Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Развој на граѓанското општество

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Целта на студиската програма Развој на граѓанското општество е да се покрие празнината во формалното образование кај граѓанските организации (ГОи) и фондации, нивните вработени, активистите и волонтерите и на персоналот во меѓународните институции, донаторските агенции и владиниот сектор кои работат и соработуваат со граѓанскиот сектор, како и да се надградат  нивното знаење и нивните вештини со цел да се зајакне граѓанското општество во истакнувањето на неговиот глас во процесот на градењето ефективна демократија во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Исто така, преку програмата ќе се зајакнат и ќе се надградат постигнувањата на ова поле во регионот на ЈИЕ и ќе се овозможи споделување меѓународни искуства на патот на постигнувањето позитивни општествени промени, бидејќи оваа програма е наменета за раководители на ГОи, вработени, нивни волонтери и активисти, како и за сите заинтересирани за развојот на граѓанското општество.

Во спроведувањето на оваа програма, посебно во практичниот дел од наставата ќе бидат вклучени експерти од граѓанската организација „Центар за институционален развој – ЦИРа“. Ова ќе придонесе кон подобро пренесување на практични искуства и знаење на студентите за развојот на граѓанскиот сектор во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа

Целите на програмата се:

  • Студентите на оваа програма ќе имаат можност да го најдат балансот помеѓу солидната интелектуална подготовка во општествените науки и практичната обука со експерти за развој на граѓанското општество.
  • Студентите ќе стекнат основни комуникациски вештини, како и вештини за преговарање и надминување конфликти потребни за надминување на културните разлики и различните традиции преку користење современи методи на учење, неопходни за постигнување успех во соочувањето со различните образовни системи преплетени со различните традиции.
  • Студентите ќе ја манифестираат својата интелектуална независност и ќе ја демонстрираат својата имагинација и отвореност за нови искуства, како и флексибилноста да размислуваат користејќи ги различните дисциплини и трансферот на знаење и вештини помеѓу различните полиња на експертиза.
  • Студентите ќе ги демонстрираат волјата и експертизата целосно да придонесат кон граѓанското општество и интелектуалниот живот, со учество во широка понуда на можности за дебати, трибини, учество во конференции и културни настани.
  • Студентите ќе добијат можност да бидат независни создавачи на знаење, информирани носители на одлуки и вешти поддржувачи на развојот на граѓанското општество.
  • Студентите ќе ги совладаат теоријата и практиката на менаџментот на ГОи инволвирајќи го стратегиското мислење и стратегиското планирање како рамка.
  • Студентите ќе се запознаат со динамиката и со основните функции на раководењето со човечките ресурси и раководењето со волонтерите, како основен извор на човечки ресурси кај ГОи.
  • Студентите ќе се запознаат со основните принципи на мобилизирање на заедницата во решавањето важни општествени проблеми, како и мобилизирањето ресурси од заедницата.

Студентите ќе го демонстрираат својот капацитет да го следат овој модул на англиски јазик, како и да учествуваат во дискусии, преговори и дебати на овој јазик. Со ова, тие ќе учествуваат во создавањето поширока регионална заедница на активисти креирана преку овој мост кој ќе се гради помеѓу земјите од ЈИЕ, а која ќе придонесе кон јакнење на довербата и имиџот на ГОи во земјава, но и во регионов.

Развој на граѓанското општество дава висококвалификувани лидери со добро развиени вештини за лидерство и менаџмент за да се соочи со предизвици во областа на развојот на граѓанското општество и нуди висококвалификувани и професионални водачи со современ пристап кон управувањето  на вредностите и улогата на граѓанските организации во развојот на демократијата во современите општества.

Знаење и разбирање
  • Ќе наоѓаат солидна рамнотежа помеѓу интелектуалната подготовка на општествени науки и на професионална обука со експерти во развојот на граѓанското општество.
  • Ќе демонстрираат капацитет  за да се дебатира на англиски и да се одржат преговори и долга дебата во овој јазик.
  • Ќе учествуваат во поширока регионална  заедница воспоставена преку оваа програма помеѓу земјите од ЈИЕ.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Во состојба е да доведе до истражување на јавното мислење и до спроведување методолошки алатки.
  • Демонстрира способност да лобира, да преговара и да посредува повеќе влијателни политички актери во општеството.
  • Во состојба е да ги применува теоретските знаења, да го развива истражувањето во решавање на општествените појави и да продолжи со кариера во академската област
Способност за проценка
  • Ќе манифестираат интелектуална автономија;  ќе учествуваат во современата култура.
  • Ќе демонстрира имагинација и отвореност кон нови искуства, како и флексибилност да се размислува низ дисциплини и да пренесува вештини помеѓу областите во експертиза.
  • Ќе анализира различни феномени поврзани со политичката културата на соодветното  општеството.
  • Ќе ги споредува критички политичките трендови во општеството и во државата и ќе го оценува нивното влијание врз евроинтегративните процеси на земјава.
Комуникациски вештини
  • Можат да учествуваат во политички дебати, посредување и преговори истовремено обезбедувајќи аргументативна анализа на политичкиот дискурс.
  • Има кохерентни вештини за опишување на општествените случувања.
  • Професионално комуницира со повеќе актери во тимскиот дух и со инклузивен пристап.
  • Демонстрира волја и подготвеност за да придонесе во цивилното општество и интелектуалниот живот преку учество во различни можности за дебата на конференции, културни настани итн.
Вештини на учење
  • Може да ја потврди и да ја аргументира улогата на граѓанското општество за општество базирано на знаење.
  • Има способност да се преземат иницијативи да се идентификуваат групите на интерес и државните институции во рамките на политичките процеси.
  • Има способности за вршење доживотно учење и самоедукација во областа на политичките науки.
  • Има способност да се обучуваат граѓаните за политички систем и за демократско општество.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Стратегиски менаџмент и управување со промени
    Во рамките на овој предмет се истражуваат теоријата и практиката на менаџментот инволвирајќи го стратегиското мислење и стратегиското планирање како рамка. Се однесува на важни прашања од менаџментот, вклучувајќи: контекст на градење стратегии, лидерство, структура на организацијата и дизајн, како и изведба. Во предметот се вклучени и се користат студии на случај од менаџерските практики во јавниот и граѓанскиот сектор. Дел од овој предмет е управувањето со промени, како неодминлив дел од раководењето и справувањето со динамиката на промените во окружувањето, посебно од аспект на политичкиот, општествениот, културниот, економскиот и технолошкиот развој во Македонија и регионот на ЈИЕ. Содржина на предметната програма: - Процесот на дефинирање долгорочна визија и мисија во граѓанските организации (ГОи) - Анализа на надворешната околина и важните актери - СВОТ (SWOT) анализа - Методологијата за стратегиска ориентација и анализа на можни стратегии - Процесот на дефинирање стратегиски цели и активности - Методологии за креирање годишни програми за ГОи - Филозофијата на промените, зошто промени, предизвици - Промени во организациската култура - Методологија на идентификација на клучните фактори во процесот на промени - Методите за успешно совладување на отпорот кон промените, како и факторите на влијание ГОи - Начини за обезбедување поддршка за промените - Фази во процесот на промени - Начини за промовирање промени
  • [6 ЕКТС] Граѓанско општество и развојни политики
    Овој предмет е фокусиран на запознавање со теориите на настанокот на граѓанското општество, дефинирање на просторот кој го зафаќа граѓанското општество, клучните актери, интеракциите со другите сектори во државата, улогата и структурата на граѓанскиот сектор, начините на работа, карактеристиките на граѓанското општество во Македонија и во регионот, стратегиите за негова одржливост, како и начините за влијание врз политиките и демократските процеси. Во делот на развој, овој предмет ќе обезбеди претставување на клучните развојни концепти, теории и пристапи, како и на предизвиците кои осиромашувањето и назадувањето во развојот ги наметнува на оние кои работат во донаторските агенции, државните развојни агенции граѓански организации, фондации и истражувачки институти.
  • [6 ЕКТС] Финансиски менаџмент, и ефикасност во користење на ресурсите за Граѓански организации (ГО)
    Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е да им се претстават на студентите стандардите и практиките во финансиското работење на ГОи, методите на користење фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на ГОи и притоа се опфаќаат преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност помеѓу теоријата и практиките, преглед на различни студии на случај и дизајниран е да го побуди интересот на студентите. Содржина на предметната програма: - Теоретски основи на финансиско работење кај ГОи - Современи аналитички методи - Буџетирање, финансиски операции и сметководство како придонес кон доброто финансиско работење на ГОи - Толкување и користење на финансиските извештаи - Разлики во финансиските извештаи помеѓу профитните и непрофитни организации и институции - Анализа на квантитативни и квалитативни податоци - Концепт на ефикасно користење на ресурсите во ГОи и креирање процедури за спроведување на концептот - Процес на финансиско планирање и буџетирање, со осврт на планирање активности за прибирање средства од различни извори, готовински текови, управување со ризици и раководење со индикаторите - Планирање и раководење со финансиите и годишните буџети согласно со стратегискиот план и со мисијата на организацијата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Методологија на истражување за ГО
    • Јавни политики, застапување и лобирање
    • Развој на човечки ресурси и раководење со волонтери
    • Прибирање на средства и филантропија за граѓански организации
    • Справување со конфликти, комуникациски вештини и вештини за преговарање
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Методологија на истражување за ГО
    • Јавни политики, застапување и лобирање
    • Развој на човечки ресурси и раководење со волонтери
    • Прибирање на средства и филантропија за граѓански организации
    • Справување со конфликти, комуникациски вештини и вештини за преговарање

Семестар 2

  • [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Oдбрани поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Апликации за статистичка обработка на податоци
Google+