Целта на студиската програма Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на Р. Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на граѓанско-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.
Знаење и разбирање
- Има детални сознанија за граѓанското право, како материјалното така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
- Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
- Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
- Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
- Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
- Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
- Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори.
- Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат.
- Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика.
- Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[10 ЕКТС]
Граѓанско и стварно право - продлабочена програма
Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на граѓанското право, способност што мора да ја поседува секој правник. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи (читање и толкување на законските норми).
Исто така од студентот се очекува да ја совлада техниката на изработка на: правни дела (договор, тестамент), изработка на најразлични видови поднесоци (тужби, жалби, приговори, барања) како и изработка на акти на судските органи (пресуди, решенија) и други акти на органите на управата (решенија, договори) со кои настануваат, се менуваат и престануваат граѓанско-правните односи.Исто така концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на стварното право. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена.
-
[10 ЕКТС]
Граѓанско процесно право - продлабочена програма
Посебните задачи на оваа програма се состојат во оспособување на студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на парничното право, вонпарничното и извршното право како и да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката во врска со водењето на овие постапки.
Семестар 2
-
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 2
-
Семејно и наследно право
Преку предметот Семејно право се изучуваат семејно-правните односи, брачното право и родителското право. По краткиот историски осврт за видовите семејства низ историјата, предметот се фокусира на современи теми, односно на состојбата во Р. Македонија во однос на овие односи. По завршувањето на предавањата по овој предмет од студентите се очекува да стекнат знаења за: поимот и предмет на семејното право во национален и меѓународен аспект; изворите на семејните и брачните односи; условите за склучување брак и нивните форми во случајот кога брачните другари се државјани на РМ, или во случајот кога едниот од брачните другари има странско државјанство; за посвојувањето и старателството во национален и меѓународен аспект. Исто така, во рамките на предметот се проучува правното регулирање на преминување на имотот на поединецот врз другите лица во случај на неговата смрт. Посебно се изучуваат правните основи за наследување, наследните редови според правото на РМ, нужниот дел на наследување и нужните наследници, тестаменталното наследување, можноста на создавање тестамент и видовите тестамент, условите за полноважност на тестаментот, моментот на преминување на имотот од оставителот на наследниците како и легатот.
-
Облигационо право
Со изучување на предметната програма студентите ќе стекнат посебни и специфични знаења за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи.
-
Трговско право
Студентите се запознаваат со: правните правила за извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговецот поединец како и со начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција како и начините на заштитување на потрошувачите.
-
Стечајно право
Посебни задачи на овој предмет се оспособување на студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на стечајот и стечајната постапка и да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 1

Семестар 3/4
Насока: |
Semestri 3 / Semestri 4 |
-
[40 ЕКТС]
Научноистражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.
-
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 5
-
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот од 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
-
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.