Целта на последипломската програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во Р. Македонија како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на кривично-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
- Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративното казнено право и на казненото процесно право, теоретската и применета криминологија и пенологија, организираниот криминал и форензичните науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
- Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка, а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или како адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
- Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во преткривичната и судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
- Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
- Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори.
- Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат.
- Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика.
- Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[10 ЕКТС]
Кривично право - продлабочена програма
Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и Кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и методот на клиничка настава.
-
[10 ЕКТС]
Криминологија и пенологија
Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаење за предметот на проучување на: криминологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење и за предметот на проучување на пенологијата и главните пенолошки институции, проблеми и тенденции, за влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните санкции, пенолошките испитувања поврзани со казните изречени за кривичните дела како и за идентификување и анализирање на современите пенолошки прашања.
Семестар 2
-
[10 ЕКТС]
Кривично процесно право – продлабочена програма
Целта на предметот е студентите да стекнат солидни теоретски и практични сознанија за кривично-процесните одредби и институти со кои законски се регулира дејноста на процесните органи и на другите учесници во кривичната постапка и да се оспособат за нивна практична примена.
-
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одборување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Криминологија и пенологија
Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаење за предметот на проучување на: криминологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење и за предметот на проучување на пенологијата и главните пенолошки институции, проблеми и тенденции, за влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните санкции, пенолошките испитувања поврзани со казните изречени за кривичните дела како и за идентификување и анализирање на современите пенолошки прашања.
-
Виктимологија
Процесот на виктимизација, зголемувањето на бројот на луѓето кои се подложни на виктимизација, надоместот на штета и превенцијата на виктимитетот се главните теми на овој предмет, бидејќи виктимизацијата и заштитата на жртвите се голема преокупација на современото општество.
-
Криминалистика
Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
-
Малолетничка деликвенција
Малолетниците деликвенти се во тесна врска и со другите социопатолошки појави, како: наркоманијата, алкохолизмот и проституција, појави кои денес се шират речиси во секоја земја на светот, а за жал се присутни и во нашава земја. Затоа, основната цел на оваа дисциплина е да се откријат и да се евидентираат новите форми на оваа криминална појава и да се објаснуваат причините за нивно присуство со цел да се предложат соодветни мерки за превенција и репресија.
Семестар 3/4
| Насока: |
Semestri 3 / Semestri 4 |
-
[40 ЕКТС]
Научноистражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.
-
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 5
-
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
-
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.