Програма: |
Уставно право (2026/2027) |
| Циклус на студии: | Трет циклус (докторски) |
| Факултет: | Правен |
| Код на програмата: | PhD-CL-180 |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Доктор по правни науки Насока: Уставно право |
| ЕКТС: | 180 (3 години) |
| Решение: |
Студиската програма е конципирана во согласност со современите европски и глобални трендови во високото образование и е споредлива со сродни докторски програми на еминентни странски високообразовни институции, особено во рамките на Европскиот високообразовен простор. Целта на програмата е да образува високо квалификувани научни и стручни кадри во областа на уставното и административното право, способни за активен придонес во развојот на правната мисла, правните политики и институционалната практика.
Преку програмата се нудат напредни теоретски знаења и развој на истражувачки компетенции преку интердисциплинарен пристап, научно- истражувачки проекти, академски дискусии и самостојна изработка на докторска дисертација. Особено внимание се посветува на уставното толкување, примената на уставните принципи и на улогата на уставно-судската заштита во обезбедувањето на човековите права и владеењето на правото.
Мисијата на програмата е континуирано унапредување на научно-истражувачките и професионалните капацитети на студентите, како и нивно оспособување за самостојно и одговорно дејствување во академската заедница, јавната администрација и институциите на правниот систем на национално и на меѓународно ниво.
Дипломата од студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да се оспособат за научноистражувачка работа во областа на уставно-управните правни науки, како и за изведување настава на универзитетите во државава и во странство. Притоа, тие активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите и капацитетите на дејностите на државната власт, во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.
Знаење и разбирање
Покажува систематско разбирање на полето на истражување и совршено познавање на методи и вештини за истражување во рамките на уставното и управното право според највисоките меѓународни стандарди.
Примена на знаењето и разбирањето
Покажува способност уставно и управно да толкува, дизајнира, применува и адаптира суштински предмет на истражување со научен интегритет;
Дава придонес преку оригинални истражувања кои ги надминуваат постојните граници на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво на национални и меѓународни рецензирани публикации од областа на уставното и управното право.
Способност за проценка
Способност за критичка анализа, оценување и синтеза на нови и сложени идеи, имајќи компетенции за проценка;
Способност за независно иницирање и учество во национални и меѓународни истражувачки мрежи и настани со научен интегритет;
Способност за независно иницирање на истражувачки и развојни проекти, преку кои ќе генерира нови знаење и вештини за развој на уставното и управното право.
Комуникациски вештини
Може да комуницира со своите колеги, пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на областа на уставното и управното право.
Вештини на учење
Се очекува да биде способен да се промовира во академски и во професионални рамки и во технолошкиот, општествениот или културниот развој во општество засновано на знаење.
Семестар 1
-
[DLAW0101]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Предметот има за цел студентите: • Да ја разберат суштински природата и улогата на научното истражување во областа на кривичното право; • Да се оспособат за формулирање и структурирање на истражувачки проект во согласност со академските и методолошките стандарди; • Да вршат анализа, споредба и критичка евалуација на примарни и секундарни правни извори; • Да применуваат напредни техники за собирање, обработка и цитирање на научни и правни податоци; • Да покажат академски интегритет и свесност за етичките норми во научното истражување.
-
[C2010]
[10 ЕКТС]
Уставно право - продлабочена програма
Цел на предметот е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени и напредни знаења од областа на уставното право како гранка на правото и како научна дисциплина и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели преку предметната програма ќе се обработат теоретските аспекти на уставното право, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена. Со усвојувањето на сознанијата од оваа предметна програма, студентите ќе можат: - да го разберат поимот и содржината на уставното право; - да ги разберат изворите на уставното право; - да го разликуваат уставно право како гранка на правото и уставно право како научна дисциплина; - да ги разберат моделите на организација на власта и да можат да го определат типот на организација на власт во Република Северна Македонија; - да ги осознаат предизвиците во регулирањето и спроведувањето на уставните одредби за човековите права - да се оспособат за анализа на уставните норми во Република Северна Македонија; - да добијат продлабочени и напредни сознанија за уставниот систем на Република Северна Македонија; - аналитички и критички да ги согледаат уставно-правните проблеми кои се јавуваат во праксата.
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 2
-
[C2011]
[10 ЕКТС]
Административно право - продлабочена програма
Цели на предметот: • Напредно дефинирање и критичко размислување за администрација и административна функција; • Напредно и продлабочено познавање и анализа и критика на правната регулатива со која се уредува организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ; • Критичко разграничување помеѓу видовите акти на администрацијата и совладување на напредните техники и вештини на создавање такви акти; • Критичко осознавање на механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги.
-
[EDCAL02]
[10 ЕКТС]
Конституционализмот и човековите права
Целта на овој предмет е да им понуди на студентите продлабочени знаења за содржината на човековите права, особено во согласност со европските стандарди, како и да им помогне да ги развијат своите аналитички способности за оценување на состојби во кои постои кршење на одредено човеково право. Овој предмет ќе им овозможи на студентите: • да го разберат концептот на универзализмот и културниот релативизам во рамките на теоријата на човековите права; • да ги осознаат филозофските основи на човековите права; • да ги сфатат елементите на конкретните човекови права и модалитетите на нивната заштита во различни правни системи; • да ги осознаат предизвиците во регулирањето и спроведувањето на одредбите за човековите права; • да ги согледаат начините на толкување на Европската конвенција за човековите права; • да се оспособат за правна анализа на одредбите за човековите права; • да ги согледаат контекстите на уставните и другите правни решенија поврзани со човековите права; • да го согледаат влијанието на различни филозофски концепции врз правните одредби што се однесуваат на човековите права; • да оценуваат постоење на случаи на кршење на човекови права; • аналитички и критички да размислуваат за прашања поврзани со човековите права.
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 3/4
-
[C2610]
[10 ЕКТС]
Предлог-докторски проект
Оваа активност подразбира подготовка на самостоен истражувачки проект под менторство, кој претставува основа за докторската дисертација. Студентот го започнува процесот на изработка на планот за истражување на дисертацијата преку систематско разработување на неговите клучни компоненти. Активностите вклучуваат идентификација и преглед на релевантна литература, дефинирање на теоретската рамка и истражувачките хипотези, избор и дефинирање на методологијата на работа, како и изработка на индивидуален план за истражување. Процесот се заокружува со прва јавна презентација на истражувачкиот проект.
-
[C2611]
[20 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
-
[C2612]
[25 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2020]
[5 ЕКТС]
Студентска мобилност
Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела надвор државава. Целта на мобилноста на докторандите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.
Семестар 5
-
[C2613]
[10 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
-
[C2614]
[20 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[C2839]
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
„Докторската дисертација“ е академска активност која опфаќа спроведување на оригинално научно истражување во конкретна област на студиите. Активноста вклучува идентификација на значаен истражувачки проблем, развој на методологијата на истражувањето, собирање и анализа на податоци, како и интерпретација и презентирање на резултатите на систематски и научен начин. Целта е студентот да покаже способности за самостојно истражување и создавање на нови знаења или нови пристапи во соодветната област. Активноста има за цел развивање на вештини за критичка и синтетичка анализа, примена на напредни истражувачки методологии, научно презентирање на резултатите и почитување на принципите на академски интегритет. Исто така, дисертацијата го подготвува студентот за професионален и академски придонес во својата област и за активно учество во меѓународната научна заедница. По завршувањето на докторската дисертација под менторство, истата се поднесува до Наставно-научниот совет на соодветниот факултет, се разгледува/прифаќа од Наставно-научниот совет на факултетот, се доставува до членовите на комисиската комисија и започнува постапката за јавна одбрана.