-
Напредни теми од софтверско инженерство
Целта на предметот е студентите да стекнат знаења за напредни концепти како и критичко и систематско разбирање на принципите и техниките за софтверска спецификација, анализа и дизајн, програмирање, тестирање и евалвација, одржување и управување со проектирање на ефективни софтверски апликации. Резултатот од предметот е студентите да ги разберат алатките и методологијата на развој на софтверски солуции.
Со завршување на предметот студентите ќе бидат способни:
- Да го анализараат процесот на развивање на софтверски солуции и да ја изразат суштината концизно и прецизно.
- Да дизајнираат структура на модул за решавање на проблемот, како и процена на алтернативи.
- Да дизајнираат програма и да спроведат софтверски модул ефикасно и правилно;
- Да работат во мали тимови, да соработуваат на различни аспекти на развој на софтвер и да разменуваат идеи во конструктивна и софтвер за управување со проекти организиран начин;
- Да ги ценат развојните вештини и методолошки прашања во развој на софтвер, како што се важноста на мислењето на корисникот како фидбек, работа со ограничени ресурси, одржливоста, тестирањето и менаџирањето на развојниот софтверски тим.
-
Напредни теми од применета статистика
Целта на предметот е да студентите да ги стекнат потребните напредни знаења од статистиката кои имаат директна примена во областа на компјутерските науки и е-технологиите. Целта е да се совлада обработката на напредни статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и др. Исто така целта е да се совладаат напредните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот, а посебно во областа на конпјутерските науки.
-
Напредни теми од XML и семантичен веб
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и разбирања за напредни методи и пристапи во врска со употребата на модерните техники за пребарување информации и адаптивни механизми за веб-базирана содржина, како и семантички веб-технологии.
По завршувањето на предметот студентот треба да ги разбере различните методи за пребарување информации и податочно рударство на Интернет; да ги разбере различни пристапи за собирање, експлоатација и примена на интелигентни механизми за веб-базирани податоци и содржина; да ги разбере принципите на семантичко моделирање на информации и како може да се користат за автоматизација, интеграција и повторно користење во веб-апликациите; да ги разбере различни развојни рамки за имплементирање на адаптибилни веб-апликации и услуги и можат да имплементираат прототип на веб-апликација која користи адаптивни и семантички механизми за обезбедување на богато корисничко искуство.
-
Напредни теми од интернет архитектури
Целта на овој предмет е да студентите да стекнат продлабочени разбирања и компетенции на напредните концепти и идеи кои нагласуваат архитектонски модели на веб и на мобилниот Интернет.По завршувањето студентите треба да разбираат концепти, принципи, методи и техники потребни за проектирање, анализа и за одржување големи и скалабилни веб и мобилни-апликации и услуги; да разберат и да бидат способни да направат соодветен дизајн и соодветни одлуки во врска со упорноста, флексибилноста, скалабилноста и одржливоста на различните софтверски архитектури кои се користат во веб и мобилните апликации; да ги разбираат комплексните интернет-инфраструктури и протоколи кои се потребни за воспоставување на социјалните медија-апликации и мобилни услуги; да ги разбираат различните архитектонски шеми за имплементирање интернет и мобилни апликации од големи размери како и да разберат и да искористат различни интеграциски пристапи за проширување на постојните веб-апликации со цел да се задоволат побарувањата на on-line заедниците.
-
Напредни теми од компјутерски архитектури
Во рамките на овој предмет ќе дискутира за една серија на напредни теми поврзани со архитектурата, моделот на програмирање, компајлирањето на компјутерските архитектури. Целта е да се идентификуваат клучните истражувачки прашања и, преку проекти, да се оцени потенцијалот на ветувачките техники. Целта е да се обезбедат перформанси и енергетска ефикасност слична на специфични дизајни за примена, додека се одржува програмибилноста и флексибилноста на општите наменските процесори.
-
Напредни теми од анализа и дизајн на алгоритми
Предметот е фокусиран на напредните принципи за дизајн на алгоритми и притоа се дава преглед на постојните алгоритми. Фокусот е поставен на процесот на дизајн на алгоритми, вклучувајќи проблеми, спецификации, алгоритми; ефикасност: временска и просторна комплексност; големо O нотација; фундаментални стратегии за дизајн: алчни алгоритми, подели и владеј, динамичко програмирање.
Ќе се изучат најзначајните постојни алгоритми во биоинформатиката, вклучувајќи алгоритми за точно поклопување на низи, суфикс дрва, порамнување парови, алгоритми од динамичко програмирање; евристички алгоритми: Blast и FastA; алгоритми за статистичко порамнување: скриени Маркови модели; порамнување на повеќе секвенци: алгоритми и евристики; алгоритми поврзани со молекуларна структура: определување и предвидување на структура. Посебен осврт ќе биде даден на комплексноста и на искористливоста на алгоритмите.
-
Напредни теми од сигурноста во e-технологии
Целта на овој предмет е студентите да ја разбират безбедноста на податоците во компјутерските науки. Студентите ќе читаат научни трудови, ќе се отвора групна дискусија за научните трудови, ќе се реализираат проекти и ќе ги презенираат свои истражувачки проекти во писмена и усна форма. Исто така, целта на предметот е да се вклучат студентите во врвни истражувачки теми во релевантните области од безбедноста на информациите. Предметот ќе опфати теоретски и применети прашања од областа на безбедноста на информациите.
-
Напредни теми од биомедицинско рударско инженерство
Целта на овој предмет е студентите да стекнат напредни знаења од областа на рударско инженерство и нивната примена во областа на биоинформатиката. Предметот ќе опфаќа различни теми кои се однесуваат на употребата на техниките на податочно рударење за прибирање и организација на податоци од областа на биоинформатиката, како и за откривање нови модели и знаења од овие податоци. Техниките и знаењата од областа на податочно рударење кои ќе ги научат преку овој предмет, студентите ќе може да ги употребуваат не само во областа на биоинформатиката, туку и во други области во кои тие ќе работат во текот на нивните студии и во нивните понатамошни истражувања.
-
Напредни теми од применети информациони процесирања и комуникации
Предметот опфаќа анализа на голем дијапазон на информациско процесирање преку користење различни апликации и студии на случаи. Се однесува на разни компоненти и на нивните функции и нивните комуникации помеѓу себе како еден информационен систем.
-
Напредни теми од областа на информатичките и комуникациските технологии во енергетиката
Целта на предметот е да овозможи во прв ред запознавање со новите светски трендови во развојот на енегетиката (производство, пренос и дистрибуција). Посебен осврт се дава за технологиите и концептите кои се во согласност со политиката на Европската унија за енергетски системи. Понатаму се обработуваат следниве прашања: Енергетски системи со поголема ефикасност, намален импакт во климатските промени, користење алтернативни извори на енергија и вклучување на потрошувачите во менаџирањето. Квалитет на енергија (Power Quality –PQ). Одржлив развој на енергетски системи. Осврт према smart metering и новите можности за мерење на физички величини. Виртуална инструментација и нови методологии за мерења. Нови комуникациски можности во енергетиката. Користење напредни техннологии (IC) за менаџирање (monitoring & control) на современи енергетски ресурси. Концепти, критериуми и ризици во менаџирањето на енергетските системи преку ICT. Меѓународни стандарди за енергетски системи и комуникациски мрежи.
По завршување на предметот студентите ќе бидат запознаени со:
- светските трендови во развојот на енергетските системи и мрежи,
- политиката на Европската унија за ICT во енергетските системи,
- виртуална инструментација и нови методологии за мерења,
- напредни техннологии (IC) за менаџирање на енергетски ресурси,
- меѓународни стандарди за енергетски системи и комуникациски мрежи.