Целта на последипломската програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во Р. Македонија како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).
Знаење и разбирање
Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
- Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративно казнено право и на казнено процесно право, теоретска и применета криминологија и пенологија, организиран криминал и форензични науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
- Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
- Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.
Способност за проценка
Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во предкривичната и судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори.
Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат.
Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика.
Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[6 ЕКТС]
Кривично материјално право
Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и Кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и методот на клиничка настава.
-
[6 ЕКТС]
Криминологија
Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаење за предметот на проучување на: Криминологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно кривично право
По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни сознанија во однос на: поимите и предметот на оваа дисциплина, нормите во МКП, репресивната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Одбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Кривично процесно право
Целта на предметот е студентите да стекнат солидни теоретски и практични сознанија за кривично-процесните одредби и институти со кои законски се регулира дејноста на процесните органи и на другите учесници во кривичната постапка и да се оспособат за нивна практична примена.
-
[6 ЕКТС]
Криминалистика
Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
-
[6 ЕКТС]
Пенологија
Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за предметот на проучување на пенологијата и главните пенолошки институции, проблеми и тенденции, за влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните санкции, пенолошките испитувања поврзани со казните изречени за кривичните дела како и за идентификување и анализирање на современите пенолошки прашања.
-
[6 ЕКТС]
Малолетничка деликвенција
Малолетниците деликвенти се во тесна врска и со другите социопатолошки појави, како: наркоманијата, алкохолизмот и проституција, појави кои денес се шират речиси во секоја земја на светот, а за жал се присутни и во нашава земја. Затоа, основната цел на оваа дисциплина е да се откријат и да се евидентираат новите форми на оваа криминална појава и да се објаснуваат причините за нивно присуство со цел да се предложат соодветни мерки за превенција и репресија.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Одбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Судска психологија
Оваа дисциплина има помошен карактер за другите кривично-правни науки со цел психолошко вреднување и оценување на вистината и лагата во судското постапување кон обвинетите, сведоците и другите лица во кривично-судската постапка, преку психолошка оцена на нивните искази и дејствија.
-
[6 ЕКТС]
Прекршочно право
Целта на предметот е студентите да стекнат напредни знаења за прекршочното право како научна дисциплина, за материјалниот и процедуралниот дел на прекршочното право како и за законското регулирање на прекршоците според Законот за прекршоци.
-
[6 ЕКТС]
Споредбено кривично право
Во рамките на предметот се проучуваат кривичните системи на различните држави, преку системска анализа на решенијата од кривичните закони во контекстот на постојните општествени услови, фактори, развојните тенденции, новелирањето на кривичното законодавство и неговото хармонизирање со кривичното право во рамките на ЕУ.
-
[6 ЕКТС]
Виктимологија
Проблематиката на жртвата, процесот на виктимизација, зголемувањето на бројот на луѓето кои се подложни на виктимизација, надоместот на штета и превенцијата на виктимитетот се главните теми на овој предмет, бидејќи виктимизацијата и заштитата на жртвите се голема преокупација на современото општество.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Организиран криминал
Организираниот криминалитет, како нова дисциплина ги проучува формите, причините и мерките за спречување и сузбивање на криминалитетот од сите видови и области. Особено значење се придава на теориите за организиран криминалитет, на криминалните организации како и на облиците на манифестација.
-
Компјутерски криминалитет
Студентите ќе стекнат напредни сознанија за најновите облици на кривичните дела кои се вршат преку компјутерот и преку интернет-мрежите како и за современите начини на спречување на ваквиот криминалитет кој се развива сѐ повеќе во денешните дигитални општества. Ќе се проучуваат кривичните дела од типот на компјутерска измама, фалсификување компјутерски софтвер и други облици на злоупотреба на Интернетот за криминални цели. Ќе се анализира домашното скоро реформирано законодавство, а ќе се добиваат сознанија и за светските стандарди и текови во ова област.
-
Судска медицина
Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни сознанија за форензичката наука во однос на кривичните дела против животот и здравјето на луѓето и за основната терминологија која ќе биде како упатство за координација и комуникација меѓу истражните и судските оддели. Преку овој модул студентот ќе биде во можност да ги формулира барањата, налозите и другите писма помеѓу судот и вештаците за судска медицина за издавање наредби за телесна повреда, вештачење, налози за идентификација на живи личности, тела и скелетни остатоци.
-
Семејно насилство
Преку овој предмет студентот ќе има можност да дознае повеќе за видовите и категориите на семејното насилство, за тоа како се инкриминира во националното законодавство и меѓународните конвенции и каква помош е предвидена за жртвите на ваквото насилство.
-
Трговија со луѓе
Трговијата со луѓе претставува посебна форма на организираниот криминалитет и се карактеризира како ропство на современото време. Овој сериозен вид криминал претставува длабоко кршење на најсуштинските права и слободи на човекот, па затоа е забранет и гонет со меѓународни договори и со национални закони и механизми за сузбивање. Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со напредните теоретски и практични аспекти на овој феномен преку анализирање на најбитните меѓународни конвенции, домашни закони и механизми од оваа област, како и преку разбирање на домашната судска практика што се однесува на случаите со трговија со луѓе.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд (изборен)
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.