Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Настава по англиски јазик

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер на настава по англиски јазик
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација

Целта на програмата Настава по англиски јазик е студентите да стекнат солидни знаења во областа на теориите на методологија и потребни вештини за спроведување на стекнатите знаења здобиени од теориите и нив да ги употребуваат во наставната практика.

Изборот на индивидуалните предмети ги рефлектира најсовремените актуелни трендови во изучувањето на втор странски јазик, помагајќи во идентификувањето на локалните и регионалните потреби. Програмата е дизајнирана за дипломирани по англиски како странски јазик, односно за оние кои сакаат да се специјализираат и да ги развијат своите способности во педагогијата на настава по англиски јазик. Се вклучува и научноистражувачка компонента (заедно квалитативното и квантитативното), академското и модерното истражување.

Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава.   Предвидено е часовите  да се одржуваат за време на викендот.  Поголемиот број предмети обезбедуваат специјализирана обука: методологија за изучување на странски јазик, менаџирање на училница, педагошката граматика и пишување, изучување на јазикот со помош на компјутер и анализа на потребите. Ова е базирано на најсовремените принципи на обука на наставникот од англофонските земји, аплицирани во балкански контекст.

Програма е дизајнирана на специфичен начин за потребите на наставниците по англиски јазик, а исто така е многу важни бидејќи студентите стекнуваат вештини за напредно академско истражување и за оние студент кои сакаат да работат како преведувачи, критичари, издавачи или писатели. 

Програмата опфаќа два семестри настава, проследени со истражување и пишување на тезата.

Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава.

Знаење и разбирање
  • Има напредна наставна методологија по англиски јазик.
  • Има знаење на теоријата на учење втор/странски јазик.
  • Демонстрира познавање на англиската граматика и англискиот јазик.
  • Знае и го разбира употребувањето на учењето јазици со помош на компјутер и има активно учество во подобрувањето на неговата употреба.
  • Користи различни педагошки стратегии во предавањето.
  • Знае да напише истражувачки труд, презентација и  слично.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Има теоретски сознанија и ефикасно ги пренесува на студентите
  • Применува принципи за стекнување на странски / втор јазик со користење соодветни методологии на учење.                                
  • Дизајнира наставна план-програма за конкретни наставни контексти, на пример предавање на помладите ученици (под 12 години) или предавање деловен англиски јазик за возрасни.
  • Користи, прилагодува и создава автентични едукативни материјали за употреба во училница.
  • Ефективно ја користи технологијата и создава едноставни  мултимедиски или веб-базирани јазични алатки за практична употреба во училница, на пример, игри на зборови со помош на компјутер.
Способност за проценка
  • Се изразуваат критички за изучуваниот материјал и искуствата на предавање/ учење во училница.
  • Ги идентификуваат потенцијалните тешкотии во однос на прашањата за споредување на мајчиниот јазик во училницата со англиски како странски јазик.
  • Избираат соодветни и релевантни материјали  во согласност со потребите на студентите .
  • Донесуваат одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на англискиот јазик:  глаголи и образување време, определени / неопределени членови, предлози, други граматички категории, идиоматични изрази, лексички колокации и формирање збор.
  • Прават сложени методолошки оцени во истражувачки дизајн и прават разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.
Комуникациски вештини
  • Има одлично познавање на англиски изговор.
  • Создава добро структурирани и јасно напишани академски трудови.
  • Може да ги претстави и да ги елаборира заедничките проблеми што се вклучени во учењето и предавањето на англискиот како странски јазик.
  • Може да даде соодветни објаснувања на јазичните концепти на англиски јазик.
  • Покажува комуникациска подготвеност  во однос на квалитет на настава, управување и организирање на училница.
Вештини на учење
  • Покажува иницијатива и автономија во професионалната работа.
  • Сам да ги следи и ги приспособува наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Се прилагодува на различните културни и меѓучовечки околности во училницата за англиски како странски јазик.
  • Иницира и завршува независна истражувачка работа со високи академски стандарди во рамките на дадениот временски период.
  • Демонстрира лидерство и способност за предавање за  ефективно пренесување на знаењето.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет опфаќа истражување, дизајн и методи, вклучувајќи и составување примерок на испитаници, формирање хипотеза, тестирање и експериментални истражувања. Посебно внимание ќе биде посветено на концептот, техниките и на практиката на квалитетна општествена методологија и научните истражувања. Преку овој предмет студентите ќе научат да развијат истражувачки вештини потребни за да се создаде, да се спроведе и успешно да се заврши истражувачки проект.
  • [6 ЕКТС] Методика на предавање на странски јазик
    Предметот е дизајниран да ги поттикне наставниците по англиски јазик како странски јазик да ги усвојуваат новитетите и да го применуваат рефлективниот процес во својата настава. Наставната програма опфаќа: текстови за историјата на наставата по англиски јазик од традиционалната до модерната практика (mainstream), со цел студентите да стекнат солидни знаења за практиката. Опфатени се следниве теми: класификација на наставните методи и материјали, адаптација и создавање наставни материјали, наставните техники и стратегии, употребата на технологија во наставата, училница за управување. Студентите се охрабруваат да истражуваат во однос на сегашната теорија.
  • [6 ЕКТС] Педагошка граматика
    Во рамките на овој предмет е опфатен интегриран модел на опис на јазикот прилагоден за потребите на студентите. Преку овој модел граматиката е организирана во три области: структура, ориентација и шема и притоа се покажува поврзаноста меѓу граматиката и лексиката. Важна компонента на овој предмет е студентите да стекнат сознанија лексичките фрази: начинот на кој се организирани, како можат да се класифицираат за образовни цели и нивното значење во комуникацијата.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Усвојување и изучување на странски јазик
    • Педагошко пишување
    • Изучување на англиски со помош на компјутер
    • Англиски за специјални намени
    • Изучување на вокабуларот
    • Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Усвојување и изучување на странски јазик
    • Педагошко пишување
    • Изучување на англиски со помош на компјутер
    • Англиски за специјални намени
    • Изучување на вокабуларот
    • Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик

Семестар 2

  • [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката за поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската теза. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по настава на англиски јазик.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Културни аспекти во предавањето на англискиот јазик
    • Литература во предавање на англиски јазик
    • Oдбрани поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Апликации за статистичка обработка на податоци
Google+