Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународно право (2023/2024)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-PhDLAWIL180C
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Доктор по правни науки / Насока: Меѓународно право
ЕКТС: 180 (3 години)
Решение:

Целта на стuдиската програма Меѓународно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на меѓународно-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на меѓународното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на меѓународното право како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на меѓународно-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање
  • Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното приватно право, меѓународното кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
  • Има продлабочени познавања на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Ги толкува во критичен дух теориите на меѓународното право и релевантните случаи од практиката.
  • Применува теоретски знаења во практични ситуации кои се јавуваат во областа на меѓународното право како заштитата на човековите права, дипломатијата, решавањето спорови и колизијата на закони како и преговорите и медијацијата.
  • Го синтетизира стекнатото знаење и го применува во специфични околности.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на меѓународно-правните науки.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при обучување лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [DLAW0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [DIL0102] [10 ЕКТС] Меѓународно јавно право - продлабочена програма
    До завршувањето на програмата, студентите ќе стекнат знаење и разбирање за сите сегменти од меѓународното право како што се: човековите права, меѓународните организации, Обединетите Нации и нивните органи, функционирањето на институциите на меѓународното право и креирање на истото, дипломатското право, меѓународното кривично право, хуманитарното право, суштинските правила релевантни за клучните области на меѓународното право, теоретските перспективи и академските дебати кои суштински ги потенцираат правните области, клучните аспекти, политичките проблеми и начелата поврзани со ратификација на одредените меѓународни конвенции во државите членки. Студентот ќе биде во можност успешно да ги примени знаењата стекнати за меѓународното право во голем број ситуации во кои се разгледуваат релевантните практични или теоретски проблеми. Студентот ќе биде во можност да ги оценува проблемите со оглед на нивниот контекст, релевантност и значење и да ги поврзува релевантните информации и клучни извори понудени преку електронските или другите средства. Студентот ќе биде во можност да ги оценува проблемите и да најде решенија поврзани со имплементацијата на меѓународното право во државите, да ги формулира аргументите за главните проблеми и контроверзните области и да презентира рационално размислување засновано на релевантни материјали. Студентот ќе биде во можност да ги препознае потенцијалните алтернативни аргументи и спротивставени докази по свое сопствено мислење и истите да ги презентира. Студентот ќе биде во можност да демонстрира слободоумност и способност да понуди критички предизвик по стекнатото знаење за поединечните проблеми. Студентот ќе биде во можност да даде конструктивен одраз на научен прогрес.
  • [E2775] [10 ЕКТС] Меѓународно право за заштита на животната средина
    Главната цел на предметот е да обезбеди основно разбирање на главните карактеристики и развој на правото за животна средина во меѓународна перспектива. Соодветната специфична цел е да обезбеди разбирање на меѓусебната поврзаност помеѓу меѓународната и европската регулатива. До завршување на предметот, студентите треба да имаат познавање за: •Меѓународно владеење преку мултилатерална еколошка средина договори, вклучително и усогласување и спроведување; •Комплексноста околу принципите на животната средина; •Вредноста и недостатоците на тековните аранжмани за човекови права за заштита на животната средина, вклучувајќи ги и процедуралните права во врска со владиното одлучување во областа на животната средина; •Регулирање на стакленички гасови на меѓународно ниво и на ниво на ЕУ.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDIL0102] Меѓународно хуманитарно право
    • [EDIL0104] Меѓународни организации
    • [E2781] Меѓународно право на човековите права
    • [EDCR105] Меѓународно кривично право

Семестар 2

  • [DIL0103] [10 ЕКТС] Меѓународно приватно право - продлабочена програма
    Предметот Меѓународно приватно право има за цел студентите да научат да го идентификуваат странскиот елемент во граѓанско-правните односи и да ги оспособи да ги применат правните методи за решавање на истите. Целта е предметот да опфати широк спектар на правни извори на национално, европско и меѓународно ниво и истите да се анализираат според соодветната хиерархија. Друга цел на овој предмет е студентите да се запознаат со основните методи, начела и институти за меѓународното приватно право; да ги потенцира спецификите на секој дел од приватното право каде што се појавува странскиот елемент (статусни, семејни, стварни, наследни, облигациони и работни односи).Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со правните начела за решавање на граѓанско-правните односи со странски елемент, во рамките на парничната и вонпарнична судска постапка, како и во рамките на вонсудските постапки, како што се арбитражата и помирувањето.
  • [C2369] [10 ЕКТС] Право на ЕУ
    Основна цел на предметот Право на Европска унија-применета програма е запознавање на студентите со acqui communautaire, од една страна, како и процедуралниот дел при креирањето, носењето и спроведувањето на истото право, од друга страна. Поконкретно, студентите ќе имаат можност да се запознаат со правниот систем на Европската Унија како и со правото кое тој систем го генерира во однос на самата унија, државите членки и нивните граѓани. Воедно, студентите ќе се запознаат со изворите на ова специфично првaо, неговите видови, како и со работата на инситуциите на Унијата. Особено внимание ќе се посвети на процедуралниот дел при носењето на ново законодавство како и работата на Европскиот суд на правдата како судски но и орган кој и самиот индиректно креирал право преку своите пресуди.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDIL0102] Меѓународно хуманитарно право
    • [EDIL0104] Меѓународни организации
    • [E2781] Меѓународно право на човековите права
    • [EDCR105] Меѓународно кривично право

Семестар 3/4

  • [DIL0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По вториот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
  • [C2378] [30 ЕКТС] Scientific Research Work
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.

  • [PHD-S3-S4-03] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2019] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DIL0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [IL-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+