предметот е студентите да ги научат теоријата и современите тенденции во областа на проектирањето на колективните станбени објекти, ставајќи ги во контекст на урбаното опкружување, земајќи ги во предвид параметрите на проектирање и урбанизам во архитектура.
-
[C2070]
[3 ЕКТС]
Писмена комуникација
Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 5
-
[C2359]
[6 ЕКТС]
Инсталации во внатрешно уредување
Цели на предметот: Запознавање со логиката на запазување на целината на конструкции за градење преку нивната инфраструктура со цел на создавање целосни функционални системи наспроти естетските побарувања. Вметнување и прилагодување на инфраструктурата со трајни и приспособливи елементи со крајна цел обезбедување одржливи средини.
-
[C2045]
[6 ЕКТС]
Проектирање на објекти од колективно домување
Целта на предметот е студентите да се запознаат со процесот на архитектонското проектирање, анализа и дизајн на колективните згради за времено домување. Студентот треба да се здобие со основните теоретски и практични знаења за стандардите и принципите на архитектонското проектирање и внатрешен дизајн на објекти за колективно времено домување, да развие способности за анализа и проектирање на сложени програми во реален контекст, кај зградите за колективно времено домување- хотели.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-101] Вовед во јавна администрација
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [CPA-302] Вовед во јавни политики
- [CLE-101] Вовед во право
- [ELE-708] Вовед во криминалистика
- [C2298] Трудово право
- [EFE-132] Човекови права и слободи
- [CLE-203] Правно пишување и образложување
- [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
- [ELE-408] Семејно насилство
- [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
- [CCS-102] Интернет технологии
- [CCS-402] Применета веројатност и статистика
- [ECS-500] Е-трговија
- [CISM2021] Вовед во информациски системи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-105] Германски јазик 1-4
- [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [ECM-602] Медиуми и општество
- [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
- [CBE-103] Принципи на менаџмент
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBE-408] Менаџмент на проект
- [EBE-403] Бизнис-план
- [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
- [EF999] Француски јазик 1-2-3
- [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ECE-02] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- [E2530] Белетристика и забава
- [E2531] Англиска литература и филм
- [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
- [E2739] Етика во јавни институции
- Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- Критичко резонирање и размислување
- [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
- [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
Семестар 6
-
[C2360]
[6 ЕКТС]
Дипломска работа
Дипломската работа претставува сублимација на стекнатите знаења во текот на студиите. Се работи со конкретна проектантска програма во конкретен физички контекст. Предложеното решение на реалниот проектантски проблем треба да е иновативно и да е составено од хармонични целини, теоретски и практични. Овој труд има за цел да ги поттикне истражувањето и пронаоѓањето на личното проектантско изразување, како и начинот на комуникација и претставување на конкретен проект како целина.
-
[C2050]
[6 ЕКТС]
Проектирање на јавни згради
Целта на предметот е студентите да ги стекнат основните познавања во теоријата и современите тенденции во областа на проектирање на јавни објекти, ставајќи ги во контекст на урбаното опкружување.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-101] Вовед во јавна администрација
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [CPA-302] Вовед во јавни политики
- [CLE-101] Вовед во право
- [ELE-708] Вовед во криминалистика
- [C2298] Трудово право
- [EFE-132] Човекови права и слободи
- [CLE-203] Правно пишување и образложување
- [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
- [ELE-408] Семејно насилство
- [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
- [CCS-102] Интернет технологии
- [CCS-402] Применета веројатност и статистика
- [ECS-500] Е-трговија
- [CISM2021] Вовед во информациски системи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-105] Германски јазик 1-4
- [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [ECM-602] Медиуми и општество
- [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
- [CBE-103] Принципи на менаџмент
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBE-408] Менаџмент на проект
- [EBE-403] Бизнис-план
- [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
- [EF999] Француски јазик 1-2-3
- [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ECE-02] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- [E2530] Белетристика и забава
- [E2531] Англиска литература и филм
- [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
- [E2739] Етика во јавни институции
- Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- Критичко резонирање и размислување
- [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
- [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
