Структурата на тригодишната програма содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди интегративен пристап на теми од областа на јазиците, културите и комуникациите, имплементирајќи го овој концепт преку наставната програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која е тесно поврзана со практичната примена во светот на јазикот, културата, уметноста, образованието и комуницирањето.Главницели се:
- Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во образовните, културните, научните установи и организации во земјава и насекаде низ светот.
- Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на нивната професија во државниот, приватниот и невладиниот сектор.
- Да понуди низа модули кои ја опфаќаат основата на знаењата за приближување кон професиите кои помалку или повеќе се поврзани со сферата на образованието и културата.
- Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство зајазикот, литературата во јавните, приватните и во други организации.
- Да го развивa концептот на критичко размислување на студенттите.
- Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на општествените, образовните, културните и научните организации.
- Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
Програмата за додипломски студии им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на образованието и културата, а истовремено ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во последната година на студиите. За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со што ќе се оспособуваат да ги применат нивните стекнати знаења и вештини во дотичните области.
Составеноста на курикулумот има цел балансирана комбинација на основно знаење и специфични професионални вештини. Првата година е значајна за студентите, бидејќи спојува цел спектар на интердисциплинарни предмети. Ова ќе биде од значителна корист за нивната професионална оформеност.
По завршувањето на тригодишните додипломски студии, односно на првиот циклус на студии, студентите од Катедрата по германски јазик и книжевност ќе се здобијат соквалификацијата Bachelor of Arts.Дипломираните студенти ќе стекнат знаења, вештини и компетенции кои им овозможуваат да ги продолжат своите студии на вториот циклус, односно наMaster of Arts по германски јазик, литература и култура или да ја започнат својата кариера како наставници по германски јазик во основните и средните училишта или во приватните училишта. Покрај тоа, преку модулите од областа на лингвистиката, литературата, културата и дидактиката, студентите се подготвуваат да вршат и други активности во: јавната администрација, маркетингот, дипломатијата, јавните и приватните институции, при превод и толкување, зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, понатаму да вршат активности во областа на новинарството и издавачките куќи, меѓународните претпријатија или во туризмот.
Знаење и разбирање
- Да има знаење и разбирање во областа на германските студии кој се базира врз нивното општо средно образование.
- Да стекнува добра јазична надлежност на германскиот јазик во однос на четирите јазични вештини (зборување, слушање, читање и пишување).
- Да има познавање и разбирање на културните прашања што имаат врска со земјите што зборуваат германски и може да анализира и да го цени критички германскиот јазик, литература, историја, општество и медиуми.
- Да знае и ги разбира различните периоди и големите автори на литературата на земјите што зборуваат германски.
- Да знае спектар на наставни стратегии и ресурси, вклучувајќи технолошки алатки за да го поттикне интересот и поддршката за учење на германскиот јазик како странски јазик
Примена на знаењето и разбирањето
- Да се компетентни да ги применат своите методолошки вештини во нивните наставна професија во основните и средни училишта.
- Да се способни да ги применат своите знаења за официјален судски превод од германски на албански или македонски и обратно.
- Да го користат германскиот јазик соодветно во различни академски и социјални ситуации.
- Да конструираат и поддржуваат аргументи и да решаваат проблеми во нивното поле на германската лингвистика, литература, култура и методика.
Способност за проценка
- Да можат да анализираат современи прашања и дебати врз основа на нивните јазични, културни и книжевни знаења.
- Да може да ја оценуваат соодветноста на наставните техники кои вмешуваат различни стилови на учење во училница каде се изучува германскиот јазик како странски јазик.
- Да оценуваат и анализираат различни литературни текстови водејќи сметка за јазикот, стилот, симболот и метафората. Да споредуваат и разликуваат литературни текстови низ различни времиња и народи.·
- Да ги соберат и интерпретираат основните лингвистички податоци кои се однесуваат на германскиот јазик.
Комуникациски вештини
- Ефективно да комуницираат со студенти и ученици во амбиент на училница.
- Да произведуваат и организираат граматички точни изрази и реченици.
- Да комуницираат на германски во соодветно професионален вокабулар и за специфичната и за неспецифичната публика.
- Да дебатираат со информирано мислење за различни аспекти на германските културни трендови, мислители и историски настани.
Вештини на учење
- Да има автономни вештини на учење и е само мотивиран за постигнување на професионалните цели преку независна употреба на автентични материјали.
- Систематски да развијат продуктивни и рецептивни вештини во контекст на германса студија.
- Да има способност да развија различни наставни техники и материјали во врска со нивните наставна ситуација.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Вовед во германска лингвистика
Целта на воведниот предмет во лингвистиката е да понуди еден широк поглед на модерната германистичка лингвистика. Овој предмет треба да даде вовед во проблемите и областите на истражување на науката за јазикот, нејзините концепти , методи и резултатите како и на нејзините теории и развои. Во рамките на предметот ќе бидат опфатени следниве теми: јазик, комуникации и семиотика, фонетика и фонологија, графематика и ортографија, зборообразување и флексија, зборовни групи, синтакса; традиционални реченични анализи, зависност и валентност, семантика, прагматика и лингвистика на текстот.
-
[6 ЕКТС]
Вовед во студиите на германската книжевнoст
Овој предмет има за цел да дава еден вовед во гермнаска книжевност, особено во епохите на германската книжевност и култура од средновековието до книжевноста на сегашното време како и во терминологија на книжевност во општо. Во рамките на оваа предавање ќе се обработуваат важни автори и дела на различни епохи, жанри и др. Се предвидува вовед и студија на германската книжевност во епохи почнувајќи од епохата на средновековието, хумаинизмот, Барок, Класика, Романтизам, експресионизам и книжевноста на 20 век.
-
[6 ЕКТС]
Современ германски јазик I
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* да покажат способност за разбирање на поединечни зборови и прости реченици кои се однесуваат на своето опкружување, своето семејство, конкретни предмети, секојдневни ситуации, притоа аудио визуелните презентации да бидат јасни
* да применуваат едноставни реченици за познати луѓе, факти и конкретни ситуации.
* да покажат соодветна јазична подготовка за разбирање на кратки и едноставни текстови, преку читање на истите во повеќе наврати.
* да пишуваат едноставни и кратки реченици со едноставни факти и пораки.
* да бидат точни во употребата на основната граматика.
-
[6 ЕКТС]
Слободни изборни предмети
Јазични предмети
-
Албански јазик за професионални цели
По завршувањето на предметот Албански јазик за професионални цели, од студентите ќе се очекува да можат да ги употребат практично знаењата кои ќе им послужат во текот на нивното вработување како и во нивното понатамошно професионално ангажирање. Конкретно ќе се очекува да ги знаат: разликите во пишаниот и зборуваниот јазик, карактеристиките на професионалното комуницирање, формите на професионалното комуницирање(извештај, CV, електронски пораки), спецификите на професионалното пишување, правописот на најупотребливите граматички форми, да ги препознаваат разликите во научниот, административниот и политичко-општествениот стил на пишување, правилата за организирање интервју и правилата на дебатирање, да знаат правилно да пишуваат мотивациони писма, следејќи ги правилата на академското изразување да направат писмена и усна интерпретација на дадени текстови, итн.
-
Академско пишување на англиски јазик
Целта на овој предмет е да им помогне на студентите да ги развијат академските вештини за пишување на различни начини. На студентите ќе им се овозможи да ги комуницираат нивните идеи на јасен, течен и ефективен начин за да произведат едно пишано дело. Студентските академски вештини ќе се развијат постепено преку вежбите што помагаат во пишувањето како: пишување на различни видови на параграфи и есеи. Исто така, студентите ќе се запознаат со правилата за цитирање и парафразирање и ќе разберат што значи плагијат. Повратната информација на едно напишано дело ќе содржи поправање на грешките од самите студенти, поправање на грешките помеѓу соучениците, и поправање на грешките од страна на предавачот на содржината, организацијата и јазичните грешки.
-
Академско пишување на македонски јазик
По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна комуникација на македонски јазик со посебен акцент на вештините на пишување на македонски јазик. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, студентите ќе бидат во можност да ги надградат своите способности за пишување на повеќе нивоа и со тоа да станат посигурни и покомпетентни во пишувањето на македонски јазик и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци, како и да стекнат способност за одлична писмена и усна комуникација на македонски јазик.
-
Академско пишување на албански јазик
По завршувањето на секое ниво, од студентите ќе се очекува да можат да пишуваат есеј и научно-истражувачка работа според правилата научени за време на предавањата. Конкретно од нив ќе се очекува овие знаења да ги имаат изградено над знаењата за функцијата, градбата и видовите параграф, начинот на одбирање тема за научно-истражувачка работа, собирањето на материјалот, правилата за документирање на изворот, итн., па се до завршниот модел.
-
Германски јазик (ниво 1 до 4)
По завршувањето на секое ниво, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења според Европската јазична рамка кои се посебно и конкретно одредени според нивото. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметите по германски јазик, студентите ќе бидат и во можност да размислуваат критички по повод различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и писмено и усно да ги изразуваат своите мислења и ставови.
-
Француски јазик
Францускиот јазик го зборуваат 200 милиони луѓе низ целиот свет: 115 милиони како мајчин јазик и 85 милиони кои го учат, правејќи го втор најучен јазик по англискиот јазик. Францускиот е мајчин јазик на 5 континенти.
По англискиот јазик, францускиот е најчесто користен јазик во меѓународни организации.
Францускиот е, заедно со англискиот јазик, јазикот на работата на Секретаријатот на Обединетите нации, а официјален јазик заедно со пет други јазици (англиски, шпански, руски, арапски и кинески).
Францускиот јазик е официјален јазик на Светскиот поштенски сојуз.
Францускиот е еден од трите работни јазици на Европската унија, другите два се англискиот и германскиот јазик. Францускиот е единствениот јазик кој се употребува во дискусиите на Европскиот суд за правда.
Францускиот заедно со англискиот јазик е официјален јазик на Меѓународниот Олимписки Комитет.
Во меѓународните институции како што се УНЕСКО, НАТО, Советот на Европа и на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), Светската Анти-допинг Агенција, ФИФА (Меѓународна Федерацијана Фудбалските Асоцијации), францускиот е официјален јазик, а во други, како Светската банка, Светската здравствена организација, Африканската унија и Интерпол, францускиот е претпочитан јазик за работа.
Францускиот е јазик на работа во невладини организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Амнести интернешенел, Лекари без граници,Правници без граници, Лекари на Светот.
Комуникациски вештини
-
Јавно говорење
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе се стекнат со знаења за процесот на комуникација, етичките одговорности на јавниот говорник, како и за различните модели на информативни и убедливи говори. Освен тоа, студентите ќе се стекнат со вештини за подготовка и доставување на различни видови на говори, анализа на публиката, истражување на говорни теми, подготовка на говори, итн. По завршувањето на предметот Јавно говорење студентите ќе бидат во можност да размислуваат критички преку конструктивна само-критика и критика за говорите на другите.
-
Меѓукултурни студии
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе можат да ги идентификуваат глобалните прашања и проблеми од перспектива на различни култури, комуникациската динамика во другите култури, сличностите и разликите меѓу своите вредности и оние на другите култури, како и сличностите и разликите меѓу нивните комуникациски практики и оние од другите култури. Освен тоа, студентите се очекува да станат по свесни за стереотипите кои општеството ги има за различните култури, и ќе почнат подобра да го разбираат своето место во глобалната заедница. Студентите критички ќе се вклучат во размислувања за нивната етничка припадност, пол и родовиот идентитет, класа, вера, национално потекло, возраст и други демографски карактеристики како и нивното влијание врз комуникациските процеси. По завршувањето на предметот Меѓукултурни студии, студентите исто така ќе се стекнат со комуникациски вештини за работа во групи преку учество во истражувачки проекти, како и ќе се здобијат со вештини за презентација на нивните истражувачки проекти.
-
Комуникациски вештини
Предметот Kомуникациски вештини е дизајниран да им овозможи на студентите практично да ја применуваат меѓучовечката комуникација. Студентите ќе имаат можност да учат интерперсонални вештини (како перцепција, слушање, вербална и невербална комуникација); јавно говорење (како организација, испорака и основи на пишување јавни говори) и комуникација во мала група (како лидерство, самоувереност и слушање). Предметот исто така ќе се фокусира на обезбедување со основни познавања и разбирања за процесите на барање работа, како со писмена така и со усна комуникација, преку задачи како што се: пишување биографија, мотивациско писмо, симулации за интервјуирање, итн.
Вештини по ИТ
-
Напреден Excel
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања од примената и можностите понудени од страна на апликацијата Microsoft Excel и воедно да се оспособат за реализирање на напредни задачи поврзани со програмата која се изучува во нивниот факултет.
-
Напредни ИТ вештини
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со основни познавања и вештини од областа на информатичките науки.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Microsoft Office апликациите (Windows, Word, PowerPoint, Excel, Access) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на практични проекти.
-
Напредни познавања за Word и PowerPoint
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања и со можностите понудени од страна на апликациите на Microsoft Word и ПауерПоинт, и воедно да се оспособат самостојно да реализираат разни проекти и конкретни сложени задачи поврзани со програмата на која студираат.
-
Гугл Апс (Google Apps)
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со напредни познавања и вештини од областа на електронските сервиси (cloud applications).
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Google Docs апликациите (G-mail, Documents, Spreadsheets, Presentations, Drawings и Forms ) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на разни проекти и тоа онлајн директно преку веб прелистувачот.
-
Напреден Access
Бази на податоци се идеални алатки за следење на големи волумени на податоци, a Microsoft Access е доста популарен и претставува моќно средство кое се користи за дизајнирање и развивање на Windows базирани бази на податоци.
Овој предмет е наменет за нови корисници на Access, каде се обработуваат најважните функции потребни за работа со бази на податоци.
-
Десктоп-публикации
Целта на овој предмет е дизајн и обработка на растер и вектор графика преку водечките програми Adobe Photoshop и Illustrator како и дизајнирање и публикација на комерцијални материјали за печатење со помош на Adobe In Design.
-
Веб-публикации
Развивање дури и едноставен веб-страница според важечките стандарди бара познавање на Hypertext Markup Language (XHTML) и Cascading Style Sheets (CSS). Повеќето веб-страници исто така користат слики, дали во форма на банери, копчиња, логоа, слики или скенови. Adobe Fireworks е изграден како алатка за да креирате и манипулирате со слики наменети за веб, и да им овозможи на креаторите да се ги оптимизираат овие слики, со цел да се намали големината на датотеката. Fireworks, исто така, обезбедува одлична интеграција со Dreamweaver. Оваа серија обезбедува сеопфатен вовед во XHTML, CSS, и креирање на веб графика.
Разно
-
Заштита на животната средина
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите запознавање со основните проблеми на животната средина.
* Улогата на човекот како клучен фактор во процесот на загадувањето и заштита на животната средина.
* Влијанието на разните загадувачи на животната средина врз здравјето, професионалната активност и организациона способност на факторот човек.
* Создавање на позитивни навики за животната средина како и подигање на свеста за потребите за поздрава и почиста средина.
* Меѓународната и националната легислатива како и меѓународните конвенции за животната средина.
* Запознавање со Меѓународните и националните глобални политики во сферата на животната средиа.
* Животната средина како услов за одржлив економски развој.
* Улогата на општеството во процесот на заштита на животната средина.
* Запознавање со главните ризици на здравата животна средина.
* Запознавање со Националната стратегија за животната средина на Р. Македонија.
-
Спорт, рекреација и култура
Теоретска настава: (Општо за спортото и спортските дициплини, хигиена, спортска медицина, исхрана и општа култура); Практична настава: Организирање на спортски колективни и индивидуални игри и други активности во сала и спортските терени во кампусот.
-
Професионален рзавој на кариерата
Овој предмет се однесува на барањето, добивањето и задржувањето на работата. Преку него студентите ќе стекнат содветни работни вештини за потребите на модерните работни места. Специфична задача ќе биде ефективнo составување CV , пишување писмо за интерес/барање, вештини за интервјуирање и за формална комуникација во рамките на канцеларијата (мемос, формални електронски пораки до претпоставените или до клиентите, извештаи). Дополнителни елементи кои ќе ги опфатат се спроведување самоевалуција, управување со интерканцелариски конфликти и барање промоции. Примарен фокус на овој предмет ќе биде вработувањето. Вештините добиени во рамките на овој предмет може да се применуват во работниот процес.
-
[3 ЕКТС]
Изборни предмети 1
-
Албански јазик I
Овој предмет им се нуди на студентите кои не располагаат со елементарни знаења од албанскиот јазик да им се овозможи да се запознаваат со карактеристиките на овој јазик, да се стекнат со знаења за јазичната структура на албанскиот јазик, да совладуваат еден скромен фонд на зборови кои ќе им овозможаат наједноставна комуникација. Имајќи предвид дека станува збор за курс за почетници, курсот е замислен да биде флексибилен и да се прилагоди кон можностите и интересот на студентите. Во овој курс студентите ќе се здобијат со најнеопходни знаења од граматиката на албанскиот јазик, на систематски начин ќе се работи на проширување на фондот на зборови, почнувајќи од имиња на предмети, бои, броеви итн., со помош на активности кои ќе помагаат во развојот на јазичните компетенции на студентите.
-
Mакедонски јазик I
Програмата за предметот македонски јазик I е прилагодена за потребите на студентите со албански јазик на студирање и пред с# е насочена кон практичното изучување на македонскиот јазик. Наставните содржини се однесуваат на основите на македонскиот правопис. На почетокот се обрнува внимание на поделбата на јазиците и местото на македонскиот јазик и останатите балкански јазици во рамките на Индоевропското јазично семејство. Посебно внимание се обрнува на Балканската јазична заедница и структурните сличности меѓу балканските јазици, а пред сe меѓу македонскиот и албанскиот јазик. Понатаму се продолжува со изучување на Правописот на македонскиот јазик, преку што студентите во огромна мера ја зголемуваат способноста за правилна употреба на македонскиот јазик во писмената и усна комуникација.
-
[3 ЕКТС]
Изборни предмети 2
-
Англиски јазик I
Предметот по општ англиски јазик , прво ниво, е едносеместрален курс застапен со 6 часа неделно. Курсот трае 14 недели. На крајот на курсот, студентите би требало да бидат на ниво А2 според усогласените европските стандарди и способни да разберат и употребат основни изрази наменети за секојдневни ситуации : да се представат себеси и другите, да прашуваат и одговараат на лични прашања, да се во состојба да ја опишат дневната рутина, да зборуваат за семејството, да зборуваат за личности, места, простории, да даваат упатства и да комуницираат едноставно доколку разговорот се одвива полека и јасно а соговорникот е подготвен да помогне. Студентите треба да се способни да прочитаат и разберат краток и едноставен текст и да одговорат на истиот. Студентите би требало да се способни да напишат краток состав на теми поврзани со материјалот.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Современ германски јазик II
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* да покажат способност за разбирање на поединечни зборови и прости реченици кои се однесуваат на своето опкружување, своето семејство, конкретни предмети, секојдневни ситуации, притоа аудио визуелните презентации да бидат јасни
* да применуваат едноставни реченици за познати луѓе, факти и конкретни ситуации.
* да покажат соодветна јазична подготовка за разбирање на кратки и едноставни текстови, преку читање на истите во повеќе наврати.
* да пишуваат едноставни и кратки реченици со едноставни факти и пораки.
* да бидат точни во употребата на основната граматика.
-
[6 ЕКТС]
Фонетика и фонологија
Целта на овој предмет е да нуди вовед во различните делови од фонетика и фонологија. Во преден план се физиолошките основи на говорното производство како и артикулационите и акустичните описи и класификацијата на гласовите (консонанти и вокали). Увид во проблемите на транскрипција како и истражувањата на прозодијата кои го заокружуваат материјалот. Во вториот дел се претставени различни описни пристапи на германската фонологија и се дискутира во нивниот досег. Вежбите за фонематика и коартикулација на германскиот јазик како и неговите варијации ја прикажуват нивната имплементација.
-
[6 ЕКТС]
Историја на германската книжевнoст на 18. Век
Овој предмет има за цел да даде увид во историјата на германската книжевност на 18 век. Се очекува од студентите запознавање на најпознатите автори и дела од овој период со намера да се сфати начинот на мислење и творење германкста книжевност во 18 век. Предметот треба да ги оспособи студентите да навлезат во мотивите за интерпретација и создавање на пишувани текстови. Со овој предмет студентите ќе ги запознаат европските движења и вредности на литертурата и социјалната состојба ширум Европа. Со овој предмет е предвидена анализа на следниве автори и теми од оваа епоха на германската книжевност: Gottsched, Lessing, Goethe, Schiller 1. Aufklärung во историјата на културата во Европа и во Германија. Sturm-und-Drang-Phase. Германската Класика.
-
[6 ЕКТС]
Слободни изборни предмети
Јазични предмети
-
Албански јазик за професионални цели
По завршувањето на предметот Албански јазик за професионални цели, од студентите ќе се очекува да можат да ги употребат практично знаењата кои ќе им послужат во текот на нивното вработување како и во нивното понатамошно професионално ангажирање. Конкретно ќе се очекува да ги знаат: разликите во пишаниот и зборуваниот јазик, карактеристиките на професионалното комуницирање, формите на професионалното комуницирање(извештај, CV, електронски пораки), спецификите на професионалното пишување, правописот на најупотребливите граматички форми, да ги препознаваат разликите во научниот, административниот и политичко-општествениот стил на пишување, правилата за организирање интервју и правилата на дебатирање, да знаат правилно да пишуваат мотивациони писма, следејќи ги правилата на академското изразување да направат писмена и усна интерпретација на дадени текстови, итн.
-
Академско пишување на англиски јазик
Целта на овој предмет е да им помогне на студентите да ги развијат академските вештини за пишување на различни начини. На студентите ќе им се овозможи да ги комуницираат нивните идеи на јасен, течен и ефективен начин за да произведат едно пишано дело. Студентските академски вештини ќе се развијат постепено преку вежбите што помагаат во пишувањето како: пишување на различни видови на параграфи и есеи. Исто така, студентите ќе се запознаат со правилата за цитирање и парафразирање и ќе разберат што значи плагијат. Повратната информација на едно напишано дело ќе содржи поправање на грешките од самите студенти, поправање на грешките помеѓу соучениците, и поправање на грешките од страна на предавачот на содржината, организацијата и јазичните грешки.
-
Академско пишување на македонски јазик
По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна комуникација на македонски јазик со посебен акцент на вештините на пишување на македонски јазик. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, студентите ќе бидат во можност да ги надградат своите способности за пишување на повеќе нивоа и со тоа да станат посигурни и покомпетентни во пишувањето на македонски јазик и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци, како и да стекнат способност за одлична писмена и усна комуникација на македонски јазик.
-
Академско пишување на албански јазик
По завршувањето на секое ниво, од студентите ќе се очекува да можат да пишуваат есеј и научно-истражувачка работа според правилата научени за време на предавањата. Конкретно од нив ќе се очекува овие знаења да ги имаат изградено над знаењата за функцијата, градбата и видовите параграф, начинот на одбирање тема за научно-истражувачка работа, собирањето на материјалот, правилата за документирање на изворот, итн., па се до завршниот модел.
-
Германски јазик (ниво 1 до 4)
По завршувањето на секое ниво, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења според Европската јазична рамка кои се посебно и конкретно одредени според нивото. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметите по германски јазик, студентите ќе бидат и во можност да размислуваат критички по повод различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и писмено и усно да ги изразуваат своите мислења и ставови.
-
Француски јазик
Францускиот јазик го зборуваат 200 милиони луѓе низ целиот свет: 115 милиони како мајчин јазик и 85 милиони кои го учат, правејќи го втор најучен јазик по англискиот јазик. Францускиот е мајчин јазик на 5 континенти.
По англискиот јазик, францускиот е најчесто користен јазик во меѓународни организации.
Францускиот е, заедно со англискиот јазик, јазикот на работата на Секретаријатот на Обединетите нации, а официјален јазик заедно со пет други јазици (англиски, шпански, руски, арапски и кинески).
Францускиот јазик е официјален јазик на Светскиот поштенски сојуз.
Францускиот е еден од трите работни јазици на Европската унија, другите два се англискиот и германскиот јазик. Францускиот е единствениот јазик кој се употребува во дискусиите на Европскиот суд за правда.
Францускиот заедно со англискиот јазик е официјален јазик на Меѓународниот Олимписки Комитет.
Во меѓународните институции како што се УНЕСКО, НАТО, Советот на Европа и на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), Светската Анти-допинг Агенција, ФИФА (Меѓународна Федерацијана Фудбалските Асоцијации), францускиот е официјален јазик, а во други, како Светската банка, Светската здравствена организација, Африканската унија и Интерпол, францускиот е претпочитан јазик за работа.
Францускиот е јазик на работа во невладини организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Амнести интернешенел, Лекари без граници,Правници без граници, Лекари на Светот.
Комуникациски вештини
-
Јавно говорење
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе се стекнат со знаења за процесот на комуникација, етичките одговорности на јавниот говорник, како и за различните модели на информативни и убедливи говори. Освен тоа, студентите ќе се стекнат со вештини за подготовка и доставување на различни видови на говори, анализа на публиката, истражување на говорни теми, подготовка на говори, итн. По завршувањето на предметот Јавно говорење студентите ќе бидат во можност да размислуваат критички преку конструктивна само-критика и критика за говорите на другите.
-
Меѓукултурни студии
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе можат да ги идентификуваат глобалните прашања и проблеми од перспектива на различни култури, комуникациската динамика во другите култури, сличностите и разликите меѓу своите вредности и оние на другите култури, како и сличностите и разликите меѓу нивните комуникациски практики и оние од другите култури. Освен тоа, студентите се очекува да станат по свесни за стереотипите кои општеството ги има за различните култури, и ќе почнат подобра да го разбираат своето место во глобалната заедница. Студентите критички ќе се вклучат во размислувања за нивната етничка припадност, пол и родовиот идентитет, класа, вера, национално потекло, возраст и други демографски карактеристики како и нивното влијание врз комуникациските процеси. По завршувањето на предметот Меѓукултурни студии, студентите исто така ќе се стекнат со комуникациски вештини за работа во групи преку учество во истражувачки проекти, како и ќе се здобијат со вештини за презентација на нивните истражувачки проекти.
-
Комуникациски вештини
Предметот Kомуникациски вештини е дизајниран да им овозможи на студентите практично да ја применуваат меѓучовечката комуникација. Студентите ќе имаат можност да учат интерперсонални вештини (како перцепција, слушање, вербална и невербална комуникација); јавно говорење (како организација, испорака и основи на пишување јавни говори) и комуникација во мала група (како лидерство, самоувереност и слушање). Предметот исто така ќе се фокусира на обезбедување со основни познавања и разбирања за процесите на барање работа, како со писмена така и со усна комуникација, преку задачи како што се: пишување биографија, мотивациско писмо, симулации за интервјуирање, итн.
Вештини по ИТ
-
Напреден Excel
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања од примената и можностите понудени од страна на апликацијата Microsoft Excel и воедно да се оспособат за реализирање на напредни задачи поврзани со програмата која се изучува во нивниот факултет.
-
Напредни ИТ вештини
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со основни познавања и вештини од областа на информатичките науки.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Microsoft Office апликациите (Windows, Word, PowerPoint, Excel, Access) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на практични проекти.
-
Напредни познавања за Word и PowerPoint
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања и со можностите понудени од страна на апликациите на Microsoft Word и ПауерПоинт, и воедно да се оспособат самостојно да реализираат разни проекти и конкретни сложени задачи поврзани со програмата на која студираат.
-
Гугл Апс (Google Apps)
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со напредни познавања и вештини од областа на електронските сервиси (cloud applications).
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Google Docs апликациите (G-mail, Documents, Spreadsheets, Presentations, Drawings и Forms ) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на разни проекти и тоа онлајн директно преку веб прелистувачот.
-
Напреден Access
Бази на податоци се идеални алатки за следење на големи волумени на податоци, a Microsoft Access е доста популарен и претставува моќно средство кое се користи за дизајнирање и развивање на Windows базирани бази на податоци.
Овој предмет е наменет за нови корисници на Access, каде се обработуваат најважните функции потребни за работа со бази на податоци.
-
Десктоп-публикации
Целта на овој предмет е дизајн и обработка на растер и вектор графика преку водечките програми Adobe Photoshop и Illustrator како и дизајнирање и публикација на комерцијални материјали за печатење со помош на Adobe In Design.
-
Веб-публикации
Развивање дури и едноставен веб-страница според важечките стандарди бара познавање на Hypertext Markup Language (XHTML) и Cascading Style Sheets (CSS). Повеќето веб-страници исто така користат слики, дали во форма на банери, копчиња, логоа, слики или скенови. Adobe Fireworks е изграден како алатка за да креирате и манипулирате со слики наменети за веб, и да им овозможи на креаторите да се ги оптимизираат овие слики, со цел да се намали големината на датотеката. Fireworks, исто така, обезбедува одлична интеграција со Dreamweaver. Оваа серија обезбедува сеопфатен вовед во XHTML, CSS, и креирање на веб графика.
Разно
-
Заштита на животната средина
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите запознавање со основните проблеми на животната средина.
* Улогата на човекот како клучен фактор во процесот на загадувањето и заштита на животната средина.
* Влијанието на разните загадувачи на животната средина врз здравјето, професионалната активност и организациона способност на факторот човек.
* Создавање на позитивни навики за животната средина како и подигање на свеста за потребите за поздрава и почиста средина.
* Меѓународната и националната легислатива како и меѓународните конвенции за животната средина.
* Запознавање со Меѓународните и националните глобални политики во сферата на животната средиа.
* Животната средина како услов за одржлив економски развој.
* Улогата на општеството во процесот на заштита на животната средина.
* Запознавање со главните ризици на здравата животна средина.
* Запознавање со Националната стратегија за животната средина на Р. Македонија.
-
Спорт, рекреација и култура
Теоретска настава: (Општо за спортото и спортските дициплини, хигиена, спортска медицина, исхрана и општа култура); Практична настава: Организирање на спортски колективни и индивидуални игри и други активности во сала и спортските терени во кампусот.
-
Професионален рзавој на кариерата
Овој предмет се однесува на барањето, добивањето и задржувањето на работата. Преку него студентите ќе стекнат содветни работни вештини за потребите на модерните работни места. Специфична задача ќе биде ефективнo составување CV , пишување писмо за интерес/барање, вештини за интервјуирање и за формална комуникација во рамките на канцеларијата (мемос, формални електронски пораки до претпоставените или до клиентите, извештаи). Дополнителни елементи кои ќе ги опфатат се спроведување самоевалуција, управување со интерканцелариски конфликти и барање промоции. Примарен фокус на овој предмет ќе биде вработувањето. Вештините добиени во рамките на овој предмет може да се применуват во работниот процес.
-
[3 ЕКТС]
Изборни предмети 3
-
Англиски јазик II
Предметот по општ англиски јазик, второ ниво, е едносеместрален курс застапен со 6 часа неделно. Курсот трае 14 недели. На крајот на курсот, студентите би требало да бидат на ниво Б1 според усогласените европски стандарди и студентите би требало да бидат способни да разговараат за искуства од минатото, за времето, идни планови, да употребат придавки во компаратив и суперлатив за да опишат лица и предмети и да напишат краток описен состав.
-
[3 ЕКТС]
Изборни предмети 4
-
Албански јазик II
Предметот Албански јазик 2 е подготвен со цел на студентите кои располагаат со елементарни знаења од албанскиот јазик да им се овозможи да ги прошират и аплицираат нивните знаења здобиено од претходниот семестар во секојденвни ситуации, со помош на кои истовремено ќе се стекнат со знаења за јазичната структура на албанскиот јазик, ќе совладуваат еден скромен фонд од различни лексико-граматички категории кои ќе им овозможаат едноставни конверзации. Иако станува збор за второ ниво на курс, курсот е замислен да биде флексибилен и да се прилагоди кон можностите и интересот на студентите.
-
Mакедонски јазик II
Програмата за предметот македонски јазик 2 е прилагодена за потребите на студентите со албански јазик на студирање и пред се е насочена кон практичното изучување на македонскиот јазик. Наставните содржини се однесуваат на основите на граматиката на македонскиот јазик. На почетокот на семестарот се посветува внимание на морфологијата на македонскиот јазик со посебен акцент на категориите кај именките, придавките и глаголите. Посебно внимание се обрнува на сложените глаголски форми кои коренсподираат со оние во албанскиот јазик преку што студентите во огромна мера ја зголемуваат способноста за правилна употреба на македонскиот јазик во писмената и усната комуникација.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Современ германски јазик III
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* Да покажат способност за разбирање на кратки текстови кои се однесуваат на одредени случки за познати личности.
* Лесно да разменуваат мислења за познати теми, лични интереси, факти и конкретни ситуации.
* Да покажат соодветна јазична подготовка за разбирање на кратки и едноставни текстови, преку читање на истите во повеќе наврати.
* Да обработуваат јасно структурирани текстови со содржани клучни пораки. Текстовите се однесуваат на клучни ситуации од секојдневниот живот на младите.
* Да употребуваат посложена граматика.
-
[6 ЕКТС]
Морфологија
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните поими на германската морфологија. Во преден план на овој курс стојат пред се видовите на зборови (променливи и непроменливи). Во рамките на ова предавање се претставени и поблиску објаснети следните својства на германскиот стандарден јазик: Основни поими на морфологија (морфема,збор, флекција, класификација на видови на зборови), глагол, класификација на глаголите според морфолошки критериум, правилни и неправилни глаголи, класфикација на глаголите според синтаксички критериум, полни глаголи и помошни глаголи, класификација на глаголите според семантички критериум, инфинитивни форми на глаголот: инфинитив, партицип 1, партицип 2, време, употреба на временските форми, модални глаголи, пасив, функциите на актив и пасив, модус на глаголот: индикатив, коњунктив 1 и 2, императив, именките, придафките, заменките прилозите, сврзници, модални зборови, партикули итн.
-
[6 ЕКТС]
Историја на германската книжевнoст на 19. век
Главна цел на овој предмет е увидот во историјата на германската книжевност на 19 век. Се очекува од студентите запознавање на најпознатите автори и дела од овој. период со намера да се сфати начинот на мислење и творење германкстат книжевност во 19 век. Предметот треба да ги оспособи студентите да навлезат во интерпретација на различни текстови од овој период и создавање на пишувани текстови. Со овој предмет студентите ќе ги запознаваат европските движење и вредности на литертура и социалната состојба ширум Европа. Со овој предмет се предвидено анализа на следните автори и теми на ова епоха на германската книжевност на пример поетиката на авторите од епохата на романтизмот и реализмот Kleist, Tieck, Schlegel, Novalis, Hoffmann, Grillparzer, Heine, Büchner, Keller, Fontane Grillparzer, Nestroy, Heine, Büchner, Keller, Fontane.
-
[6 ЕКТС]
Слободни изборни предмети
Јазични предмети
-
Албански јазик за професионални цели
По завршувањето на предметот Албански јазик за професионални цели, од студентите ќе се очекува да можат да ги употребат практично знаењата кои ќе им послужат во текот на нивното вработување како и во нивното понатамошно професионално ангажирање. Конкретно ќе се очекува да ги знаат: разликите во пишаниот и зборуваниот јазик, карактеристиките на професионалното комуницирање, формите на професионалното комуницирање(извештај, CV, електронски пораки), спецификите на професионалното пишување, правописот на најупотребливите граматички форми, да ги препознаваат разликите во научниот, административниот и политичко-општествениот стил на пишување, правилата за организирање интервју и правилата на дебатирање, да знаат правилно да пишуваат мотивациони писма, следејќи ги правилата на академското изразување да направат писмена и усна интерпретација на дадени текстови, итн.
-
Академско пишување на англиски јазик
Целта на овој предмет е да им помогне на студентите да ги развијат академските вештини за пишување на различни начини. На студентите ќе им се овозможи да ги комуницираат нивните идеи на јасен, течен и ефективен начин за да произведат едно пишано дело. Студентските академски вештини ќе се развијат постепено преку вежбите што помагаат во пишувањето како: пишување на различни видови на параграфи и есеи. Исто така, студентите ќе се запознаат со правилата за цитирање и парафразирање и ќе разберат што значи плагијат. Повратната информација на едно напишано дело ќе содржи поправање на грешките од самите студенти, поправање на грешките помеѓу соучениците, и поправање на грешките од страна на предавачот на содржината, организацијата и јазичните грешки.
-
Академско пишување на македонски јазик
По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна комуникација на македонски јазик со посебен акцент на вештините на пишување на македонски јазик. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, студентите ќе бидат во можност да ги надградат своите способности за пишување на повеќе нивоа и со тоа да станат посигурни и покомпетентни во пишувањето на македонски јазик и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци, како и да стекнат способност за одлична писмена и усна комуникација на македонски јазик.
-
Академско пишување на албански јазик
По завршувањето на секое ниво, од студентите ќе се очекува да можат да пишуваат есеј и научно-истражувачка работа според правилата научени за време на предавањата. Конкретно од нив ќе се очекува овие знаења да ги имаат изградено над знаењата за функцијата, градбата и видовите параграф, начинот на одбирање тема за научно-истражувачка работа, собирањето на материјалот, правилата за документирање на изворот, итн., па се до завршниот модел.
-
Германски јазик (ниво 1 до 4)
По завршувањето на секое ниво, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења според Европската јазична рамка кои се посебно и конкретно одредени според нивото. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметите по германски јазик, студентите ќе бидат и во можност да размислуваат критички по повод различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и писмено и усно да ги изразуваат своите мислења и ставови.
-
Француски јазик
Францускиот јазик го зборуваат 200 милиони луѓе низ целиот свет: 115 милиони како мајчин јазик и 85 милиони кои го учат, правејќи го втор најучен јазик по англискиот јазик. Францускиот е мајчин јазик на 5 континенти.
По англискиот јазик, францускиот е најчесто користен јазик во меѓународни организации.
Францускиот е, заедно со англискиот јазик, јазикот на работата на Секретаријатот на Обединетите нации, а официјален јазик заедно со пет други јазици (англиски, шпански, руски, арапски и кинески).
Францускиот јазик е официјален јазик на Светскиот поштенски сојуз.
Францускиот е еден од трите работни јазици на Европската унија, другите два се англискиот и германскиот јазик. Францускиот е единствениот јазик кој се употребува во дискусиите на Европскиот суд за правда.
Францускиот заедно со англискиот јазик е официјален јазик на Меѓународниот Олимписки Комитет.
Во меѓународните институции како што се УНЕСКО, НАТО, Советот на Европа и на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), Светската Анти-допинг Агенција, ФИФА (Меѓународна Федерацијана Фудбалските Асоцијации), францускиот е официјален јазик, а во други, како Светската банка, Светската здравствена организација, Африканската унија и Интерпол, францускиот е претпочитан јазик за работа.
Францускиот е јазик на работа во невладини организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Амнести интернешенел, Лекари без граници,Правници без граници, Лекари на Светот.
Комуникациски вештини
-
Јавно говорење
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе се стекнат со знаења за процесот на комуникација, етичките одговорности на јавниот говорник, како и за различните модели на информативни и убедливи говори. Освен тоа, студентите ќе се стекнат со вештини за подготовка и доставување на различни видови на говори, анализа на публиката, истражување на говорни теми, подготовка на говори, итн. По завршувањето на предметот Јавно говорење студентите ќе бидат во можност да размислуваат критички преку конструктивна само-критика и критика за говорите на другите.
-
Меѓукултурни студии
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе можат да ги идентификуваат глобалните прашања и проблеми од перспектива на различни култури, комуникациската динамика во другите култури, сличностите и разликите меѓу своите вредности и оние на другите култури, како и сличностите и разликите меѓу нивните комуникациски практики и оние од другите култури. Освен тоа, студентите се очекува да станат по свесни за стереотипите кои општеството ги има за различните култури, и ќе почнат подобра да го разбираат своето место во глобалната заедница. Студентите критички ќе се вклучат во размислувања за нивната етничка припадност, пол и родовиот идентитет, класа, вера, национално потекло, возраст и други демографски карактеристики како и нивното влијание врз комуникациските процеси. По завршувањето на предметот Меѓукултурни студии, студентите исто така ќе се стекнат со комуникациски вештини за работа во групи преку учество во истражувачки проекти, како и ќе се здобијат со вештини за презентација на нивните истражувачки проекти.
-
Комуникациски вештини
Предметот Kомуникациски вештини е дизајниран да им овозможи на студентите практично да ја применуваат меѓучовечката комуникација. Студентите ќе имаат можност да учат интерперсонални вештини (како перцепција, слушање, вербална и невербална комуникација); јавно говорење (како организација, испорака и основи на пишување јавни говори) и комуникација во мала група (како лидерство, самоувереност и слушање). Предметот исто така ќе се фокусира на обезбедување со основни познавања и разбирања за процесите на барање работа, како со писмена така и со усна комуникација, преку задачи како што се: пишување биографија, мотивациско писмо, симулации за интервјуирање, итн.
Вештини по ИТ
-
Напреден Excel
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања од примената и можностите понудени од страна на апликацијата Microsoft Excel и воедно да се оспособат за реализирање на напредни задачи поврзани со програмата која се изучува во нивниот факултет.
-
Напредни ИТ вештини
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со основни познавања и вештини од областа на информатичките науки.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Microsoft Office апликациите (Windows, Word, PowerPoint, Excel, Access) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на практични проекти.
-
Напредни познавања за Word и PowerPoint
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања и со можностите понудени од страна на апликациите на Microsoft Word и ПауерПоинт, и воедно да се оспособат самостојно да реализираат разни проекти и конкретни сложени задачи поврзани со програмата на која студираат.
-
Гугл Апс (Google Apps)
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со напредни познавања и вештини од областа на електронските сервиси (cloud applications).
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Google Docs апликациите (G-mail, Documents, Spreadsheets, Presentations, Drawings и Forms ) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на разни проекти и тоа онлајн директно преку веб прелистувачот.
-
Напреден Access
Бази на податоци се идеални алатки за следење на големи волумени на податоци, a Microsoft Access е доста популарен и претставува моќно средство кое се користи за дизајнирање и развивање на Windows базирани бази на податоци.
Овој предмет е наменет за нови корисници на Access, каде се обработуваат најважните функции потребни за работа со бази на податоци.
-
Десктоп-публикации
Целта на овој предмет е дизајн и обработка на растер и вектор графика преку водечките програми Adobe Photoshop и Illustrator како и дизајнирање и публикација на комерцијални материјали за печатење со помош на Adobe In Design.
-
Веб-публикации
Развивање дури и едноставен веб-страница според важечките стандарди бара познавање на Hypertext Markup Language (XHTML) и Cascading Style Sheets (CSS). Повеќето веб-страници исто така користат слики, дали во форма на банери, копчиња, логоа, слики или скенови. Adobe Fireworks е изграден како алатка за да креирате и манипулирате со слики наменети за веб, и да им овозможи на креаторите да се ги оптимизираат овие слики, со цел да се намали големината на датотеката. Fireworks, исто така, обезбедува одлична интеграција со Dreamweaver. Оваа серија обезбедува сеопфатен вовед во XHTML, CSS, и креирање на веб графика.
Разно
-
Заштита на животната средина
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите запознавање со основните проблеми на животната средина.
* Улогата на човекот како клучен фактор во процесот на загадувањето и заштита на животната средина.
* Влијанието на разните загадувачи на животната средина врз здравјето, професионалната активност и организациона способност на факторот човек.
* Создавање на позитивни навики за животната средина како и подигање на свеста за потребите за поздрава и почиста средина.
* Меѓународната и националната легислатива како и меѓународните конвенции за животната средина.
* Запознавање со Меѓународните и националните глобални политики во сферата на животната средиа.
* Животната средина како услов за одржлив економски развој.
* Улогата на општеството во процесот на заштита на животната средина.
* Запознавање со главните ризици на здравата животна средина.
* Запознавање со Националната стратегија за животната средина на Р. Македонија.
-
Спорт, рекреација и култура
Теоретска настава: (Општо за спортото и спортските дициплини, хигиена, спортска медицина, исхрана и општа култура); Практична настава: Организирање на спортски колективни и индивидуални игри и други активности во сала и спортските терени во кампусот.
-
Професионален рзавој на кариерата
Овој предмет се однесува на барањето, добивањето и задржувањето на работата. Преку него студентите ќе стекнат содветни работни вештини за потребите на модерните работни места. Специфична задача ќе биде ефективнo составување CV , пишување писмо за интерес/барање, вештини за интервјуирање и за формална комуникација во рамките на канцеларијата (мемос, формални електронски пораки до претпоставените или до клиентите, извештаи). Дополнителни елементи кои ќе ги опфатат се спроведување самоевалуција, управување со интерканцелариски конфликти и барање промоции. Примарен фокус на овој предмет ќе биде вработувањето. Вештините добиени во рамките на овој предмет може да се применуват во работниот процес.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 5
-
Вовед во методологија и техника на научното пишување
Овојпредметтреба да ги објасни методологиите и техниките на научна работа, кои пред се на студентите почетници им создаваат многу потешкотии. Практичните вежби треба да ни помогнат во тоа како треба де се однесуваме во библиотека, како да напишеме писмена работа, реферати или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување на тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
-
Нова германска ортографија
Целта на овој предмет е да ги запознае учесниците со најважните новости и реформи на правописот на стандарднит германски јазик преку систематско ќе прикажување на целокупната регулатива во сите области на германскиот правопис. Затоа целта на предметот е учесниците да ги направи сигурни корисници на германскиот правопис и да им даде сигурност да препознаваат правописни грешки
-
Креативно пишување
На крајот на семестарот студентите ќе можат:
* Да покажат солидно знаење и разбирање за пишување на сопствените идеи, чувства, мисли и да ги изразуваат тиена свој начин на германски јазик.
* Да ги применуваат нивните знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија како идни наставници по германски јазик и да ги разработат и ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа на креативното пишување.
* Да собираат, оценуваат и интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област.
* Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област.
* Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање.
Семестар 4
-
[6 ЕКТС]
Современ германски јазик IV
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* Да ги разберат главните содржини кога се користи стандарден јазик и кога станува збор за познати нешта.
* Да се снаоѓаат во повеќето ситуации со кои маожат да се сретнат во германскојазичните земји.
* Да се изјаснуваат на едноставен во врска со познати теми и области коишто го интересираат.
* Да раскажуваат за искуства и доживувања, да опишуваат сонови, надежи и цели и да даваат кратки објаснувања за планови и мислења.
* Да применуваат еден репертоар на почесто применуваните граматички структури, развивајќи една свесна структура на германскиот јазик, со што се во можност самите себеси да се коригираат.
-
[6 ЕКТС]
Синтакса
Целта од овој предмет се состои од запознавање на студентите со основните поими на германската синтаксата. Во преден план на оваа настава стои пред се структурата на германската реченица. Во рамките на оваа настава ќе бидат третирани следниве теми: основните поими на синтаксата; Што е реченица? Примери од анализата на составот на реченицата, видови на реченици, проста реченица, сложена реченица, поврзувани и додавани реченици, Angabesätze, Attributsätze, Wortstellung, Grammatische Kongruenz und Satzfeld und Satzklammer, проблемите на теоријата за валентност, разликата помеѓу Ergänzungen и Angaben, модели на реченицата, валентност на придавки и именки, различни граматички модели.
На крајот од семестарот студентите не само што треба да ги знаат најважните поими на граматичката валентност, туку и да ги применуваат, анализираат и контрастивно и правилно употребуваат.
-
[6 ЕКТС]
Цивилизација на германското говорно подрачје
На крајот на семестарот студентите ќе можат:
* Да покажат едно широко знаење и разбирање за суштинските темели на германската одн. германскојазичната култура и цивилизација, за идеолошките, научно-технолошките, политичко-историските, опшествените и културните епохи, развитоци, случаи и достигнување на Германија и германскојазичниот културен круг низ вековите.
* Да ги применуваат нивните знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија и да ги разработат и ги развијат решенијата на проблемите и аргументите na германската одн. германскојазичната култура и цивилизација,
* Да собираат, оценуваат и интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област.
* Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област.
* Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање на таа област.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 6
-
Историја на германската книжевнoст на 20. век (1900-1945)
Главна цел на овој предмет е увидот во историјата на германската книжевност на 20 век/I. Се очекува од студентите запознавање на најпознатите автори и дела од овој. период со намера да се сфати начинот на мислење и творење германкстат книжевност во 20 век/. Предметот треба да ги оспособи студентите да навлезат во интерпретација на различни текстови од овој период и создавање на пишувани текстови. Со овој предмет студентите ќе ги запознаваат со книжевни дела и автори како и за литертурните жанри на германската книжевноста на 20 век/, како епоха на експресионизам, егзил и др.
-
Анализа на книжевните текстови
Обработување на теоретските основи и на модуси на аналитичко-толкувачкото применување на најзначајните насоки на литературната критика и литературната анализа. Фокусирање во а) применување на дискурсанализата во работата со литературни дела, б) приоменување на деконструктивистичките теории, в) применување на интертекстуализмот во работата на конкртени книжевни текстови.
-
Интерпретација на книжевните текстови
Главна цел на овој предмет е да дава основни знаења и информации за германскта книжевност и култура, особено за терминологија на книжевност, интерпратција на авторски дела и подготвување и пишување на кратки реферати на различни жанри . Се очекува работно истражување на конкретни примери од различни Текстови и дела, како интерпретација на драма, роман, поезија и др. Дискусите на работни групи треба ефикасно да ја подобруваат независното работење на тематски областу меѓу студентите. Тематските вежби треба да помагаат за подобро истражување и подготвубање на теми и областа на писмена форма, како пиѓување на кратки есеи и др.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 7
-
Преведување од германски на албански/македонски јазик
Овој предмет има за цел даги запознае студентите со најважните концепти од областа на преведувањето.
Главниот фокус на овој предмет е преведување на текстови од албански односно македонски на германски јазик. Овој начин на преведување опфаќа преведување на литературни текстови како што се раскази, лектири, новели, романи, и поезија итн.
Исто така ќе се преведуваат и написи од весници и списанија.
-
Јазична политика во ЕУ
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со проблемите на јазичната политика и повеќејазичноста во ЕУ. Што всушност е јазичната политика и кој ја управува? Покрај разјаснувањата на овие прашања ќе се тематизираат и почетоците на германската јазична политика и актуелните проблеми, особено во однос на ЕУ. Која улога ја игра германскиот јазик како и другите важни јазици, како на пр.: англискиот, францускиот, шпанскиот итн. во институциите на Европската Унија? Дали за луѓето од германско говорно подрачје е предност ако нивниот јазик игра важна улога во институциите на ЕУ? Доколку одговорот е да, како може да се засили позицијата на германскиот јазик како деловен јазик во институциите на ЕУ? Во овој контекст ќе се дискутираат различните позиции на јазичната политика во ЕУ. Овој предмет ги надополнува и ги продлабочува основните знаења од оваа област.
Семестар 5
-
[6 ЕКТС]
Современ германски јазик V
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* Да ги разберат главните содржини кога се користи стандарден јазик и кога станува збор за познати нешта.
* Да се снаоѓаат во повеќето ситуации со кои маожат да се сретнат во германскојазичните земји.
* Да се изјаснуваат на едноставен во врска со познати теми и области коишто го интересираат.
* Да раскажуваат за искуства и доживувања, да опишуваат сонови, надежи и цели и да даваат кратки објаснувања за планови и мислења.
* Да применуваат еден репертоар на почесто применуваните граматички структури, развивајќи една свесна структура на германскиот јазик, со што се во можност самите себеси да се коригираат.
-
[6 ЕКТС]
Зборообразување
Целта на овој предмет се состои од запознавање на студентите со основните поими на на германското зборообразување. Во преден план на оваа настава пред се ќе се третираат следниве теми:поим, предмет, задачи и методи. Зборообразувачки теории: Местото на зборообразувањето во граматиката Почетоците на зборообразувањето во германскиот јазик. Зборообразувачки единици, процеси и видови. Зборообразувачки обрасци на комплексните германски именки, глаголи, придавки и прилози наспрема албанските и македонските; активни и неактивни обрасци, лексиконски и текстуални зборови (оказионализми).
-
[6 ЕКТС]
Методика на наставата по германски јазик како странски I
Предмет на методиката на наставата по германски јазик и нејзините релации со сродните дисциплини. Преглед на методите во наставата по странски јазици: граматичко-преводна, директна, аудио-визуелна, аудио-лингвална, когнитивна метода и комуникативен приод со прагматско-функционалниот и интеркултурниот концепт. Алтернативни методи. Интеркултурна германистика. Фактори на наставата. Педагошки принципи. Методичко-дидактички принципи. Теории на учење. Стратегии на учење. Личност на наставникот. Социјални форми. Работни форми. Комуникативна компетенција и јазичните вештини: слушање со разбирање, говор, читање и пишување. Оценување. Тестови. Стандардизирани тестови. Заедничка европска референцијална рамка и Јазично портфолио.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 8
-
Изучување на германскиот како странски јазик
Целта на ова предавање е студентите да ги запознае со основните проблемите на теоријата на изучувањето на германскиот како странски јазик, со различните аспекти на изучувањето на странските јазици. Во рамките на овој курс ќе се објаснуваат битните модели на изучувањето на странскиот и вториот јазик (на пример свесното и несвесното учење), начини на билингвизам, односно на повеќејазичноста; психолингвистички базирани модели на предавања (на пр. мониторинг теорија, фокусирање на формите, интеракциски пристапи), истражувачки резултати за L2- стадиум на изучување на јазиците, за латерализација итн., социолингвистички пристап (симплифициран регистар, codeswitch итн.); индивидуални варијабилности како возраста или когнитивен стил; проширени концепти како на пр. психологијата на споредба на културите. Покрај тоа ке се дискутира и околу факторите како што се мотивација, возраст и низата на јазиците.
-
Контрастивна анализа
Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со најважните концепти на контрастивната анализа. Контрастивната лингвистика се занимава со сличностите и разликите помеѓу различни јазици (интерлингвална перспектива) и внатре во еден јазик (интралингвална перспектива; на пример: аспекти на германскиот јазик во Германија, Австрија и Швајцарија). Принципиелно можат да се појават различни јазични парови и карактеристики од сите области на јазичната структура (фонологија, морфологија, синтакса, прагматика, лексикон итн.). Предавањето дава еден преглед за различните фази и полиња за истражувањето на контрастивната лингвистика и ова ја поврзува со една критична рефлексија на нејзината улога во јазичната дидактика. Потоа за јазичните парови германски–албански и германски–македонски преку примери ќе се споредуваат најбитните фонолошки, морфолошки, синтактички и прагматични структури. Покрај тоа ќе се дискутира за користењето на стекнатите знаења за прашањата на општата лингвистика, теоријата на изучувањето на јазик и на дидактиката.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 9
-
Современа германска книжевнoст
Цел на овој предмет е увидот во историјата на германската книжевност на 20 век/II. Се очекува од студентите запознавање на најпознатите автори и дела од овој. период со намера да се сфати начинот на мислење и творење германската книжевност во 20 век/II. Предметот треба да ги оспособи студентите да навлезат во интерпретација на различни текстови од овој период и создавање на пишувани текстови. Со овој предмет студентите ќе ги запознаваат европските движење и вредности на литертура и социалната состојба ширум Европа. Со овој предмет се предвидува анализа на следниве автори и теми на ова епоха на германската книжевност на пример поетиката на авторите од епохата на на германската книжевност после втората светска војна во Германија 1945 – 1949. Германска книжевност 1949-1961, 1961-1977 и 1978-1989.
-
Швајцарска и австријска цивилизација
Целта на предметот е да се дава вовед во историјата на теориите на култура и на цивилизација на Швајцарија и на Австрија.
Ќе бидат опфатени следните теми: Pазработка на терминологијата во однос на посебниот развиток во Швајцарија и во Австрија. Преглед на епохите на швајцарската култура и цивилизација со во европски и во глобален контекст. Истражувањата на рецепциите на воншвајцарските / вонавстриските култури во Европа (особено германските, италијанските, француските и ретороманските), на влијанијата на швајцарската култура во другиот дел на Европа и на светот. Примената на контекстуалната и компаративната перспектива во одредените епохи на швајцарската и австриската култура, цивилзација и историја од почетоците до денес. Обработка на значајните личности и настани, нагласувајќи ги последиците врз модерната Швајцарија и Австрија, одн. Европа.
Семестар 6
-
[6 ЕКТС]
Современ германски јазик VI
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* Да разберат главни содржини на комлексни текстови во врска со конкретни теми.
* Спонтано и течно да зборуваат и да се разбираат со родени говорители без голем напор
* Да ги искажуваат своите мислења за одредени теми
* Да оценуваат самостојно и разбераат различни комлексни текстови.
* Да употербуваат истотака и покомлексна граматика
-
[6 ЕКТС]
Граматика и предавање на граматиката
Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со најважните граматички карактеристики и правилата на германски јазик(особено во областа на морфологијата и синтаксата на германскиот јазик. Овие знаења се суштинскизанаставниците по германски како странски јазик, кои се соочуваат и се справуаат со прашањатанаприменувањето и специфичнитеанализи на овие граматички феномени и нивната конкретна дидактизација.
-
[6 ЕКТС]
Методика на наставата по германски јазик како странски II
На крајот на семестарот студентите ќе можат:
* Да покажат едно широко знаење и разбирање за развојот, тековите и актуелните тенденции на методиката на наставата по германски како странски јазик односно за корелација и интеграција на содржини од компатибилни наставни предмети: јазик, лингвистика, културологија, литература и други помалку компатибилни наставни содржини.
* Да ги применуваат нивните знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија како идни наставници по германски јазик и да ги разработат и ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа одметодика на наставата по германски како странски јазик.
* Да собираат, оценуваат и интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област.
* Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област.
* Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 10
-
Историја на германскиот јазик
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните поими и текови на Индогерманскиот и Германскиот. Готскиот како репрезентант на германскиот прајазик. Прво померување на консонантите. Акцент. Вернеров закон. Вокали. Аблаут. Конјугација на глаголите. Поделба на именките. Флексија на придавките. Старовисоконемски. Одлики (второ померување на консонантите, хармонија на вокалите: примарен умлаут, премин на e во i; . премин на i во e и на u во o и др.). Обработка на Песната за Хилдебранд. Средновисоконемски. Одлики (слабеење на вокалите во ненагласен слог, секундарен умлаут, премин на sk во sch и др.). Обработка на Песната за Нибелунзите. Ранонововисоконемски. Одлики (дифтонги-зација, монофтонгизација, продолжување, скратување, лабијализација, делабијализација, спуштање, подигнување на вокалите итн.). Дејноста на Лутер.
-
Анализа на грешките
Како наставници, во овој случај на германскиот како странски јазик нашата цел е да ги научиме нашите учениците да зборуват и пишуват на германски без грешки. Сепак,учењето е еден процес во којсекој човекправи грешкии секогаш учи од оние грешки. Значи ние не сакаме различните грешки само да ги идентифицираме и да ги анализираме, но исто така рефлектираме за справувањето со тие грешки и истите да ги препознаваме како дијагностички инструменти. Исто така ќе се земаат во предвид и проблемите на контрастивната лингвистика.
-
Швајцарска и австријска цивилизација
Целта на предметот е да се дава вовед во историјата на теориите на култура и на цивилизација на Швајцарија и на Австрија.
Ќе бидат опфатени следните теми: Pазработка на терминологијата во однос на посебниот развиток во Швајцарија и во Австрија. Преглед на епохите на швајцарската култура и цивилизација со во европски и во глобален контекст. Истражувањата на рецепциите на воншвајцарските / вонавстриските култури во Европа (особено германските, италијанските, француските и ретороманските), на влијанијата на швајцарската култура во другиот дел на Европа и на светот. Примената на контекстуалната и компаративната перспектива во одредените епохи на швајцарската и австриската култура, цивилзација и историја од почетоците до денес. Обработка на значајните личности и настани, нагласувајќи ги последиците врз модерната Швајцарија и Австрија, одн. Европа.
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети 11
-
Тестирање и евалуација во германскиот како странски јазик
Предметот има за цел да ги подготви студентите за основитенавреднување и тестирањевогерманскикакостранскијазик (DaF), соцеловаучење подоцна да се примени во работакаконаставник. Тестирањето и испитот по предметот Германски, како странски јазик (ДаФ) содржи пред се знаења за следниве прашања: Што е една грешка? Како функционира коригирањето на усните и писмените грешки? Што се градуирани тестови и испити за состојбата врз јазичните сознанија? Кои тестови постојат што се однесува на добро разбирање на слушањето, читањето, пишувањето и зборувањето? Има ли тестови за речникот, лексиката и за граматиката? Како се оценуваат пишувањето и зборувањето?
-
Лексикологија и лексикографија
На крајот на семестарот, студентите ќе можат:
* Да покажат широко и интегрирано знаење и разбирање на германската лексикологија, на пример: основни поими на лексикологијата, зборообразување, ономастика, лексикографија итн.
* Да ги применуваат нивните знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија и да ги разработат и ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа на лексикологијата.
* Да собираат, оценуваат и интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област.
* Да дискутираат за информации, проблеми, и решенија, особено од областа на германската лексикологија.
* Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање во оваа област.