Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран правник
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Студиската програма по правни студии има за цел:

  • Да ги оствари потребите на сите оние кои мислат да ја продолжат својата кариера во полето на правните науки.
  • Да понуди редица модули кои ќе ја опфаќаат основата на правните сознанија за приближување кон професиите кои се поврзани со сферата на правото.
  • Да обезбеди цврсти сознанија и систематски знаења за институциите и основите на позитивното право на Р.Македонија.
  • Да обезбеди основни сознанија на концепциите и основните принципи на позитивното право на Р.М и начинот на неговото функционирање во меѓународен контекст. 
  • Да понуди можност за предавања од страна на меѓународниот академски визитинг кадар.
  • Да развие свесна критика на правото во споредбено, историски,  општествено-економски и политички контексти и да им долови на студентите редица различни теоретски концепти поврзани со правните студии.
  • Да им овозможи на студентите да престојуваат и да студираат надвор од земјава во рамките на програмите за размена на студенти.
  • Да им понуди редица опции кои ќе им овозможат на студентите да студираат специфични полиња на правото.
  • Да им овозможи на студентите да бидат дел од истражувачка дејност во рамките на нивните студии.
  • Да понуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и други значајни способности потребни за вработување на дипломирани правници во институциите со кои веќе претходно имаат воспоставено контакти преку Центарот за кариера при УЈИЕ.
  • Да се потенцира повеќејазичната настава и да се промовира меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

Според стекнатите знаења и вештини од оваа додипломска програма на Правниот факултет, дипломираните студенти ќе бидат во можност да ги идентификуваат правните прашања кои треба да се истражуваат, да ги употребуваат на ефикасен начин примарните и секундарните извори на правото, да ја истражуваат правната наука,  да ги вреднуваат на критички начин правните прашања како од аспект на доктрината така и од општествено-економски аспект.

  • Дипломата  на Правниот факултет е призната во РМ и надвор од неа.
  • Дипломата на Правниот факултет, на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи, како: судови, јавни обвинителства, адвокатура, нотаријат, извршителство, итн. Правниот факултет има склучено спогодби за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители како и со Адвокатската комора на РМ.
  • На студентите чија амбиција е да се занимават со научна работа, Правниот факултет на УЈИЕ, им овозможува продолжување на нивните магистерски и докторски студии. 
Знаење и разбирање
  • Има основни знаења од правната наука и начинот на кој се создава правото, се развива и се менува вклучувајќи ги и изворите и институциите на правото во нивниот поширок контекст,
  • Има солидни знаења од најважните гранки на правото како: Уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, како и меѓународно јавно и приватно право;
  • Има знаења за структурата, содржината и функсионирањето на правниот систем на Република Македонија и неговиот однос со меѓународното и европското право;
  • Го познава опшествено-економскиот и историскиот контекст во кој дејствуваат правните норми.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Ги идентификува и применува основните начела и правила во областите како: Уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, и меѓународно јавно и приватно право;
  • Ги идентификува правните проблеми кои може да се појавуваат во различни фактички ситуации и предлага решение за нив;
  • Употребува научни методи за да создава еден истражувачки труд во повеќе гранки на правото.
Способност за проценка
  • Идентификува, толкува, анализира и решава правни проблеми на начин кој се очекува од еден млад правник;
  • Го толкува и синтетизира значењето на правните норми како дел од правниот систем и го применува во бројни ситуации кои може да се појавуваат во секојдневниот живот;
  • Ги вреднува критички постојните правни и етички норми со кои се регулира правничката професија.
Комуникациски вештини
  • Комуницира ефективно усно и писмено со јавни и приватни субјекти;
  • Пишува и редактира на основно ниво документи со правен карактер како: барање, жалба, договор, тестамент, тужба  и др.;
  • Презема иницијатива и одговорност за индивидуални и групни активности преку кои се спроведува ефективно учество во правничката професија.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива и одговорност за да ги идентификува и спроведува потребите на учење во најважните гранки на правото;
  • Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класифицирање, синтетизирање и користи различни извори;
  • Има вештини да ја користи библиотеката за да се здобие со правни знаења;
  • Ги користи компјутерските вештини за да се здобие со правни знаења

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Историја на правото на институциите
    Овој предмет има за цел: * Да се запознаат студентите со историскиот развиток на правото и државата, како и со главните правно-општествени институции. * Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. * Студентите да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција * Студентите да се запознаат со историскиот развиток на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) * Студентите да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [6 ЕКТС] Социологија на правото
    Содржините понудени во рамките на предметот Социологија на правото треба да им овозможат на студентите еден поинаков, иновативен пристап кон набљудувањето на правните феномени. Имено, појдовната претстава за правото како интегрален елемент на општествената структура нуди можности за осознавање на општествените фактори и процеси кои го иницираат создавањето на правото, ја детерминираат неговата внатрешна поставеност и го определуваат степенот на неговата ефикасност како регулатор. Понатаму, студентите ќе можат да го осознаат и да го анализираат и повратниот процес - влијанието на правните норми врз општеството, неговиот развој и врз неговата стабилност. Како резултат на ваквата теоретска и практична конципираност на предметот, студентите ќе се оспособат правото да го разгледуваат пошироко од чистите нормативни (законски) акти, барајќи ја неговата врска со општествените феномени. Конечно, студентите ќе се оспособат да размислуваат критички во однос на правниот систем и да поставуваат прашања во насока на негово подобрување и усогласување со општествените потреби.
  • [6 ЕКТС] Вовед во правото
    Цели на предметната програма (компетенции): - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот. - Да ги стекнат основните, воведните и општите спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за натамошните студии во рамките на правните науки.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Албански/Македонски јазик 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметната програма (компетенции): - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во РМ, вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. - Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере,ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата исто така во себе ќе ги опфати: новиот Деловник на Собранието на РМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РМ, новите закони со кои се уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата ќе ја обработи и Практиката на централните органи на државната власт во РМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Исто така ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право. - Да ги објаснуваат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граѓанинот, државата и на етничките заедници.
  • [6 ЕКТС] Граѓанско право и стварно право
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право и стварно право е студентите да стекнат основни теоретски знаења од ова област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на граѓанското и стварното право, за субјектите, за начелата на граѓанското право, за изворите, за правната и деловната способност, за граѓанско-правниот однос, за правните дела, за стварните субјективни права, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива свеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на граѓанското и стварното право.
  • [6 ЕКТС] Правно пишување и образложување
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за пишувањето и за правното размислување во рамките на разните ставови и размислувања изнесени на логичен начин за да се објаснат, односно да се донесат заклучоци. Методологијата се фокусира на правното пишување и образложување на правните акти и норми,за добрите техники за пишување устав, закони, подзаконски прописи, договори, тестаменти, судски одлуки, управни решенија, барање, конкурс, јавен оглас, жалба, тужба, меморандуми, записници, полномошна и низа други поднесоци и писма, со цел совладување на правниот тон на јазичното изразување и пишување на правните акти и стекнување соодветни вештини на пишување и образложување на правото.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Албански/Македонски јазик 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право и човековите права
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на меѓународното јавно право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања за: изворите и правната природа на меѓународното јавно право; односот помеѓу меѓународното јавно право и националнитре законодавства; функционирањето на субјектите на меѓународното јавно право; структурата на меѓународните организации; како и за начинот на донесување одлуки; јурисдикцијата на меѓународните судски инстанци; условите за меѓународна одговорност; поморското право; органите за одржување на меѓународните односи; меѓународното договорно право; меѓународните организации. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за суштинско истражување за овие поими; да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните меѓународни судски одлуки.
  • [6 ЕКТС] Трговско право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со правните правила за: извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и на трговецот поединец како и за начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начините на заштитување на потрошувачите и др.
  • [6 ЕКТС] Семејно и наследно право
    Во рамките на предметот Семејно право се изучуваат семејно-правните односи, брачното право и родителското право. По краткиот историски осврт за видовите семејства низ историјата, предметот се фокусира на современи теми, односно на состојбата во Р. Македонија во однос на овие односи. По завршувањето на предавањата по овој предмет од студентите се очекува да стекнат познавање за: поимот и предмет на семејното право од национален и меѓународен аспект; изворите на семејните и брачните односи; услови за склучување брак и нивните форми во случајот кога брачните другари се државјани на РМ, или во случај кога едниот од брачните другари има странско државјанство; за посвојување и старателство од национален и меѓународен аспект. Од наследното право, студентите го изучуваат правното регулирање на преминување на имотот на поединецот врз другите лица во случај на неговата смрт. Особено, се изучуваат правните основи на наследување, наследните редови според правото на РМ, нужниот дел на наследување и нужните наследници, тестаменталното наследување, можноста на создавање тестамент и видовите тестамент, условите за полноважност на тестаментот, моментот на преминување на имотот од оставителот на наследниците, поимот на легат итн.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик за специфични цели 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни познавања од областа на казненото право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни знаења во однос на темите кои се однесуваат на казненото право и на казнениот закон; на казненото дело и казнената одговорност на сторителот и во однос на казната и другите правни последици на казненото дело. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за суштинско истражување во однос на овие поими и да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните судски одлуки.
  • [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметната програма (компетенции): Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Во областа на оштетното право, студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Исто така студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ, работоводство без налог и еднострани изјави на волја).
  • [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени со Лисабонскиот договор; да умее да врши правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик за специфични цели 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Малолетничка деликвенција
    • Компјутерски криминалитет
    • Современи теории по криминалистика
    • Медиско право
    • Трговија со луѓе
    • Меѓународно економско право
    • Обичајно право
    • Семејно насилство

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Кривично процесно право
    Целта на предметот Кривично процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [6 ЕКТС] Управно право - материјално и процедурално право
    Во рамките на предметот се изучуваат административното материјално и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работата и делокругот на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот помеѓу граѓаните и администрацијата.
  • [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на меѓународното казнено право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања во однос на поимот и предметот на МКП, нормите во МКП, репресиваната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за нивно суштинско истражување; да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните меѓународни судски одлуки.
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет 5/1
    • Виктимологија
    • Криминална политика
    • Дипломатско и конзуларно право
    • Уставно судство
    • Споредбено кривично право
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет 5/2
    • Виктимологија
    • Криминална политика
    • Дипломатско и конзуларно право
    • Уставно судство
    • Споредбено кривично право

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Меѓународно приватно право
    Преку овој предмет студентите ќе се стекнат со основни познавања за: - именувањето на предметот (зошто се именува меѓународно право, а зашто приватно право); - разграничувањето на граѓанско – правните односи од граѓанско – правните со странски елемент; - изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско – правните односи со странски елемент (национални и меѓународни); - начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за МПП) - општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.
  • [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат солидни знаења од областа на граѓанското процесно право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања во однос на: основните карактеристики на парничната постапка; начелата на парничната постапка; субјектите на парничната постапка; парничните дејствија и установи; текот на постапката; посебните парнични постапки; вонпарничното право; извршната постапка. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за суштинско истражување за нив; да ги проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните судски одлуки.
  • [6 ЕКТС] Трудово прво и право на социјално осигурување
    Изучувањето на предметот Трудово право и право на социјално осигурување на студентите ќе им овозможи: - Да се запознаат со прашања и проблеми кои се составен дел на трудовото право, тргнувајќи од фундаменталната премиса дека секој од нас еден ден ќе заснова работен однос и токму поради тоа познавањата на правата за работниот однос претставуваат и прашања на борба за поквалитетен живот. - Да се запознаат со различните аспекти на остварувањето на правата,обврските и одговорностите од работниот однос како и со правните институции од областа на трудот. - Да ги проучуваат работните односи во практиката преку постапката на вработување, склучување на договор за вработување, остварување и заштита на правата за работен однос кај работодавачот и надлежните органи, постапката за одговорност на вработените, престанување на работниот однос, односно престанување на важноста на договорот за вработување. - Да изработат конкретни акти во врска со сите институти кои се опфатени со позитивната законска регулатива од областа на работните односи во Р. Македонија. - Да се овозможат разни форми и облици на партиципација на студентите и да се инкорпорира можност за освојување на што е можно поголем број од поените предвидени за активност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/1
    • Криминологија и пенологија
    • Политичките партии и изборните системи
    • Судска медицина
    • Организиран криминал
    • Локална самоуправа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/2
    • Криминологија и пенологија
    • Политичките партии и изборните системи
    • Судска медицина
    • Организиран криминал
    • Локална самоуправа
Google+