Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Менаџмент на животната средина (2018/2019)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Институт за животна средина и здравје
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Доктор на науки по менаџмент на животната средина
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма има за цел:

  • Придонес кон еколошките трендови кои се развивaат во нашево општество;
  • Поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми;
  • Научна истражувачка дејност.

По завршување на докторските студии, студентите ќе стекнат 180 ЕКТС. Своето знаење ќе можат да го применат во областа на менаџмент на животна средина за истражувачки цели. Исто така, тие ќе бидат во можност да се вработат во институции кои се специјализирани во областа на заштитата на животната средина каде што своето стекнато знаење ќе можат и практично да го применат.

Знаење и разбирање
  • Покажува систематско разбирање на полето на истражување и добро познавање на методи и вештини за истражување во рамките на тоа поле согласно сонајвисоките меѓународни стандарди.
  • Има напредни знаења за природните процеси кои се одржуваат во животната средина.
  •  Стекнува знаења за напредни еколошки теми кои што се ефектот на стаклена градина, кисели дождови, загадување на воздухот;
  • Напредни знаења за значењето на ефективната акција за заштита и уредување на животната средина;
Примена на знаењето и разбирањето
  • Покажува способност да толкува, дадизајнира, да применуваи да приспособувасуштински предмет на истражување со научен интегритет;
  • Дава придонес преку оригинални истражувања кои ги надминуваат постојните граници на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво на национални и меѓународни рецензирани публикации;
  • Има знаења за еколошки,економски и едукативни процеси;
  • Ги слединаучните светски трендови.
Способност за проценка
  • Способност за критичка анализа, оценување и синтеза на нови и сложени идеи, (покажувакомпетенции за процена).
  • Способност за независно иницирање и учество во национални и меѓународни истражувачки мрежи и настани со научен интегритет;.
  • Способност за независно иницирање истражувачки и развојни проекти преку кои ќе генерира ново знаење и вештини за развој на истражувачкото поле.
  • Ги познава напреднитеконцепти, стратегии и можности и нивнатапримена во решавање одредни проблеми од областа на управувањето со животната средина.
  • Разбирање на заемната врска меѓу оштеството иоколината.
  • Вештини на собирање, подготовка, анализа и прикажување на податоци за животната средина, неопходни за нејзино управување.
Комуникациски вештини
  • Може да комуницира со своите колеги, со пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на својата област на експертиза;
  • Вештините кои ќе се совладаатпреку овие програми можат да се поделат на:вештини на делување (интелектуални и преносливи) и технички (практични и базирани на знаење). 
Вештини на учење
  • Се очекува да биде способен да сe промовира во академски и професионални рамки и во технолошкиот, општествениот или културниот развој во општество засновано на знаење.
  • Изделува соодветнипрашања коиупатуваат на значајна студија и истражување.
  • Дефинира такви фундаментални концепти како што се:животна средина, заедница, развој итехнологија, и примена на дефиниции кон локално, национално и кон глобално искуство.
  • Развој на хипотези базирани на балансирани информации, круцијални анализи и внимателни синтези, и нивно тестирање наспроти новите информации, личното искуство и верувања.

Семестар 1

  • [DEM0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Цели на предметната програма: - Да ги разберат напредните научноистражувачки дебати кои се однесуваат на предметот на избраната област, особено во однос на развојот на клучните концепти, епистемолошките аспекти на истражување. - Да прибираат истражувачки материјал, релевантен материјал кој ќе го користат во своите научни и публикациски активности. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност, со напредни техники, да ги употребуваат во научната и професионалната дејност. - Да го проучуваат со напреден пристап односот меѓу теоријата и истражувачката практика. - Да применат вештини и знаење кои ги стекнале преку своите докторски тези.
  • [EDEM0103] [10 ЕКТС] Одржлив развој и животна средина
    Целта на програмата е студентите да стекнат знаења кои ќе им овозможат практична примена на политиките и на легислативата во областа на животната средина и одржливиот развој. Студентите ќе можат самостојно и критички да размислуваат и да учествуваат во изготвувањето на стратегиски, плански и легислативни документи. Се очекува докторанитите: - Да го разберат значењето на одржливиот развој на глобално, регионално, национално и на локално ниво. - Да ги разберат поврзаноста и меѓусебните релации меѓу одржливиот развој и животната средина. - Да се оспособат да ги анализираат стратегиските документи во областа на животната средина и одржливиот развој. - Да се оспособат за имплементација на принципите на одржливиот развој и на животната средина во економските, енергетските, здавствените, транспортните, земјоделските, социјалните и во другите политики. - Да се оспособат за самостојна научноистражувачка работа и за самостојно и тимско работење во областа на животната средина и одржливиот развој.
  • [DEM0106] [10 ЕКТС] Еколошко образование
    Стекнување на неопходни знаења, способности и вештини за планирање и реализација на еколошкото образование и образованието за одржлив развој.

Семестар 2

  • [EDEM0104] [10 ЕКТС] Природни ресурси
    Цели на предметната програма e студентите да стекнат сознанија за: - понапредните достигања и размислувања за амбиенталните проблеми, особено за природните ресурси, нивната расположивост и обновливост и опасноста од загадување; - за улогата на човекот како клучен фактор за загадувањето и зачувувањето на животната средина како и оптималниот менаџмент со природните ресурси; - за создавањето позитивни еколошки навики и за развивање еколошка свест околу природните ресурси; - за менаџирање на природните ресурси како услов за одржлив развој, како битен сегмент на сегашноста и иднината. Се очекува после овој предмет студентите да бидат способни самостојно и групно да можат да ги идентификуваат, да ги анализираат и да ги донесуваат соодветните одлуки од сферата на природните ресурси и животната околина. Иста така, се очекува студентите без поголеми тешкотии активно да можат да се вклучат во предизвиците на научното истражување од оваа област.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • [EDEM0101] Економија и менаџмент на животна средина
    • [EDEM0102] Менаџмент на информациони системи
    • [EDEM0105] Технолошки развој и животна средина
    • [EDEM0106] Оперативен менаџмент
    • [EDEM0107] Културата и свеста за животната средина
    • [DEM0103] Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
    • [DEM0102] Право на животна средина
    • [DEM0104] Напредни концепти од информациски системи
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • [EDEM0101] Економија и менаџмент на животна средина
    • [EDEM0102] Менаџмент на информациони системи
    • [EDEM0105] Технолошки развој и животна средина
    • [EDEM0106] Оперативен менаџмент
    • [EDEM0107] Културата и свеста за животната средина
    • [DEM0103] Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
    • [DEM0102] Право на животна средина
    • [DEM0104] Напредни концепти од информациски системи

Семестар 3/4

  • [DEM0105] [20 ЕКТС] Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторската дисертација- истражување
    По вториот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [DEM0106-S3] [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентациа на извештај I
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или за нивните истражувачки интереси каде и да било во светот, на приложените пропишани обрасци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишан од студентите се наведени податоци за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критичка процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

  • [DEM0107] [10 ЕКТС] Истражување и организирање работилница за истражувачката практика
    Истражувањето и организирањето работилница за истражување е составен дел на студиската програма. Докторантите ќе ги прошират своите знаења, ќе го прошират истражувачкото мислење, ќе ги подобрат размислувањето и комуникациските вештини. Присуство и учество во работилницата, заедно со сродните дискусии со колеги истражувачи на теми опфатени во работилницата, на докторантите ќе им помогне во процесот на изработка на дисертацијата.
  • [DEM0108] [20 ЕКТС] Публикации
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и за релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DEM0109] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [DEM0106-S5] [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентациа на извештај II
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или за нивните истражувачки интереси каде и да било во светот, на приложените пропишани обрасци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишан од студентите се наведени податоци за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критичка процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

Семестар 6

  • [EM-PHD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот/Институтот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+