Програма: |
Бизнис информатика (2017/2018) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Современи науки и технологии |
Академска година: | 2024 / 2025 |
Титула: | Магистер по Бизнис информатика |
ЕКТС: | 120 (2 години) Aкредитација |
Решение: | Решение за почеток со работа |
Бизнис информатиката (БИ) е широко позната дисциплина во континентална Европа. И покрај тоа што е слична на информационите системи, таа се фокусира повеќе на техничките прашања, вклучувајќи ги и информационите системи и структурните пристапи за моделирање и за анализа на деловните процеси и проблеми.
БИ е особено важна во областа на економијата и во средината на претпријатието, кое се карактеризира со стратегиски спојувања, физички дистрибуирани оперативни средини и глобални бизнис-партнерства. Нови стратегии, техники, алатки и технологии за развој на соодветна област како што е БИ ќе биде главната цел на програмата.
Разбирање и на бизнисот и на информатиката е од големо значење за работата на сите бизнис-професионалци, вклучувајќи ги и извршните директори кои ги утврдуваат главните стратегиски насоки на организацијата, професионалци на информацијата кои дизајнираат и испорачуваат нови информациски услуги; сметководствени и финансиски менаџери кои користат информациони системи за управување со финансии и деловни извештаи како и менаџери за маркетинг и продажба кои користат информациски системи за следење на купувањата на клиентите и за промовирање на нови производи.
Бизнис информатиката е студија на информатичката технологија во контекст на бизнисот. Информациите станаа клучен ресурс во бизнисот кој доведе до создавање на нова кариера за поединци кои разбираат како да работат со информации. Овие „работници познавачи" - луѓе кои разбираат како да ги чуваат, да ги преземаат и да ги анализираат информациите во моментов имаат ветувачка и продуктивна кариера што им се наметнува.
Оваа рамнотежа исто така го одразува односот меѓу теоретската и практичната програмска содржина стекнати преку предавања, упатства, семинари, сесии во компјутерски лаборатории и преку самостојно учење. Знаењата се стекнуваат преку различни методи, вклучувајќи испитни сесии, тестови во училница, вежби, индивидуални задачи, групна работа и презентации. Од студентите се очекува да покажат аспекти на инвентивност и оригиналност.
Наставната цел е студентите да стекнат квалитетни наставни искуства преку кои ќе им се обезбедат најдобрите можности за разбирање на наставните содржини и за реализација на нивниот максимален потенцијал.
Сите предавачи од овој факултет се високо почитувани професионалци, кои остануваат активни во своите области, и остваруваат лични контакти во регионот и околината. Понудена е квалитетно дизајнираната програма во која наставата го вклучува реалниот свет на искуства - практична работа и соработка со успешни компании од бизнис-сферата што ќе доведе до брзо вработување.
Со завршување на програмата Бизнис информатика, дипломираните студенти ќе најдат вработување во: развојот на системи, софтверот за управување со проекти, поддршка на крајните корисници на ИТ, програмирање, а и како аналитичари на бизнис-системи. Поради оваа причина, поединците кои имаат не само способноста да дизајнираат технички, компјутерски базирани решенија, но исто така можат да ги забележат можностите на ИТ од бизнис-перспектива, ќе се бараат за вработување од секоја организација. Студентите ќе ги стекнат следниве вештини:
- Да управуваат со информациите во средни и големи организации.
- Да анализираат, да планираат и да развијат решенија кои се во согласност со потребите на пазарот.
- Да планираат потребни бизнис-анализи и да го проценат ризикот на бизнисот.
- Да ја развијат умешноста, да придонесат во процесот на донесување одлуки, дизајн и имплементација на промени во бизнис-процесите.
Знаење и разбирање
- Напредни знаење и разбирање во областа на бизнис информатиката (економија, менаџмент, маркетинг, финансии и респективно програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациони системи) на ниво на кое се поддржуваат претходните знаења преку фундаментални истражувања и вештини да демонстрира експертиза на реални проблеми.
- Способен е да развие и да имплементира оригинални и креативни идеи во околина која бара интердисциплинарно знаење од разни преклопни области како бизнис и информатика и да ги изрази своите специјалистички компетенции на ист начин.
Примена на знаењето и разбирањето
- Може оригинално, критично, независно и креативно да аплицира, да употреби, да развива и да реши проблеми во нови и непознати средини во мултидисциплинарен контекст на реален бизнис и организациона околина.
- Може да планира, да реализира и да евалуира независни истражувачки појави во областа на бизнисот и да имплементира и да примени различни методи и методологии на развој на софтвер за комерцијални бизнис цели.
- Може да користи разни алатки за развој на софтвер и да ги програмира употребувајќи шел, скрипти и компајлирани програми во самостојни или во веб-средини.
- Mожe на оригинален, критичен и креативен начин да учествува во процесот на решавање проблеми во нови, невидени или непознати средини за развој на софтвер.
- Во можност е да организира софтверски системи со цел решавање на различни социјални, економски и/или технолошки прашања.
- Во можност е да учествува во истражувачки проекти како база за понатамошен академски развој.
- Демонстрира експертиза во третирањето на реални проблеми од областа на развој на софтвер и менаџирање со проекти.
- Може да развива и да аплицира оригинални и креативни идеи.
Способност за проценка
- Може на адекватен начин да собере, да анализира и да евалуира податоци, употребувајќи современи алатки и системи за одредени економски и/или информатички и организациони прашања, обично од перспектива на менаџмент и маркетинг.
- Аргументира идеи, концепти и квалитативно и квантитативно од бизнис и организационен карактер за чие решение користи и имплементира знаења од информациони системи, корпоративни бази на податоци и други софтверски алатки.
- Има способност адекватно да ги процени потребните рокови, ресурси и ризици при планирање, развој, распоредување и одржување софтвер, употребувајќи адекватни алатки.
- Може да тестира, да процени и соодветно да одлучи за различни можни информатички решенија во комерцијални цели.
Комуникациски вештини
- Може на јасен и недвосмислен начин да ги презентира своите знаења, податоци, резултати од студии и сл., на членови на тимот, на клиенти, од бизнис-сферата како и од информатичката сфера.
- Може адекватно да ги прилагоди стилот и формата на изразување кога се обраќа на нестручна публика.
- Може да иницира, да води и да преземе одговорност за работата на група на луѓе каде компетенциите од бизнисот и информатиката се круцијални за нивната позиција.
Вештини на учење
- Може да ги идентификува персоналните потреби и насоки за индивидуално и автономно учење и да реализира и сам да стекнува знаења од областите на бизнисот и економијата како и во полето на информатиката, да научи нови технологии и да ги имплементира.
- Може да преземе одговорност за индивидуално или групно учење во специјализирани области од бизнис и економија, вклучувајќи дефинирање цели на учење за средни и подолги периоди.
Семестар 1
-
[MCBI-01]
[6 ЕКТС]
Моделирање на бизнис-процеси
Цели на предметната програма: Процесите се основните технологии на сите организации за производство и доделување на производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите. Сè повеќе, со цел да се продолжи да се служи на своите клиенти и да останат конкурентни, од организациите се бара постојано да анализирање, редизајнирање, и подобрување на нивниот крај-до-крај клучен бизнис процес во покуси временски рамки да се постигнат оперативните цели. Реализацијата на end-to-end бизнис процес интеграција бара ИТ инфраструктура која овозможува луѓето, процесите и информациите да бидат интегрирани во еден флексибилен начин. Овој предмет ќе истражува како можат организациите да моделираат бизнис процеси како прв чекор во постигнување на флексибилен и интегриран бизнис. Предметот ќе ги испита и информатичките технологии и архитектури кои покажуваат ветувања за решавање на интеграцијата на бизнис процесот. Овој предмет ќе им обезбеди на студентите: - Рамка за разбирање на дизајнот, контролата и подобрувањето на бизнис процеси. Голем дел од овој материјал ќе биде повлечен од областа на управување со операции. - Методологија за анализирње, моделирање, и дизајнирање на бизнис процеси, вклучувајќи ја и употребата на симулација за мерење и споредување на ефикасноста на различни модели. - Познавање на тековните и новите информатички технологии и архитектури како овозможувачи на подобрување на бизнис процесот, интеграција и автоматизација.
-
[EMBI1030]
[6 ЕКТС]
Е-сметководство
Целта на предметот е да се анализира призмата на сметководството на информациските системи. Во рамките на овој предмет исто така се анализира сметководството од бизнис-перспектива и од перспектива на системот. По завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат способни да ги разберат внатрешните процеси во областа на сметководството, како овие процеси се поврзани, каков ефект има секој процес во други процеси, сметки и годишни извештаи. Ова знаење студентите можат да го користат во својата кариера како бизнис-аналитичари.
-
[ECSIS-05]
[6 ЕКТС]
Управување со информациски системи
Целта на предметот е да се даде опширен вовед во информациските системи, од организациона и од општествена призма и студентите да стекнат сознанија за техничките и организациските перспективи, кои ќе послужат како основа за понатамошните студии на ова поле.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [ECSDE-01] Инженерство на знаење
- [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб за бизнис интелегенција
- [ECSDE-03] Податочно рударство
- [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
- [EMCS-02] Визуелизацја на податоци
- [EMCS-03] Веб- инженерство
- [ECSWMS-04] Развој на софтвер за мобилни уреди
- [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
- [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
- [ECSSE-02] Тестирање на софтвер и анализа
- [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
- [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
- [ECSIS-02] ИТ-Стратегија
- [ECSIS-03] TI Управување на ИТ-проекти
- [ECSIS-09] Нови трендови во информациските системи
- [ECSIS-10] Electronic and Mobile Business
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
- [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE09] Пазар на трудот
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
Семестар 2
-
[MCBI2021]
[6 ЕКТС]
Е-трговија
Комерцијални трансакции во електронската ера, разбирање на технологијата, трансакции, маркетинг и трговија, бизнис, управување и техничка имплементација на е-трговијата. Студентите прво ќе стекнат вештини за раководење, планирање и за управување со тимови вклучени во иницирање и во развој на високо технолошки потфати.
-
[SAD0102]
[6 ЕКТС]
Софтверско инженерство
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат концептите од софтверското инженерство. Се започнува од формалните спецификации, нотациите, симболите и спецификациите („формални методи“) кои се потребни за да се определи формално еден софтверски систем. Студентите ќе бидат запознаени и со изградба на јасна формална спецификација. Во рамките на овој предмет опфатени се и следниве аспекти на напреден софтверски инженеринг: Кои се клучните технички активности кои се спроведуваат во текот на процесот на изработка на софтверскиот процес? Каков компонентно-базиран софтверски инженеринг се користи за креирање системи со употребливи компоненти? На кој начин клиент-сервер архитектурата влијае на начинот на кој софтверот се развива? Дали концептите и начелата на софтверско инженерство се применуваат за веб-базирани апликации и производи?
-
[MCBI2022]
[6 ЕКТС]
Управување со ИКТ проекти
Овој предмет претставува вовед во областа на управување со ИКТ проекти, презентирање на техники и пристапи и со цел да се развие критичка свест за предизвиците и недостатоци во оваа област. Модулот се базира на познавање на софтверското инженерство и од други курсеви од областа на информациони системи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [ECSDE-01] Инженерство на знаење
- [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб за бизнис интелегенција
- [ECSDE-03] Податочно рударство
- [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
- [EMCS-02] Визуелизацја на податоци
- [EMCS-03] Веб- инженерство
- [ECSWMS-04] Развој на софтвер за мобилни уреди
- [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
- [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
- [ECSSE-02] Тестирање на софтвер и анализа
- [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
- [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
- [ECSIS-02] ИТ-Стратегија
- [ECSIS-03] TI Управување на ИТ-проекти
- [ECSIS-09] Нови трендови во информациските системи
- [ECSIS-10] Electronic and Mobile Business
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
- [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE09] Пазар на трудот
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
Семестар 3
-
[MCBI3031]
[6 ЕКТС]
Бизнис интелигенција и аналитика
Целта на овој предмет е да им обезбеди на студентите разбирање на неколку техники за управување со науката и да обезбеди увид во начинат на кој некои од овие алатки може да се користат за анализа на комплексни бизнис проблеми и да се пристигне во рационално решение. Техниките за изучување се прогнозирање, линеарно планирање, симулација и моделирање. Случаевии на зголемување на комплексноста ќе се користат за акцент на описот на проблемот, дефиниција, и формулација. Компјутерот ќе се користи многу во текот на овој предмет, пред се со користење на програмите на располагање за извршување на пресметки, откако проблемите е правилно формулирани. Акцентот ќе биде ставен на толкувањето и спроведувањето на резултатите. Покрај тоа, ние ќе го испитаме и иднината на аналитиката.
-
[ECSIS-07]
[6 ЕКТС]
Анализа и дизајн на системи
Целта на предметот е студентите да разберат и да користат методологии, техники, алатки и перспективи суштински за систем-аналитичари за успешно испитување и за развој на потребите на информациски системи, како и за обезбедување решенија прилагодени на овие барања, користејќи стандардни техники за моделирање, како што се структурирани техники за моделирање, техники на моделирање преку техники на информационен инженеринг, како и објектноориентирани техники за моделирање, но и да ги разберат методите и ограничувањата за создавање работен дизајн од резултатите од користењето на горенаведените системски анализи.
-
[EMCS-01]
[6 ЕКТС]
Сервисориентирани архитектури
Целта на овој предмет е да воспостави една продлабочена студија на архитектурите ориентирани кон услугите (SOA) од три главни перспективи: бизнис, архитектонска и технолошка перпсектива. Од бизнис-перспектива, адаптација на SOA е од суштинско значење за воспоставување агилност во биснисот, па затоа важноста на SOA во индустријата ќе биде објаснета. Од архитектонската перспектива, студентите ќе совладаат различни архитектонски модели на развој на софтвер, со фокус на дизајн на SOA и дизајн на обрасци. Од перспектива на технологијата, на студентите ќе им се понуди можност да го стекнат потребното искуство кое се бара за да се имплементираат и да се распоредуваат различни решенија на SOA кои ќе ги задоволат функционалните и нефункционалните барања.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [ECSDE-01] Инженерство на знаење
- [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб за бизнис интелегенција
- [ECSDE-03] Податочно рударство
- [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
- [EMCS-02] Визуелизацја на податоци
- [EMCS-03] Веб- инженерство
- [ECSWMS-04] Развој на софтвер за мобилни уреди
- [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
- [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
- [ECSSE-02] Тестирање на софтвер и анализа
- [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
- [ECSIS-02] ИТ-Стратегија
- [ECSIS-03] TI Управување на ИТ-проекти
- [ECSIS-09] Нови трендови во информациските системи
- [ECSIS-10] Electronic and Mobile Business
- [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [ECSDE-01] Инженерство на знаење
- [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб за бизнис интелегенција
- [ECSDE-03] Податочно рударство
- [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
- [EMCS-02] Визуелизацја на податоци
- [EMCS-03] Веб- инженерство
- [ECSWMS-04] Развој на софтвер за мобилни уреди
- [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
- [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
- [ECSSE-02] Тестирање на софтвер и анализа
- [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
- [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
- [ECSIS-02] ИТ-Стратегија
- [ECSIS-03] TI Управување на ИТ-проекти
- [ECSIS-09] Нови трендови во информациските системи
- [ECSIS-10] Electronic and Mobile Business
Семестар 4
-
[MCBI4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.