Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава (2013/2014)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по компјутерски науки / Насока: Примена на ИКТ во настава
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение:

Студиите од вториотциклус Примена на ИКТ во настава - 120 ЕКТС е кохезивна програма на студии наменета за подобрување на знаењетои навештините и за професионален развој на наставниците и другите заинтересирани со најсовремените пристапи за усвојување нови знаења. Овие магистерски студии се фокусираат на ефективно користење на технологија во образованието и наставата.  За време на овие студии се стекнуваат нови знаења за тоа како да се дизајнира програма базирана на технологија, како и за: користење на информатичкитетехнологии за подготовка и одржување на часовите, користење и развивање платформи за учење, креирање дигитални едукативни содржини, е-учење, образовен софтвер, мултимедијални проекти во наставата. Притоа се обезбедува професионален развој на наставниците и на другите заинтересирани за студии вообразованието. Студиите се базират на најновите истражувања и практики зае-учење и подобрување на учењето преку ИКТ. Се развиваатпрактични вештини и аналитички разбирања на ИКТ и е-учење и на нејзината улога во професионалната практика.

Студентите кои ќе го завршат овој циклус ќе бидат обучени:

  • Да имплементираат ИКТ во процесот на образование и евалуација - контрола.
  • Да дизајнираат модерни курсеви (предмети).
  • Да дизајнираат курсеви (предмети) за ученици со посебни потреби.
  • Да ги следат и да ги разбираат развојните трендови на ИКТ и нејзината примена во современата настава.
Знаење и разбирање

-          Има способност за развој и примена на оригинални и креативни ИТ идеи со цел обезбедување квалитет во наставата.

-          Има способност за примена на ИТ-вештини  и  знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање интерактивна настава во образованието.

-          Имазнаење и разбирање од областите компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање,  веб технологии, дата-бази, основи на мрежи, компјутерски и информациони системи и мултимедија).

Имазнаење од една или повеќе предметни области кои што може да да го окваливикуваат студентот како експерт за применување на знаења во дадена област.и решавање проблеми поврзани со целите и материјалите во соодветната област.

Примена на знаењето и разбирањето

-          Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати околини или околини за кои нема претходно искуство во образованието. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областана  образованието,но и креирање и имплементација на соодветни интерактивни материјали,  мултимедијални материјали,алатки за учење и он-лајнтестирање преку игра.

Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите и материјалите во соодветната област.

Способност за проценка

-          Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во образованието, како и администрирање на обрзовниот процеси евалуација на учениците со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика. Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.

-          Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични едукативни процесите кои произлегуваат во реално време во образованието.

Способност за идентификација на соодветни специјализирани области вообразованието и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.

Комуникациски вештини

-          Способност за размена на заклучоци и предлози преку нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.

-          Преземање значителна одговорност зазаедничките резултати.

Водење и иницирање активности.

Вештини на учење

-          Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување,самостојно и автономно во вообичаените информатички области.

-          Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.

Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Вовед во едукативни технологии
    Цели на предметната програма (компетеnции): - Да демонстрираат знаење, вештини и концепти поврзани со технологија и компјутерич - Да ги користат тековните и новите технологии за подобрување и интегрирање на наставата, за инструкции, предавања и учење; - Да ја идентификуваат и да ја оценуваат / да ја разгледаат соодветноста на компјутерски софтвери за наставна употреба, како и соодветноста и приспособливоста за ученици со посебни потреби; - Да идентификуваат и да користат соодветни / погодни интернет сајтови и ресурси за подобрување на наставата и учењето; - Да демонстрираат употреба на компјутери за да се создадат наставни материјали и за користење детски софтвери за поддршка и за подобрување на учење за сите возрасти на ученици; - Да направат соодветни технолошки избори во наставата, учењето, оценувањето и во евалвацијата; - Да развијат активности низ развојни области кои инкорпорираат употреба на технологијата и за да се обезбеди приспособување за сите ученици.
  • [6 ЕКТС] Компјутерски системи
    Цели на предметната програма (компетенции) По завршувањето на овој предмет, студентите треба: - Да ги разбираат основите на компјутерските системи и нивната организација; - Да знаат да интерпретираат различни нумерички системи; - Да ја разбираат Буловата алгебра и нејзината примена; - Да ги разбираат основите на компјутерската архитектура. - Да разликуваат различни оперативни системи и нивна примена; - Да ги разбираат основите на компјутерски мрежи.
  • [6 ЕКТС] Методологија за истражување
    Во рамките на овој предмет се обезбедува сеопфатен вовед во истражувачките методологии, основните истражувачки теории и протоколи и во пишувањето истражувачки предлози. Студентите во текот на овој предмет ќе стекнат сознанија за цикличната природа на применето истражување и на итеративниот процес на истражувачко пишување, за тоа како: да идентификуваат тема за студија, да формулират прашања, да организират преглед на литература и да изберат соодветни истражувачки проекти и методологии. До крајот на предметот, студентите ќе завршат предлог кој вклучува вовед, преглед на проблемот (значењето на студијата), преглед на литература, секција за методологијата, референци и распоредот на проектот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Работа со надарени ученици
    • Примена на мобилни технологии и социјални мрежи во процесот на учење
    • Обработка на податоци во образованието
    • Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
    • Математика
    • Апликативна статистика
    • Учење и настава со ИКТ – Онлајн
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингуализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Софтвер наменет за образование
    Цели на предметната програма (компетеnции): - Дефинирање на образовниот софтвер, значењето на употребата на разни софтвери во процесот на образование, начини на употреба, вреднување на придобивките на употреба на образовните софтвери; - Презентирање разни образовни софтвери, слободни и комерцијални софтвери; - Употреба на образовни софтвери за учење на некој предмети (на пр. предметите од природните науки, јазикот итн.); - Принципите за дизајнирање и инженеринг на образовниот софтвер.
  • [6 ЕКТС] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
    Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да научат како да ја користат технологијата за подобра и полесна едукација на деца со посебни потреби. Овој предмет опфаќа информации за употреба на технологии за низа хендикепи како: слепило, глувост, студенти со моторни пречки итн. Предметот опфаќа широк преглед на употреба на современа технологија и електронските извори кои можат да се употребат за да им се помогне на студентите во нивните секојдневни задачи предвидени во наставниот план.
  • [6 ЕКТС] Мултимедија во образованието
    Цели на предметната програма (компетенции): Студентите да стекнат основни познавања и вештини од мултимедијалната област, како и теоретски и практични знаења во областа на мултимедијата и истите овие техники и методологии да ги имплементираат во нивната настава. Да се оспособат студентите да ги прошират и да ги продлабочат општите знаења за мултимедијалните концепти (текст, слика, аудио и видео) и да ги користат во дизајнирањето на наставниот процес. Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можаат да бидат: научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Работа со надарени ученици
    • Примена на мобилни технологии и социјални мрежи во процесот на учење
    • Обработка на податоци во образованието
    • Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
    • Математика
    • Апликативна статистика
    • Учење и настава со ИКТ – Онлајн
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингуализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Вовед во бази на податоци
    Цели на предметната програма (компетеnции): - Презентирање на концептуалниот модел и моделот базиран на ентитети и врски, концептуално моделирање, E-R дијаграмот; - Презентирање релацион модел; - Вовед во SQL јазикот; - Нормализација на шемата на базата на податоци; - Вовед во системите за управување со базите на податоци, алатките за дефинирање, користење и одржување на базата, алатките за креирање форми и извештаи.
  • [6 ЕКТС] Професионална етика на информациони технологии
    Предметот е задолжителен за студентите на вториот циклус. Тие стекнуваат сознанија за етичките и моралните вредности воопшто, а посебно при користење на информационите технологии. Исто така, предметот претставува вовед во креирање и примена на ИТ-професионални етички кодекси во јавни и приватни институции. Се анализираат и се дискутираат етичките дилеми при професионално користење информациони технологии. Преку конкретни примери се опфаќаат и се изучуваат сите области поврзани со етиката при користење на инфромационите технологии.
  • [6 ЕКТС] Е - учење 2.0 - теорија и пракса
    Во рамките на овој предмет студентит: - Ќе стекнат знаење за дизајнирање модерна технолошко-базирана настава и програми за учење; - Ќе ги развијат вештините поврзани со потенцијалот за дизајнирање на наставата преку специфични технолошко-базирани алатки; - Ќе стекнат знаење за модерните технолошко-базирани алатки за учење, вклучувајќи компјутер, мултимедијални технологии и комуникациски технологии, и како да ги користат за подобрување на учењето; - Ќе знаење за тоа како различни технолошко-базирани наставни дизајни може да го подобрат начинот на учење; - Ќе развијат план за проектирање и развој на модул за е-учење; - Ќе ги идентификуваат карактеристиките за моделот за е-учењ; - Ќе спроведуваат наставни анализи; - Ќе интегрираат стратегии за учење и настава во планирањето на дизајнот и развојот на модулот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Работа со надарени ученици
    • Примена на мобилни технологии и социјални мрежи во процесот на учење
    • Обработка на податоци во образованието
    • Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
    • Математика
    • Апликативна статистика
    • Учење и настава со ИКТ – Онлајн
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Работа со надарени ученици
    • Примена на мобилни технологии и социјални мрежи во процесот на учење
    • Обработка на податоци во образованието
    • Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
    • Математика
    • Апликативна статистика
    • Учење и настава со ИКТ – Онлајн

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+