Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Економија (2020/2021)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Бизнис и економија
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Доктор по економски науки / Насока: Економија
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развој на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.  
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската  политика.
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [C2012] [10 ЕКТС] Kвантитативни методи на истражување
    Во фокусот на предметот се квантитативните истражувачки методи повеќе од филозофијата на истражувањето. Во рамките на предметот се покриваат квантитативните методи и истражувачките техники кои се применуваат на сите области на економската наука. Цел на овој предмет е студентите да научат да направат истражување и да употребуваат соодветни истражувачки квантитативни методи за нивна цел. Исто така предметот е дизајниран за индивидуите кои имаат потреба да направат истражување во општествените науки како дел од нивните академски истражувања или професионални истражувања. Покрај тоа, во рамките на предметот тие ќе научат инструменти и техники преку кои ќе се зголеми веројатноста за успешно да ја комплетираат нивната истражувачка теза во соодветно време. На крај, преку овој предмет студентите ќе добијат доволно знаења и вештини и аналитички инструменти и техники за да бидат пософистицирани во користењето на овие методи при истражувањето во општествените науки (економија, финансии, менаџмент и маркетинг).
  • [C2013] [10 ЕКТС] Општа економија и теорија
    Целта на овој предмет е студентите да ги разберат напредните принципи на економијата и современите теми. Овој предмет ќе им помогне на студентите во одлучувањето за нивната област на интерес на истражување. Поточно, целите на предметот Општа економија и теорија се да им овозможат на студентите: - Да ги разберат микроекономските и макроекономските теории и концепти и нивната примена во реалниот свет. - Да го разберат влијанието врз поединците и врз општествата низ економските интеракции меѓу нациите. - Да развијат свесност за развојните проблеми со кои се соочуваат народите, додека минуваат низ процесот на промена.
  • [C2014] [10 ЕКТС] Економија на однесување на животната средина
    Целта на предметот е разбирање на темите во животната средина и економијата на ресурсите од аспект на однесувањето на економијата. Подетално, резултатите од учењето се стекнување: -Сознанија за основата на економијата на однесувањето, релевантни теоретски достигнувања, пристрасност во однесувањето, експериментални методи. -Општ преглед на „економијата на неоднесувањето“: постојни алатки за политики, теоретски модели. -Длабоко разбирање на стратегиите за прилагодување и ублажување под нејаснотија со користење игри за јавни добра, игра со најслаби страни на јавни добра и игра за координација. Фокусот ќе биде на инструменти што можат да се користат за подобрување на координацијата и соработката. -Сознанија за пристапот на економија на однесувањето кон одржливоста. -Знаења за поврзување на економијата на однесувањето и економијата на животната средина. -Знаења за анализирање и опис на релевантната литература, т.е. студиите за економија на животната средина, користејќи перспектива на однесувањето.

Семестар 2

  • [DBE0105] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDEC0101] Напредна економетрија
    • [EDEC0102] Монетарна економија
    • [EDEC0103] Јавни финансии
    • [EDEC0104] Меѓународна економија
    • [EDEC0105] Меѓународни финансии
    • [DEC0101] Финансиска економија
    • [E2796] Развојна економија и политичка економија
    • [E2497] Eкономија на трудот и индустриски односи
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDEC0101] Напредна економетрија
    • [EDEC0102] Монетарна економија
    • [EDEC0103] Јавни финансии
    • [EDEC0104] Меѓународна економија
    • [EDEC0105] Меѓународни финансии
    • [E2796] Развојна економија и политичка економија
    • [E2497] Eкономија на трудот и индустриски односи
    • [DEC0101] Финансиска економија

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) докторантот ja продолжува своjaта научноистражувачка дејност според одобрениот индивидуалнен план. Менторот дава процена во врска со овие активности.
  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2016] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела вон државава. Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.

Семестар 5

  • [DBE0104] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности на индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се евалуира пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [EC-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+