Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албански јазик и литература

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по филолошки науки / Област: Албански јазик и литература
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Студиската програма од трет циклус (докторски студии) Албански јазик и литература е дизајнирана со цел студентите да се стекнат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието. Исто така, студентите стекнуваат вештини и компетенции за вработување во повисоките нивоа во јавниот и приватниот сектор.

Докторираните студенти на оваа студиска програма ќе можат да се вработат во различни сфери професионалниот и општествениот живот. Настава: во училиштата за јазик и литература, гимназии, основните и средните  училишта, универзитети. Вработување: јазичар, новинар од областа на литературата и уметноста, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик и литератураво министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ интерпретатор во меѓународните организации.

Знаење и разбирање

Преку оваа студиска програма кандидатот стекнува знаења од повеќе јазични и литературни полиња, и еднодисциплинарни, и интердисциплинарни. Преку овие студии се стекнуваат понови и значајни современи сознанија, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните  и литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето

Корпусот на знаења им овозможува на студентите од третиот циклус различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат на образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвистиката и литературата низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар,на полето на литературата и уметноста, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работи како преведувач и толкувач на албанскиот јазик и литература во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.

Способност за проценка

Способни се да состават и да оценуваат наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во средни училишта како и во високото образование. Во можност се да организираат и да ја оценатреализацијата на наставен час од областа на јазикот и литературата. Имаат способност да оценат и да споредат преведувања од еден јазик на друг. Го оценуваат редактирањете и лекторирањето на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Способни се да проценат едно дело од содржински и композициски аспект, како и да ги истакнат јазичните и литературните вредности. Имаат способност да се вклучуваат и да  бидат членови во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги проценат најдобрите јазични и литературни студии. Имаат способност да се вклучат во истражувачки тимови, да состават литературни и публицистички текстови, лексички и различни други  речници.

Комуникациски вештини

Младите доктори на науки имаат професионална вештина за држење часовипо литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласностсо плановите и програмите за средните  училишта и за универзитетите. Може да држат курсеви за учење на албанскиот јазик и литература. Може да преведува научно-лингвистички и литературни дела. Можаат да учествуваат на локални и меѓународни симпозиуми и семинари, каде преку своите трудови, можаат да презентираат свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Способни се да напишат рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Можат да направат независни истражувања и да преземат одговорност за резултатите. Можат да издават научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.

Вештини на учење

Moже да работат асистенти во албанолошките институти и да помагаат во научните експедиции. Може да раководитат  институции од полето на јазикот и литературата и да направат измени во нив. За да се постигнат подобри резултати, може да презентираат нови знаења, може да ги обучат  другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др. Можат да одржат обуки како се подготвува проект, како се пишува научен труд и др. Може да предложат новини кои недостасуваат во некоја институција како што се отворање различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Можат да предложат методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е, треба да продолжи со своето понатамошно учење и надградување и новите знаења да ги презентира во институцијата каде што работи и надвор од неа.

Семестар 1

  • [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањата на индивидуалната истражувачка научна работа со своите специфични карактеристики.
  • [10 ЕКТС] Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
    Овој модул на напредно ниво на подучување на јазикот има за цел да ги поттикне студентите да размислуваат за односот меѓу теоријата и сопствената наставна пракса. Модулот има за цел да го повотрува и продлабочи компетентноста на студентите во некои од клучните области на јазичното образование вклучувајќи: методиката на подучување базирана на студенти, учење базирана на задачи, интеракција на училница, професионален развој на наставниците во подучување на јазикот, современи технологии во подучувањето на јазикот, критични прашања (социјални, политички) во подучувањето на јазикот.
  • [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертацијата
    Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на научноистражувачкиот проблеми за докторската дисертација. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни методи.

Семестар 2

  • [10 ЕКТС] Прифаќање и одборување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Студии од граматиката на албанскиот јазик
    • Студии од албанската книжевност- проза
    • Социолингвистика и јазикот на образованието
    • Литературна критика
    • Теорија на литературата
    • Фолклор
    • Мултикултурализам
    • Меѓународна комуникација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Студии од граматиката на албанскиот јазик
    • Студии од албанската книжевност- проза
    • Социолингвистика и јазикот на образованието
    • Литературна критика
    • Теорија на литературата
    • Фолклор
    • Мултикултурализам
    • Меѓународна комуникација

Семестар 3/4

Насока: Semester 3 / Semester 4
  • [40 ЕКТС] Научно истражувачка работа
    Студентите од третиот циклус на студии се воведуваат во научноистражувачка работа на студии и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за докторската дизертација. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни и современи методи методи.
  • [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето

Семестар 5

  • [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    Главна особина на презентацијата на резултатите од истражувањето во третриот циклус на студии се состои од оригиналниот придонес за стекнатото знаење. Истражувањата околу докторската дисертација се доказ со кој се потврдува дека истражувачот вложил оригинален придонес во областа која ја одбрал. Резултатите од истражувањето треба да докажуваат две главни работи: дека кандидатот идентификувал значаен проблем за кој сѐ уште не е даден одговор или го разрешил проблемот или дал одговор за оваа прашање.
  • [10 ЕКТС] Публикации II
    Во рамките на својата дејност и успешна работа и активност, кандидатот треба да развива и потпомага најразлични публикациски активности во нeговото идно усовршување и развој со цел да постигне поголема ефикасност на полето на науката и истражувањето. Поради тоа, сите трудови и одделни теми од докторската дисертација, како и научните трудови со кои се учествува на различни симпозиуми и семинари, годишните зборници, заедно со сите пишани материјали приготвени од кандидатот се публикуваат.

Семестар 6

  • [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+