Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Економија (2025/2026)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: PhD-EC-180
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Доктор по економски науки - Насока: Економија
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целите на програмата се:
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развој на современиот менаџмент;
- Оспособување и развивање менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Креирање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21. век.

Кариера
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.  
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската  политика.
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

Способни да бидат позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.

Вештини на учење

Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации

Семестар 1

  • [C2012] [10 ЕКТС] Kвантитативни методи на истражување
    Во фокусот на предметот се квантитативните истражувачки методи повеќе од филозофијата на истражувањето. Во рамките на предметот се покриваат квантитативните методи и истражувачките техники кои се применуваат на сите области на економската наука. Цел на овој предмет е студентите да научат да направат истражување и да употребуваат соодветни истражувачки квантитативни методи за нивна цел. Исто така предметот е дизајниран за индивидуите кои имаат потреба да направат истражување во општествените науки како дел од нивните академски истражувања или професионални истражувања. Покрај тоа, во рамките на предметот тие ќе научат инструменти и техники преку кои ќе се зголеми веројатноста за успешно да ја комплетираат нивната истражувачка теза во соодветно време. На крај, преку овој предмет студентите ќе добијат доволно знаења и вештини и аналитички инструменти и техники за да бидат пософистицирани во користењето на овие методи при истражувањето во општествените науки (економија, финансии, менаџмент и маркетинг).
  • [C2013] [10 ЕКТС] Општа економија и теорија
    Целта на овој предмет е студентите да ги разберат напредните принципи на економијата и современите теми. Овој предмет ќе им помогне на студентите во одлучувањето за нивната област на интерес на истражување. Поточно, целите на предметот Општа економија и теорија се да им овозможат на студентите: - Да ги разберат микроекономските и макроекономските теории и концепти и нивната примена во реалниот свет. - Да го разберат влијанието врз поединците и врз општествата низ економските интеракции меѓу нациите. - Да развијат свесност за развојните проблеми со кои се соочуваат народите, додека минуваат низ процесот на промена.
  • [C2014] [10 ЕКТС] Економија на однесување на животната средина
    По завршувањето на овој предмет, докторандите ќе бидат способни да: - Развиваат и критички да оценуваат бихевиорални економски модели: да градат и критички да оценуваат напредни економски модели кои инкорпорираат бихевиорални фактори, оценувајќи ја нивната релевантност во одлучувањето поврзано со животната средина. - Спроведат експериментални истражувања: да дизајнираат и спроведуваат експерименти за тестирање хипотези за човечкото однесување во економијата на животната средина. - Анализираат комплексни бихевиорални интеракции: разбираат и применуваат теории за тоа како когнитивните пристрасности, социјалните преференции и нормите влијаат на колективните акции во животната средина. - Oценуваат рамки за политики: критички да оценуваат политики поврзани со животната средина, користејќи увиди од бихевиоралната економија, со акцент на примената во реалниот свет. - Придонесат во научната дебата: преку вклучување во напредната научна литература во бихевиоралната економија и економијата на животната средина, придонесувајќи со оригинални истражувања и увиди во областа.

Семестар 2

  • [DBE0105] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDEC0101] Напредна економетрија
    • [EDEC0102] Монетарна економија
    • [EDEC0103] Јавни финансии
    • [EDEC0104] Меѓународна економија
    • [EDEC0105] Меѓународни финансии
    • [DEC0101] Финансиска економија
    • [E2496] Развојна економија и политичка економија
    • [E2497] Eкономија на трудот и индустриски односи
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDEC0101] Напредна економетрија
    • [EDEC0102] Монетарна економија
    • [EDEC0103] Јавни финансии
    • [EDEC0104] Меѓународна економија
    • [EDEC0105] Меѓународни финансии
    • [DEC0101] Финансиска економија
    • [E2496] Развојна економија и политичка економија
    • [E2497] Eкономија на трудот и индустриски односи

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) докторандот продолжува со својата научно-истражувачка дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности.

  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикации (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2016] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела надвор од државава. Целта на мобилноста на докторандите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот дисертацијата. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.

Семестар 5

  • [DBE0104] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности предвидени во индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикации (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [C2599] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за јавна одбрана.
Google+