Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Применети компјутерски науки (2017/2018)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран по применети компјутерски науки
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Студиската програма „Применети компјутерски науки”е заснована врз усвоениот Болоњски модел на организирањето на студиите - 3+2.

Наставни цели на програмата:

  • Да им овозможи на студентите да стекнат пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
  • Да им овозможи на студентите да стекнат теоретски и практични знаења по компјутерски науки и да ги применува во реалниот живот.
  • Да  се  оспособат  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  во имплементација  на различни софтверски решенија.
  • Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • Да им овозможи добра основа за понатамошно прилагодување на новите технолошки/пазарни промени како и нивна примена.
  • Да стекнат вештини за поддршка при организирање, реализирање и при имплементирање методи и процедури во други области.

По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да се вработат во различни области во индустријата, и тоа: ИКТ-ориентирани компании, бизнис-сектор, јавна администрација и слично.

Со стекнатата диплома овие студенти ќе можат:

  • Да ги користат компјутерскиот систем и информатичката технологија во секојдневието и пошироко.
  • Ефективно да ги применуваат изучуваните методи и алгоритми.
  • Да програмираат решенија за разни проблеми.
  • Да организираат бази на податоци, да ги  проектираат, да ги имплементираат и понатаму да ги  одржуваат  и  да ги регулираат  перформансите.
  • Да ги проектираат  и да ги имплементираат компјутерските мрежи.
  • Ефикасно да ја користат интернет-технологијата.
Знаење и разбирање
  • Стекнување знаења и разбирање во теоретските и практичните аспекти во областа Компјутерски науки.
  • Знаењето ги вклучува главните области како што се:математиката за компјутерски науки,алгоритми, информатички технологии, мрежи, програмерски парадигми и нивната примена, бази на податоци, како иразлични специјализирани предмети во избраните области од компјутерските науки.
  • Знаење и разбирање на различни програмерски методологии во случаина практично решавање на проблемите(објектноориентирано, функционално,процедурално програмирање итн.)
  • Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од полето на компјутерските науки. 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи и информационите системи во вообичаено работните задачи на напредно ниво.
  • Способност да се применуваат на самостоен и креативен начин стандардните методи и алгоритми во ефективно решавање проблеми, во развој на апликации (десктоп, интернет или мобилен) со користење стандардни и напредни компјутерски алатки и средини.
  • Способност да се развијат и да се одржуваат софтвери, со користење различни развиени методологии, средини и практики.
  • Способноста да се развијат, организираат и да се одржуваат релациони бази на податоци.
  • Способноста за дизајн и за имплементација на компјутерски мрежи, почнувајќи од мали и средни размери на локални мрежи.
  • Способност дасе организираат информациските системи  за да се решаваат различни социјални, економски и / или технолошки задачи.
  • Да се предложат решенија за информациските системи на почетно и средно ниво, вклучувајќи анализа, развој на дизајн и репортирање.
Способност за проценка
  • Способност да се соберат и да се анализираат податоци со цел предлагање софтверски решенија.
  • Способност да се оценуваат платформи и развиените средини.
  • Способност да се оценуваат различни информациски и софтверски решенија, како и да се развиваат други софтверски решенија.
Комуникациски вештини
  • Способност за користење софтверски решенија и за поддршка на другите во областа на информацискитесистеми со апропријација на нивото според публиката.
  • Способност да се спроведуваат ефикасни проекти по информациски системи и способност да се презентираат со почитување на професионалните стандарди.
  • Придонесување во организирањето на е-општеството преку учество на состаноци и одлучни тела на различни нивоа.
  • Напредни вештини и искуство во групно работење.
  • Способноста за писмено и за усно комуницирање во сите фази на креации во компјутерските науки  и предлози како што се: технички документации, спецификации на условите, набавките, на англиски јазик и уште најмалку на еден локален јазик на напредно ниво.
Вештини на учење
  • Способност да се следат напредоците во полето на компјутерската наука, способност брзо да се совладаатновите технологии, програмскитејазици, алатки и рамки.
  • Способноста да се применува вештините за учење во наставата и обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
  • Способноста да се применува вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Структурално програмирање
    Во рамките на овој предмет се презентираат основните концепти на програмирање кои понатаму служат како вовед во структурното програмирање. Целта е студентите да се оспособат да напишат јасни и ефикасни C++ програми, применувајќи широк спектар на програмирачки техники.
  • [6 ЕКТС] Линеарна алгебра
    Преку предметна програма студентите ќе стекнат сознанија за концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број примени на математиката во „реалниот“ свет доаѓаат до израз, земајќи го само нивниот линеарен дел. Ова е многу знaчаен материјал што секогаш ќе биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во состојба да ги користат и да ги применат: линеарните еднаквости и нивното решавање, алгебрата на матриците, линеарните трансформации и како да се користат за апликација, векторските простори, сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица, детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со компјутерските науки со или без користење на математиката, но и да се совладаар и да се применат некои оптимизациони проблеми кои имаат важна примена во областа на компјутерските науки.
  • [6 ЕКТС] Интернет технологии
    Целта на предметот е на студентите да им се долови разбирливо сфаќање на алатките и методологијата на решавање проблеми поврзани со Интернет-програмирањето на страна на клиентот. Главна цел ќе биде фокусирање на алатки и вештини употребени од веб-програмери во индустријата на денешницата. На предавањата ќе се дискутираат генерални концепти и синтакса, додека лабораториските вежби ќе се фокусираат на практичен дел и имплементација. Главниот фокус ќе биде врз технологиите на страна на клиентот (client side) како што се: основните концепти на вебот, интернетот и вмрежувањето, јазици како што HTML(5), креирање дизајн и стилови на страници преку Cascading Style Sheets (CSS), креирање интерактивност со корисникот преку употреба на скриптови јазици на страна на клиентот преку JavaScript и пропратните библиотеки и технологии (JQuery, JQuery Mobile, AppML, AngularJS и HTML5 API’s).
  • [6 ЕКТС] Вовед во компјутерски науки
    Цели на предметната програма: - Да им овозможи на студентите да стекнат основни познавања и вештини од областа на компјутерските науки. - Да им овозможи на студентите да стекнат теоретски и практични знаења во областа на комјутерските науки и да ги ги применува во реалниот живот. - Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можаат да бидат: научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • [6 ЕКТС] Слиободен изборен предмет
    • Јавно говорење
    • Дебата и презентациски вештини
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ-вештини
    • Напреден Ворд
    • Гугл апс
    • Напреден акцес
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    • Албански jазик и култура на пишување
    • Албански јазик за професионални цели
    • Aкадемско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Заштита на животната средина
    • Професионален рзавој на кариерата

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Калкулус
    Цели на предметната програма: Студентите да се запознаат и целосно да ги совладат поимите: за функција (како посебно пресликување), начините на задавање функција, својствата на функција, непрекинатоста на основните функции. Да се оспособат за изнаоѓање гранична вредност на функција (лимес), изводи, решавање проблеми во врска со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, сѐ со цел на крај да бидат оспособени да нацртаат граф на една функција од која може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Понатаму да се запознаат со поимот интеграл и да го примента во различни практични проблеми и да совладаат некои нумерички методи за горенаведените поими за екплицитна примена во компјутерските науки.
  • [6 ЕКТС] Дискретни структури
    Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите ги совладаат потребните математички знаења што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Дел од концептите предвидени во овој предмет веќе познати за студентите, но целта овде е уште поголема, да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ќе им овозможи да го збогатат својот диапазон на идеи и да ги применат решавајќи различни практични проблеми.
  • [6 ЕКТС] Објектноориентирано програмирање
    Овој предмет е наменет за студенти кои имаат преднзаења за структурно програмирање и сакаат тие знаења да ги применат во C++. Цел на предметот е студентите да стекнат знаења и разбирање од областа на објектноориентирано програмирање (апстрактни типови податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се научат студентите да пишуваат јасна и ефикасна C++ програма користејќи ги објектноориентираните принципи на програмирање за креирање ефикасни апликации, да имаат способност да направат евалуација на одредено објектноориентирано решение и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови податоци во решавање проблемите базирајќи се на принципите на објектноориентирано програмирање реализирани во C++.
  • [6 ЕКТС] Компјутерска архитектура
    Цели на предметната програма: Запознавање со основните поми и делови на компјутерските системи и нивното меѓусебно поврзување, инструкции и процеси. Разбирање на компјутерските архитектури, перформанси на компјутерскиот систем и делови од него. Вовед во асемблерски јазик.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • Јавно говорење
    • Дебата и презентациски вештини
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ-вештини
    • Напреден Ворд
    • Гугл апс
    • Напреден акцес
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    • Албански jазик и култура на пишување
    • Албански јазик за професионални цели
    • Aкадемско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Заштита на животната средина
    • Професионален рзавој на кариерата

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Алгоритми и структури на податоци
    Предметот ги опфаќа дизајнирањето, анализата и имплементацијата на основните структури на податоци и алгоритми кои работат на овие структури на податоци. Се истражуваат основните линеарни и хиерархиски структури на податоци и како може тие да се применат. Потоа, се влегува подлабоко во дизајн, имплементација и анализа на такви структури на податоци. Се дискутира асимптотската анализа на алгоритми и структури на податоци. Дополнителни карактеристики на објектноориентирани јазици потребни за генерична имплементации на структури на податоци се воведуваат низ предметот.
  • [6 ЕКТС] Веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните знаења од предметот Веројатност и статистика што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се научи како се прави обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и др., да се совладаат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на компјутерските науки.
  • [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Во рамките на овој предмет се проучуваат поважните проблеми во оперативните системи. Оперативниот систем е посредник меѓу корисничките програми и хардверот на компјутерот (или мобилните уреди) на кои тие работат. Затоа одговорноста на оперативниот систем е управување и споделување на компјутерските ресурси. Се започнува со краток вовед за главните концепти на оперативни системи и се продолжува со евалуација на овие концепти и анализа во детали. Деталната анализа на главните компоненти на повеќето оперативни системи ќе се дискутира. Дискусијата ќе ги опфати процесите и темите, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, датотечни системи и безбедноста меѓу другите. Следниот дел на предметот се однесува на презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедија и смарткартичка оперативни системи. На крајот на концепти на мобилни оперативни системи ќе бидат претставени, анализирани и евалуирани. Сето ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • Јавно говорење
    • Дебата и презентациски вештини
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ-вештини
    • Напреден Ворд
    • Гугл апс
    • Напреден акцес
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    • Албански jазик и култура на пишување
    • Албански јазик за професионални цели
    • Aкадемско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Заштита на животната средина
    • Професионален рзавој на кариерата

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Предметот е вовед во концептите и принципите на компјутерските мрежи. Се разгледуваат различните мрежни компоненти и нивното меѓусебно вклопување. Се обезбедува детален поглед на мрежните архитектури и нивниот дизајн. Преку предметот се потенцираат дизајнот и имплементацијата на податочниот слој, МАС под слојот и мрежниот слој. Се илустрираат концептите на битните мрежни архитектури и протоколи во мрежите Internet и Ethernet. Детално се проучуваат локалните мрежи. Во последниот дел од предметот се обработуваат меѓумрежното поврзување, компјутерските елементи и виртуелните локални мрежи. Студентите постануваат фамилијарни со мрежните комутаторски елементи, нивното почетно поставување ( set-up ) и практичен дизајн на локалните компјутерски мрежи.
  • [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Во рамките на предметот е даден вовед за дизајнирање и користење бази на податоци, со краток вовед во внатрешноста на системите за управување со релациони бази на податоци. Предметот опфаќа: релациони модел, релациона алгебра и SQL, краток вовед во дизајнирањето релациони бази на податоци базиран на функционални зависности и нормални форми. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет ќе биде во можност: да ги користи моделите и концептите на дизајнирањето бази на податоци, да користи бази на податоци, да дизајнира едноставни и одредени бази податоци базирани на релациони модел на бази на податоци, да користи MS SQL Server системот за управување со база на податоци (DBMS), SQL јазикот и имплементација на пребарувања.
  • [6 ЕКТС] Вовед во криптографија
    Цели на предметната програма: Криптографијата обезбедува важни алатки за обезбедување на приватноста, автентичноста и на интегритетот на повеќе чувствителни информации кои се вклучени во современите дигитални системи. Во денешно време, јадрото криптографски алатки, вклучувајќи енкрипција, автентикациски кодови, дигитален потпис, клучни договорени протоколи и сл. се користат зад милиони дневни онлајн трансакции. Модерената криптографија користи математички јазик прецизно да ги утврди неостварливите безбедносни цели, дизајнирајќи протоколи за да ги постигне овие цели и да ја провери безбедноста на дизајнираните протоколи користејќи математички докази врз основа на јасно наведени цврсти претпоставки. Затоа, за да се научи криптографијата, од суштинско значење е да се разбере нејзината математичка поддршка. Во оваа насока, ќе се увиди суштината на работење на криптографија преку неколку основни криптографски алатки, за енкрипција, за кодови, за автентикација, за хаш-функции, за дигитални потписи итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Софтверско инженерство
    Целта е студентите критички и систематски да ги разбират принципите и техниките за софтверска спецификација, анализа и дизајн, програмирање, тестирање и евалуација, одржување и управување со проектирање на ефективни софтверски апликации, да ги разберат алатките и методологијата на развој на софтверски решенија. Со завршување на предметот студентите ќе бидат способни: 1. Да го анализараат процесот на развивање софтверски решенија и да ја изразат суштината концизно и прецизно. 2. Да дизајнираат структура на модул за решавање на проблемот, како и процена на алтернативи. 3. Програмираат и спроведуваат софтверски ефикасно и правилно. 4. Да работат во мали тимови, да соработуваат на различни аспекти на развој на софтвер; 5. Да ги ценат развојните вештини и методолошки прашања во развој на софтвер, како што се важноста на мислењето на корисникот како повратен одговор, работа со ограничени ресурси, одржливоста, тестирањето и менаџирањето на развојниот софтверски тим.
  • [6 ЕКТС] Веб-програмирање
    Предметот ги опфаќа следниве теми: Дизајнирање и конструкција на апликации за веб-околината. Програмирање веб-сервери. Програмирање на страна на клиентот или апликации на веб-сервери. Преглед на концептите на релационата база на податоци, дизајнирање податоци, јазиците што се користат на серверите и на клиентите, трансакциските маневрирања, интеграција на податоците во веб-апликациите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Компјутерска графика
    Цели на предметната програма: Главна цел на овој предмет е да им се претстават на студентите основите на компјутерска графика. Предметот почнува со основи концепти на интерактивна графика, дводимензионални системи и мапирање и продолжува со алгоритми на компјутерска графика, трансформации, anti-aliasing, текстури и линеарна алгебра.
  • [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Оваа активност се поврзува со дипломската работа и проектот на професионалното позиционирање во областа на компјутерските науки. Студентите треба да подготват проект, вообичаено софтвер, поврзан со нивната дипломска работа, да ја изработат структурата на проектот, да изведат истражување и да го напишат техничкиот извештај. Теоретски, овие проекти претставуваат комплетен систем или, пак, производ, интегрирана анализа, симулација или дизајн на софтвер или хардвер доколку е соодветно.
  • [6 ЕКТС] Изборен премдет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • Вештачка интелигенција
    • Програмирање игри
    • Бази на податоци NoSQL
    • Интеракција човек-компјутер
    • Формални јазици и автомати
    • Мрежно програмирање
    • Програмирање мобилни уреди
    • Податочно рударство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Системи базирани на знаење
    • Логичко програмирање
    • Системско програмирање
    • Програмирање во NЕТ
    • Интелигентни системи
    • Складирање и процесирање на податоци
    • Е-трговија
    • Дистрибуирано и паралелно процесирање
    • Семантички веб
    • Визуализација на податоци
Google+