COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Менаџмент (2017/2018)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по економски науки - Насока: Mенаџмент
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската  политикита;
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [BE0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [ECMBA30] [6 ЕКТС] Менаџмент на вкупен квалитет
    Целта на предметот е да ги оспособи студентите да ја сфатат суштината на менаџметот на вкупен квалитет, неговото значење и позитивните страни од неговото користење. Во рамките на овој предмет ќе се изучува што претставува квалитетот, како кај производите, така и кај услугите, како и последиците од лошиот квалитет и придобивките од добриот квалитет. Понатаму, ќе се изучуваат правците и теориите во менаџментот на вкупен квалитет, почнувајќи од класичните, западните, како и и јапонските автори. Предмет на изучување ќе бидат и елементите на менаџмент на вкупен квалитет. Понатаму, ќе се анализираат најважните техники поврзани со менаџментот на вкупен квалитет за да на крај се изучува начинот на имплементација на менаџментот на вкупен квалитет како и потребните критериуми за најпознатите награди за квалитет во светот.
  • [MCBA1019] [6 ЕКТС] Напреден стратегиски менаџмент
    Целта на предметот на последипломските студии е студентите да ги продлабочат своите знаења од областа на стратегискиот менаџмент преку анализа на конкретните случувања од оваа област во Република Македонија и во светот. Во овој правец предметот целта е да се разработат на подетално ниво сите релевантни теми од областа на стратегискиот менаџмент и да се надополнат со случаи од практиката на деловните организации.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCMG2021] Менаџмент на човечки ресурси
    • [MCMG3021] Менаџмент на мал бизнис и претмприемништво
    • [MCMG3022] Оперативен менаџмент
    • [EFIN0107] Управување со информациски системи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCMG2021] Менаџмент на човечки ресурси
    • [MCMG3021] Менаџмент на мал бизнис и претмприемништво
    • [MCMG3022] Оперативен менаџмент
    • [EFIN0107] Управување со информациски системи

Семестар 2

  • [MTMG2010] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерскиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Менаџмент.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+