Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис информатика

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по компјуерски науки / Oбласт: Бизнис информатика
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Бизнис информатиката (БИ) е широко позната дисциплина во континентална Европа. И покрај тоа што е слична на информационите системи, таа се фокусира повеќе на техничките прашања, вклучувајќи ги и информационите системи и структурните пристапи за моделирање и за анализа на деловните процеси и проблеми.

 БИ е особено важна во областа на економијата и  во средината на претпријатието, кое се карактеризира со стратегиски спојувања, физички дистрибуирани оперативни средини и глобални бизнис-партнерства. Нови стратегии, техники, алатки и технологии за развој на соодветна област како што е БИ ќе биде главната цел на програмата.

Разбирање и на бизнисот и на информатиката е од големо значење за работата на сите бизнис-професионалци, вклучувајќи ги и извршните директори кои ги утврдуваат главните стратегиски насоки на организацијата, професионалци на информацијата кои дизајнираат и испорачуваат нови информациски услуги; сметководствени и финансиски менаџери кои користат информациони системи за управување со финансии и деловни извештаи како и менаџери за маркетинг и продажба кои користат информациски системи за следење на купувањата на клиентите и за промовирање на нови производи.

            Бизнис информатиката е студија на информатичката технологија во контекст на бизнисот. Информациите станаа клучен ресурс во бизнисот кој доведе до создавање на нова кариера за поединци кои разбираат како да работат со информации. Овие „работници познавачи" - луѓе кои разбираат како да ги чуваат, да ги преземаат и да ги анализираат информациите во моментов имаат ветувачка и продуктивна кариера што им се наметнува.

Оваа рамнотежа исто така го одразува односот меѓу теоретската и практичната програмска содржина стекнати преку предавања, упатства, семинари, сесии во компјутерски лаборатории и преку самостојно учење. Знаењата се стекнуваат преку различни методи, вклучувајќи испитни сесии, тестови во училница, вежби, индивидуални задачи, групна работа и презентации. Од студентите се очекува да покажат аспекти на инвентивност и оригиналност.

Наставната цел е студентите да стекнат квалитетни наставни искуства преку кои ќе им се обезбедат најдобрите можности за разбирање на наставните содржини и за реализација на нивниот максимален потенцијал.

Сите предавачи од овој факултет се високо почитувани професионалци, кои остануваат активни во своите области, и остваруваат лични контакти во регионот и околината. Понудена е квалитетно дизајнираната програма во која наставата го вклучува реалниот свет на искуства - практична работа и соработка со успешни компании од бизнис-сферата што ќе доведе до брзо вработување.

Со завршување на програмата Бизнис информатика, дипломираните студенти ќе најдат вработување во: развојот на системи, софтверот за управување со проекти, поддршка на крајните корисници на ИТ, програмирање, а и како аналитичари на бизнис-системи. Поради оваа причина, поединците кои имаат не само способноста да дизајнираат технички, компјутерски базирани решенија, но исто така можат да ги забележат можностите на ИТ од бизнис-перспектива, ќе се бараат за вработување од секоја организација. Студентите ќе ги стекнат следниве вештини:

  • Да управуваат со информациите во средни и големи организации;
  • Да анализираат, да планираат и да развијат решенија кои се во согласност со потребите на пазарот;
  • Да планираат потребни бизнис-анализи и да го проценат ризикот на бизнисот;
  • а ја развијат умешноста, да придонесат во процесот на донесување одлуки, дизајн и имплементација на промени во бизнис-процесите.
 
Знаење и разбирање
  • Напредни знаење и разбирање во областа на бизнис информатиката (економија, менаџмент, маркетинг, финансии и респективно програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациони системи) на ниво на кое се поддржуваат претходните знаења преку фундаментални истражувања и вештини да демонстрира експертиза на реални проблеми.;
  • Способен е да развие и да имплементира оригинални и креативни идеи во околина која бара интердисциплинарно знаење од разни преклопни области како бизнис и информатика и да ги изрази своите специјалистички компетенции на ист начин.  
 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може оригинално, критично, независно и креативно да  аплицира, да употреби, да развива и да реши проблеми во нови и непознати средини во мултидисциплинарен контекст на реален бизнис и организациона околина;
  • Може да планира, да реализира и да евалуира независни истражувачки појави во областа на бизнисот и да имплементира и да примени различни методи и методологии на развој на софтвер за комерцијални бизнис цели;
  • Може да користи разни алатки за развој на софтвер и да ги програмира употребувајќи шел, скрипти и компајлирани програми  во самостојни или во веб-средини;
  • Mожe на оригинален, критичен и креативен начин да учествува во процесот на решавање проблеми во нови, невидени или непознати средини за развој на софтвер;
  • Во можност е да организира софтверски системи со цел решавање на различни социјални, економски и/или технолошки прашања;
  • Во можност е да учествува во истражувачки проекти како база за понатамошен академски развој;
  • емонстрира експертиза во третирањето на реални проблеми од областа на развој на софтвер и менаџирање со проекти.
  • Може да развива и да аплицира оригинални и креативни идеи.
 
Способност за проценка
  • Може на адекватен начин да собере, да анализира и да евалуира податоци, употребувајќи современи алатки и системи за одредени економски и/или информатички и организациони прашања, обично од перспектива на менаџмент и маркетинг;
  • Аргументира идеи, концепти и квалитативно и квантитативно од бизнис и организационен карактер за чие решение користи и имплементира знаења од информациони системи, корпоративни бази на податоци и други софтверски алатки;
  • Има способност адекватно да ги процени потребните рокови, ресурси и ризици при планирање, развој, распоредување и одржување софтвер, употребувајќи адекватни алатки;
  • Може да тестира, да процени и соодветно да одлучи за различни можни информатички решенија во комерцијални цели.
 
Комуникациски вештини
  • Може на јасен и недвосмислен начин да ги презентира своите знаења, податоци, резултати од студии и сл., на членови на тимот, на клиенти, од бизнис-сферата како и од информатичката сфера;
  • Може адекватно да ги прилагоди стилот и формата на изразување кога се обраќа на нестручна публика;
  • Може да иницира, да води и да преземе одговорност за работата на група на луѓе каде компетенциите од бизнисот и информатиката се круцијални за нивната позиција.
Вештини на учење
  • Може да ги идентификува персоналните потреби и насоки за индивидуално и автономно учење и да реализира и сам да стекнува знаења од областите на бизнисот и економијата како и во полето на информатиката,  да научи нови технологии и да ги имплементира;
  • Може да преземе одговорност за индивидуално или групно учење во специјализирани области од бизнис и економија, вклучувајќи дефинирање цели на учење за средни и подолги периоди.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Информациски системи во организацијата
    Преку овој предмет се дава вовед во основните концепти и принципи на информациските системи (ИС) во контекст на деловното одлучување. Овој предмет опфаќа истражување во областа на информациските системи, како и објаснување на нивната важност во рамките на современите организации. Главната цел на предметот е студентите да стекнат знаења за тоа како менаџерите може да ги развијат и да управуваат со потенцијалите на информатичка технологија во своите лични професии и за стратегиски добивки за нивните компании.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Примена на иновативни технологии во бизнис процесите
    • Концепти на бази на податоци
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингуализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Филозофија на општествените науки
Насока: Students with previous education in Computer Science
  • [6 ЕКТС] Основи на економски системи
    Овој напреден предмет се фокусира на апликации од различни економски модели за анализа на прашања и дебати поврзани со микро економската /макроекономската политика и стратегија. Во овој контекст се анализирани различни микроекономски модели како што се моделите на понудата и побарувачката, моделите на минимизирање на трошоците, обрасците за максимизирање на профитот во услови на совршена и несовршени конкуренција, оптимална алокација на ресурсите и многу повеќе. Понатаму, овој предмет ги опфаќа меѓународниот бизнис фокусиран во периодот на глобализацијата, националните разлики во економската политика, директните странски инвестиции, регионалната економска интеграција и така натаму.
  • [6 ЕКТС] E-сметководство
    Целта на предметот е да се анализира призмата на сметководството на информациските системи. Во рамките на овој предмет исто така се анализира сметководството од бизнис-перспектива и од перспектива на системот. По завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат способни да ги разберат внатрешните процеси во областа на сметководството, како овие процеси се поврзани, каков ефект има секој процес во други процеси, сметки и годишни извештаи. Ова знаење студентите можат да го користат во својата кариера како бизнис-аналитичари.
Насока: Students with previous education in Economics
  • [6 ЕКТС] Концепти на програмирање
    Системи на програмирање базирано на настани (event-driven programming) и визуелно програмирање. Напредни техники на програмирање за организација и работа со податоци. Апликации: околина за работа со објектно-ориентиран програмски јазици.
  • [6 ЕКТС] Компјутерски системи
    нтернет-бази на податоци, телеконференции, учење преку користење Интернет, електронски бизнис и трговија, телепорт, роботи. Програмскиот јазик Java, Java Server Pages, даватели на услуги, развој и идни комуникации со Интернет, нови технологии.

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Е-трговија
    Комерцијални трансакции во електронската ера, разбирање на технологијата, трансакции, маркетинг и трговија, бизнис, управување и техничка имплементација на е-трговијата. Студентите прво ќе стекнат вештини за раководење, планирање и за управување со тимови вклучени во иницирање и во развој на високо технолошки потфати.
  • [6 ЕКТС] Системи за управување со бази на податоци
    Темелно истражување на интелигентни системи за управување со бази на податоци при поддршка на деловни одлуки. Истражување на сите аспекти на моделирање податоци, дизајн и имплементација на релациони, објектно-ориентирани и семантички бази на податоци. Системи на релациони бази на податоци: архитектура, теорија и примена. Релациони структури на податоци, интегрирани правила, математички опис и манипулација со податоци.
  • [6 ЕКТС] Стратегиско управување на информациски технологии
    Овој предмет ги опишува општите концепти на управување со информации и го поддржува развојот на вештини и знаења потребни за управувачи на информации. Најважните управувачки и стратегиски концепти се интегрирани, и проблемите како што се функционирањето и концептите на управување, стратегијата, организацијата и планирањето, како и испитувањето на начинот на користење на информациски системи како стратегиска алатка исто така се опфатени. Во рамките на овој предмет се дава вовед во клучните елементи на стратегиското управување, планирањето и организацијата со цел за понатамошно развивање на разбирањето на основните поими и рамки на стратегиското управување преку кои потенцијалите на стратегиските информациски системи можат да бидат идентификувани и оценувани.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингуализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Бизнис финансии
    • Бизнис-моделирање и иновација на процес
    • Проектно управување во информациската технологија

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Анализирање бизнис-процеси за претприемачко планирање на ресурси
    Предметот им обезбедува на студентите запознавање со основите на системите за претприемачко планирање на ресурси, со посебен акцент на тоа како интегрираните информациски системи ги подобруваат бизнис операциите. Предметот детално го опишува испитувањете на потребните принципи за разбирање на интеграцијата на податоците низ различни оддели во секоја организација.
  • [6 ЕКТС] Услужно ориентирани архитектури
    Претставување документи XML. Опишување на информациите со XML. Градбени блокови на веб-сервисите. Архитектура на веб-сервисите. Клиент сервер модел. Хостирање веб-сервиси. Користење веб-сервиси. Пораки SOAP. Грешки SOAP. Модел за размена на пораки SOAP. Податочни типови. Транспорт на пораки со SOAP. Дефинирање на податочните типови и структури со XML шеми. Опис на интерфејсот на веб-сервисите. Мостри на комуникација. UDDI Регистри. UDDI интерфејс. Користење UDDI за да се публикува сервисот. Користење UDDI за пронаоѓање на сервисите. Генерирање UDDI од WSDL. Дигитални потписи XML и енкрипција. Сигурносни надградби SOAP. Сигурност на сервисите NET 2.0 Web. Преглед на.NET. Класи за работа со веб-сервиси.
  • [6 ЕКТС] Анализа и проектирање на системи
    Целта на овој предмет студентите да разберат и да користат методологии, техники, алатки и перспективи од суштинско значење за системски аналитичари за успешно да се испитаат и да се развијат барањата на информациските системи, со користење на стандардни техники за моделирање, како што се структура, техники за моделирање, како и техники за моделирање на објекти. Студентите треба да ги разберат и да бидат во можност да користат разни технологии и алатки при проектирање програми. Исто така, студентите треба да ги разберат методите и нивните ограничувања во текот на создавање работен дизајн со помош на резултатите добиени од системските анализи.
Насока: Students with previous education in Computer Science
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Финансиски апликации на информациски системи
    • Управување со корпорациски информациски системи
    • Напреден дизајн на софтвер
    • Напредни алгоритми
    • Дизајнирање и евалуација на кориснички интерфејс
    • ИТ за конкурентна предност
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Финансиски апликации на информациски системи
    • Управување со корпорациски информациски системи
    • Напреден дизајн на софтвер
    • Напредни алгоритми
    • Дизајнирање и евалуација на кориснички интерфејс
    • ИТ за конкурентна предност
Насока: Students with previous education in Economics
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Напреден дизајн на софтвер
    • Напредни алгоритми
    • Финансиски апликации на информациски системи
    • Управување со корпорациски информациски системи
    • Дизајнирање и евалуација на кориснички интерфејс
    • ИТ за конкурентна предност
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Финансиски апликации на информациски системи
    • Управување со корпорациски информациски системи
    • Напреден дизајн на софтвер
    • Напредни алгоритми
    • Дизајнирање и евалуација на кориснички интерфејс
    • ИТ за конкурентна предност

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+