
Програма: |
Бизнис и економија (2017/2018) |
Насока: Економија |
Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
Факултет: | Бизнис и економија |
Академска година: | 2022 / 2023 |
Титула: | Дипломиран во Бизнис и Економија / Насока: Економија |
ЕКТС: | 180
(3 години)
![]() |
ЕКТС: | 240 (4 години)
![]() |
Решение: |
![]() |
Наставната програма Бизнис и економија претставува балансирана комбинација на основно теоретско знаење и на специфични професионални вештини. Структурата на програмата опфаќа студии кои по природа се динамични и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди теми од областа на економијата и менаџментот, имплементирајќи го овој концепт преку наставна програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за: економската теорија, примената на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
Студиската програмата има за цел:
• Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
• Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на економија и менаџмент, но и во приватниот сектор во областа на финансиите.
• Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за: економска теорија, употребата на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
• Да го развива концептот на практично работење на студентите.
• Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
• Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата со цел независно да вршат истражување во сите области на економија и менаџмент.
• Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
За време на студиската програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со што ќе се оспособуваат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа.
Студиската програма по Бизнис и eкономија ќе им овозможи на студентите:
- Да добијат општо образование во дициплините што ставаат акцент на теоријата и пратиката на менаџментот, додека сѐ уште останува специjализирањето во економија.
- Сеопфатно да ја проучат економијата со менаџмент, опција која им овозможува да имаат критичен поглед на прашањата поврзани со менаџментот.
- Да добијат обука за принципите на економијата и нивните апликации.
- Да го разберат менаџментот како наука со широка општествена основа и како мултидисциплинарна област.
- Да се запознаат со соодветните алатки за анализа за да се справаат со прашања и проблеми на економските политики.
- Да ги разберат организациите, клучните аспекти од нивниот менаџмент и надворешната средина во која тие функционираат.
- Да имаат средина каде што ќе можат да ги развијат своите интерперсонални и комуникативни вештини.
- Да имаат цврста основа за понатамошно студирање како и за вработување.
Знаење и разбирање
- Ги има потребните знаења за следниве деловни функции: економија, менаџмент, финансии, бизнис и менаџмент во глобален контекст, принципи на сметководство, корпоративно управување, стратешки менаџмент, управување со човечки ресурси и маркетинг.
- Има знаење за функционалните области на економија и менаџмент, тековните истражувања и иновациите, идните трендови, како и за влијанието на овие случувања врз теоријата и практиката.
- Има знаење и разбирање за националната, регионалната и за глобалната економска ситуација на пазарот.
- Има познавање за менаџерските теории, анализа и известување.
- Стекнува силна основа за тоа како да се развие економијата и да се биде подготвен за кариера или за постдипломски студии поврзани со економија и менаџмент, менаџмент или со сродни полиња.
- Има разбирање за различни алатки за донесување менаџерски одлуки.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за професионално пишување и за понатамошно развивање задачи во економија и менаџмент и нивно спроведување во реалниот живот.
- Способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведување на општи менаџерски планови и стратегии.
Способност за проценка
- Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичните знаења и искуства за идентификација и за анализа на економски проблеми.
- Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуваните менаџерски можности.
Комуникациски вештини
- Покажуваат разбирање на индивидуалната и групната динамика во организациите.
- Функционираат ефикасно во тимската работа.
- Ефективно се справуваат со луѓе од различни социјално, економско, културно и верско потекло.
- Покажуваат разбирање и чувствителност за етичките, социјалните и за правните одговорности на компаниите.
- Ги прикажуваат бизнис-идеите наефективен начин.
- Демонстрираат клучни преговарачки вештини.
- Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори.
Вештини на учење
- Можат да пребарувааат и да детектираат извори на учењето.
- Можат да се оспособуваат за индивидуално и тимско учење.
- Имаат способност да употребуваат научна литература и да прават анализа на размислувањата и оцените на други автори.
Семестар 1
-
[CBE-102]
[6 ЕКТС]
Принципи на маркетинг
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења за основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите организации. Фокусот е ставен на концептите, како и на прашањата поврзани со маркетинг на производите и на услугите на потрошувачите. Поспецифично, целта е студентите да ја осознаат маркетинг-средината преку анализирање на пазарот, за потоа да се имплементираат успешните маркетинг-стратегии во таквата средина. Студентите исто така ќе можат да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг-план за својот производ. Овој предмет придонесува студентите да се запознаат со разновидните активности во областа на маркетингот, кои придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
-
[CBE-101]
[6 ЕКТС]
Вовед во економија и бизнис
Примарната цел на овој предмет е разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти". Во рамките на овој предмет се истражуваат принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобален амбиент. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат: да го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; да го дефинираат БДП и да ги калкулираат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаат со последиците, и како да се прилагодат на тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
-
[CBE-103]
[6 ЕКТС]
Принципи на менаџмент
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Следењето на овој предмет исто така има за цел студентите да стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата. Совладувањето на предметот на студентите ќе им овозможи: - Да ги научат основите на менаџментот и да се оспособат за нив да даваат конкретни примери. - Да се оспособат да гледаат на совладувањето на овој предмет како на потреба и стекнувањето знаења да бидат во контекст на практичната примена на наученото. - Да размислуваат на ефикасен начин кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
- [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
-
[3 ЕКТС]
Изборен предмет - Англиски јазик
- [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
- [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
- [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
- [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
- [BEN-05] Англиски јазик 5
- [BEN-06] Англиски јазик 6
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [EFE-107] Јавно говорење
- [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [EFE-108] Комуникациски вештини
- [EFE-110] Напреден Excel
- [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
- [EFE-112] Напреден Ворд
- [EFE-113] Гугл апс
- [EFE-114] Напреден акцес
- [EFE-115] Десктоп-публикации
- [EFE-116] Веб-публикации
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
- [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
- [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
- [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
- [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
- [EFE-117] Заштита на животната средина
- [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
- [EFE-132] Човекови права и слободи
Семестар 2
-
[CBE-201]
[6 ЕКТС]
Принципи на сметководство
Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството, да ги научат основите на сметководство и концептите и принципите на сметководството. Поспецифично, студентите да се стекнат со знаење и разбирање на: финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на евидентирање на сметководствените податоци, користење на сметководствените документи.
-
[CBE-202]
[6 ЕКТС]
Деловна математика
Целите на предметот Деловна математика се следни: - Студентите да се оспособат да го применуваат системот на линеарни равенки за решавање различни проблеми од областа на бизнисот и економијата. - Студентите да се оспособат да ги применуваат своите знаења за линеарните модели и бројните низи за решавање различни проблеми во бизнисот и економијата. - Студентите да се стекнат со напредни знаења за пресметување сложена каматна стапка, периодични депозити, периодични ренти, заеми и финансиско одлучување.
-
[CBE-203]
[6 ЕКТС]
Микроекономија
Преку овој предмет се стекнуваат основни разбирања за економските феномени и за глобалната универзална микроекономска терминологија. Се проследуваат и се анализираат теоретските пристапи кои овозможуваат да се дојде до сопствена претстава за можните апликативни решенија за проблемите на производството, размената и организација на поединечно претпријатие, посебна гранка или на посебен пазар. Развојните компоненти даваат динамичка димензија без која поедноставените пристапи би биле неупотребливи. Основите на микроекономијата се изучуваат во целиот свет како дел од универзалниот напор да се идентификуваат и да се дефинираат слични проблеми и да се дојде до можност тие да се разрешуваат на сличен начин насекаде во светот, но и за да се дојде до информации кои можат на агрегатно ниво да помогнат во формулирањето на макроекономските цели и на стратегиските плански елементи. Тоа е дел од потребата да се изгради глобално слични општества во кои честите бизнис-контакти, политичките, работните или другите контакти ќе бидат препознатливи за сите учесници на ист начин и ќе се разрешуваат со употреба на слични комплементарни инструменти кои се насекаде употребливи.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [EFE-107] Јавно говорење
- [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [EFE-108] Комуникациски вештини
- [EFE-110] Напреден Excel
- [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
- [EFE-112] Напреден Ворд
- [EFE-113] Гугл апс
- [EFE-114] Напреден акцес
- [EFE-115] Десктоп-публикации
- [EFE-116] Веб-публикации
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
- [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
- [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
- [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
- [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
- [EFE-117] Заштита на животната средина
- [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
- [EFE-132] Човекови права и слободи
-
[3 ЕКТС]
Изборен предмет - Англиски јазик
- [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
- [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
- [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
- [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
- [BEN-05] Англиски јазик 5
- [BEN-06] Англиски јазик 6
- [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
Семестар 3
-
[CBE-301]
[6 ЕКТС]
Статистика
Целта на програмата е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да ја употребуваат дескриптивната анализа при анализата на податоците. - Да ја користат веројатноста и случајните променливи во решавањето на бизнис-проблемите. - Да го разбираат статистичкото заклучување кое претставува основа за интерпретирање на резултатите и за донесување бизнис-одлуки. - Да ги користат корелацијата и простата и повеќекратната регресија. - Да ги знаат основите на анализата на варијансата. - Да ги разбираат основите на индексните броеви и методите за анализа на временските серии. Предуслови за запишување на предметот: Деловна математика.
-
[CBE-302]
[6 ЕКТС]
Бизнис-калкулус
Целта на програмата е да се оспособат студентите: - Да докажат дека имаат знаење и разбирање за зависностите помеѓу големините кои се применуваат во бизнисот и во економијата и за едноставните математички модели. - Да ги идентификуваат релациите помеѓу диференцијалниот калкулус и функциите на бизнисот и на економијата. - Да ги применуваат овие релации за студирање на зависностите помеѓу големините во бизнисот и во економијата. - Да го применуваат диференцијалниот калкулус за решавање различни проблеми кои се применуваат во бизнисот и во економијата. Предуслови за запишување на предметот: Деловна математика.
-
[CBE-303]
[6 ЕКТС]
Макроекономија
Студентите ќе стекнат знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов за функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто -национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус,инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др.; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др.; - ефикасното функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната економија; - знаења од областа на макроекономијата, кои ќе му овозможат поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во економија и бизнис, Микроекономија.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [EFE-107] Јавно говорење
- [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [EFE-108] Комуникациски вештини
- [EFE-110] Напреден Excel
- [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
- [EFE-112] Напреден Ворд
- [EFE-113] Гугл апс
- [EFE-114] Напреден акцес
- [EFE-115] Десктоп-публикации
- [EFE-116] Веб-публикации
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
- [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
- [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
- [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
- [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
- [EFE-117] Заштита на животната средина
- [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
- [EFE-132] Човекови права и слободи
Семестар 4
-
[CBE-401]
[6 ЕКТС]
Оперативен менаџмент
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се контролираат производството и услугите. - Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. - Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и во функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
-
[CBE-402]
[6 ЕКТС]
Финансиско сметководство
Целта на предметот е да се оспособат студентите со напредни знаења од областа на сметководството и нивната примена во сметководствениот систем на деловните ентитети. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на сметководство.
-
[CBE-403]
[6 ЕКТС]
Маркетинг менаџмент
Целта на предметот е студентите да се подготват да ги употребуваат и да управуваат со 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг елементи, производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Поспецифично целта е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџментот, рамките за анализа на пазарите, клиентите, конкурентите, како и интегрирањето на концептите со оригиналниот маркетинг-план. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на маркетинг.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
- [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
Семестар 5
-
[CBEE-501]
[6 ЕКТС]
Меѓународна економија
Цели на предметот: Студентите да стекнат знаења и вештини за да ја сфатат разликата помеѓу глобалното создавање, одржување и модификација во споредба со меѓународните стратегии од аспект на меѓународниот бизнис, да стекнат знаења за извршување анализа на трошоци од глобален аспект. Да извршат СВОТ (SWOT) анализа за разни меѓународни компании, како и да осознаат нови глобални пазари. Да ја сфатат суштината на глобалниот меѓународен бизнис и на користењето на глобалните комуникации. Да дефинираат и да користат стратегии за оценување на заедничките вложувања (joint venture), обединување и купување различни компании со цел да се добие пристап до нови пазари. Да носат решенија за сегментацијата на пазарите како и за начините за пристап кон нив.
-
[CBEF-502]
[6 ЕКТС]
Монетарна економија
Преку предметот се даваат основните сознанија за една од најдинамичните категории во економијата – банкарството и парите, како услов без кој не може да се замисли ниту една современа национална економија. Исто така целта е да се прикаже и да се опише историската линија на движење на развојот на банкарството, да се приближат искуствата на другите поразвиени земји од светот и да се прикажат системите на околните земји како дел од поблиското опкружување кое по завршувањето на студиите ќе биде дел од нивниот работен амбиент. Разбирањето на банкарските операции овозможува полесно стекнување доверба кај банкарите кога настанува потреба за кредитно следење или за друг вид банкарско следење или дава можност да се привлече внимание или да се стекне доверба на клиентите кои се дел од работниот процес на компанијата во која идниот економист ќе работи. Од друга страна, банкарството е атрактивна и престижна професија која не само што е интересна туку нуди добра статусна позиција во општеството и добра заработка. Еден дел од дипломираните студенти можеби ќе се решат да се ориентираат кон банкарството, па следењето на предметот ќе им даде многу одговори на прашањата поврзани со нивната идна професионална потесна ориентација. Предуслови за запишување на предметот:Вовед во бизнис и економија, Макроекономија, Микроекономија.
-
[CBEF-503]
[6 ЕКТС]
Економија на инвестиции
Целта на предметот е студентите да стекнат соодветни теоретски знаења и практични вештини од сферата на инвестициите и современите инвестициони процеси, како на микроплан така и на макроплан. Исто така студентите се обучуваат и преку анализите на инвестициите како економска категорија, мотивите и функциите на инвестициите, со посебен акцент на придонесот на инвестициите во економскиот раст и развој на една национална економија. Исто така овој предмет има за цел доближување на најсовремените методи за определување и селектирање на најефикасните реални и финансиски инвестиции кон остварување поголема профитабилност. Предуслови за запишување на предметот:Макроекономија, Микроекономија.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EBEM-606] Развој на кариера
- [EBEM-602] Теорија на игрa
- [EBEM-603] Е-трговија
- [EBEM-506] Менаџмент на ризик
- [EBEM-505] Mенаџмент на информациони системи
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBEM-501] Корпоративно управување
- [EBEF-504] Пари и банки
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
- [EBEE-604] Економија на животната средина
- [EBEE-605] Економија на јавни фондови
- [EBA034] Локален економски развој
- [EBEE-701] Бизнис и економско моделирање
- [EBEE-702] Глобална економија
- [EBA050] Економија на европски интеграции
- [EBEE-801] Економија на осигурување
- [EBE-802] Економски и политички системи
- [EBEE-803] Економско однeсување
- [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EBEM-606] Развој на кариера
- [EBEM-602] Теорија на игрa
- [EBEM-603] Е-трговија
- [EBEM-506] Менаџмент на ризик
- [EBEM-505] Mенаџмент на информациони системи
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBEM-501] Корпоративно управување
- [EBEF-504] Пари и банки
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
- [EBEE-604] Економија на животната средина
- [EBEE-605] Економија на јавни фондови
- [EBA034] Локален економски развој
- [EBEE-701] Бизнис и економско моделирање
- [EBEE-702] Глобална економија
- [EBA050] Економија на европски интеграции
- [EBEE-801] Економија на осигурување
- [EBE-802] Економски и политички системи
- [EBEE-803] Економско однeсување
- [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
Семестар 6
-
[CBEM-601]
[6 ЕКТС]
Стратегиски менаџмент
Целта на овој предмет е: оцена и примена на клучните елементи на стратегиска анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Целта на наставата по предметот е студентите да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и да разберат дека не постои еден единствен вистински пат да се развие стратегијата. По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни: - Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент. - Да ја совладаат терминологијата поврзана со стратегискиот менаџмент. - Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти. - Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
-
[CBEF-602]
[6 ЕКТС]
Јавни финансии
Цели на предметната програма: - Студентите да стекнат знаење за јавните финансии, како едно од главните средства на макроекономските политики и како еден од фундаменталните инструменти за функционирањето на една национална економија како целина и како потсистем на еден економски систем на земјата. - Студентите да стекнат знаење за јавните добра и расходите екстерналиите, распределбата на општествените приходи, алокација и реалокација на приходите, споредбените аспекти на јавните финансии во развиените земји и оние во транзиција, спецификите на фискалните системи на Македонија, нивните трендови и предизвици, фискалната децентрализација итн. - Студентите да стекнат знаење за буџетот и вонбуџетските фондови како главни инструменти на фискалната политика, процедурите околу подготовка, изработка, составување, одобрување, спроведување и контрола на буџетот, како и техниките на буџетот како на локално, така и на централно ниво. - Кај студентите да се создаде јасна слика за функционирањето на еден фискален систем, од аспект на различните фискални теории со кои ќе можат да извршат компаративна разлика и да ги најдат заедничките точки на функционирање на овие системи во различните земји. - Студентите да се запознаат со главните индикатори на фискалната политика во РМ, со креирањето на реална база на податоци во поглед на долгорочните фискални трендови на РМ, стимулирајќи ги студентите да работат независни семинарски работи и есеи од областа на фискалната политика. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во економија и бизнис, Микроекономија, Макроекономија.
-
[CBEE-603]
[6 ЕКТС]
Економетрија
Целта на овој предмет е да се научат основите на економетријата, кои ќе им користат на студентите да вршат едноставни истражувања. Содржина: Овој предмет се фокусира на основните методи на истражување кои може да се користат во рамките на сите општествени науки. Се посветува внимание на едноставните квантитативни и квалитативни методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општествени истражувања како дел од академските студии. Предуслови за запишување на предметот: Математика за бизнис, Деловна статистика.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EBEM-606] Развој на кариера
- [EBEM-602] Теорија на игрa
- [EBEM-603] Е-трговија
- [EBEM-506] Менаџмент на ризик
- [EBEM-505] Mенаџмент на информациони системи
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBEM-501] Корпоративно управување
- [EBEF-504] Пари и банки
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
- [EBEE-604] Економија на животната средина
- [EBEE-605] Економија на јавни фондови
- [EBA034] Локален економски развој
- [EBEE-701] Бизнис и економско моделирање
- [EBEE-702] Глобална економија
- [EBA050] Економија на европски интеграции
- [EBEE-801] Економија на осигурување
- [EBE-802] Економски и политички системи
- [EBEE-803] Економско однeсување
- [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
240 ЕКТС (4 години)

Семестар 7
-
[EBE-410]
[6 ЕКТС]
Трговско право
Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со: правните правила за извршување деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговецот поединец, како и со начините на престанување на деловните субјекти, начините за основање деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците, работата со хартиите од вредност, начините за заштита на правата на индустриска сопственост, начините на заштита на деловните субјекти од нелојална конкуренција, начините на заштита на потрошувачите и др.
-
[CBEE-701]
[6 ЕКТС]
Економски раст и развој
Целта на предметот е примена на институционалниот пристап за проучување на процесот на развој и анализа на корените на развојните и антиразвојните искуства на земјите, регионите и на организациите. Пристапот се осврнува на институционалните теории од политичките науки, социологијата и новата институционална економија. Цели на предетот се: • Објаснување на институциите и организациите од теоретски аспект; • Анализа на влијанието на организациските форми врз развојот; • Проучување на координацијата во постојано растечката комплексност на институционалните системи кои се карактеристични за напредните држави; • Анализа како овие карактеристики на комплексната меѓузависност со постоење на состојби на низок или висок развој.
-
[CBEE-702]
[6 ЕКТС]
Секторски и индустриски политики
Цели на предметната програма: • Да се оспособат за користење на методолошките пристапи во конципирањето на технолошките политики на микрониво и макрониво. • Да стекнат способност за формирање креативен однос кон новите промени и нивно интегрирање во развојните политики на ниво на претпријатија и на ниво на национална економија. • Да стекнат знаење за политиките на технолошкиот развој и за нивното поврзување со структурните промени во националните стопанства во земјите во развој и особено во земјите во транзиција кон пазарна економија. • Да стекнат знаење за теоретските аспекти на создавањето и за дифузијата на иновациите во време на глобализацијата. • Да стекнат способност за компаративна анализа на технолошката способност меѓу различни земји. • Да ја разберат каузалностите меѓу технолошката политика и политиката на меѓународни економски односи, меѓу технолошките и развојни промени.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EBEM-606] Развој на кариера
- [EBEM-602] Теорија на игрa
- [EBEM-603] Е-трговија
- [EBEM-506] Менаџмент на ризик
- [EBEM-505] Mенаџмент на информациони системи
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBEM-501] Корпоративно управување
- [EBEF-504] Пари и банки
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
- [EBEE-604] Економија на животната средина
- [EBEE-605] Економија на јавни фондови
- [EBA034] Локален економски развој
- [EBEE-701] Бизнис и економско моделирање
- [EBEE-702] Глобална економија
- [EBA050] Економија на европски интеграции
- [EBEE-801] Економија на осигурување
- [EBE-802] Економски и политички системи
- [EBEE-803] Економско однeсување
- [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [EFE-107] Јавно говорење
- [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [EFE-108] Комуникациски вештини
- [EFE-110] Напреден Excel
- [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
- [EFE-112] Напреден Ворд
- [EFE-113] Гугл апс
- [EFE-114] Напреден акцес
- [EFE-115] Десктоп-публикации
- [EFE-116] Веб-публикации
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
- [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
- [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
- [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
- [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
- [EFE-117] Заштита на животната средина
- [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
- [EFE-132] Човекови права и слободи
Семестар 8
-
[CBEE-803]
[6 ЕКТС]
Пазар на трудот
Целта на предметот Пазар на трудот е студентите да стекнат основни и продлабочени знаења за теоријата на пазарот на трудот и за механизмите за функционирање на пазарната економија. Студентите ќе ги совладаат категориите, законите и основните принципи преку кои функционира пазарот на трудот. Се прави детална анализа на моделот на однесување и на улогата која ја имаат клучните фактори на пазарот на трудот: индивидуите, компаниите и владата. Анализата се базира на две основни категории на пазарот – побарувачката и понудата – кои се применуваат речиси на сите теми кои се обработуваат за овој предмет. Знаењето кое ќе го добијат студентите со овој предмет претставува теоретска основа потребна за разбирање и на различните теории и политики кои се применуваат на пазарот на трудот. Преку предметот студентите ќе разберат како пазарите на трудот ефикасно го распределуваат и го користат реткиот фактор на производството - трудот. Предавањата вклучуваат знаење за: концептите на побарувачката и понудата и нивната практична примена; однесувањето на индивидуите на пазарот на трудот за да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот за да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот за да се максимизира профитот; улогата на владата на пазарот на трудот, различни структури на пазарите на трудот: пазарот на трудот во целосна конкуренција, монополот на пазарот на трудот, улогата на синдикатите на пазарот на трудот, билатералниот монопол на пазарот на трудот. Предавањата и дискусиите во текот на предавањата се однесуваат и на материјалот кој не е содржан во книгата и на некои аспекти од материјалот кој се содржи во основната литература нема да се дискутира на час туку студентите преку активно учење сами ќе го совладаат. Поради тоа, со цел студентите да постигнат успех во учењето содржините од предметот ќе бидат обработувани преку предавања и работилници со активно учество во дискусиите на различни теми кои се однесуваат на пазарот на трудот.
-
[CBEE-804]
[6 ЕКТС]
Истражувачки методи на општествените науки
Цели на предметната програма: • Да се опишат клучните компоненти на социјалното истражување. • Да се стекнат вештини и знаења за квантитативно и квалитативно социјално истражување. • Да се идентификуваат критериумите користени за оценување на квалитетот на социјалното истражување.
-
[EBE-407]
[6 ЕКТС]
Финансиски пазари и институции
Целта на овај предмет е студентите да се запознаат со основните принципи на функционирањето на финансиските пазари (пазари на пари, пазари на капитал, девизни пазари итн.) и на финансиските институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови итн.) кои претставуваат извонредно важен дел од секоја национална економија, како и од светската економија во целина.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EBEM-606] Развој на кариера
- [EBEM-602] Теорија на игрa
- [EBEM-603] Е-трговија
- [EBEM-506] Менаџмент на ризик
- [EBEM-505] Mенаџмент на информациони системи
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBEM-501] Корпоративно управување
- [EBEF-504] Пари и банки
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
- [EBEE-604] Економија на животната средина
- [EBEE-605] Економија на јавни фондови
- [EBA034] Локален економски развој
- [EBEE-701] Бизнис и економско моделирање
- [EBEE-702] Глобална економија
- [EBA050] Економија на европски интеграции
- [EBEE-801] Економија на осигурување
- [EBE-802] Економски и политички системи
- [EBEE-803] Економско однeсување
- [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
-
[CBE-802]
[6 ЕКТС]
Проект - Студија на случај
Цели на предметот: - Да поттикне активно учење; - Да обезбеди можност за развој на клучните вештини, како што се комуникација, групна работа и решавање на проблеми; - Да дозволи примена на теоретското знаење, со што се намалува јазот меѓу теоријата и практиката; - Да им помогне на студентите во справувањето со нејаснотиите; - Да им овозможи на студентите да генерираат и проценат бројни можни решенија;