COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Дигитален дизајн (2022/2023)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: DD-240
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Дипломиран инженер по дигитален дизајн
ЕКТС: 240 (4 години)
Решение:

Студиската програма од првиот циклус по Дигитален дизајн е современа програма, со практичен пристап во која се комбинира дигиталната технологија со креативниот дизајн. Содржината и предметната структура на студиската програма ќе им овозможат на студентите стекнување знаења и практични вештини за креирање, дизајнирање и за развој на интерактивни и привлечни дигитални производи, услуги и искуства, како и 2D/3D графичка содржина. Студентите ќе имаат можност и да развиваат професионални вештини потребни за работа во дигитални индустрии, а особено нивната улога би била многу креативна во индустријата за дигитални медиуми, која  има брз развој. Целта на студиската програма е студентите да се запознаваат со креативните технологии и дизајнот на движење, да ги совладаат UX-дизајнот и развојот за веб, дигиталниот графички дизајн и видео-производството, дигиталната фотографија, 3D-дизајнот и 3D-анимацијата. Преку оваа студиска програма студентите ќе ги унапредат своите вештини во областа на дизајнирањето и развојот на покомплексни дигитални артефакти за сегашните и идните мобилни, веб и IoT-апликации кои вклучуваат 3Д дизајн и анимација, естетика на медиумите, графички движења и сеопфатна мешана реалност. 

Високото ниво на графички дизајнери и медиумски уметници кои можат да ги користат компјутерските вештини за да креираат имагинативни дизајни, се повеќе се барани на пазарот на трудот. Експертизата во графичкиот дизајн е премногу битна за влез и унапредување во издавачките компании, одделенијата за дизајн на ентериери и екстериери, графиката, рекламирањето, односите со јавноста, продажбата и другите занимања со визуелните уметности. Професионалните медиумски уметници се барани бидејќи интернетот продолжува да се прифаќа како примарен канал на комуникација. Постои зголемена побарувачка на лицата кои се вешти во дигиталното дизајнирање и може да очекуваат висока заработувачка.

Знаење и разбирање

Покажува знаења и разбирање во полето на студирање кое се надоградува врз општото средно образование и квалификациите за влез во повисоко образование.

Покажува знаење и разбирање потребно да се анализира побарувачката во дигиталното дизајнирање на локално или глобално ниво проблеми и да се синтетизираат во иновативни  дизајнерски решенија за различни степени на комплексност.

Покажува знаење и разбирање за дигиталната култура и процесите на дизајнирање поврзани со неа.

Покажува знаење и разбирање за дигиталните алатки и компјутерскиот јазик.

Покажува знаење и разбирање за креативни дигитални дизајнерски решенија од различна природа, графика, аудио, видео, веб-страници и други мултимедијални проекти.

Покажува знаење и разбирање за компјутерски програми, алгоритми и податоци, и истите ќе се користат за создавање нови иновативни дизајнерски решенија.

Покажува знаење и разбирање за поттикнување на креативноста со цел надградба на постоечките вештини.

Покажува знаење и разбирање за целата индустрија на дигитални медиуми, знаење што се очекува да им овозможи да го истражат пазарот и да развијат просперитетна кариера во индустријата на дигиталниот дизајн.

Примена на знаењето и разбирањето

Стекнатите знаења и разбирањето на стручните проблеми може да ги примени во подготвување на основни или други видови детални проекти или документацијаод сите домени на дигиталниот дизајн.

Применува знаења и разбирање кои се темелат на познавањата на различните концепти од теоријата и историјата на дигиталниот дизајн и на современата теорија и пракса во процесот на креативни дигитални дизајнерски решенија, имајќи ги предвид естетските барања како и општествените потреби.

Способност за проценка

Покажува способност за собирање, анализирање, оценка и презентирање на информации, идеи и концепти од целосни, некомплетни или ограничени релевантни податоци, за клучните подрачја во процесот на дигиталното дизајнирање.

Покажува способност за избор на соодветни методи, алатки и вештини применети во конкретни услови и различни степени на комплексност, размер и тип на дигитални дизајни.

Комуникациски вештини

Покажува способност за комуникација и умеење да се употребат графичките, пишаните и усните комуникации во служба на пренесување на сопствените идеи и потребите на корисникот во процесот на создавање и реализацијата на проекти во областите на дигиталниот дизајн.

Покажува способност за учество во стручни дискусии, користи консултации за специфични проблеми од комплементарни подрачја и умее да превземе професионална одговорност во тимот.

Вештини на учење

Покажува способност за самостојно идентификување на своите потреби за континуирана едукација и професионален развој, се вклучува во современите форми на учење и запознавање со дигиталните дизајнерски иновации и може критички да ја оцени соодветноста на методите за учење, нивното влијание врз знаењето, вештините, компетентноста и праксата релевантни за професионален развој.

Семестар 1

  • [C2222] [6 ЕКТС] Основи на програмирање
    Вовед во C++ програмирање: основни типови на податоци, аритметика, оператори, развој на C++ програма: влезно-излезни наредби, изборни структури, структури за повторување, видови функции, рекурзија-имплементација со C++, вектори, матрици и алгоритми за пребарување и сортирање, покажувачи (pointers), оператори со нив и нивна врска со вектори, креирање нов тип на податоци во C++ структури.
  • [C2221] [6 ЕКТС] Вовед во дигитални содржини
    Целта на предметот Вовед во дигитална содржина е студентите да добијат теоретско и практично знаење за новите медимуми (new media) или за дигиталната содржина и револуцијата што се создаде во комуникациите, во трговијата и во забавата. Студентите ќе ги разберат и совладаат различните видови на дигитална содржина како што се: текст, графика, звук, видео и анимација. Ќе ги разберат компјутерскиот хардвер и компјутерскиот софтвер за создавање дигитална содржина. Студентите ќе се здобијат со знаење за разни видови дигитална содржина, развој на мултимедија и ќе идентификуваат различни предизвици во овој процес.
  • [C2224] [6 ЕКТС] Визуелно изразување
    Преку овој предмет студентите ќе научат да го користат цртањето како експресивен и комуникациски метод. Од скицирање на лик до дизајнирање средина со перспектива или дефинирање приказна за објаснување на кинематографијата на играта.
  • [C2223] [6 ЕКТС] Линеарна алгебра
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број примени на математиката во „реалниот живот“доаѓаат во израз земајќи го само нивниот линеарен дел. Во рамките на овој предмет ќе се обработува многу значаен материјал што секогаш ќе биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во состојба да ги користат и да ги применат: линеарните еднаквости и нивното решавање; алгебрата на матриците; линеарните трансформации и нивното користење за апликација; векторските простори; сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица; детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да се поврзе линеарната алгебра со другите области со или без користење на математиката.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5

Семестар 2

  • [C2226] [6 ЕКТС] Уредување и манипулирање со слики
    Цели на предметот: Идентификување терминологија, предности и ограничувања на софтвер за уредување на слики; користење алатки за дигитално уредување; манипулирање, креирање и уредување дигитални слики за печатење или веб.
  • [CCS-101] [6 ЕКТС] Интернет технологии
    Главна цел на предметот е студентите да стекнат практично знаење за основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да ја владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб-страница. Студентите ќе стекнат солидни технички знаења околу XML, XHTML, CSS и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови, дизајн и формат во CSS како и употреба на варијабли, услови, циклуси и функции во JavaScript.
  • [C2225] [6 ЕКТС] Креативно размислување
    Цели на предметoт: Личната креативност е вреден ресурс за поединците и тимовите вклучени во сите индустрии. Корисна е за уметници, писатели и за студенти, но, исто така и во бизнисот и во науката. Овој предмет е дизајниран да им служи на интересот и потребите на сите овие стремежи и многу повеќе. Преку предметот се нудат неколку креативни алатки со објаснувања за нивна употреба. Креативноста е недофатлив концепт, но може да се негува и развива. Преку единаесетте лекции предвидени во овој предмет се разгледува креативноста од секој можен агол. Вклучени се и поттикнувања за инспирација на креативни идеи, заедно со истражување на пошироки концепти од централно значење за креативната работа. Секако на креативните луѓе ќе им се помогне да го достигнат својот целосен потенцијал и секој на кое било ниво на креативност за да можат да развијат вештини за да генерираат повеќе и подобри идеи. Вертикалното и страничното размислување се објаснети, вклучувајќи многу корисни апликации за двете. Преку лекциите детално се опишуваат вештините потребни за користење на набудување, имагинација и апстракција. Процесот на формирање модели, користење аналогии и пристап до размислување на телото се поставени на начини што се лесно разбирливи и употребливи. Менталните алатки целосно се истражуваат, но и емоционалните алатки како што се естетиката и сочувството. Овие концепти се комбинираат на начини кои може да ги употребуваат сите типови луѓе во сите професии. Во рамките на овој предмет се разгледуваат логиката и разумот од гледна точка на инкорпорирање креативни потфати. По овие единаесет лекции, студентите ќе имаат огромен ресурс на алатки и процеси за развој на личната креативност. Во секоја лекција, исто така, се предвидени кратки квизови за да ви помогнат да се потсетите и да ги прегледате клучните точки од лекциите пред да продолжите понатаму. Не постои друг предмет или ресурс што има толку обемен поглед на креативноста и неговата употреба како овој.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини S
    • [????-01] Microsoft Office Access
    • [????-02] Microsoft Office Excel
    • [???PP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за еукација

Семестар 3

  • [C2227] [6 ЕКТС] Основи на визуелен дизајн
    Целта на предметот Визуелен дизајн е да се пренесе одредена порака до целната публика. Предметот се фокусира во целта на визуелниот дизајн, теоријата зад дизајнот и исто така како тој се однесува на UX дизајнот. Ќе се опфаќаат основните елементи на визуелниот дизајн, вклучувајќи ги типографијата, бојата, контрастот, гешталт принципите на перцепција итн.
  • [C2228] [6 ЕКТС] Kонтекст и практика на аудио
    Преку овој предмет студентите ќе бидат во можност да снимаат и да уредуваат аудиоматеријал користејќи софтвер DAW (Digital Audio Workstation). Тие ќе работаат на уредување со аудио и MIDI техники за снимање, употреба на звучни примероци користејќи технологија за виртуелни инструменти, миксање аудио фајлови, создавање добар звук и рамнотежа, користејќи песни и ефекти како што се компресија и EQ.
  • [C2229] [6 ЕКТС] Контекст и практика на фотографија
    Студентите ќе креираат дигитални слики применувајќи концепти поврзани со дигитални фотографски процеси, теорија на бои и историјата и процесот на фотомонтажа. Ќе ја проценат и оценат креативната работа на нивните врсници преку писмена и вербална критика. Ќе изберат и развијат предлози за две портфолија на фотографии кои самите ќе ги креираат.
  • [C2230] [6 ЕКТС] Векторска илустрација
    Предметот е дизајниран да ја воздигне на повисоко ниво теоретската и практичнта природа за векторската илустрација на студентите што не е опфатено во ниту еден од другите предмети во програмата.
  • [C2231] [6 ЕКТС] Описна геометрија
    Како основна дисциплина нацртната геометрија има основна цел да ја развие способноста на студентите за согледување на тродимензионалните просторни форми и нивните меѓусебни односи како и нивното претставување на дводимензионален цртеж, согласно со меѓународните стандарди на универзалниот јазик на техничкиот цртеж. Од друга страна, оваа дисциплина овозможува јасна презентација на сопствените идеи за организација на просторните форми преку создавање сопствен технички цртеж, како основна претпоставка за постоењето и на која било инженериска дисциплина.

Семестар 4

  • [C2234] [6 ЕКТС] Објавување веб-содржини
    Развивање дури и едноставна веб-страница според важечките стандарди бара познавање на Hypertext Markup Language (XHTML) и Cascading Style Sheets (CSS). Повеќето веб-страници користат и слики, во форма на банери, копчиња, логоа, слики или скенови. Adobe Fireworks е креиран како алатка за креирање и манипулирање со слики од веб и да им овозможи на креаторите да ги оптимизираат овие слики со цел да се намали големината на датотеката. Fireworks, исто така, обезбедува одлична интеграција со Dreamweaver. Оваа серија обезбедува сеопфатен вовед во XHTML, CSS и креирање веб-графика.
  • [ECS-402] [6 ЕКТС] Интеракција човек-компјутер
    Целта на предметот е студентите да ги научат принципите на дизајнирање на корисничкиот интерфејс на десктоп, веб или на мобилни апликации. Поспецифично, студентите ќе стекнат знаења за основните правила кои треба да се следат за да се развие апликација со висок степен на употребливост од корисниците. Преку соодветна теорија и практични примери студентите ќе научат како да дизајнираат софтверски интерфејс, ќе се запознаат со различни интерфејс стратегии за дизајн и ќе бидат во можност да го оценат квалитетот на интерфејсот.
  • [C2232] [6 ЕКТС] Дигитално печатење и уредување
    Предметот има за цел да им помогне на студентите да: развијат вокабулар за термини и техники за печатење, да ги разберат принципите на дизајн и композиција во однос на процесот на изработка на печатење, да ги идентификуваат процесите за печатење, ефикасно да експериментираат со разновидни материјали и техники при печатење.
  • [CCS-403] [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Цели на предметната програма: ● Презентирање на концептуалниот модел и моделот базиран на ентитети и врски, концептуално моделирање, E-R дијаграмот; ● Презентирање на релациони модели, релациони бази на податоци; ● Вовед во SQL јазикот; ● Нормализација на шемата на базата на податоци; ● Вовед во системите за управување со базите на податоци, алатките за дефинирање, користење и одржување на базата, алатките за креирање на форми и извештаи.
  • [C2233] [6 ЕКТС] Принципи на анимација
    Анимацијата може да оживее ликови, предмети и графика. Тоа е сржта на индустријата за компјутерска графика и игра важна улога во филмот, визуелните ефекти, игрите и движечките графики. Овој предмет е вовед во принципите на анимација за 2Д и 3Д системи. Студентите ќе користат разни техники за да пренесат чувство на тежина, емоции и приказна за едноставни и сложени објекти како во 2Д така и во 3D.

Семестар 5

  • [C2235] [6 ЕКТС] 3Д моделирање и рендерирање
    Предмет во ’студио‘ во теорија и техника на тридимензионално (3Д) моделирање со користење на соодветен софтвер. Темите опфатени во рамките на овој предмет вклучуваат креирање и модификација на 3D геометриски форми и техники на рендерирање, употреба на извори на светлина на камерата, текстура и мапирање на површината.
  • [EBE-408] [6 ЕКТС] Менаџмент на проект
    Целта на предметот студентите да се вклучат во светот на современите проекти и да се соочат со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање на соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање на потребата или креативната идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
  • [C2236] [6 ЕКТС] Видео едитирање и манипулација
    По успешното завршување на овој предмет студентот треба: подобро да ги разбере техниките што уредниците ги користат за конструирање приказни, да се здобијат со темелно работно познавање на софтвер за нелинеарно уредување, способност да коригираат боја во професионален стил, да знаат како да креираат високо квалитетна движечка графика, да ги разбираат форматите и принципите на видеата.
  • [C2237] [6 ЕКТС] Основи на UI/UX дизајн
    Цели на предметот: - Дефинирање на концептите на UX и UI дизајн; - Запознавање со процесот на размислување за дизајн и основите на UX дизајнот; - Вовед во принципите на дизајн на интерфејс (Основи во разбирање на управувањето со слоеви, теорија на бои, типографија, конзистентен стил, вовед во „Осум златни правила за дизајн на интерфејс“ на Бен Шајдерман); - Разбирање на основите на софтверот за дизајн Figma (Разбирање на форматот на Figma - алатки, табла за слоеви, платно, инспектор и опции во Фигма, основи за создавање елементи и компоненти за дизајн, како и основи на прототипирање) - Основи на пристапност и лесна употреба за корисниците.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2680] Историја на уметност
    • [E2681] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2682] Програмирање на игри
    • [E2683] Креирање на бренд идентитет
    • [E2684] Моден дизајн
    • [E2685] Креативно пишување
    • [E2686] Напреден дизајн на концепти
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [C2247] Напредно 3Д моделирање и рендерирање
    • [E2688] Дигитално сликање
    • [E2689] Креативно цртање
    • [E2690] Напредно визуелно изразување
    • [E2691] Илустрација
    • [E2692] Проучување на човечка фигура
    • [E2693] Концептуална уметност

Семестар 6

  • [C2240] [6 ЕКТС] Дигитално раскажување на приказни
    Целта на предметот е студентот да развие способност да снима одлични видео слики и аудио фајлови и да може да ги уреди овие елементи заедно за да раскаже добро осмислена приказна.
  • [C2239] [6 ЕКТС] Движечка графика и визуелни ефекти
    Во рамките на предметот движечка графика и визуелни ефекти се разработуваат специјалности при графика на движење и видео позадина. Предметот е технички и студентите ќе ги научат на основите за правилно составување и специјални ефекти со вообичаените достапни видео алатки.
  • [E2592] [6 ЕКТС] Дигитален маркетинг
    Развојот на дигитален дизајн и видеоигри, како што обично се случува и во другите креативни и културни индустрии, значи дизајнирање и примена на технички способности, но и потреба да се размислува за нив како производи и услуги што треба да се дистрибуираат и распродадат. Да се креираат дигитални видеоигри кои ќе бидат профитабилни на сѐ поконкурентниот и променлив пазар, значи да се претвори таа страст во начин на живеење. Предметот се однесува на ова возбудливо професионално поле како уметност и наука - без да го занемариме фактот дека тоа е дел од нешто поголемо наречено „бизнис“. Знаењето и вештините опфатени со предметот се стекнуваат од различни сесии, тимска работа, групни дискусии, истражувања итн.
  • [C2243] [6 ЕКТС] Напреден UI/UX дизајн
    Цели на предметот: - Опис, анализа, споредба и спротивставување на најдобрите практики за истражување на корисниците - различни истражувачки методи за да се разберат потребите на корисниците; - Учење и примена на напредни методи за дефинирање и идеирање; - Создавање на напредни дијаграми и жични рамки; - 10 Хеуристики (принципи) на употребливост на Џејкоб Нилсен за дизајн на интерфејс - Разбирање кои се правилата за хеуристичка евалуација на Нилсен и како можеме да ги искористиме како основа за сопствена евалуација; - Создавање комплексни системи за дизајн и интерактивни прототипови во Figma.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2680] Историја на уметност
    • [E2681] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2682] Програмирање на игри
    • [E2683] Креирање на бренд идентитет
    • [E2684] Моден дизајн
    • [E2685] Креативно пишување
    • [E2686] Напреден дизајн на концепти
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [C2247] Напредно 3Д моделирање и рендерирање
    • [E2688] Дигитално сликање
    • [E2689] Креативно цртање
    • [E2690] Напредно визуелно изразување
    • [E2691] Илустрација
    • [E2692] Проучување на човечка фигура
    • [E2693] Концептуална уметност

Семестар 7

  • [C2241] [6 ЕКТС] VR/AR Технологии
    Ова е воведен предмет по VR и AR технологии. Студентите ќе научат за VR / AR основите, разликите, хардверот, софтверот и имплементацијата на овие технологии. Исто така ќе се опфаќаат уредите почнувајќи од мобилните до VR / AR наочари. Понатаму, студентите ќе научат како да ја оценуваат, тестираат и креираат својата VR / AR содржина користејќи Unity како главна алатка.
  • [C2238] [6 ЕКТС] 3Д анимација и продукција
    Овој предмет има за цел студентите да ги стекнат основните знаења за анимација – применети во трите димензии и да знаат како правилно да ги користат при креирање видеоигри и дигитален дизајн.
  • [C2142] [6 ЕКТС] Претприемништво
    Цели на предметот: разбирање на клучните концепти за претприемништво и за МСП, да се изгради начин на размислување фокусиран на развој на нови и уникатни пристапи кон можностите на пазарот, разбирање на компонентите на претприемачкото менаџирање и на особините и однесувањата кои го поткрепуваат ефективното менаџирање, разбирање на процесот на градење нов бизнис и избегнување на неговите замки, споредба на различните видови деловна сопственост и одредување на соодветниот тип потфат за новиот бизнис, предвидување на главните ограничувања на ресурсите кога се отвораат нови бизниси, пишување бизнис-план и презентирање идеи на ефикасен начин пред другите.
  • [C2242] [6 ЕКТС] Авторско право на дигитална содржина
    Целта на предметот е студентите да стекнат теоретски и практични знаења поврзани со важноста на авторските права за дигиталната содржина, да стекнат разбирање на основите на дигиталното авторско право, законот за дигитална база на податоци и интернетот, дигиталните морални права, законите зa заштита од конкуренција и авторските права во софтверот, е-трговијата, веб и блокчејн.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2680] Историја на уметност
    • [E2681] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2682] Програмирање на игри
    • [E2683] Креирање на бренд идентитет
    • [E2684] Моден дизајн
    • [E2685] Креативно пишување
    • [E2686] Напреден дизајн на концепти
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [C2247] Напредно 3Д моделирање и рендерирање
    • [E2688] Дигитално сликање
    • [E2689] Креативно цртање
    • [E2690] Напредно визуелно изразување
    • [E2691] Илустрација
    • [E2692] Проучување на човечка фигура
    • [E2693] Концептуална уметност

Семестар 8

  • [C2244] [6 ЕКТС] Сеопфатни технологии
    Целта на предметот е студентите да стекнат сеопфатно разбирање комерцијално одржливо поле на компјутерски науки кое брзо се развива и да се подготват за учество во производството на високо интегративни сеопфатни апликации, сеопфатни социјални платформи, академски истражувачки проекти и водечки случувања во медицината, индустријата и во производството.
  • [C2245] [6 ЕКТС] Дизајнирање на игри
    Преку овој предмет студентите ќе добијат теоретско и концептуално разбирање за областа на дизајнот на играта, заедно со практично изложување на процесот на создавање игра. Темите кои се опфатени вклучуваат итерација, брзо прототипирање, механика, динамика, теорија на проток, природа на забава, рамнотежа на игри и дизајн на кориснички интерфејс.
  • [C2246] [12 ЕКТС] Проект за дигитален дизајн (практична работа)
    Во овој предмет студентите ќе работат на комплетирање на аплициран проект. Целта на предметот е да им овозможи на студентите да го интегрираат стекнатото знаење од предметите низ наставната програма, со цел да испорачаат производ, додека работат за индустријата каде што треба да поминат 30 денови. Студентите ќе имаат можност да стекнат искуство во дизајнирање, програмирање и евалуација на проект за дигитален дизајн. На крајот, студентите ги документираат своите трудови во форма на писмени извештаи и усни презентации, кои ги оценува факултетската комисија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2680] Историја на уметност
    • [E2681] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2682] Програмирање на игри
    • [E2683] Креирање на бренд идентитет
    • [E2684] Моден дизајн
    • [E2685] Креативно пишување
    • [E2686] Напреден дизајн на концепти
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [C2247] Напредно 3Д моделирање и рендерирање
    • [E2688] Дигитално сликање
    • [E2689] Креативно цртање
    • [E2690] Напредно визуелно изразување
    • [E2691] Илустрација
    • [E2692] Проучување на човечка фигура
    • [E2693] Концептуална уметност
Google+