Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развојна современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Oбразование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начинина размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономскатаи микроекономската политика
- Да бидат информирании да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно на процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување и квантитативни методи на истражување во економија и бизнис
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторски проект, теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и во однос на создавање методи за прибирање податоци и кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што е статистичката анализа, на текстови поврзани со теоријата и на тестирање на хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитативни податоци, финално ставање на сите теооетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата. Епистемолошките аспекти на предметот ќе се материјализираат низ следниве прашања: Како ние восприемаме? Што е теорија на познанието, што е познание, како се доаѓа до научните знаења и вистината?
-
[10 ЕКТС]
Теорија на организација - мултидисиплинарен пристап
Предметот ќе им овозможи на студентите темелно запознавање на класичните и современите теории од оваа област. Во овој предмет ќе бидат третирани класичната социолошка теорија, организациската економија, институционалната теорија, теоријата на вмрежување и еколошката теорија. Исто така, во рамките на овој предмет ќе се елаборираат и следниве содржини: бихејвиористичката теорија на организациското одлучување, спроведување и учење, социјалниот процес на конструкција, форми на организација, организациски дизајн и комплексност, организациска култура и контрола, организациска независност и сила, организациски цели и ефикасност, организацијата и технологијата, информациските процеси и насоки во организацијата, меѓуорганизациски врски и мрежи, нови и стари институционални теории, развој на т.н. организациска екологија, процес на организациски промени, институционални промени и општествени движења и др. Во таа насока студентите ќе стекнат знаење за анализа на организацијата како систем.
-
[10 ЕКТС]
Маркетинг менаџмент - напредно ниво
Во рамките на овој предмет се опишува начинот на кој компанијата ги постигнува своите маркетинг цели преку утврдување на целниот пазар со користење маркетинг-стратегии за да служи успешно на целниот пазар. Вредноста на клиентите се смета како фактор за да се формулираат стратегии и нивно ставање во детален маркетинг микс, т.е. производ, цена, место или дистрибуција и промоција, како и акциониот план. Одлуките вклучуваат:кои клиенти се целна група на компанијата, какви производи и услуги да им понуди, какви цени да се постават, со каква комуникации, кои канали на дистрибуција да се користат и какви партнерства да се развиваат. Во донесувањето одлуки, компаниите може да бидат под влијание на неконтролирано фактори, како што се политичките, економските, социјалните, правните, технологија, демографските фактори и конкуренцијата.
Семестар 2
-
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Напредна економетрија
Преку овој предмет студентите се запознаваат со современите економетриски методи и со практичната примена на овие методи користејќи RATS и Matlab. Предметот ќе содржи 4 дела. Во првиот дел гсе вклучени прашањата од статистичката математика, како статистички заклучоци и теоријата maximum likelihood, во вториот дел прашањата на линеарните модели како простата и повеќекратната линеарна регресија, хетероскедастичност, автокорелација, ендогеност, инструментални променливи, во третиот дел вклучува нелинеарните модели како нелинеарните методи на најмалите квадрати и генерализираниот метод, а во четвртиот дел временските серии како стационарниот и стохастичкиот процес, моделот ARIMA(p,d,q) и векторскиот авторегресионен модел (VAR).
-
Монетарна економија
Содржина на предметната програма:
-Теорија на кредитните форми и структура на каматните стапки
-Финансиските инструменти и финансиските пазари
-Креирање на парите и понудата на парите
-Побарувачката на парите и односот со реалниот сектор,
-Монетарна анализа и креирање на монетарните политики,
-Креирање на парите и инфлацијата,
-Девизниот курс и влијанието врз економијата,
-Монетарниот систем во Македонија и примена на монетарните модели,
-Монетарните конвергентни политики
-Меѓународните монетарни односи и импактот врз националната економија,
-ЕМУ - Европската монетарна унија - предизвиците и перспективите,
-Меѓународните монетарни системи и институции - ММФ, СБ, ЕБРД, ИФЦ и сл.
-
Јавни финансии
Содржина на предметната програма:
- Суштината и значењето на јавните финансии,
- Идеолошките (теоретски) аспекти на јавните финансии,
- „Големината” на владата од аспект на јавните финансии,
- Економија на јавниот сектор,
- Алокативна функција,
- Редистрибутивна функција,
- Државна регулација на јавниот сектор,
- Екстерналии и видови,
- Позитивна анализа на јавните финансии
- Улогата на теоријата,
- Методи на емпириска анализа (интервјуа, експерименти и економетриски студии)
- Нормативна анализа на јавните финансии
- Економија на благосостојба
- Економија на типична размена
- Економија на производство,
Јавните приходи како и јавните расходи, споредбени аспекти на даночниот систем,
- Даночните ефекти во однос на:
- ефективноста
- распределбата
- стабилноста и развојот
- сопствените интереси на јавниот оператор
Сиромаштија, социјална заштита, социјално осигурување и здравствена заштита
- Редистрибуција на јавните приходи,
- Програми на социјално осигурување,
- Програми на социјална заштита,
- Програми на здравствена заштита,
- Други јавни програми кои се финансираат од јавните приходи
- Споредбени аспекти, трендови и проблеми
Анализа на случаи во политиката на јавните расходи
- Образование,
- Здравство,
- Социјална заштита.
Методите на мерење и сл.
-
Меѓународна економија
Меѓународната економија претставува научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соод¬ветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци.
-
Меѓународни финансии
Меѓународните финансии претставуваат научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соод¬ветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 3/4
| Насока: |
Semester 3 / Semester 4 |
-
[40 ЕКТС]
Научноистражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) докторантот ja продолжува своjaта научноистражувачка дејност според одобрениот индивидуалнен план. Менторот дава процена во врска со овие активности.
-
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 5
-
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на петтиот семестар, по истражувачките активности на индивидуалниот план, докторантот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
-
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.