Целта на студиската програма по Граѓанско право е да се понудат редица модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професии кои се поврзани со областа на граѓанското право и да обезбеди цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и основите на граѓанското право на Р. Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската и Нотарска Комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули, бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правнит факултет, на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно во правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимават со научна работа, Правниот Факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус ( докторски студии).
Знаење и разбирање
- Има детални сознанијаза граѓанското право, како материајлно така и процедуралното право како и за основнитенорми во клучните области на граѓанското право.
- Има детални знаењаза принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи го и нивното потекло и нивната содржина.
- Проценка на области на граѓанското право накритичен, научен и практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
- -Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и пракса преку употребата на законскитеакти и судската практика.
- Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанскатапостапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство (вклучувајќи работа како судија, адвокат, нотар), откако ќе стекнеквалификации кои се потребни според законодавството на РМ.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање на проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичните технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање на лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
* Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
* Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од страна на авторите селективно во нивните одговори.
* Да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност истите да ги критизираат.
* Да го проучуваат преку напреден пристап односот помеѓу правната теорија и истражувачката практика.
* Да ги применат вештините и знаењето кои ги научиле во своите тези.
-
[6 ЕКТС]
Граѓанско материјално право
Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на граѓанското право, способност што мора да ја поседува секој правник. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи (читање и толкување на законските норми).
Исто така од студентот се очекува да ја совлада техниката на изработка на: правни дела (договор, тестамет), изработка на најразлични видови на поднесоци (тужби, жалби, приговори, барања) како и изработка на акти на судските органи (пресуди, решенија) и други акти на органите на управата (решенија, договори) со кои настануваат, се менуваат и престануваат граѓанско-правните односи.
-
[6 ЕКТС]
Трговско право
Студентите се запознаваат со: правните правила за извршување на некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјеки и трговецот поединец како и начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање на некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопоственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција како и начините на заштитување на потрошувачите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Граѓанско процесно право
Посебните задачи на оваа програма се состојат во оспособување на студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на парничното право, вонпарничното и извршното право како и да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката во врска со водењето на овие постапки.
-
Семејно и наследно право
Преку предметот Семејно право се изучуваат семејно-правните односи, брачното право и родителското право. По краткиот историски осврт за видовите семејства низ историјата, предметот се фокусира на современи теми, односно на состојбата во Р. Македонија во однос на овие односи. По завршувањето на предавањата по овој предмет од студентите се очекува да стекнат знаење за: поимот и предмет на семејното право во национален и меѓународен аспект; изворите на семејните и брачните односи; условите за склучување брак и нивните форми во случајот кога брачните другари се државјани на РМ, или во случајот кога едниот од брачните другари има странско државјанство; за посвојување и старателство во национален и меѓународен аспект.
-
Споредбено граѓанско право
Во рамките на предметов се проучуваат граѓанските системи на различните држави, преку системска анализа на решенијата од граѓанските закони во контекстот на постојните општествени услови, фактори, развојните тенденции, новелирањето на граѓанското законодавство и неговото хармонизирање со граѓанското право во рамките на ЕУ.
-
Облигационо право
Со изучување на предметната програма студентите ќе се стекнат со посебни и специфични знаења за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи.
-
Стварно право
Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да се стекнат со способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на стварното право. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи од областа како и совладување на правната техника од областа на стварното право.

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Семејно насилство
Преку овој предмет студентот ќе има можност да дознае повеќе за видовите и категориите на семејното насилство и како тоа се инкриминира во националното законодавство и меѓународните конвенции и каква помош е предвидена за жртвите на ваквото насилство.
-
Oдбрани поглавја од ИТ апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ- апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.