Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Медиуми и комуникација (2026/2027)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: PhD-MC
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Доктор на науки по медиуми и комункиација
ЕКТС: 180 (3 години)
Решение:

Студиската програма од трет циклус по медиуми и комуникација, понудена од Одделот за комуникациски науки на Факултетот за јазици, култури и комуникација при УЈИЕ, е една од трите посебни патеки за истражување и практика во областа на медиумите и комуникацијата. Во голема мера потпирајќи се на современата културна и критичка теорија, докторските студии по медиуми и комуникација се фокусираат на интеракциите меѓу главните компоненти на современата комуникација – медиумските институции, нивната содржина и пораки, како и нивната публика или јавност – особено како процес преку кој се генерира културното значење.Студиската програма од трет циклус го испитува овој процес врз интердисциплинарна основа, преку социјални, економски, политички, историски, правни, регулаторни и меѓународни перспективи, со силен акцент на прашања поврзани со новите комуникациски технологии и политики. Дипломираните студенти ќе работат во средина посветена на критичка педагогија, интелектуален и креативен ангажман, со компаративен осврт кон традиционалните форми на интелектуално истражување, како и кон други подеднакво длабоки модели и патишта за потрага по знаење.Студиската програма од трет циклус има за цел да им овозможи на студентите компетенции и алатки потребни за развој на истражувачки проекти што ги исполнуваат највисоките научни стандарди и напредни нивоа на етичка одговорност. Покрај совладувањето на различните теоретски трендови и методолошки алатки, студентите на докторски студии ги продлабочуваат и своите капацитети за анализа и критичко толкување на различните комуникациски појави.Наставната програма е дизајнирана да ги задоволи сегашните и идните потреби на пазарот на трудот во различни области од сферата на медиумите и комуникацијата, како и во креирањето политики на национално и меѓународно ниво и во корпоративниот развој во областа на медиумите, дигиталната и интерактивната комуникација, интернет-компаниите, развојот на портали, новинарството, корпоративната и организациската комуникација и односите со јавноста.Студиската програма е усогласена со современите светски и европски трендови и е споредлива со слични програми на странски високообразовни институции, особено во рамките на Европскиот простор за високо образование. Програмата на студентите им нуди најнови применети научни и стручни знаења од областа на медиумите и комуникацијата и е усогласена со најмалку три акредитирани програми на странски високообразовни институции.

Дипломираните студенти од оваа програмана докторски студиисе подготвени за академска кариера на универзитети, како и за вработување како медиумски аналитичари во применети истражувања. Тие се оспособени и за извршување високи функции во областа на политиката и комуникациите во владиниоти во невладиниот сектор.

Знаење и разбирање

Стекнување знаења и разбирање на комуникацискиот процес воопшто, како и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи во областа на медиумите и комуникацијата.

      Стекнување напредни познавања за медиумите и комуникацијата, видовите комуникациски кампањи и стратегиите за односи со медиумите.

      Развивање аналитичко и критичко мислење за медиумите и комуникацијата, како и за нивните стратегии и тактики.

      Поттикнување оригиналност во примената на самостојни идеи за создавање комуникациски пораки во медиумите и комуникацијата, како и компетентно пишување и јавно изразување во медиумите.

     Стекнување напредно практично искуство во областа на медиумите и комуникацијата.

Примена на знаењето и разбирањето

Да посредуваат во разрешувањето на конфликти меѓу две или повеќе страни.

      Да планираат управување со проекти (изработка на научни истражувања, организација на имплементацијата на истражувањата, навремено идентификување на потенцијални проблеми, утврдување на потребни ресурси и управување со истражувачки тим).

      Да применуваат статистички пакети за спроведување статистичка анализа на податоци, со можност за извлекување заклучоци врз основа на квалитативни и квантитативни податоци.

      Да применуваат научни методи и методологии во независна истражувачка работа.

      Да дизајнираат и спроведуваат нови теоретски парадигми засновани врз научни достигнувања во областа на истражувањето.

      Да ги применуваат академските вештини за пишување и известување (вештини за зборување и слушање, способност за презентирање на податоци и наоди пред нестручна публика).

     Да ги применуваат знаењата засновани врз современите трендови во размислувањето во информатичките и комуникациските науки.

Способност за проценка

Способност за процена и избор на стратегии во медиумите и комуникацијата, како и способност за процена и избор на каналите и моделите на комуницирање.

        Способност за избор на формите на медиумите и комуникацијата и за вреднување на најсоодветните нови медиуми за одредена комуникациска порака во процесот на комуницирање.

        Донесување одлуки за селекција на аргументи и факти за создавање ефективна комуникациска порака во медиумите и комуникацијата.

        Идентификација на силните и слабите страни во управувањето со одредени комуникациски стратегии во медиумите и комуникацијата.

        Способност за вклучување на професионално ниво во медиумски и јавни дебати и аргументирање на сопствените ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со комуникациите, новите медиуми и креирањето на јавното мислење.

         Критичко прибирање информации (пребарување литература, критичко читање и препознавање пристрасност  и вештини за интервјуирање).

Комуникациски вештини

Да планираат, да спроведуваат и да вреднуваат презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на медиумите и комуникацијата.

      Да составуваат агенда за комуницирање на пораки, идеи и на одлуки на институциите и организациите во практикувањето на медиумите и комуникацијата.

      Да даваат јасна и кохерентна професионална презентација за некоја тема или задача поврзана со медиумите и комуникацијата употребувајќи референтни примери и решенија.

     Да користат напредни извори за понатамошно усовршување и за имплементација на стекнатите знаења.

    Професионално и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да стекнат вештини за јавно говорење за прашања и теми поврзани со општеството и масовната комуникација.

    Да креираат стратегии за комуницирање со јавноста и да применуваат соодветни тактики и алатки за реализација на комуникациски стратегии и планови. 

Вештини на учење

Да поседуваат професионална/експертска способност за спроведување истражувања во областа на медиумите и комуникацијата, потпомогнати од напредокот на информатичката технологија.

  Да изработуваат анализи во областа на медиумите и комуникацијата во теоретска и методолошка смисла и да користат научна литература, како и прегледи на трудови од други автори.

  Да ги продлабочуваат теоретските знаења преку проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации во медиумите и комуникацијата.

  Да формулираат истражувачки прашања и да изработуваат прашалници, како и да применуваат други научни методи при истражувања од областа на медиумите и комуникацијата.

 Да преземаат иницијативи и одговорност за креирање глобални комуникациски политики во институциите.

Семестар 1

  • [C2347] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научната работа, кои на студентите често им создаваат тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат да научат како да се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферат, семинарска работа или сличен академски труд.Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, изработка на библиографија, правила за цитирање, научни шифри и организирање на научната работа.
  • [C2215] [10 ЕКТС] Теорија за комуникација и медиуми
    Цели на предметот: Добивање специјалистички сознанија за теоријата на комуникација и медиумите.
  • [C2348] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат за самостојно спроведување научно истражување, односно за пишување на докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребните знаења, способности и самодоверба за успешно спроведување на истражувачката работа.Поради тоа, во рамките на предметот се предвидени повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите што се базираат главно на предавања. Од студентите се очекува активно да учествуваат во дискусиите.

Семестар 2

  • [C2617] [10 ЕКТС] Предлог-докторски проект
    Оваа активност подразбира подготовка на самостоен истражувачки проект под менторство, кој претставува основа за докторската дисертација. Студентот го започнува процесот на изработка на планот за истражување на дисертацијата преку систематско разработување на неговите клучни компоненти. Активностите вклучуваат идентификација и преглед на релевантна литература, дефинирање на теоретската рамка и истражувачките хипотези, избор и дефинирање на методологијата на работа, како и изработка на индивидуален план за истражување. Процесот се заокружува со прва јавна презентација на истражувачкиот проект.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2662] Компаративни медиумски системи
    • [E2663] Масовна комуникација и општество
    • [E2664] Напредни студии во нови медиуми и општество
    • [E2665] Стратешко пишување и односи со медиумите
    • [E2666] Новинарство и дигитални комуникации
    • [E2667] Процеси и ефекти на посредуваната комуникација
    • [E2668] Студија за комуникација: комуникација и култура
    • [E2669] Јавен говор: Говор и критика во демократско општество
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2662] Компаративни медиумски системи
    • [E2663] Масовна комуникација и општество
    • [E2664] Напредни студии во нови медиуми и општество
    • [E2665] Стратешко пишување и односи со медиумите
    • [E2666] Новинарство и дигитални комуникации
    • [E2667] Процеси и ефекти на посредуваната комуникација
    • [E2668] Студија за комуникација: комуникација и култура
    • [E2669] Јавен говор: Говор и критика во демократско општество

Семестар 3

  • [C2668] [30 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората годинa, кандидатот продолжува со научно-истражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.

Семестар 4

  • [C2669] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2670] [10 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и да ја дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот јавно ќе ги презентира.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [C2299] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    „Докторската дисертација“ е академска активност која опфаќа спроведување на оригинално научно истражување во конкретна област на студиите. Активноста вклучува идентификација на значаен истражувачки проблем, развој на методологијата на истражувањето, собирање и анализа на податоци, како и толкување и презентирање на резултатите на систематски и научен начин. Целта е студентот да покаже способности за самостојно истражување и создавање на нови знаења или нови пристапи во соодветната област. Активноста има за цел развивање на вештини за критичка и синтетичка анализа, примена на напредни истражувачки методологии, научно презентирање на резултатите и почитување на принципите на академски интегритет. Исто така, дисертацијата го подготвува студентот за професионален и академски придонес во својата област и за активно учество во меѓународната научна заедница. По завршувањето на докторската дисертација под менторство, истата се поднесува до Наставно-научниот совет на соодветниот факултет, се разгледува/прифаќа од Наставно-научниот совет на факултетот, се доставува до членовите на комисиската комисија и започнува постапката за јавна одбрана.
Google+