COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Студии за физиотерапија

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Факултет за здравствени науки
Код на програмата: PHS
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Дипломиран физиотерапевт
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение:

Целта на едукацијата на физиотерапевтот е задоволување на здравствените потреби на поединецот, групата и целокупната општествена заедница и тоа:

  • чување и унапредување на здравјето на луѓето, децата, изнемоштените, онеспособените и инвалидизираните лица;
  • превенирање на многу заболувања со физичка активност и здрав начин на живот, современолекување без инвазивниметоди со апликација на физиотерапевтски  процедури,сотерапевтски ефект;
  • здравствено-воспитна активност;
  • работа во здравствени тимови, заводи за рехабилитација и одделенија за физикална терапија и рехабилитација;
  • развој на физиотерапевтската паркса низ методите на истражување.

Целта за образование во областа на физиотерапијата е улогата што физиотерапевтот ја има во средината во која живее и работи, определбата да му помага на поединецот, групата и семејството, за да ги утврдат и остварат своите физички, ментални и општествени потреби и способности. Од физиотерапевтот се бара да ги практикува и развива функциите, кои го превенираат и одржуваат здравјето, превенција од болести и овозможуваат примена на современите терапевтски и рехабилитациони постапки. Физиотерапевтот е главен носител на активностите на медицинската гимнастика во физиотерапевтскиот третман.


Знаење и разбирање

Препознава и помни добро воспоставени тематски области кои се поврзани со полињата на фундаменталните науки, посебно предметите анатомија и кинезиологија и предметите во полињата и областите од клиничка медицина, значајни за медицинската едукација в о физиотерапевтската професија;

Се вклучува во расправа за клучни аспекти, потреби и проблеми во физиотерапевтската пракса низ методите на истражување.

Следи стручни и научни истражувања од областа на физикалната терапија и рехабилитација.

Општествената потреба на земјата да располага со високо едуцирани физиотерапевти, кои ќе ги ангажира во решавањето на здравствените потреби и проблеми кај населението.

Примена на знаењето и разбирањето

Работи самостојно и како член на тимот во областа на рехабилитацијата;

Споредначелото „Кинезитерапија за сите“ ја спроведува кинезитерапијата во социјалнитеи просветните установи, специјални заводи и училишта како и во домашни условисо цел за психоцијално прилагодување на условите во кои пациентот или лицето сосмалена работна способност и способност за самозгрижување го продолжи својотживот што посамостојно;

Ја користи физикалната терапија како метода налекување и ја проценува техниката и методите на апликации;

Самостојноприменува кинезитерапија и проценува дозирање, траење и оптеретување со цел заоспособување на функционалната активност во секојдневниот живот и работа на

лицата со онеспособување;

Самостојно врши подготовка на планот и програмата за

оспособување;

Ја проценува функционалната активност на лицата со онеспособување при штокористи објективни методи на проценка;

Врши избор на најповолни методи нафизикална терапија и кинезитерапија;

Ги следи резултатите на функционалните активности; Воспоставува и одржуватакви односи со пациентот кои ќе одржуваат неопходен степен на мотивација заактивна соработка во текот на терапијата и рехабилитацијата; Превенира развој напречки во однесувањето кои се последица на физичкиот хендикеп на пациентот;

Се грижи за едукација на околината во која пациентот или инвалидното лице сенаоѓа со примена на основните превентивни постапки во однос на интензитет напомошта и самопомошта на пациентот;

Се оспособува за моторичка примена насите концепции на кинезитерапијата кои се применуваат денес и на сите физикалнипомагала и помагала во кинезитерапијата;

Поставување на физиотерапевтот во функција на водечка улога во организацијатана одделни форми на работа (координирање на работата и активностите на средно-медицинскиот,високостручниотмедицински кадар и немедицинскиот кадар),

Работа во областа на превенцијата, лекувањето, негата, рехабилитацијата и

Решавањето на проблемите надвор од здравствената организација(институционално и во домашни услови);

Подготвеност за пазарот на трудот и меѓуинституционалната подвижност ворамките на земјата и пошироко.

Способност за проценка

Ги анализира состојбите во здравството во доменот на физикалната терапија ирехабилитација и прави проценка во поглед на примената на методите и техникитена апликација при третманот на пациентот;

Прави соодветна проценка при примена на знаење од областа на стручнитепредмети при што доследно ја следи медицинската етика и деонтологија, грижејќисе за чување на медицинската тајна;

Успешно ја спојува теоријата со праксата, истражува во пронаоѓањето нафакторите на ризик за појава на болеста и на тој начин помага во разрешување наздравствените проблеми кои се во доменот на физиотерапевтскатапрофесија.

Има способности за проценка и донесување на одлуки од областа наекспертиза, во комплексен амбиент и со висок степен на сложеност.

Комуникациски вештини

Комуникациските вештини ги применува ефективно за време на работа во тимот,во комуникација со пациентот и семејството при изведување на терапискиот ирехабилитационен третман;

Зема активно учество во домашни и меѓународни физиотерапевтски асоцијации;

Учествува во тимска работа, активно соработува во работа на група, честа формана работа во здравствена заштита, преку споделување на одговорности и разниактивности.

Вештини на учење

Континуирано ги следи најновите медицински научни достигнувања и учествува воизработка на стручни трудови и ги презентира на разни секции, семинари,конференции, конгреси итн;

Преземаиницијатива за постојано професионално унапредување, со висок степен

на самостојност во донесувањето одлуки во доменот на својата професија, како итенденција за пренесување на знаењето и вештините на своите колеги;

Развива интерес за стручни истражувања, усовршување на техниките и принципитена кинезитерапијата како и интерес за лично континуирано усовршување;

Значаенмомент во работата на физиотерапевтот е неговиот одговорен однос кон пациентот,соработниците и членовите на тимот за рехабилитација.

Семестар 1

  • [C2343] [6 ЕКТС] Физиологија и неврофизиологија
    Целта на предметот е студентите да се стекнат со основни теоретски како и практични знаење и познавања за основните принципи од областа физиологијата на човекот, преку запознавање со карактеристиките и функцијата на органите и органските системи кај човекот, механизмите на контрола на истити.
  • [C2341] [4 ЕКТС] Основи на физиотерапија на возрасни и деца
    Цели на предметната програма: - Анализирање на активности во системот на здравствена заштита (болница и видови на болнички установи); - Опишување на карактеристики на болничка соба и манипулации со постелнина и облека; - Водење на медицинска документација и евиденција; - Администрирање и санитарна обработка при прием на болен; - Применување на постапки за различни положби во леглото и транспорт на болниот; - Одржување на лична хигиена и тоалета кај болен што е неподвижен; - Планирање и тимско спроведување на техники за превенција од појава на физички неудобности; - Требување и спроведување на различни хигиено-диететски режими и типови на вештачка исхрана; - Учествување во лекарска визита; - Објаснување, идентификување и примена на медицински инструменти; - Спроведување на методи на асепса, антисепса. дезинфекција и стерилизација - Опишување, подготвување и употреба на медицински материјал за преврзување; - Анализирање и следење на патолошки субјективни и објективни симптоми кај болниот; - Мерење, бележење и опсервирање на патолошки и физиолошки вредности на виталните функции(пулс. телесна температура, крвен притисок и дишење); - Опсервирање, бележење и дистрибуција на излачевини; - Требување, чување и апликација на лекови; - Применување на здравствена етика и доверливост со здравствениот тим; - Спроведување на правилна заштита на работната и пошироката околина; - Познавање и применување на правила за превенција на интрахоспитални инфекции;
  • [C2271] [3 ЕКТС] Лабораторија 1 - Кабинетски вежби
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка.
  • [C2255] [2 ЕКТС] Индивидуално здравје, физичко здравје и развој
    Во текот на студирањето на предметот се здобиваат основни знаења и познавања за индивидуалното здравје, неговата физичка, духовна и социјална суштина, здравствената јавност и поединецот, сваќање на здравјето како единство на духовна, физичка и генетска компонента, запознавање со поимите: култура на личноста, сеопфатно развиена личност, физичка култура на личноста; холистички пристап на здравјето како механизам на подобрување на здравјето на секој поединец и општество како целина. Основни познавања за најраниот развој на личноста и телото на дете и возрасен, како и базични познавања за теории на развојот.
  • [C2342] [6 ЕКТС] Основи на физиотерапија, биомеханика и кинезиологија со патокинезиологија
    Во делот на Физиотерапија, студентите треба да стекнат основни познавања и знаења за вештачките извори на физикалните агенси, нивното користње во физикалната терапија, начинот на добивање, биолошкото ифизиолошкото дејство на физикалните агенси, нивното дозирање, како и индикациите и контраиндикациите при нивна примена, се запознаваат со начините на апликацијата на физикалните агенси, како и со опасностите и можните грешки при работа. Стекнуваат сфакања за улогата на физикалната терапија во процесот на рехабилитацијата на повредените и заболените. Во делот на кинезиологија со патокинезиологија, студентите стекнуваат базични знаења за вежбањето кое има за цел подобрување на здравјето, оптималниот развој на човечките карактеристики, способности и моторни вештини и нивното одржување, спречување на предвремено опаѓање на одредени антрополошки карактеристики и моторни знаења преку 4 различни области: кинезиолошка рекреација; Кинезитерапијата; Кинезиолошкото образование; спорт. Основни познавања за Кинезиолошката психологија. Во делон за Патокинезиологијата се здобиваат основните познавања на најзачестените отстапувања од нормалното телесно функционирање на човековото тело.
  • [C2252] [6 ЕКТС] Анатомија и хистологија
    Цели на предметната програма: Запознавање со анатомијата како морфолошка наука, совладување на стручната терминологија, комплетно изучување на локомоторниот систем на екстремитети. Запознавање со анатомијата на градниот кош, абдоменот и карлицата, како синтопските, скелетотопските и холотопските соодноси на органите во овие телесни празнини.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет од јазици
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [E2696] Медицински англиски
    • [E2718] Германски јазик 1
    • [E2719] Германски јазик 2
    • [E2720] Германски јазик 3
    • [E2721] Германски јазик 4
    • [E2697] Медицински германски
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Macedonian Language for Beginners 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 2

  • [C2264] [6 ЕКТС] Кинезитерапија
    Студентите треба да се стекнат со основните принципи на примената на кинезитерапијата во терапија и профилакса во медицинската рехабилитација, стекнува знаења за позитивното дејство на кинезитерапијата врз психичката и социјалната состојба на болниот, се запознаваат со методите на кинезитерапијата и со средствата во кинезитерапијата. Треба да се оспособат за тестирање на функциите во кинезитерапијата, се здобиваат со познавања за индикацииите и контраиндикациите во кинезитерапијата како и увид во ефикасноста на кинезитерапијата во взаемност со другите физикални агенси и пристапи.
  • [C2265] [5 ЕКТС] Теорија и историја на окупациона терапија и вклученост во секојдневните активности
    Студентите треба да се стекнат со основни познавања од историскиот развој на идејата за работната терапија како и практичните примени на разни пристапи и методи по разните историјски периоди на човековата историја. Од период на Антика, преку просветителство и напредните идеи на тој период, се до модерното време и начин на пристап кон работната терапија како и нејзината имплементација во секојдневниот живот и едукацијата како и студии за науката на работната терапија.
  • [C2266] [8 ЕКТС] Дијагностика и процедури во окупациона терапија
    Студентите треба да се стекнат со основни познавања од доменот на зајакнување на капацитетите, вештините, компетенции како и за поддршката на професионалната рехабилитација и социјална инклузија на лицата со најчестите повреди и попречености во работењето. Правила за професионална рехабилитација и услуги за лична асистенција, обезбедување на сервиси за професионална рехабилитација, помош на вработени лица во задржување на работна позиција или стекнување со работа. Познавања на препораки за работодавците, Индивидуална проценки на функционалниот капацитет, усогласеноста со личноста и околината-поддржувачка работна средина, интервенции во професионалната рехабилитација во развој на самоувереност; комуникациски и интерперсонални вештини; контролирање на гневот; и управување со стресот преку тенники на Професионална психологија, Физиотерапија, Кинезиологија, лекари на труд, Стручна рехабилитација.
  • [C2272] [8 ЕКТС] Лабораторија 2 - Неврофизиологија, Невропсихологија и Невроразвој
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2701] Невроразвојни нарушувања кај доенчиња и деца
    • [E2703] Мануална терапија и фитнес
    • [E2705] Спортска медицина
    • [E2706] Алтернативни физиотерапевтски методи (Остеопатија Киропрактика Акупунктура и Cupping)
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
    • [E2696] Медицински англиски
    • [E2697] Mедицински германски

Семестар 3

  • [C2273] [5 ЕКТС] Лабораторија 3 - Физиотерапија во психосоцијални области
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка.
  • [C2267] [8 ЕКТС] Физиотерапевтска здравствена нега во хирургија, ортопедија со трауматологија
    Цели на предметната програма: Совладување на општо хируршките принципи и совладување на општо хируршките принципи на абдомен и торакс. Запознавање со основите од ортопедија и трауматологија за медицински сестри/медицински техничари од општа практика.
  • [C2269] [8 ЕКТС] Здравствена нега кај пациенти со интернистички болести
    Цели на предметната програма: Стекнување основни теоретски и практични знаења и познавања за основните интернистички состојби и болести со цел подобро осознавање на основните принципи на здравствена нега на болните со интернистички заболувања. Стекнување со вештина за практична примена на научените теоретски знаења за здравствена нега соодветна на одредените интернистички заболувања и спецификите на нивото на здравствена нега.
  • [C2268] [6 ЕКТС] Здравствена рехабилитација и физикална терапија
    Цели на предметната програма: Преку теоретски наставни единици студентите ќе се едуцираат што е реахбилитациона медицина, кои и се целите, каде се применува и кои се најновите препораки по кои се практикува, кај пациенти со различна патологија. Со цел подобро утврдување на материјалот, кратко повторување на теоретскиот дел од областа на патогенезата, клиничката слика и терапијата на најчестите болести и состојби за кои е неопходна рехаблитација. Посебно внимание се посветува на дефинирање на улогата на медицинската сестра во рехабилитациониот процес. Во текот на практичната работа студентите треба да се стекнат со: вештини за правилен пристап кон пациентите и тријажа на истите. Преку примери од праксата ќе бидат вклучени во планирање и разработка на индивидуализирани планови за рехабилиатција кај пациенти со различна патологија. Идните сестри техничари ќе се стекнат со знаења за подршка на пациентите во тек на реахабилитациониот процес.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2701] Невроразвојни нарушувања кај доенчиња и деца
    • [E2703] Мануална терапија и фитнес
    • [E2705] Спортска медицина
    • [E2706] Алтернативни физиотерапевтски методи (Остеопатија Киропрактика Акупунктура и Cupping)
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика

Семестар 4

  • [C2280] [5 ЕКТС] Лабораторија 4 - Физиотерапија во окупациона рехабилитација
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка.
  • [C2278] [6 ЕКТС] Техники на физиотерапевтски третман
    Студентите треба да добијат основни познавања за разните техники користени при физиотерапевтски третман, како: Акупунктура, Водна терапија (хидротерапија), Аеробни активности, Кардиопулмонална, Сува игла, Контрола на едем (капка), Електрична стимулација (електротерапија), Терапија со топлина и студ, Вежби на подот, Мануелна терапија, Тренинг за движење и/или одење, Тренинг за стабилизација и/или рамнотежа (Вестибуларна терапија), Терапевтски ултразвук, Тренинг со тегови, Работа стврднување и слични.
  • [C2279] [6 ЕКТС] Природни физиотерапевтски методи, климатотерапија, балнеологија со хидротерапија
    Студентите ќе се запознаат со основните природни методи на терапевтски пристапи како климатерична терапија, хидро и балнеотерапијата како составен дел на физикалната терапија, ќе ја изучуваат климатотерапијата, класификацијата на минералните води, нивните механизми на дејствување врз човечкиот организам, како и методите и начините на нивна примена, различните видови минерални води, нивниот состав и физиолошко дејство врз организмот. Во вториот дел ќе се изучуваат различните техники, методи и пристапи во балнеотерапијата, дозирањето во хидротерапијата и основните принципи за комбинирање на водата со останатите физикалните фактори и правилата за составување на физиотерапевтска програма во зависност од дијагнозата и општата состојба на пациентот. Во склоп на наставната програма се вклучени и термините СПА, таласотерапија, пелоидотерапија, вапотерапија, псамотерапија, климатологија и сл.
  • [C2276] [4 ЕКТС] Психологија и социологија на здравје и болест
    Стекнување на основни знаења за функционирањето на здрава како и патолошки променета личност, стучна подготовка за основите на здравствената психологија за сестри и физотерапевти и импликациите во комуникацијата помеѓу пациент и стручно лице во општата медицинска нега со посебен осврт на грижа за лица со психолошки нарушувања. Обезбедување на теоретски и практични познавања од областа на медицинската психологија, знаења за влијанието на психичките фактори врз здравјето и болеста, како и влијанието на болеста и соматските потешкотии врз развојот на психичките проблеми, компетенции за давање подршка на пациентите, однос кон здравјето, учествување во организација на превентивни здравствени програми, одржување и промоција на менталното здравје, пристап на пациентот, примена на комуникациски вештини за воспоставување на контакт со болен. Вовед во основните принципи на медицинската етика, односот лакар-пациент и лакар-лекар, Социјални детерминанти на здравјето, здравствени политики, социолошки контекст на здравје и болест, стрес, семејно насилство, насилство/злоупотреба на децата, родово базирано насилство, насилство во заедницата.
  • [C2277] [6 ЕКТС] Онкологија и радиолошки техники
    Студентот се запознава со значењето и употребата на најсовремените технички методи при дијагностика и терапија во медицината, со посебен акцент на улогата на медицинската сестра/техничар во подготовка и спроведување на методите.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2701] Невроразвојни нарушувања кај доенчиња и деца
    • [E2703] Мануална терапија и фитнес
    • [E2705] Спортска медицина
    • [E2706] Алтернативни физиотерапевтски методи (Остеопатија Киропрактика Акупунктура и Cupping)
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика

Семестар 5

  • [E2704] [4 ЕКТС] Ортопедски помагала, Kinesio Taping кај деца и возрасни
    Запознавање со основите за ортози како и ортопедски помагала, протези, имобилизација, контрола на насоката на движење, потпора, превенција и корекција на деформитети, помош за функцијата, статички и динамички ортози. Лентата за кинезитејпинг, рана мобилизација на фрактури или повреди на мекото ткиво, положба и вектори на сила, намалување на напнатоста / оптоварувањето во постурална корекција.  
  • [C2284] [6 ЕКТС] Организација, управување и лидерство во здравството
    Цели на предметната програма е студентот: • да се здобие со знаење за основите на oрганизацијата, управувањето и лидерството во здравствената нега и сестринството, организациски и менаџерски појмови, процеси и функции; • да ја осознае улогата и важноста на организацијата на работата во здравствената нега и сестринската дејност и управувањето во здравството; • да се запознае со теоретските и практични модели на организирање на здравствената нега и сестринската дејност на разни нивои на здравство; • да се оспособи за критичка анализа на праксата во однос на теоретските принципи; • да се оспособи за анализа на индивидуални организациони проблеми во практиката, како и да биде оспособен врз основа на теоретските знаења да предлага можни разрешувања на проблемите.
  • [C2283] [6 ЕКТС] Домашна нега и геријатрија
    Цели на предметната програма: • Организирање на работа во домашна здравствена заштита; • Проценка на потребата од домашна здравствена заштита; • Процедури за домашна здравствена заштита; • Етички аспекти на работа во домот на пациентот; • Евалуација на планираните домашни здравствени интервенции на пациентот.
  • [C2282] [6 ЕКТС] Здравствена нега во менталното здравје, психијатрија и неврологија
    Целта на изучување на овој предемет е студентите да се здобијат со основите на дијагноза, терапија и профилакса на невролошки и психијатриски болни, со посебен осврт на улогата на физиотерапевтот.
  • [C2286] [5 ЕКТС] Лабораторија 5 - Гинекологија и хирургија
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2701] Невроразвојни нарушувања кај доенчиња и деца
    • [E2703] Мануална терапија и фитнес
    • [E2705] Спортска медицина
    • [E2706] Алтернативни физиотерапевтски методи (Остеопатија Киропрактика Акупунктура и Cupping)
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика

Семестар 6

  • [C2289] [6 ЕКТС] Физикална терапија во ревматологија
    Во реализацијата на програмата студентите се здобиваат со познавања за улогата на физиотерапевтот во рамките намултидисциплинарниот третман на ревматолошки болести и пациент, стекнува разбирање за применетите физиотерапевтски методи кај хронично болни пациенти со цел да се контролира болката, деформитетите и да се одржува функционалната независност. Можностите на вракање на функционалност во состојбата на пациентот.
  • [C2287] [8 ЕКТС] Здравствена нега во гинекологија и акушерство
    Стекнување на основни вештини и способности неопходни за медицински техничари како и стручна подогтвеност за давање на квалитетна здраствена услуга на пациенти од полето на гинекологија и акушерство.
  • [C2305] [5 ЕКТС] Capstone Project
    Во овој предмет студентите ќе работат на комплетирање на применет или теориски проект.
  • [C2290] [8 ЕКТС] Лабораторија 6 - Ортопедија, ревматологија и геријатрија
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2701] Невроразвојни нарушувања кај доенчиња и деца
    • [E2703] Мануална терапија и фитнес
    • [E2705] Спортска медицина
    • [E2706] Алтернативни физиотерапевтски методи (Остеопатија Киропрактика Акупунктура и Cupping)
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
Google+