Преку програмата од вториот циклус Политички науки студентите ќе стекнат знаење за менаџмент, консалтинг, политички знаења, аналитички знаења, правни знаења, вештини и компетенции, кои ќе се применуваат во владините и во невладините организации.
- Во областа на политичките науки, јавните политики, управувањето со човекови ресурси, економијата и јавните институции и др.
- Обука и компетентност за управување и максимално искористување на ресурсите за стекнување нови знаења.
- Планирање нови политики од различни области кои се важни за државата и за општеството.
- Подготовка за активно ангажирање во водечки научно-истражувачки проекти.
- Со стекнати научни и стручни знаења тие се подготвени да бидат вработени во специјализирани институции од различни области во јавниот и државниот сектор, приватниот сектор и граѓанското општество.
Знаење и разбирање
- Има напредни знаења за теоретските прашања кои се однесуваат на политичкиот живот.
- Има длабоко разбирање за значајните принципи и политичките процеси.
- Има одлично познавање во политичките науки, преку развој и примена на оригинални идеи од истражувачки контекст.
Примена на знаењето и разбирањето
- Може да асистира во решавање на проблемите од политичка природа преку институционален план.
- Во состојба е да го анализира, да го оценува и да го толкува постојниот политички систем на Македонија, и да изнаоѓа решение за проблемите кои се однесуваат не меѓуетничките односи.
- Може да земе активно учество во сите нивоа во институциите на политичкиот систем и да применува напредни знаења за политички прашања.
- Може да ги анализира главните аргументи во политички контекст, и да ги применува научните политички наоди во нови ситуации.
- Може да протолкува одредени податоци и истовремено да дискутира за нивната важност во политички живот.
Способност за проценка
Да ги критикува актуелните политички прашања и да даде алтернативни решенија за нивно подобрување.
- Има способност да избере тема и да ја развие за одредена цел и за одреден аудиториум со цел почитување на различните политички перспективи.
- Да ги оценува предностите и слабостите на политички процеси во Македонија.
- Да аргументира и одбрани политички појави и да биде способен нив да ги оцени преку емпириски и теоретски методи.
- Да ја процени појавата на политичките институции, нивната работа, како тие комуницираат со нивната надворешна средина, и како тие ја влијаат на индивидуалното и колективното однесување.
- Да направи процена помеѓу анализата и мислата и да пресудува за политички феномени.
Комуникациски вештини
Може да подготви политички говор и да употребува соодветна политичка терминологија.
- Може да ги истакне заклучоците на своите научни истражувања и знаењата пред поголем аудиториум надвор од традиционалната академска фела.
- Може да артикулира информации и идеи на политичките партии и на граѓаните.
Вештини на учење
- Може да го продолжи своето индивидуално учење, да се самообразува и да се унапредува во рамките на процесот на доживотно учење, грижејќи се за достапните ресурси во рамките на политичкиот систем.
- Може да презема иницијава за идентификување на потребите за учење на групите и институциите за комплексни специфични политички прашања.
- Во состојба е да ги обучи граѓаните за политичките права во согласност со македонскиот правен поредок.
- Демонстрира напредно познавање на приодите кон проучување на политичките науки, нормативни наспроти емпириски теоретски пристап, квалитативни спроти квантитативни стратегии на истражување и на класични и современи политички теории.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е да им се понудат алатки на студентите за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните методи и техники, како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
-
[6 ЕКТС]
Мирно решавање спорови
Во рамките на предметот се проучуваат судските и вонсудските процедури за решавање спорови помеѓу државите. Притоа се обработуваат улогата на преговорите, медијацијата и помирувањето и улогата на Обединетите нации за мирно решавање меѓународни спорови. Се проучува и системот на меѓудржавната арбитража: ад-хок и таа во рамките на веќе создадените трибунали како Иран-УСА, Трибуналот Клејмс и ИЦСИД. Ќе бидат изучувани практиките и процедурите на Меѓународниот суд за правда и негови капацитети, како и механизмот за решавање меѓународни спорови за човекови права, во трговското право и во поморското право.
-
[6 ЕКТС]
Компаративни политички системи
Во рамките на овој предмет се опфатени следниве прашања: поим за политика и политички систем, политичките системи и другите сродни научни дисциплини, историскиот аспект на развојот на политичките системи, политичкиот систем на Соединетите Американски Држави, Политичкиот систем на Велика Британија, Политичкиот систем на Франција, Политичкиот систем на Германија, Политичкиот систем на Русија, политичкиот систем на Кина.
-
[6 ЕКТС]
Анализа на јавни политики
Предметот има за цел да им овозможи на студентите да ги дефинираат и да ги илустрираат анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање на проблеми кои извлекува знаења од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни односи
Преку предметот студентите треба да се поттикнат да размислуваат за тоа што се случува во светот, да ги совладаат теориите и случувањата кои се однесуваат на меѓународните односи, да се запознаат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата ќе бидат фокусирани и на: меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблем во меѓународниот систем, вклучувајќи ги вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина.
-
[6 ЕКТС]
Анализа на надворешна политика
Преку овој предмет преку анализа на трудови објавени за надворешната политика студентите ќе се оспособат за тоа како надворешнополитичките средства може да се применат во конкретна студија на случај. Се очекува студентите да можат критички да размислуваат за надворешнополитичките методи кои ги преземаат државите и меѓународните организации, како и за нивната поврзаност со дипломатските методи.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно јавно право
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото меѓународно јавно право, кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за меѓународната заедница.
-
[6 ЕКТС]
Политички менаџмент
Основни цели на предметот:
* Да стекнат основни знаења за поимите политика и менаџмент.
* Да се запознаат со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различни критериуми.
* Да стекнат адекватни знаења за подготовка на анкета и теренско работење.
* Да ги применат стекнатите знаења од другите предмети и да ја надградат посебната методологија за изработка на есеи и семинарска работа.
* Да ги анализираат изборните процеси и начинот на изведување.
* Да се оспособат да подготват политички говор и да се симулира појава на политички настан.
* Да се способност за активна учество во дебата организирани од студентската унија.
* Да подготват и да учествуваат во истражувачки проекти и да презентираат резултати на научноистражувачката дејност.
* Да детерминираат различни начини и да употребуваат научните извори, да читаат селективно и компаративно и да ги анализираат политичките процеси.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Глобализацијата како феномен во современото општество
Ќе имаат подлабоко концептуалното разбирање на глобализацијата како феномен кој го изедначува светот (Фридман).
Имаат визија за себеси и за општеството во услови на глобализација.
Способни се да дебатираат на интелигентен начин глобализацијата во различни димензии: економска, политичка, културна и социопросторна.
Способни се да ја идентификуваат позадината на глобализацијата и проблематичните рефлексии (на пример антиглобализација).
Спремни се споредат различни перспективи на глобализацијата и на нејзините влијанија национално, регионално и меѓународно.
Можност да развијат структурирана студија на „производ" или (епи)феномен на глобализацијата.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни институции
Во рамките овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е ставен на главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
-
[6 ЕКТС]
Историја на дипломатија
Преку овој предметот студентите ќе стекнат теоретски и методолошки способности за разбирање на дипломатијата и на дипломатските односи од историски перспективи и на современ план. Студентите ќе бидат квалификувани за независна и продлабочена научна и истражувачка работа во најширока смисла на дипломатијата, што ќе им овозможи трансмисија на теоретските, научните и истражувачките сознанија во општествената практика.
-
[6 ЕКТС]
Европска унија: институции, политики и право
Во рамките на овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е ставен на главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Политичка етика: национална, меѓународна и дипломатска
* Има знаења и ги разбира семантиката и концептите на моралот и етиката, стандардите на однесување, моралното расудување и моралната филозофија.
* Развива став за позицијата на моралот во професионалниот живот.
* Формира јасни ставови за правата и одговорностите на вработениот во јавната-државната администрација.
* Способен да се соочи со етички проблематични ситуации.
* Има чувство за карактерот кој се бара во професијата на администраторот.
* Информиран е за литературата за етиката во сферата на јавната администрација.
* Спремен е да употребува комуникативни алатки и да ги почитува етичките стандарди во работата со државните институции и во комуникацијата со јавните актери.
-
Лидерство и организациски развој
Наставата по предметот Лидерство и организациски развој се воведува како дел од студиската програма по јавна администрација. Целта на предметот е да им се овозможи на студентите да научат како лидерите и раководителите ги развиваат и ги спроведуваат мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; развивање вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и нивна примена преку соодветни активности и навики; како лидерите и раководителите лично се вклучени во обезбедувањето сигурност дека системите за управување со организацијата ќе се развиваат и ќе се спроведуваат; начинот како организацијата ги спроведува својата мисија и визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
-
Дипломатија и дипломатски методи
Во рамките на овој напреден предмет се проучуваат: функциите на дипломатијата, создавањето и прекинувањето на дипломатските односи, релациите меѓу дипломатските и надворешните политики, дипломатските тајни служби и шпионирањето и принципите, практиките и проблемите на дипломатскиот имунитет. Се проучува организацијата на дипломатските мисии надвор од земјата, улогата на амбасадорите и другите дипломатски службеници, вклучувајќи ја нивната одговорност спрема нивните влади, како и нивниот однос со владите на земјите во кои тие се назначени. Се врши анализа на тоа како дипломатијата е поврзана со комуникациите, конфликтот, менаџментот, преговорите и се дискутира за специјализираната дипломатија и за влијанието на технологијата на дипломатијата. Преку предметот се нуди специјализиран тренинг за структурата и механизмите на дипломатијата со екстензивно користење на симулациските техники. Се развиваат: нагласените способности за пишување и зборување, професионалната етика, преговарачките техники и се проучува бирократска организација. Студентите се оспособуваат за подготвување фактички и аналитички извештаи и меморандуми, предлог-политики и формална дипломатска коресподенција како и за аспекти на односи со јавноста, јавни изјави за политиката и конференции за печат.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.