Одделот за германски јазик постои од основањето на УЈИЕ во 2001 и функционира во рамките на Факултетот за јазици, култури и комуникациja. Од академската 2005/2006 година Одделот за германски јазик нуди и додипломски студии кои траат три академски години и се предава според ЕКТС. Во студиите на вториот циклус кои функционира од академската година 2008/09 се нуди магистерската програма по германски студии (German Studies), која трае две академски години. Од 2012/13 Одделот за германски јазик нуди докторски студии. По завршување на оваа програма студентите стекнуваат титула доктор по филолошки науки. Оваа програма се фокусира главно на лингвистика, книжевност, култура, методологија на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво итн.
Во работата на Одделот се вклучени локални предавачи и предавачи од германско јазичните подрачја, а кои одлично се квалификувани за предавање според модерните методи. Нашиот оддел игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на германската лингвистика и литература. Во моментов во Одделот се ангажирани 7 универзитетски предавачи (еден вонреден професор, еден доцент, еден лектор и 4 предавачи од земјите во кои се користи германскиот јазик). Соработниците на Одделот се активни и во различни асоцијации, организираат меѓународни научни конференции, развиваат заеднички научни програми и соработуваат со германисти од земјава и надвор од неа (соработка со Универзитетот за едукација од централна Швајцарија (Цуг, Луцерн Швиц), Универзитетот на Бамберг, Универзитетот Хумболт од Берлин, Универзитетот Јена, Универзитетот Ерланген од Нирнберг како и со огромен број оддели за германистика од различни земји во кои не се зборува германскиот јазик. Во нашиот оддел се обрнува огромно внимание на мобилноста на студентите и на предавачите. Предавачите и студентите имаат можност да бидат дел од програмите за академска размена, како на пример во Универзитетот за едукација во централна Швајцарија (Зуг, Луцерн, Швиц), ДААД, БАИХОСТ, СОКРАТЕС И ЕРАСМУС како и други слични програми.
Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои ги оспособуваат тие да извршуваат независно различни научни истражувања особено во полето на германската лингвистика и литература како ида започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик, главнона универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и изведувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или, пак, во туризмот.
Знаење и разбирање
- Да има знаење и разбирање во областа на германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од вториот циклус настудии.
- Да демонстрира специјализирано знаење на германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
- Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на ниво на средно и високо образование.
- Да стекнува академско знаење за независна научна работа.
Примена на знаењето и разбирањето
- Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
- Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
- Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти.
- Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
- Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на возрасни студенти или за предавање на германски јазик за бизнис или право за возрасни.
Способност за проценка
- Да ги разгледува различните јазични аспекти на германската лингвистика и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
- Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германски студии.
- Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германската лингвистика и литература.
- Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци во врска со германската лингвистиката и литература како и со другите научни дисциплини од областа на германистика.
Комуникациски вештини
- Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германската лингвистика и литература.
- Да предаваат различни лингвистички концепти на учениците со различни способности.
- Да комуницираат на соодветен начин, критички да размисилуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на студентите.
- Да покажуваат комуникативна надлежност во училница во однос на управување на училница на ниво на средо и високо образование.
Вештини на учење
- Да иницира и да извршува независно научно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
- Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
- Да студира во голема мера на автономен начин во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.
Семестар 1
-
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
-
[10 ЕКТС]
Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
Целта на овој предмет е да се запознаат докторантите со некои најважни теми на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите итн. Покрај тоа ќе се третираат и некои теми од областа на германската литература.
-
[10 ЕКТС]
Пишување на докторската дисертацијата
Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискутиите.
Семестар 2
-
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одборување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Германистичка херменевтика
Во рамките на овој предмет се опфатени следниве теми: Егзегетика и херменевтика. Секуларизацијата на херменевтика од теолошкото толкување на текстови: Августин, Хладениус, Фалкиусм Ернести, Семлер. Генезата на естетската теорија на разбирањето и толкувањето: Хердер, Мориц, Гете. Генезата и последиците на романтичната херменевтика: Новалис, Фридрих Шлегел, Фридрих Шлајермахер од романтичната до модерната херменевтика: Дроизен, Дилтај, Век. Егзистенцијалната филозофија и херменевтика: Киркегор и Мартин Хајдегер. Германската рецепција на теориите на Пол Рикер: Херменевтика, структурализам и психоанализа. Тезите и дејствувањето на херменевтиката на Гадамер. Рецепцејата на дискурс-аналитичкото толкување на Фуко во Германија. Феминистички и деконструктивистички дискусии за херменевтиката.
-
Контрастива лингвистика
Контрастивната лингвистика се занимава со сличностите и разликите помеѓу различни јазици (интерлингвална перспектива) и внатре во еден јазик (интралингвална перспектива; на пр.: аспекти на германскиот јазик во Германија, Австрија и во Швајцарија). Принципиелно можат да се појават кои и да било кои јазични парови и карактеристики од сите области на јазичната структура (фонологија, морфологија, синтакса, прагматика, лексикон итн.). Предавањето дава еден преглед за различните фази и полиња за истражувањето на контрастивната лингвистика и ова ја поврзува со една критична рефлексија на нејзината улога во јазичната дидактика. Потоа за јазичните парови германски–албански и германски–македонски преку примери ќе се споредуваат најбитните фонолошки, морфолошки, синтактички и прагматични структури. Покрај тоа ќе се дискутира за користењето на стекнатите знаења за прашањата на општата лингвистика, теоријата на изучувањето на јазик и на дидактиката. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
-
Германски теории на култури и цивилизација
Во рамките на овој предмет се опфатени следниве теми: Рецепција на филозофијата на култура на Х. Вико: Лајбниц, Хердер, Мориц. Основање на германската теорија на култура од Хердер Хаман. Рецепцијата и доразвивањето на критиката на цивилизација и култура на Русо. Педагогизација на теоријата на култура, односно цивилизација кај Лесинг. Критика на европската цивилизација и идејата на естетско-културно образование на Улиер. Аовцек како создавач ка културата: Кант и Фихте. Цивилизацијата како остварување на слободата и на апсолутниот дух кај Хегел. Романтика: критика на цивилизацијата и преродба на култура. Уметностите како авангарда на културниот развој: Новалис, Фридрих Шлегел. Цивилизациски песимизам и естетизирање на мислењето: Ниче. Психоаналитичката критика на цивилизацијата и симболиката на културата кај Фројд и Јунг. Теоријата на Освалд Cпенглер (Spengler). Генезата на нововременската европска цивилизација според Норберт Елиас. Антитезата „германска култура“ - „западна цивилизација“ на Томас Ман. Критиката на цивилизација на Франкфуртер Шуле: Адорно, Хоркхајмер, Бенјамин, Хабермас, Слотердајк. Културна антропологија на Плеснер, Гелен и Уелски.
-
Изучување на странските јазици
Целта на овој предмет е докторантите да се запознаат со проблемите на теоријата на изучувањето на странските јазици, со различните аспекти на изучувањето на јазикот како и со методолошкото знаење на емпириското истражување во полето на изучувањето на странските јазици. Во рамките на овој предмет ќе се објаснуваат битните модели на изучувањето на странскиот и вториот јазик (на пр. контролирано-не контролирано-мешано), начини на билингвизам, односно на повеќејазичноста; психолингвистички базирани модели на предавања (на пр. мониторинг теорија, фокусирање на формите, интеракциски пристапи), истражувачки резултати за L2- стадиум на изучување на јазиците, за латерализација итн., социолингвистички пристап (симплифициран регистар, codeswitch итн.); индивидуални варијабилности како возраста или когнитивен стил; проширени концепти како на пр. психологијата на споредба на културите. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
-
Јазична политика во ЕУ
Целта на овој предмет е да се запознаат докторантите со проблемите на јазичната политика и повеќејазичноста во ЕУ, односно со следново прашање: Што всушност е јазичната политика и кој ја управува? Покрај разјаснувањата на овие прашања ќе се тематизираат и почетоците на германската јазична политика и актуелните проблеми, особено во однос на ЕУ. Која улога ја игра германскиот јазик како и другите важни јазици, како на пр.: англискиот, францускиот, шпанскиот итн. во институциите на Европската унија? Дали за луѓето од германско говорно подрачје е предност ако нивниот јазик игра важна улога во институциите на ЕУ? Доколку одговорот е да, како може да се засили позицијата на германскиот јазик како деловен јазик во институциите на ЕУ? Во овој контекст ќе се дискутираат различните позиции на јазичната политика во ЕУ. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
-
Мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, каде има најмалку две форми на ваков национализам, кога едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата во третиот циклус на студии ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Меѓународна комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние меѓународни комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладаат процесот на анализа на различни меѓународни комуникациски ситуации, како и соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и меѓународната комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 3/4
| Насока: |
Semester 3 / Semester 4 |
-
[40 ЕКТС]
Научноистражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.
-
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 5
-
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот од 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
-
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.