COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Општа медицинска сестра

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Факултет за здравствени науки
Код на програмата: NS
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Дипломирана медицинска сестра / Дипломиран медицински техничар
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение:

Целта на едукацијата на сестрата е задоволување на здравствените потреби на поединецот, групата и целокупната општествена заедница и тоа:

  • проучувањето на влијанието на ризичните фактори од средината;
  • обезбедување здравствена заштита на одделни групи од населението (доенчиња, мали и предучилишни деца, училишни деца и младинци, жени, стари лица работници, спортисти, лица попречени во психофизичкиот развој и други);
  • превенција, лекување и рехабилитација на заболените од хроничните незаразни болести;
  • рано откривање, спречување и сузбивање на заразните болести;
  • контролни прегледи, со цел рано откривање на заболувањата и превенирање на повредите кај спортистите;
  • спроведување на итна медицинска помош и домашно лекување;
  • поливалентна патронажна дејност и др.

Земајќи ја во предвид констатацијата дека во стручното образование повеќе внимание се посветува на теоретските знаења, а помалку на практичните вештини и компетенции на студентите, како и недоволната вклученост на работодавачите во целиот процес на образование и обука, наша цел е преку стручната студиска програма “Општа медицинска сестра”да придонесеме кон горенаведените предизвици со што фокусот на наставата ќе се ориентира повеќе кон часовите по практична настава, односно клиничката настава.

Медицинските сестри ја сочинуваат најголемата работна сила во индустријата за клиничка здравствена заштита. Кариерите на  медицинските сестри нудат широк спектар на улоги и широк спектар на одговорности.

Тие тесно соработуваат со лекарите како составен дел од нивниот тим за здравствена заштита на пациентите. Лекарот носи некои клучни одлуки во врска со дијагнозата, третманот и лековите, а улогата на медицинските сестри е да ја спроведуваат таа нега на постојана основа со цел да се обезбеди успешно закрепнување на пациентот.

Всушност, медицинските сестри работат секаде каде што работат лекарите, вклучувајќи болници, медицински канцеларии, клиники, гостилници, соби за итни случаи, интензивна нега, дом и училиште, во интеракција со пациентите за да го олеснат и да помогнат во закрепнувањето, нивната и општата благосостојба.

Знаење и разбирање

Препознава и помни добро воспоставени тематски области кои се поврзани со полињата на фундаменталните науки, посебно предметите анатомија и физиологија и предметите во полињата и областите од клиничка медицина и јавното здравство, значајни за медицинската едукација во сестринската професија;

Се вклучува во расправа за клучни аспекти, потреби и проблеми во сестринската дијагностика и процесот на здравствена нега.

Следи стручни и научни истражувања од областа на сестринството  и сестринската пракса.

Соодветно познавање на науките на кои се заснова општата здравствена грижа, вклучувајќи доволно познавање на структурата, физиолошките функции и однесувањето на здравите и болните лица, како и на односот помеѓу здравствената состојба и физичката и социјалната средина на човекот;

Доволно познавање на карактерот и етиката на професијата и за општите принципи на здравјето и здравствената грижа;

Доволно клиничко искуство; таквото искуство, кое треба да се избира според вредноста на обучувањето, треба да се стекне под контрола на квалификувани медицински сестри и на места во кои бројот на квалификуваниот персонал и опремата се доволни за обезбедување на здравствена грижа за пациентот;

Способноста за учество во практичната обука на здравствениот персонал и искуството за работа со таквиот персонал;

Искуство во работа со претставници на други професии во здравствениот сектор.

Општествено-национална потреба е на земјата да располага со високо едуцирани медицински сестри, кои ќе ги ангажира во решавањето на здравствените потреби и проблеми кај населението.

Примена на знаењето и разбирањето

Го анализира процесот на работа, поставува сестринска дијагноза, определува примена на општа и специјална нега, определува  методи на работа во процесот на здравствената нега, ги следи и евалуира резултатите на спроведените планови и мерки за реализација на активностите, ја аплицира терапијата препорачана  од лекар.

Воочува, формулира и решава основни и специфични здравствени проблеми во областа на сестринството, го следи процесот на  болеста и спроведува интервенција во оддлени фази на болеста по пат на примарна, секундарна и терциерна превенција, го следи болниот сe до крајниот исход на болеста.

Го припрема болниот за дијагностика икористи соодветна опрема (учествува во соодветни дијагностички процедури) со дозвола на лекар (ЕКГ снимање, спирометрија, аудиометрија, ЦТГ, и др.), соработува со семејството на болниот, ја води медицинската документација и евиденција, учествува во изработка на планови и анализи   за   здравствената   состојба   на   населението,  применува

здравствено воспитни активности и постапки.

Медицинската сестра се поставува во функција на водечка улога во организацијата при одделни форми на работа (координирање на работата и активностите на средно-медицинскиот, високостручниот медицински кадар и немедицинскиот кадар), работа вообласта на превенцијата, лекувањето, негата, рехабилитацијата и решавањето на проблемите надвор од здравствената организација (за време на транспорт, во домашни услови).

Подготвеност за пазарот на трудот и меѓуинституционалната подвижност во рамките на земјата и пошироко.

Способност за проценка

Ги анализира состојбите во здравството во доменот на сестринската пракса, прави проценка на приоритетите и здравствената состојба  на болниот, ги спроведува интервенциите според редот на итност, ги следи и мери виталните функции на пациентот, објективните и субјективните знаци и прави проценка на загрозувачките знаци за живот и за тоа го информира докторот.

Прави соодветна проценка при примена на знаење од областа на клиничките предмети, ја следи примената на медицинската етика и деонтологија, грижејќи се за чување на медицинската тајна. Исто така ја проценува здравствената состојба на пациентите кои чекаат за преглед или хоспитализација (тријажа на болните) и за тоа го известува докторот.

Успешно ја спојува теоријата со праксата, истражува во пронаоѓањето на факторите на ризик за појава на болеста и на тој начин помага во разрешување на здравствените проблеми кои се во доменот на сестринската професија.

Комуникациски вештини

Комуникациските вештини ги применува ефективно за време на работа во тимот, во комуникација со болниот и семејството преку усни презентации, или пишани извештаи,  употребувајќи медицинска терминологија и речник.

Пронаоѓа соодветни решенија, концепти и идеи во областа на сестринството, ги расправа и споделува со сестринската асоцијација, лекарските здруженија и со целата општествена јавност.

Учествува во тимска работа, активно соработува во работа на група, честа форма на работа во примарната здравствена заштита, преку споделување на одговорности и разни активности.

Вештини на учење

Континуирано ги следи најновите медицински научни достигнувања во областа на медицината и сестринството, учествува во изработка на стручни трудови и ги презентира на разни секции, семинари, конференции, конгреси итн.

Презема иницијатива за постојано професионално унапредување, со висок степен на самостојност во донесувањето одлуки во    доменот на својата професија, како и тенденција за пренесување на знаењето

и вештините на своите колеги.

Дава поддршка за континуирана едукација на медицинските сестри со високо  образовниеи применува меѓународнопризнати стандарди, како и поддрчка во континуиран развој и осовремнување на образовните програми.

Применува континуирана едукација и оспособување на сестрата за вклучување во новите медицински достигнувања и современата дијагностика;

Семестар 1

  • [C2251] [2 ЕКТС] Етика и филозофија во сестринската нега
    Цели на предметната програма: • Усвојување на историската основа за развитокот на медицијската етика и деонтологија; • Усвојување на основните принципи на етиката,моралниот кодекс на здравствениот работник, чувањето на професионалната тајна, моралните норми и обврските на здравствениот работник кон пациентите кои боледуваат од специфични заболувања; • Усвојување на правата и должностите на здравствениот работник во односот со пациентите и нивните роднини и други застапници; • Преку примери, запознавање со правилното постапување во секојдневната практика.
  • [C2250] [8 ЕКТС] Основи на сестринство
    Цели на предметната програма: - Анализирање на активности во системот на здравствена заштита (болница и видови на болнички установи); - Опишување на карактеристики на болничка соба и манипулации со постелнина и облека; - Водење на медицинска документација и евиденција; - Администрирање и санитарна обработка при прием на болен; - Применување на постапки за различни положби во леглото и транспорт на болниот; - Одржување на лична хигиена и тоалета кај болен што е неподвижен; - Планирање и тимско спроведување на техники за превенција од појава на физички неудобности; - Требување и спроведување на различни хигиено-диететски режими и типови на вештачка исхрана; - Учествување во лекарска визита; - Објаснување, идентификување и примена на медицински инструменти; - Спроведување на методи на асепса, антисепса. дезинфекција и стерилизација - Опишување, подготвување и употреба на медицински материјал за преврзување; - Анализирање и следење на патолошки субјективни и објективни симптоми кај болниот; - Мерење, бележење и опсервирање на патолошки и физиолошки вредности на виталните функции(пулс. телесна температура, крвен притисок и дишење); - Опсервирање, бележење и дистрибуција на излачевини; - Требување, чување и апликација на лекови; - Применување на здравствена етика и доверливост со здравствениот тим; - Спроведување на правилна заштита на работната и пошироката околина; - Познавање и применување на правила за превенција на интрахоспитални инфекции;
  • [C2254] [2 ЕКТС] Методи на промоција на здравје и здравствено воспитување
    Студентите се стекнуваат со знаења од областа на патогенезата, клиничката слика и терапијата на најчестите болести и состојби кои се јавуваат во геријатриската популација со сите специфичности на оваа старосна група. Посебно внимание се посветува на превентивните медицинси мерки и постапки. Дел од наставата е посветен за начините на едукација на членовите на семејствата на старите лица на кои им е потребна долготрајна или палијативна нега. Стекнување на вештини од процесот на здравствена нега од пристап кон постар болен, тријажа, планирање на здравствената нега, превентивни медицински мерки, мерки на рехабилитација.
  • [C2253] [6 ЕКТС] Физиологија и неврофизиологија
    Целта на предметот е студентите да се стекнат со основни теоретски како и практични знаење и познавања за основните принципи од областа физиологијата на човекот, преку запознавање со карактеристиките и функцијата на органите и органските системи кај човекот, механизмите на контрола на истити.
  • [C2252] [6 ЕКТС] Анатомија и хистологија
    Запознавање со анатомијата како морфолошка наука, совладување на стручната терминологија, комплетно изучување на локомоторниот систем на екстремитети. Запознавање со анатомијата на градниот кош, абдоменот и карлицата, како синтопските, скелетотопските и холотопските соодноси на органите во овие телесни празнини.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
    • [E2702] Гинеколошка онкологија
    • [E2707] Вештачки репродуктивни технологии ART/BEF, стем ќелии, цитолошки перспективи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет од јазици
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534 ] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [E2696] Медицински англиски
    • [E2718] Германски јазик 1
    • [E2719] Германски јазик 2
    • [E2720] Германски јазик 3
    • [E2721] Германски јазик 4
    • [E2697] Медицински германски
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 2

  • [C2257] [4 ЕКТС] Здравствена нега во геријатрија и геронтологија
    Студентите се стекнуваат со знаења од областа на патогенезата, клиничката слика и терапијата на најчестите болести и состојби кои се јавуваат во геријатриската популација со сите специфичности на оваа старосна група. Посебно внимание се посветува на превентивните медицинси мерки и постапки. Дел од наставата е посветен за начините на едукација на членовите на семејствата на старите лица на кои им е потребна долготрајна или палијативна нега. Стекнување на вештини од процесот на здравствена нега од пристап кон постар болен, тријажа, планирање на здравствената нега, превентивни медицински мерки, мерки на рехабилитација.
  • [C2258] [4 ЕКТС] Јавно здравство и семејна медицина
    Студентот стекнува основни теоретски и практични познавања од полето на Јавно здравство и Семејна медицина. Солидно разбирање на принципите на јавното здравство и нивна примена на сите нивоа на управување при спроведување на здравствени активности. Запознавање на студентите со делот од примарната здравствена заштита - улогата и значењето на семејниот доктор во превенцијата, дијагноза и терапија на заболувањата кај популацијата од секоја старосна група. Превенција на заболувањата како и рехабилитација и реинтеграција во секојдневниот живот на пациентот.
  • [C2259] [6 ЕКТС] Фармакологија и медицинска биохемија
    Да се запознаат студентите со најосновните фармакокинетски (апсорпција, дистрибуција, метаболизам и елиминација на лековите) и фармакодинамичките процеси во човековиот организам, механизмот на дејство на лековите, факторите од кои зависи сигурноста и ефикасноста на лекот, дозирањето и факторите кои влијаат врз дозирањето на лековите, интеракциите и несаканите дејства на лековите, како и да се даде приказ на најосновните карактеристики на повеќето лекови коишто денес се користат во секојдневната пракса. Употреба на лекови во бременост и лактација.
  • [C2260] [6 ЕКТС] Микробилологија и имунологија
    Основна цел на предметот е студентите да се запознаат и да стекнат солидни теоретски и практични знаења од областа на микробиологијата и основи на имунологијата.
  • [C2262] [7 ЕКТС] Clinical Practice II
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка. • Клиничката практика се реализира почнувајќи од вториот семестар, откако студентите ќе се стекнат со првичните теоретски и практични (кабинетски) знаења и вештини од основите на сестринство. • Киничката практика ќе се реализира во текот на летниот период во јавни или приватни здравствени установи со кои Универизтетот на Југоисточна Европа има склучено договори за соработка. • Определбата за посета на здравствени одделенија/клиники/кабинети со цел реализирање на клиничка практика ќе се направи врз основа на предметната содржина на тековната академска година. • За извршената клиничка практика студентот задолжително води соодветен ДНЕВНИК за клиничка практика (спопред Упатства за феријална практика на РСМ (E4E@мк). • За реализираната клиничка практика студентот задолжително доставува соодветна ПОТВРДА издадена од институцијата каде е извршена парктиката. • Клиничката практика во секоја академска година ќе се развива во одредени здравствени институции со кои УЈИЕ има склучено договори за соработка, соодветно теоретските полињата од кои студентите стекнуваат знаења согласно структурата на студиската програма.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
    • [E2702] Гинеколошка онкологија
    • [E2707] Вештачки репродуктивни технологии ART/BEF, стем ќелии, цитолошки перспективи
    • [E2696] Медицински англиски
    • [E2697] Медицински германски

Семестар 3

  • [C2267] [8 ЕКТС] Здравствена нега во хирургија, ортопедија со трауматологија
    Совладување на општо хируршките принципи и совладување на општо хируршките принципи на абдомен и торакс. Запознавање со основите од ортопедија и трауматологија за медицински сестри/медицински техничари од општа практика.
  • [C2868] [6 ЕКТС] Здравствена рехабилитација и физикална терапија
    Преку теоретски наставни единици студентите ќе се едуцираат што е реахбилитациона медицина, кои и се целите, каде се применува и кои се најновите препораки по кои се практикува, кај пациенти со различна патологија. Со цел подобро утврдување на материјалот, кратко повторување на теоретскиот дел од областа на патогенезата, клиничката слика и терапијата на најчестите болести и состојби за кои е неопходна рехаблитација. Посебно внимание се посветува на дефинирање на улогата на медицинската сестра во рехабилитациониот процес. Во текот на практичната работа студентите треба да се стекнат со: вештини за правилен пристап кон пациентите и тријажа на истите. Преку примери од праксата ќе бидат вклучени во планирање и разработка на индивидуализирани планови за рехабилиатција кај пациенти со различна патологија. Идните сестри техничари ќе се стекнат со знаења за подршка на пациентите во тек на реахабилитациониот процес.
  • [C2269] [8 ЕКТС] Здравствена нега кај пациенти со интернистички болести
    Стекнување основни теоретски и практични знаења и познавања за основните интернистички состојби и болести со цел подобро осознавање на основните принципи на здравствена нега на болните со интернистички заболувања. Стекнување со вештина за практична примена на научените теоретски знаења за здравствена нега соодветна на одредените интернистички заболувања и спецификите на нивото на здравствена нега.
  • [C2270] [5 ЕКТС] Клиничка пракса III
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка. • Клиничката практика се реализира почнувајќи од вториот семестар, откако студентите ќе се стекнат со првичните теоретски и практични (кабинетски) знаења и вештини од основите на сестринство. • Киничката практика ќе се реализира во текот на летниот период во јавни или приватни здравствени установи со кои Универизтетот на Југоисточна Европа има склучено договори за соработка. • Определбата за посета на здравствени одделенија/клиники/кабинети со цел реализирање на клиничка практика ќе се направи врз основа на предметната содржина на тековната академска година. • За извршената клиничка практика студентот задолжително води соодветен ДНЕВНИК за клиничка практика (спопред Упатства за феријална практика на РСМ (E4E@мк). • За реализираната клиничка практика студентот задолжително доставува соодветна ПОТВРДА издадена од институцијата каде е извршена парктиката. • Клиничката практика во секоја академска година ќе се развива во одредени здравствени институции со кои УЈИЕ има склучено договори за соработка, соодветно теоретските полињата од кои студентите стекнуваат знаења согласно структурата на студиската програма.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
    • [E2702] Гинеколошка онкологија
    • [E2707] Вештачки репродуктивни технологии ART/BEF, стем ќелии, цитолошки перспективи
    • [E2696] Медицински англиски
    • [E2697] Медицински германски

Семестар 4

  • [C2274] [6 ЕКТС] Здравствена нега во педиатрија
    Обработување ба одбрани поглавја од педијатријата во однос на специфичноста на детето и адолесцентите како пациенти, нивните правилен развој, со цел да се детектира патологијата и да се спроведе соодветен третман.
  • [C2275] [6 ЕКТС] Здравствена нега кај пациенти со инфективни заболувања
    Да се совладаат основните елементи на дијагноза, терапија и профилакса на епидемиологијата на инфективните болести.
  • [C2276] [4 ЕКТС] Психологија и социологија на здравје и болест
    Стекнување на основни знаења за функционирањето на здрава како и патолошки променета личност, стучна подготовка за основите на здравствената психологија за сестри и физотерапевти и импликациите во комуникацијата помеѓу пациент и стручно лице во општата медицинска нега со посебен осврт на грижа за лица со психолошки нарушувања. Обезбедување на теоретски и практични познавања од областа на медицинската психологија, знаења за влијанието на психичките фактори врз здравјето и болеста, како и влијанието на болеста и соматските потешкотии врз развојот на психичките проблеми, компетенции за давање подршка на пациентите, однос кон здравјето, учествување во организација на превентивни здравствени програми, одржување и промоција на менталното здравје, пристап на пациентот, примена на комуникациски вештини за воспоставување на контакт со болен. Вовед во основните принципи на медицинската етика, односот лакар-пациент и лакар-лекар, Социјални детерминанти на здравјето, здравствени политики, социолошки контекст на здравје и болест, стрес, семејно насилство, насилство/злоупотреба на децата, родово базирано насилство, насилство во заедницата.  
  • [C2277] [6 ЕКТС] Онкологија и радиолошки техники
    Студентот се запознава со значењето и употребата на најсовремените технички методи при дијагностика и терапија во медицината, со посебен акцент на улогата на медицинската сестра/техничар во подготовка и спроведување на методите.
  • [C2281] [5 ЕКТС] Kлиничка пракса IV
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка. • Клиничката практика се реализира почнувајќи од вториот семестар, откако студентите ќе се стекнат со првичните теоретски и практични (кабинетски) знаења и вештини од основите на сестринство. • Киничката практика ќе се реализира во текот на летниот период во јавни или приватни здравствени установи со кои Универизтетот на Југоисточна Европа има склучено договори за соработка. • Определбата за посета на здравствени одделенија/клиники/кабинети со цел реализирање на клиничка практика ќе се направи врз основа на предметната содржина на тековната академска година. • За извршената клиничка практика студентот задолжително води соодветен ДНЕВНИК за клиничка практика (спопред Упатства за феријална практика на РСМ (E4E@мк). • За реализираната клиничка практика студентот задолжително доставува соодветна ПОТВРДА издадена од институцијата каде е извршена парктиката. • Клиничката практика во секоја академска година ќе се развива во одредени здравствени институции со кои УЈИЕ има склучено договори за соработка, соодветно теоретските полињата од кои студентите стекнуваат знаења согласно структурата на студиската програма.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
    • [E2702] Гинеколошка онкологија
    • [E2707] Вештачки репродуктивни технологии ART/BEF, стем ќелии, цитолошки перспективи
    • [E2696] Медицински англиски
    • [E2697] Медицински германски

Семестар 5

  • [C2285] [5 ЕКТС] Клиничка пракса V

  • [E2701] [4 ЕКТС] Невроразвојни нарушувања кај доенчиња и деца
    Цели на предметната програма: Стекнување на основни теоретски и практични знаења од подрачјето на невроразвојна биологија на здравиот како и променетиот (патолошки) развој на доенечка и детска возраст. Уреден физиолошки ран неуроразвој на деца, диагностика и интервенција во невроразвојните нарушувања од најрана развојна возраст, идентификација, диагностика, третман и следење на децата со нарушувања. Едукација и подршка на родителите/семејствата на деца со невроразвојни нарушувања. Превенција и заштита на деца и мајки/родители од ризик фактори за промени/нарушувања во неуроразвојот на доенчиња и деца. Рехабилитација и реедукација на деца со отстапувања во ран психомоторен период на развој, инклузија во секојдневното функционирање и живот на соврсниците.
  • [C2284] [6 ЕКТС] Организација, управување и лидерство во здравството
    Цели на предметната програма е студентот: • да се здобие со знаење за основите на oрганизацијата, управувањето и лидерството во здравствената нега и сестринството, организациски и менаџерски појмови, процеси и функции; • да ја осознае улогата и важноста на организацијата на работата во здравствената нега и сестринската дејност и управувањето во здравството; • да се запознае со теоретските и практични модели на организирање на здравствената нега и сестринската дејност на разни нивои на здравство; • да се оспособи за критичка анализа на праксата во однос на теоретските принципи; • да се оспособи за анализа на индивидуални организациони проблеми во практиката, како и да биде оспособен врз основа на теоретските знаења да предлага можни разрешувања на проблемите.
  • [C2283] [6 ЕКТС] Домашна нега и геријатрија
    Цели на предметната програма: • Организирање на работа во домашна здравствена заштита; • Проценка на потребата од домашна здравствена заштита; • Процедури за домашна здравствена заштита; • Етички аспекти на работа во домот на пациентот; • Евалуација на планираните домашни здравствени интервенции на пациентот.  
  • [C2282] [6 ЕКТС] Здравствена нега во менталното здравје, психијатрија и неврологија
    Целта на изучување на овој предемет е студентите да се здобијат со основите на дијагноза, терапија и профилакса на невролошки и психијатриски болни, со посебен осврт на улогата на медицинската сестра.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2698] Контрола на болнички инфекции
    • [E2699] Интерперсонална комуникација во здравството
    • [E2700] Здравствена информатика и статистика
    • [E2702] Гинеколошка онкологија
    • [E2707] Вештачки репродуктивни технологии ART/BEF, стем ќелии, цитолошки перспективи

Семестар 6

  • [C2285] [8 ЕКТС] Клиничка пракса VI
    Реализација на практичен дел од наставата со адекватно учество на студентите во сите делови од практичната настава во современи кабинети, со современи нагледни средства, соодветни лаборатории во универзитетот и во здравствените установи/клиники со кои УЈИЕ склучила договори за соработка. • Клиничката практика се реализира почнувајќи од вториот семестар, откако студентите ќе се стекнат со првичните теоретски и практични (кабинетски) знаења и вештини од основите на сестринство. • Киничката практика ќе се реализира во текот на летниот период во јавни или приватни здравствени установи со кои Универизтетот на Југоисточна Европа има склучено договори за соработка. • Определбата за посета на здравствени одделенија/клиники/кабинети со цел реализирање на клиничка практика ќе се направи врз основа на предметната содржина на тековната академска година. • За извршената клиничка практика студентот задолжително води соодветен ДНЕВНИК за клиничка практика (спопред Упатства за феријална практика на РСМ (E4E@мк). • За реализираната клиничка практика студентот задолжително доставува соодветна ПОТВРДА издадена од институцијата каде е извршена парктиката. • Клиничката практика во секоја академска година ќе се развива во одредени здравствени институции со кои УЈИЕ има склучено договори за соработка, соодветно теоретските полињата од кои студентите стекнуваат знаења согласно структурата на студиската програма.
  • [C2287] [8 ЕКТС] Здравствена нега во гинекологија и акушерство
    Стекнување на основни вештини и способности неопходни за медицински техничари како и стручна подогтвеност за давање на квалитетна здраствена услуга на пациенти од полето на гинекологија и акушерство.
  • [C2288] [6 ЕКТС] Здравствена нега и итна помош во посебни околности
    Совладување на теоретски знаења и познавања како и стекнување на практични вештини за зачувување на животот кај повредени; спречување на понатамошни повреди и компликации; вршење на тријажа и давање на прва помош кај масовни несреќи; совладување на вештини за срцево белодробно и мозочно оживување.
  • [C2304] [5 ЕКТС] Дипломски труд
    Во овој предмет студентите ќе работат на комплетирање на применет или теориски проект.

Google+